Дневен хороскоп за 26. ноември 2020 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 26. ноември 2020 година

Дневен хороскоп за четврток , 26. ноември 2020 година.

Дневен хороскоп за 26. ноември 2020 година

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Можно е претерување или фалби кон себеси пред други. На некои тоа можеби ќе им изгледа симпатично , а некои ќе бидат изнервирани.

Кариера

Вашите шефови се подготвени да ви излезат во пресрет и покрај тоа што можеби не е праведно. Ценете го нивниот став.

Здравје и совет

Претерувате во исхраната.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ќе раскажувате нереални приказни за вашиот љубовен живот , за да ја импресионирате другата страна.

Кариера

Ако пред вас поставуваат поголеми и позначајни задачи , тогаш треба да ги оправдате со серизоно залагање.

Здравје и совет

Пораснете.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашата љубовна ренесанса ќе продолжи и денеска и тоа уште подобро , посилно и посреќно. Сите врати ви се отворени.

Кариера

Би можел да се случи оној прекрасен момент кога работите сами си доаѓаат на своето место. Одете напред.

Здравје и совет

Денеска планетите се на ваша страна.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе најдете начин за да и се приближите на личноста која ви е блиска, но се уште нема да го доживеете исполнувањето кон кое тежнеете.

Кариера

Пред вас е поволна финансиска можност за која некогаш сте сонувале. Сега на вас е редот паметно тоа да го искористите.

Здравје и совет

Јадете пополека и доволно џвакајте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Можно е да одите на некое место на кое не одите често и убаво да си поминете. не форсирајте ништо.

Кариера

Ќе ги раширите вашите деловни контакти , но во самото изразување се уште сте збунети. Затоа оставете ги другите да зборуваат наместо вас.

Здравје и совет

Мали нервози.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Сите критики и проблемите што ги имате со другата страна денеска успешно ќе ги решите со спонтан разговор без притисок.

Кариера

Не ви е сосема јасна вашата цел, така што и други ќе ве прашуваат за тоа. Не им замерувајте ако немаат трпение да ве сослушаат.

Здравје и совет

Слушајте ги луѓето во вашата околина.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Можеби ќе се чудите колку добро ви оди во љубовта. Единствено внимавајте да не зборувате таму каде што не треба.

Кариера

Вашата енергија ќе биде заразна за околината. на многумина ќе им бидете поттик зашто сте конструктивни и посветени на работата.

Здравје и совет

Понекогаш земете си пауза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе размислувате што сте постигнале до сега во приватниот живот. Ќе ги анализирате своите постапки.

Кариера

Трудот што до сега сте го вложиле донесе стабилни темели за развој на работата. Продолжете да го градите започнатото.

Здравје и совет

Бариерите се уриваат сами од себеси.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Дури и ако не сте пресреќни во приватниот живот , денеска ќе најдете рамнотежа со помош на луѓето и пријателите блиски до вас.

Кариера

Можно е да го добиете заслуженото признание или ќе се појават резултатите од вашата претходна работа.

Здравје и совет

Сите ќе ги победите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Подобро ќе се чувствувате во поширок круг на луѓе , отколку во двојка. Затоа поврзете се со друштвото и не прашувајте премногу.

Кариера

Ниту денеска не треба да изостанат пофалби за вашата работа. За многумина ќе бидете пример за добар работник.

Здравје и совет

Ослободете се од љубовните грижи.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Најдобро ќе се чувствувате ако со саканата личност останете дома. Тука ќе се предадете еден на друг.

Кариера

На повидок е решение на еден проблем поврзан со недвижност или со вашиот дом. Работата ќе ја завршите вообичаено.

Здравје и совет

Дозирајте ја храната и пиењето.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои ќе уживаат во таинствени погледи или ќе градат мал флерт. Други ќе се водат со интуиција или мечта по љубоните прашања.

Кариера

Денеска ќе биде потребно да се одработи една мала заостаната работа , што чекаше извесно време. Ќе биде тоа мала инвентура.

Здравје и совет

Пијте повеќе течности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дизелот поскапе за 5,5 денари – дали владините мерки ќе го спречат ценовниот шок?

Намаленото ДДВ на дизелот ќе го ублажи ценовниот шок, но нема целосно да го реши проблемот со високите цени на горивата, оценува поранешниот министер за финансии Кирил Миноски.

Дизелот поскапе за 5,5 денари – дали владините мерки ќе го спречат ценовниот шок?

По новото поскапување на дизелот од 5,5 денари, тој посочува дека просторот за дополнителни интервенции на државата е ограничен, а доколку се носат нови мерки смета дека тие треба да бидат временски ограничени и насочени кон најпогодените граѓани и сектори. Поссочува дека секоја нова интервенција да се прави врз основа на темелни анализи на трошоците и ефектите, со цел да не се создеаде потреба од нови дополнителни задолжувања.

- Секако дека овие намалувања во делот на ДДВ-то ќе помогнат во ублажувањето на овој ценовен шок, меѓутоа клучно е дека едноставно треба да се види каква е состојбата со буџетот, кои се расположливите средства и доколку се планираат мерки, тие мерки треба да имаат пред сè времен карактер. Затоа што на долг рок повторно цената ќе треба да ја платат граѓаните, заради тоа што мерките ќе треба да се финансираат од некакво задолжување или од средства коишто во моментот доколку ги нема државата, ќе треба да се обезбедуваат преку зголемување на долгот.- Кирил Миноски – поранашен министер за финансии

Миноски предупредува доколку надворешниот ценовен шок потрае, ефектите нема да останат само на бензинските пумпи. Повисоките трошоци за енергенси веќе се прелеваат и врз храната, превозот и комуналните услуги..Иако Македонија не може да произведува нафта и нафтени деривати, вели дека постои можност да се намали зависноста од увоз, во обласите каде што има услови за сопствено производство...

-Македонија треба да размислува на обезбедување на сопствената енергетска независност и независност во поглед на производство на храна. Ние не можеме да произведуваме нафта и нафтени деривати, меѓутоа она што можеме да го произведуваме треба да настојуваме да станеме самодоволни во оние сегменти кај што реално имаме предуслови тоа да го правиме. На тој начин се обезбедува и суверенитетот и независноста на државата и се отвораат перспективи за ублажување на овие екстерни шокови.- Кирил Миноски – поранашен министер за финансии

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески пак, споредувајќи ги цените со земјите од регионот, посочува дека Македонија и натаму има најниски цени на горивата. Ристески вели дека додека бензинот 95-ка во Грција се продава за 129, а во Албанија за 126, кај нас чини 99 денари за литар...Посочува и дека дизелот кај нас чини 104,5 денари, во Албанија дури 40% повеќе или 147 денари. Според него, ваквата разлика е резултат на владините мерки за намалување на ДДВ-то и акцизите. Министерката за енергетика Сања Божиновска, вчера нагласи дека доколку ситуацијата со цените на нафтените деривати ескалира, Владата ќе ги разгледа сите расположливи механизми за ублажување на ценовниот удар врз граѓаните..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски – Ле Риголер: Постојат нови можности за продлабочување на соработката со Франција во земјоделството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер и регионалниот советник за земјоделство, Александре Мартинез.

Серафимовски – Ле Риголер: Постојат нови можности за продлабочување на соработката со Франција во земјоделството

На средбата беше разговарано за продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на земјоделството, со посебен акцент на размената на искуства и знаења, особено во делот на европските интеграции и усогласувањето со европските стандарди и практики.

Посебно внимание беше посветено на можностите за поголемо присуство на македонските земјоделски и прехранбени компании и изложувачи на француските саеми, со цел промоција на македонските производи, отворање нови пазари и воспоставување нови деловни партнерства.

Министерот Серафимовски и амбасадорот Ле Риголер ја потврдија заедничката заложба за продолжување на конструктивниот дијалог и развивање конкретни иницијативи од заемен интерес, насочени кон модернизација, поголема конкурентност и меѓународна промоција на македонското земјоделство, соопштуваат од МЗШВ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗР: Македонија не е подготвена за катастрофи, недостигаат 200 пожарникари, опремата е застрена, системот со слабости

Системот за заштита и спасување во Македонија функционира претежно реактивно. Наместо да правовремено да превенираат, институциите ресурсите ги активираат откако кризите ќе се случат. 

ДЗР: Македонија не е подготвена за катастрофи, недостигаат 200 пожарникари, опремата е застрена, системот со слабости

Ова е еден од клучните наоди во извештајот на Државниот завод за ревизија, кој открива сериозни слабости во планирањето, координацијата, опремата и финансирањето.

По рекордниот број пожари, но и штети од над 130 милиони евра во последните години, ревизорите повторно укажуваат на недостиг од луѓе. Особено загрижува состојбата со воздушните сили за гаснење пожари. Недостигот од пилоти, како и проблемите со логистиката и набавките ја намалува способнота на државата веднаш да реагира во катастрофи но и пожари.

Во 2024 година во земјава според ДЗР биле регистрирани над 97.000 хектари опожарена површина, што е најмногу во последнава деценија.

-Податоците на ЈП „Национални шуми“, наведени во анализата во периодот од 2023 до 2025 година изгореле 82.714 хектари шума и 914.657 кубни метри дрвна маса. Вкупната штета се проценува на речиси 134 милиони евра, од кои над 83 милиони евра се само од пожарите во 2024 година.

Документот нотира слабости и кај Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Службата која покрива подрачје со речиси 617.000 жители, располага со само 172 пожарникари од предвидени 384. Тоа значи дека скопската противпожарна бригада практично функционира со помалку од половина од предвидениот кадар.

„Канал 5“ за ова побара став од првиот човек на ЦУК Стојанче Ангелов. Во телефонски разговор Ангелов уверува дека најголемиот дел од слабостите нотирани од ДЗР се веќе значително подобрени. Посочува дека ова лето „ер тракторите“ навреме биле сервисирани и ставени во функција, зголемен е бројот на противпожарни возила, а со законските измени е поедноставено и командувањето при итни интервенции.

Инаку, за надминување на слабостите, ДЗР во своите заклучоци во извештајот бара реформа на целиот систем – нова Национална стратегија, јасни правила, стабилно финансирање, повеќе капацитети и поефикасен мониторинг и надзор. Целта е како што наведуваат ревизорите, системот да стане интегриран и функционален и да реагира пред да се случи евентуална катастрофа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер