Официјална Тирана реагира зашто немало албанска химна на фестивалот во Пустец на кој присуствал премиерот Мицкоски
1Официјална Тирана реагира зашто немало албанска химна на фестивалот во Пустец на кој присуствал премиерот Мицкоски
Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
2Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
3Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
ХороскопДневен хороскоп за 27. декември 2025 година Дневен хороскоп за сабота, 27. декември 2025 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска ќе успеете да се издигнете над тагата и грижите што ве мачат. Тоа ќе биде позитивно поместување и благо олеснување. Кариера Денеска добро ќе напредуваат оние кои работат во големи компании. Малите претприемачи ќе бидат во искушение. Здравје и совет Во добра форма сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Доколку нешто ве измачувало , денеска ќе се соочите со тоа на дораснат начин. Можеби нема да пеете , но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот. Кариера Дарежливоста на спонзорите , кои се подготвени да ги зголемат своите вложувања , ќе биде нешто на што ќе се израдувате , но тоа создава и обврски. Здравје и совет Прво промислете , па делувајте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Партнерот ќе ве повика на средба или дури да заминете на излет во двор. Ако прифатите , ќе си поминете одлично. Кариера Плодовите на вашата работа би можеле да ви се присторат сомнителни. Ќе мислите дека не го заслужувате она што го добивате. Здравје и совет Крајот делото го краси. Овен 21.3-20.4. Љубов Се чини дека и денеска ќе уживате во друштво на личноста која ја сакате или пак ќе се трудите да освоите некого кој ви е мил. Кариера Не мора секогаш да им бидете на услуга на другите. Овојпат би можеле малку повеќе да се посветите на себе и на она што го сакате во работата. Здравје и совет Одете порано на спиење. Бик 21.4- 20.5. Љубов Без разлика дали сте млади или стари , ќе бидете несигурни и со низа прашања каде оди сето ова. Од вас се бара поголема доза толеранција. Кариера Следува одлична соработка со личности кои се духовити , забавни , млади и креативни. Исто важи и за работата. Здравје и совет Можна е преодна настинка. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои ќе се подготвуваат за важни зборови и во главата ќе кројат значаен говор. Не изразувајте го сеуште она што го мислите , но сепак продолжете со планот. Кариера Вашите зборови лесно ќе го одразуваат она што го мислите , па ќе знаете дека барем сте се обиделе да делувате или да предложите нешто за што верувате дека е добро. Здравје и совет Медитирајте. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе се двоумите околу тоа колку треба да попуштите и тука нема да најдете вистинска мерка. Потсетете се на својата цел и што е точно тоа кон што се стремите. Кариера Денеска не ги покажувајте отворено своите идеи и замисли зашто нема најдобро да ве разберат поради преокупираноста со други работи. Здравје и совет Никаде не треба да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Нема да дозволите да бидете збунети , ако другата страна ве испровоцира. Напротив , тоа ќе го искористите за уште повеќе да го зацврстите вашиот однос. Кариера Можно е договарање на нов договор. Се ќе изгледа прилично амбициозно , а вие би сакале да се приземјите. Здравје и совет Ќе знаете да ги надминете проблемите . Девица 23.8.-23.9. Љубов Истражувањето на сопственото назадоволство не е начин за да ги поправите личните односи , доколку во нив не предложите и некои конкретни решенија. Кариера Ќе настојувате мелку да се оддалечите од работата , доколку е можно. Само во мислите ќе ја анализирате минатата недела. Здравје и совет Одете таму каде што ви е добро. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ве заинтригира една секојдневна ситуација , зашто во неа ќе видите голем љубвен потенцијал. Кариера Ќе се зголемат вашите деловни амбиции , но нема да бидат целосно реални. важно е да утврдите што е навистина можно , а што не. Здравје и совет Вежбајте гимнастика. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои можеби се на удар на разни додворувачи, денеска ќе бидат подложни на нивното влијание. Оние во врска се добро. Кариера Ќе мора малку појасно да објасните што е тоа што вие би го сакале во еден дел од работите. Послужете се со факти. Здравје и совет Не ги земајте работите здраво за готово. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска веројатно ќе се однесувате по принципот ,,само да се забавувам’ . Можна е средба без емоционално исполнување. Кариера Денеска на вашето работно место ќе биде речиси ангелска атмосфера. Сите ќе бидат подготвени за да помогнат едни на други. Здравје и совет Немојте да се опијаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОфицијална Тирана реагира зашто немало албанска химна на фестивалот во Пустец на кој присуствал премиерот МицкоскиМинистерството за Европа и надворешни работи на Албанија реагира по културниот настан одржан вчера во Пустец на кој присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, поради тоа што не била интонирана химната на Албанија, покрај македонската.Албанското МНР го опиша ова како сериозен недостаток на почитување на националните симболи и правилата на институционалниот протокол. - Почитувањето на националните симболи не треба да биде прашање на политика или толкување. Тоа е дел од институционалната етика, протоколот и, пред сè, меѓусебно почитување, особено во простор каде што коегзистираат различни заедници и идентитети. “, пишува во реакцијата на албанското минстерство. Премиерот Христијан Мицкоски вчера објави дека ја посетил Мала Преспа и присуствувал на Фолклорниот фестивал „Преспа 2026“ посветен на македонската традиција, култура и фолклор, што се одржал под негово покровителство. Оттаму порача дека границите може да ги поделат териториите, но не може да ги избришат јазикот, културата и чувството на припадност.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотГерманските компании се соочуваат со недостиг на квалификувани работнициРечиси една од четири германски компании се соочува со недостиг на квалификувани работници, според анкетата на Институтот за економски истражувања Ифо. Според анкетата, 23,2 проценти од компаниите во Германија пријавиле недостиг на квалификувани работници во јули, во споредба со 21,1 процент во април. Сепак, овој удел е далеку под долгорочниот просек од 31,7 проценти. „Слабата економија моментално ја ограничува побарувачката за квалификувани работници“, рече Дарија Шалер од Институтот Ифо, додавајќи дека со закрепнувањето на економијата, недостигот на квалификувани работници би можел повторно значително да се зголеми. Во телекомуникацискиот сектор, уделот на компаниите што се соочуваат со недостиг на квалификувани работници речиси се удвои, од 16,3 проценти во април на 31,1 процент во јули. Во консалтинг и ревизија, уделот на компаниите што пријавуваат недостиг од квалификувани работници се зголеми од 52,4 на 64,7 проценти, додека во производството достигна 18,7 проценти, или 4,5 процентни поени повеќе отколку во април. Бројот на признати квалификации стекнати во Сирија се зголеми за 42 проценти „Поголем број невработени лица не значи автоматски поголем број на достапни квалификувани работници, бидејќи нивните квалификации мора да одговараат на барањата на слободните работни места“, забележа Шалер. Германските власти признаа 86.600 странски професионални квалификации минатата година, што е речиси десет проценти повеќе од претходната година, објави Федералниот завод за статистика. Сепак, растот се забави во споредба со 2024 и 2023 година, кога бројот на признати квалификации се зголеми за 21 и 25 проценти, соодветно. Здравствените професии беа предводници во бројот на признати квалификации. Одобрени се 32.000 апликации за признавање квалификации за медицински сестри и техничари, 13.900 за лекари и 4.600 за инженери. Овие три групи сочинуваат 58 проценти од сите признати квалификации. Според земјата на потекло, најголем број признати квалификации доаѓаат од Турција, со 9.800, или 11 проценти од вкупниот број. Потоа следуваат Украина со околу 8.300, Сирија со 6.100 и Индија и Тунис со по 5.400 признати квалификации. Бројот на признати квалификации добиени во Сирија се зголеми за 42 проценти. Германија е сè повеќе зависна од странци во голем број сектори поради опаѓачката стапка на наталитет и брзото стареење на населението. Извор: Индекс.хрТагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Хрватска пејачка воодушеви во бикиниХрватската пејачка Жанамари Перчиќ привлече внимание со нова серија фотографии што ги сподели на својот профил на Инстаграм. Сега, атрактивната Жанамари позира на плажа, облечена во бикини со животински дезен. На една од фотографиите, пејачката лежи во плитките води, додека во позадина се гледа морето. Таа ја сподели објавата во соработка со фотографот Марк Мајлс, а за само неколку часа собра повеќе од 2.000 допаѓања и бројни коментари од своите следбеници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter