ХороскопДневен хороскоп за 26. мај 2026 годинаДневен хороскоп за вторник, 26. мај 2026 година.Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска без проблеми ќе надминувате секаква пречка или мал проблем што ќе ви застане на патот на целосното задоволство. Ќе успеете. Кариера Ќе чувствувате дека би можеле подобро и повеќе, но ве попречува невниманието при работата. Сакате повеќе слобода. Здравје и совет Зајакнете си ја мускулатурата. Рак 22.6-22.7. Љубов Без оглед што во љубовта не ви цветаат рози, денеска ќе најдете причина и за смеа и за надеж. Ќе бидете контруктивни. Кариера Можеби на моменти ќе ви се пристори дека сте препуштени сам на себеси ,но нее така.Многу добро ве контролираат. Здравје и совет Мали нервози. Лав 23.7-22.8. Љубов За љубовните прашања ќе треба да го послушате ставот на вашиот партнер. Моментално е чувствителен , но добронамерен. Кариера денеска ќе немате реален однос кон себеси. Ќе замислувате дека вашето влијание е поголемо , отколку што е во стварноста. Здравје и совет Не ја критикувајте саканата личност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ниту денеска нема да можете да направите поголем напредок во односите , но со мали чекори напред , се ќе биде подобро. Бидете поскромни. Кариера Денот е многу поволен за градење нови финансиски планови во соработка со колегите. Ќе се договорите. Здравје и совет Во работењето е среќата. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можеби ќе имате интересни идеи , со кои ќе ја оптеретувате саканата личност. Не мора се да искажете во детали. Кариера Вашата финансиска состојба ќе изгледа многу ветувачки , но вие самите ќе согледате слабости што треба да се отстранат. Здравје и совет Добро размислете пред да делувате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте во состојба да читате меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот. Кариера Би можело да сдојде до несогласувања меѓу некои ваши колеги со соработниците од странство. Поврзете ги на свој начин. Здравје и совет Ви недостига дисциплина. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе останете дома.Оние во стабилни врски нема воопшто да излегуваат , а осамените ќе сонуваат гледајќи добар филм. Кариера Можно е луѓето од вашата околина да ви даваат различни ветувања , што не се сосема реални. Бидете внимателни. Здравје и совет Ви се зголемува апетитот, не претерувајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би било попаметно повнимателно да слушнете што ви предлага другата страна. Ќе утврдите дека е во право. Кариера Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте , но не избрзувајте. Здравје и совет Нема веќе пречки. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете склони работите да ги гледате розово. некои ќе ја идеализираат својата врска. Затоа споредбата со видувањето на другите луѓе нема да им се допаднат. Кариера Се што денеска ќе правите на работното место , ќе го работите со леснотија , како да станува збор за некаква забава. Здравје и совет Слушајте се себеси. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку не успеете во сите ваши намери , ќе знаете се да свртите на шега или едноставно ќес е дистанцирате. Кариера Другите конечно ќе ги препознаат вашите заслуги и ќе ви ги признаат резултатите. пред вас е убав деловен ден. Здравје и совет Нервоза. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку се впуштите во конкретно зближување со личност која ви се допаѓа , ќе имате завиден резултат. Кариера Вашите соработници ќе ве поддржат , но не се сите искрени. Ширум отворете ги очите за да видите кои се вистинските. Здравје и совет Согледајте ја целината. Бик 21.4- 20.5. Љубов На некои ќе им биде жал што не се воздржале кога требало. Сега поправаат што може да се поправи . Кариера Контактите ќе се прошират , а вие ќе добиете можност за да презентуирате некоја ваша иновативна идеја. Ќе успеете. Здравје и совет Држете се до професионалните критериуми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
СветАмериканците запреа танкер во Оманскиот залив по предупредување од Британците Британската агенција за поморска трговија (UKMTO) издаде безбедносно предупредување по инцидентот што се случи вчера во Оманскиот Залив. Предупредувањето е издадено врз основа на дојава дека танкер и воени сили биле вклучени во инцидентот. Речиси истовремено, Асошиејтед Прес објави дека Американската централна команда (CENTCOM) го онеспособила моторниот танкер „Лавин“, кој наводно се обидел да ја пробие американската поморска блокада на Иран. UKMTO WARNING 096-26 Click here to view the full product.⤵️https://t.co/mX0BINFpZT#MaritimeSecurity #MarSec pic.twitter.com/ZDlHfjgJ1H — UKMTO Operations Centre (@UK_MTO) July 25, 2026 Засега нема официјална потврда Досега не е официјално потврдено дали предупредувањето на британската агенција и американската воена операција се однесуваат на истиот настан. Американската централна команда сè уште не дала официјална изјава за целиот случај, а причините зошто не го сториле тоа се непознати.Тагови: Оманскиот залив танкер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиАмериканска ѕвезда е уапсена- возел пијанПоранешниот квотербек во НФЛ, Тони Ромо, се најде во центарот на скандал откако беше уапсен во Милвоки под сомнение за возење под дејство на алкохол. Според американските медиуми, поранешниот ас не го положил стандардниот полициски тест за трезвеност, поради што веднаш бил приведен. Полицискиот тест вклучува проверка на движењата на очите, одење по права линија со вртење и одржување рамнотежа на една нога. Не беше објавено во кој дел од тестот Ромо не успеал, ниту дали бил подложен на алкотест или го одбил. По апсењето, Ромо беше пуштен да се брани од слобода, но ќе мора да се појави на суд во септември. Во државата Висконсин, возењето под дејство на алкохол се казнува со парични казни, одземање на возачка дозвола, а во сериозни или повторени случаи, затворска казна. Ромо ја помина целата своја НФЛ кариера во Далас Каубојс, каде што сè уште го држи рекордот на франшизата за бројот на фрлени додавања за тачдаун. Тој беше избран за Про Боул четири пати, а по завршувањето на неговата играчка кариера, изгради успешна кариера како телевизиски аналитичар на CBS. Американската телевизиска мрежа Си-Би-Ес досега одби да коментира за инцидентот во кој е вклучен нивниот познат експерт-консултант.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
СветЊујорк Тајмс: Тајните служби го предупредиле Трамп, среде патување го смени претседателскиот авионНа почетокот на јуни, поради иранската закана, американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш го смени авионот што го користеше за да го напушти самитот на НАТО во Анкара.На почетокот на јуни, поради иранската закана, американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш го смени авионот што го користеше за да го напушти самитот на НАТО во Анкара, летајќи во постар „Ер Форс Уан“ наместо оној што му го даде Катар, пишува денеска „Њујорк тајмс“. Американските медиуми, врз основа на тврдењата на анонимни извори, пишуваат дека заканата се појавила додека Трамп учествувал на состанок на НАТО. Тој претходно пристигнал во турската престолнина со нов „Боинг 747-8“, подарок од Катар, без напредните одбранбени капацитети на стариот „Ер Форс Уан“. Замена на авионот и објаснување По предупредување од тајните служби, Трамп го смени авионот, тврдејќи дека промената е направена за да им се даде можност на американските војници во Велика Британија да го видат новиот авион, пишува „Тајмс“. Трамп ја напушти Турција со стар авион, а потоа во Обединетото Кралство се качи на новиот претседателски авион, кој го користеше за да го продолжи летот до Вашингтон. Истрага за протекување информации „Њујорк тајмс“ претходно овој месец објави дека властите имаат сомнежи за безбедносните капацитети на авионот што му бил подарен на републиканецот од земја од Блискиот Исток. Властите одговорија на тие написи со истрага за протекувањето на информации, барајќи сведочење од неколку новинари пред порота, како и предавајќи список на повици до нив и нивните семејства. Трамп минатиот викенд призна дека на новиот авион му недостасуваат некои карактеристики што ги имаат старите претседателски модели на Боинг, одговарајќи на новинар кој го забележа недостатокот на противракетна одбрана. Тој рече дека катарскиот авион наскоро ќе биде „целосно опремен“.Тагови: Доналд Трамп претседателски авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00