Дневен хороскоп за 27. декември 2023 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 27. декември 2023 година

Дневен хороскоп за среда, 27. декември 2023 година. 

Дневен хороскоп за 27. декември 2023 година

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Влегувате во исклучително емотивна фаза , кога ќе блескате , а вашата потреба за љубов ќе биде голема. Повеќето ќе бидат вљубени.

Кариера

На работното место ќе се чувствувате добро , без оглед на напорите на кои и натаму сте изложени.

Здравје и совет

Внимавајте на настинка.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе прифатите сугестии од другата страна , иако ви изгледаат премногу ексцентрични. Вие сте вистински дипломат.

Кариера

Некои ќе заминат нба службено патување на кое ги чекаат пријатни доживувања и уживање во работата што ја работат. Ќе биде подобро од очекуваното.

Здравје и совет

Ќе треба да знаете да се поставите кон секого.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Одлично ќе комуницирате со партнерот , а главната тема ќе ви биде она што ви е најважно во вашиот однос.

Кариера

Некои ќе се најдат пред договор или ќе преговараат за нова работа. Засега останете на анализите , а решавајте во текто на викендот.

Здравје и совет

Чувствителност на грлото и вратот.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Големата самодоверба ќе ве води во нови љубовни акции. Оние во врска ќе и бидат сигурна потпора на саканата личност.

Кариера

Многумина денеска ќе посакаат да воспостават контакт со деловни партнери од странство или ќе разгледуваат опции на работа надвор од земјата.

Здравје и совет

Држете се до своите приоритети.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе се однесувате како се да ви е сеедно и така успешно ќе ги решавате љубовните грижи.

Кариера

Ќе заклучите дека сте успеале да ги остварите своите очекувања и ќе работите со минимален притисок.

Здравје и совет

Немојте да претерувате.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се поврзете со група луѓе кои ги сакате и со нив ќе ја споделите веселбата од денешниот ден.Оние во врска ќе бидат добро.

Кариера

Кога некој си заминува , си заминал така што вие не го очекувајте , но кога вие заминувате , вас ве очекуваат. Не сте свесни за тоа.

Здравје и совет

Уживајте во попладнето.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Без оглед што можеби енма да се разбирате во се , партнерот ќе биде подготвен да ги поддржи вашите идеи. Тоа ќе ве охрабри.

Кариера

Една работа ќе ја приведувате кон крајот , а на неа ќе може директно да влијаете. Запаметете дека не мора се да биде по ваша желба.

Здравје и совет

Некои почнуваат нов живот.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе комбинирате сериозен и ноншалантен пристап во љубовта. Резултатот ќе биде збунетост на партнерот или личноста на која и се додворувате.

Кариера

Се наоѓате пред нови предизвици , нов начин на работа што сега почнува. Ќе се решаваат уште некои детали.

Здравје и совет

Ќе блескате.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе увидите дека и со мали чекори ќе може да поминете големо растојание до нечие срце. Ќе имате добивка.

Кариера

Уметниците ќе дојдат до решение како да го остварат делото за кое долго време размислувале. Другите ќе работат незабележително.

Здравје и совет

Здравјето ќе ви биде добро.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Ќе го дефинирате својот став на тема доминација во врската. Ќе барате поголема рамноправност.

Кариера

Работите денеска ќе ги извршувате без голема желба , а по одреден број часови , ќе побрзате на една забава , каде ќе се дружите со весели луѓе.

Здравје и совет

Бидете тактични.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Семејството од каде што потекнувате сигурно денеска од вас ќе бара дополнителен ангажман , па саканата личност ќе остане во втор план.

Кариера

Верувате дека вашите заслуги на работното место се поголеми отколку што сега се гледа. Почекајте тоа да се покаже.

Здравје и совет

Напредувате во секој поглед.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашата најдрага личност денеска ќе биде исклучително чувствителна , па покажете малку повеќе разбирање за неа.

Кариера

Би сакале да се впуштите во нешто што не е конвенционално или што води кон алтернатива. Денеска сте обземени со тоа.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Поддршката на Трамп за Нетанјаху

„Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“.

„Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“

Избори по две години војна

Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран.

Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во Брвеница

Прес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во Брвеница

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер