МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
1МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
2Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
ХороскопДневен хороскоп за 26. септември 2025 година Дневен хороскоп за петок, 26. септември 2025 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов На сите околу вас ќе им посакате добра забава , а вие ќе се тргнете во сопствениот интимен свет , било сами или во двојка. Кариера Една мала анализа се уште не сте ја довеле до крај. Треба прво да ја завршите , па дури потоа да ги носите новите планови. Здравје и совет Внатрешни двоумења. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ви претстои добра забава , излегување на интересно место или спортски активности што ќе ве поврзат со нови личности. Кариера На работата се појавуваат се повеќе креативци . Толку има многу добри идеи што не знаете што би направиле. Архивирајте ги. Здравје и совет Здравјето ви е одлично. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Малото нерасположение ќе се должи на желбата на некој од вас двајцата за доминација. Едната страна ќе се чувствува помалку вредна. Кариера Преостануваат уште неколку потези во една фаза на работењето. Ќе делувате сигурно и смирено ,зашто знаете како треба. Здравје и совет Ослабена циркулација во нозете . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Да се прифати нешто што не ви е драго е знак на зрелост и трпение. Ќе бидете тивки и дискретни. Кариера Очекувате да се појават резултатите од една работа. Треба да бидете трпеливи. Здравје и совет Наскоро се ќе биде јасно. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Луѓето од вашата поблиска околина ќе бараат од вас поголема активност , излегување во природа , што е можност за средби со нови лица. Кариера Некои би сакале да останат дома , но сепак ќе мора барем малку да размислуваат на работата. Здравје и совет Обидете се потрезвено да гледате на работите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Нема да влегувате во расправии зошто нешто е такво какво што е , зашто и самите знаете дека тоа е минливо. На мирен начин одржувајте го односот на вообичаено ниво. Кариера Пред да донесете една одлука , проучете ги финансиските аспекти . Ќе забележите некои нови детали. Здравје и совет Немате здравствени проблеми. Овен 21.3-20.4. Љубов Како и натаму не ви доаѓаат вистинските зборови , ќе успеете да ја покажете љубовта на еден поразличен начин. Кариера Ќе се анализираат вашите знаења , она што до сега сте го постигнале.Врз основа на тоа , наскоро ќе има одлука. Здравје и совет Мали нервози. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата друштвеност и денеска ќе ви носи дополнителни поени во љубовта , но внимавајте да не претерате. Кариера Ве очекуваат некои нови потези на управата , но сеуште не е јасно за што станува збор. Треба дас е стрпите. Здравје и совет Опуштете се на начин на кој вам ви одговара. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Еден семеен проблем повторно ќе се појави , а вие ќе мора да се ангажирате околу него.Односто со саканата личност е добар. Кариера Соберете сила и продолжете да го работите она што од вас се бара. Бесмислено е да поставувате прашања на кои нема одговор. Здравје и совет Направете мала пауза или земете краток одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Она што во моментов ве измачува , ќе го составите во една реченица , но не ја кажувајте уште денеска . Почекајте до утре. Кариера Ве нервираат неработници , зашто вие по природа сте голем работник. Ако треба , бидете строги. Здравје и совет Проверете ја состојбата на автомобилот. Лав 23.7-22.8. Љубов Би можело да се најдете во многу интересно друштво или на уметнички собир , кој ќе ве поттикне на нови љубовни потези. Кариера Се подготвуваат нови одлуки поврзани со условите на работното место. Не е сеуште дефинирано , но наскоро ќес е случи. Здравје и совет Размислувате за нов стил во животот. Девица 23.8.-23.9. Љубов Друштвеност и комуникативност ќе бидат особините што денеска ќе ги покажете во приватниот живот. Кариера Се повеќе работи и луѓе се фокусдирани на вас и на вашите способности. Од вас сите нешто ќе очекуваат. Здравје и совет Концентрирајте се на крајната цел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
ФудбалОд зборови на дела: Кина ги „избриша“ Реал Мадрид и Мбапе По лошиот коментар на социјалните мрежи од Килијан Мбапе по церемонијата на доделување на Златната топка неколку кинески компании ги раскинаа своите спонзорски договори со францускиот напаѓач и Реал Мадрид.Кина ги спроведе своите закани во дело. Натпреварите од Ла Лига исчезнаа од програмата на државниот радиодифузер CCTV – потег што директно влијае врз Реал Мадрид и нивната француска ѕвезда, Килијан Мбапе, пренесува „Goal“. Ситуацијата произлегува од коментар на Мбапе во врска со сатиричен интернет-мем поврзан со кинескиот лидер Мао Цетунг. Според шпанскиот медиум „Marca“, ниту еден од натпреварите во Ла Лига, закажани за овој викенд, не е емитуван на каналите на државната телевизија. Сепак, платформата „Migu“ нуди поинаква слика. Како ексклузивен дигитален партнер на Ла Лига во Кина – партнерство што опфаќа период од тековната сезона па сè до 2029/2030 година – „Migu“ го задржа речиси целиот свој викенд-распоред непроменет. Сепак, постои еден значаен исклучок: натпреварот помеѓу Расинг Сантандер и Реал Мадрид не се појави во распоредот за емитување. Понатаму, „Migu“ не прикажува ниту еден натпревар на Реал Мадрид – детаљ потврден и од шпанска новинска агенција – дури ни оние што биле закажани пред почетокот на оваа криза. Корисниците на социјалните мрежи, уште на самиот почеток на кризата, укажаа на тоа дека платформата ги избришала снимките од головите на Мбапе од неодамнешниот „Ел Класико“ натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Сè започна кога Мбапе во едно интервју изјави дека еден од најсмешните сатирични интернет-мемиња што ги видел, бил оној на кој неговото лице е вметнато врз слика од „кинески лидер“ – при што не го именуваше експлицитно Мао Це Тунг, иако токму тој беше прикажан на мемето. Овие изјави, дадени во вторникот, предизвикаа брза реакција. Неколку кинески компании ги раскинаа договорите за спонзорство, државната телевизија го прекина емитувањето на натпреварите од „Ла Лига“ и оние на кои настапува францускиот напаѓач, а неговите реклами беа повлечени од програмата. Мбапе упати извинување на француски, кинески и англиски јазик.Тагови: Килијан Мбапе Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотФер-плеј потег на годината: Фудбалер на Борац му го спаси животот на навивач на ЧеликДефанзивецот на Борац, Абел Пасквал, истакна кандидатура за фер-плеј потегот на годината за време на дуелот против Челик во Зеница, во 12-тото коло од Премиер лигата на Босна и Херцеговина.Гостите од Бања Лука ги освоија бодови на „Билино поле“ во Зеница по пресврт (2:4) во фантастичен натпревар, за кој двата тима беа наградени со аплауз. Сепак, најголемиот аплауз на легендарниот стадион „Билино поле“ го доби фудбалерот од Бања Лука, Абел Пасквал, откако ѝ помогна на медицинската екипа што побрзо да стигне до навивачот на „Челик“ на кој му се слошило на трибините. Додека лекарите брзаа да му помогнат на навивачот од Зеница, Шпанецот од редовите на „Борац“ зеде опрема за реанимација од еден од медицинските лица и потрча кон трибината каде што се наоѓаше споменатиот постар господин. Според извештаите на медиумите од Зеница, навивачот на „Челик“ е во добра здравствена состојба по интервенцијата на лекарите. На крајот, „црвено-сините“ освоија три бода на „Билино поле“ и продолжија во трката зад првопласираниот „Зрињски“ од Мостар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФудбалскиот сојуз на Србија две недли пред изборот без кандидат за наследник на ЏајиќФудбалскиот сојуз на Србија се соочува со неизвесни избори за наследник на Драган Џајиќ. На помалку од две недели до закажаното Собрание, сè уште нема истакнато официјални кандидати за претседателската функција. Рокот за поднесување кандидатури е истечен, иако постои можност сепак да пристигнат пријави испратени по пошта. Како краен рок за завршување на овој процес се наведува понеделник. Најрано во понеделник се очекува мислење од правните експерти на УЕФА во врска со прашањата што влијаат на изборниот процес и на тековното функционирање на Федерацијата. Дополнителен проблем претставува претстојното истекување на мандатот на Собранието. Доколку не се најде соодветно решение, ФСС би можел да остане без ниту еден управувачки орган што поседува важечки мандат. Една од можностите за кои се разговара е воспоставување привремена управа под покровителство на УЕФА. Во такво сценарио, претставници на европската фудбалска организација би го презеле управувањето сè до одржувањето на нови избори – кои би можеле да се случат дури во 2027 година. Сепак, во овој момент сè уште не е донесена таква одлука. Друга можност би била формирање на привремена управа составена од поединци од Србија. За таков чекор би било потребно свикување седница на Собранието, со цел да се донесе потребната одлука. Исто така, се разгледува и опцијата за именување вршител на должноста претседател од редовите на актуелното раководство на ФСС (Фудбалски сојуз на Србија), како начин да се премости периодот до конечниот исход на изборниот процес. Ситуацијата дополнително се усложнува поради обврските што го очекуваат Сојузот следната година, со оглед на тоа што Србија ќе биде домаќин на Европското првенство за играчи до 21 година. Следствено, неизвесноста околу раководството предизвикува загриженост и во однос на континуитетот на подготовките за овој значаен турнир. Конечниот исход останува непознат; сепак, се очекува мислење од правните експерти на УЕФА, кое би требало да ги разјасни достапните опции и понатамошниот тек на изборниот процес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook