Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
1Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
ХороскопДневен хороскоп за 27. август 2020 годинаДневен хороскоп за четврток 27. август 2020 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можен е повик на член на вашето семејство , што ќе ги замрачи вашите љубовни моменти или накусо ќе ве оддалечи од партнерот. Кариера Пред вас се нови можности , но за да се впуштите во нив , треба прво да решите една заостаната работа. Здравје и совет Разграничете ги приоритетите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашите лични односи стануваат се повеќе либерални , а вие сте поотворени за нови идеи. Чувствувате како се враќате кон својата суштина. Кариера Конечно ќе се појават некои ваши достигнувања , за кои порано не сакале да ви ги припишат. Ќе можете да се повикате на нив. Здравје и совет Имате поголема сигурност. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Лесно воспоставувате контакти , спонтани дружби , ви се враќа довербата во луѓето , а особено во пријателите . Сето тоа ќе ви се случува денеска. Кариера Не е исклучено дека ќе ве пофалат или вашето знаење и стручност за една тема ќе излезат на површина , што ќе биде важно за работењето. Здравје и совет Бидете активни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Шоуто во кое се впуштивте , се развуива и понатаму. Денеска одлично комуницирате , а другите ве следат со љубов. Кариера Фирмата во која работите денеска ќе ви изгледа мала. Сакате нешто повеќе за себе , но за тоа треба да бидете повеќе одговорни. Здравје и совет Можете да ги решите недоразбирањата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов За вас како да нема грижи. Љубовната ренесанса продолжува со несмалена жестина , а вие искрено уживате. Кариера Веројатно ќе добиете меил , порака или глас во врска со еден деловен проблем што не е мал , но сега би можел да се реши. Здравје и совет Довршете си ги заостанатите обврски. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не ви изгледа како состојбата да ви се подобрува и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи главата , но треба едноставно да оставите да помине. Кариера Има повеќе работи што вие треба да ги завршите , но за среќа полни сте со желба и енергија тоа да го постигнете. Здравје и совет Користете ги паузите за одмор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ако нешто ве измачуваше , денеска со тоа ќе се соочите на сериозен начин. Можеби нема да пеете, но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот. Кариера Вашите деловни односи добро се развиваат , а вие денеска сте посветени на изработка на нови амбициозни деловни планови. Здравје и совет Не се предавајте. Овен 21.3-20.4. Љубов По прашања за срцето , денеска ќе може да го читате меѓу редови секој детал , но немојте да ги кажувате на други своите искуства. Кариера Сите дејности во кои се бара суптилност, интуиција , креативен талент или слично , денеска се одлично поставени. Здравје и совет Ќе мечтаете со отворени очи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска најмногу ќе си помогнете ако побарате ведри содржини и весели луѓе , а не треба да поставувате премногу прашања. Кариера Зацртајте си го минимумот што треба професионално да го одработите и држете се до него.Она што ќе го сработите повеќе , ќе биде добивка. Здравје и совет Држете се подалеку од каква било негативност. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашата љубовна самодоверба ќе биде денеска разнишана , а за тоа сте самите виновни зашто сакате се да ви биде совршено. Кариера Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансиите, но решението е на повидок. Сепак ќе треба да поработите повеќе. Здравје и совет Не постои совршенство. Рак 22.6-22.7. Љубов Партнерот сигурно ќе ве вознемири раскажувајќи за неговата болка или тага. Бидете позитивни. Кариера Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе ви изгледа премногу мрачно. Ќе направите напор за да внесете ведрина во работењето. Здравје и совет Имате право. Лав 23.7-22.8. Љубов Би сакале се што имате да споделите со другата страна , освен малите семејни препирања и грижи кои денеска ќе се појават. Кариера Денот е добар за секаков вид соработка во која треба да гои покажете својот талент , креативбност и отвореност кон другите. Здравје и совет Продолжете да истражувате за здравиот живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
БалканТерористички напад пред израелската амбасада во Белград: Напаѓачот извикувал „Алах Акбар“Малолетник со два ножа, извикувајќи Алах Акбар, доцна синоќа е убиен, откакоСе работи за момче од Шабац, кое според полицијата, бил приврзаник на џихадистичката Исламска држава и веќе било следено од безбедносните служби како потенцијална закана. Полицаецот кој во самоодбрана смртно го застрелал напаѓачот, минал со полесни исекотини. Според министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, се работи за терористички напад, а нивото на терористичка закана е подгигнато на највисоко ниво. -Тоа ниво се зголемува на црвен степен. Toa значи дека од наутро ќе биде засилена контролата и присуството на полициските сили на сите места кои се важни поради инфраструктурните објекти и поради собирање на поголем број граѓани. , изјави Ивица Дачиќ, министер за внатрешни работи Во актуелната наелетризирана постизборна состојба во Србија, црвено ниво на безбедност не значи забрана за јавни собири, но значи зголемено присуство на полиција онаму каде што има. Од Студентската листа стравуваат дека актуелната влада во заминување може да го злоупотреби нападот пред амбасадата, дури и да прогласи вонредна состојба, со што би се пролонгирало конституирањето на новото собранието и новата влада, рече во интервју, кандидатот за пратеник на листата, Немања Ѓуриќ. Темата за евентуално прогласување вонредна состојба стана актуелна во дел од српските медиуми по упадот на група граѓани во телевизија „Информер“, собирите пред Пинк и јавниот сервис, но и заканата на Вучиќ дека како партија ќе се самоорганизираат, ако државните органи останат неми на инцидентите. -Вонредна состојба се воведува тогаш кога заканата за државата и за граѓаните е огромна, односно кога под закана е опстанокот на државата и на граѓаните. Во овој момент тоа не постои, а дали некој ќе се обиде тоа да го исценира и да создаде таква слика, останува да видиме. , изјави за „Инсајдер.рс“, Предраг Петровиќ, Центар за безбедносна политика Синоќешниот е втор теористички напад пред израелската амбасада во Белград, откако пред две години маж со самострел рани жандарм кој го обезбедуваше. И тогаш беше прогласно црвено ниво на закана, кое траеше шест дена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонски Телеком воведува прва самостојна 5г плус мрежа во земјаваМакедонски телеком ја воведува првата самостојна 5г+ мрежа во Македонија, која треба да донесе побрз и постабилен мобилен интернет и нови дигитални услуги.Од компанијата информираат дека инфраструктурата е веќе поставена, а новите функционалности постепено ќе се активираат и ќе им бидат достапни на корисниците до крајот на годинава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжуваФилипче треба да одговори на едноставно прашање: како државата се откажува од гасификацијата, ако гасоводот со Грција се гради со инвестициски грант и заеми од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој?Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија, а домашната гасоводна мрежа се оспособува за ставање во функција. Филипче треба да одговори на едноставно прашање: како државата се откажува од гасификацијата, ако гасоводот со Грција се гради со инвестициски грант и заеми од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој? Според проектните податоци од 19 октомври, на македонската делница се испорачани 64 километри цевки, заварени се 43, а 18 километри се поставени во ров. Експропријацијата е реализирана во обем од 97 проценти. Тоа се конкретни работи на терен, а не политички најави. Паралелно се работи на трасата и проектирањето на поврзувањето со Србија. Новите интерконекции создаваат услови за повеќе правци и извори на снабдување. Затоа поврзувањето на буџетските усогласувања со наводна определба за зависност само од руски гас го изоставува токму она што се прави за диверзификација. Министерството утрово веќе појасни дека изградбата на гасоводи и планираната набавка и складирање природен гас за стратешки резерви се одделни процеси, со различни финансиски и технички предуслови. Обезбедувањето резерви зависи и од достапен складиштен простор и транспортен капацитет. Буџетската промена сама по себе не докажува дека инфраструктурните проекти се напуштаат. Од претседателот на СДСМ очекуваме одговорна критика, заснована на целосни информации. Издвојувањето бројки, без да се објаснат намената на средствата, одделното финансирање и напредокот на проектите, ја доведува јавноста во заблуда. Политичката пресметка не смее да биде поважна од точното информирање на граѓаните. Гасификацијата продолжува. Министерството останува отворено за конкретни прашања и проверка на документите и резултатите. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Министерство за енергетика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter