Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
2Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
ХороскопДневен хороскоп за 26.мај 2020 годинаДневен хороскоп за вторник , 26. мај 2020 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно ќе бидете растргнати меѓу саканата личност и еден член на своето семејство . Кариера Денеска ќе се обидете да се оддалечите од деловните теми , колку е можно повеќе. Некои ќе заминат во теретана , а некои на пливање. Здравје Време е за релаксирање. Рак 22.6-22.7. Љубов Цел ден со леснотија ќе воспоставувате контакти со луѓето , па секако излезете на кафе и прошетајте се. Тоа ќе ви го освежи денот. Кариера Знаете дека добро ви оди и немате потреба премногу да размислувате за работата. Здравје Минете го денот во друштво. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата љубовна самодоверба ќе биде на завидно ниво. затоа малку ќе ве збуни чувствителноста на партнерот. Кариера Можете да преминете преку се што ќе ве снајде. Затоа не правете проблеми таму каде што всушност и ги нема. Здравје Имајте доверба во себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вешите лични односи денеска ќе бидат во чувствителна фаза кога треба да покажете толеранција, внимание и сочуство. Кариера Опуштањето пред крајот на работната недела навистина ве радува Сосема ќе заборавите на работата. Здравје Почнете да спортувате. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во вториот дел од денот ќе сфатите дека не е потребно да инсистирате на своите барања. Ќе бидете во рамнотежа , а врската ќе се подобри. Кариера Не ви е сосема јасно што се очекува од вас , па ќе размислувате за тоа и за своите цели. Здравје Пијте повеќе течности. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска конечно ќе дојде до подобрување на приватните односи , а тоа ќе ви разбуди надеж дека може да биде уште подобро. Кариера Работата никако не ви се вклопува во денешниот ден кога сакате да се посветите на себе, на она што го сакате или на некои внатрешни превирања. Здравје Не се споредувајте со другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот ќе продолжи да се развива на многу убав начин . Тоа ќе ве мотивира на уште повеќе активности. Кариера Се чини дека се се равива и подобро од очекувањата. Малку повеќе ангажман денеска ќе биде поврзан со колегите. Здравје Внимавајте на настинка. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Уживањата во друштвото на саканата личност ќе ги споите со гурманско уживање. На дневен ред е скара. Кариера Пред вас се многу нови амбициозни планови кои ве радуваат. размислувате што уште можете да постигнете. Здравје Искористете го денот. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Можеби ќе се измачувате од своите црни мисли , но ако и се препуштите на ведрината на саканата личност, се ќе биде во ред. Кариера Пред вас доаѓа нова работна недела,откако оваа ја завршивте со половичен резултат. За следната знаете дека ќе има предизвици. Подгответе се и вежбајте дипломатија. Здравје Побарајте хумористични содржини. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Загриженоста поради состојбата на еден пријател ќе биде главна тема за разговор со саканата личност. Кариера Верувате дека следните работни денови ќе може да се потпрете на своите колеги. Делумно сте во право. Здравје Вежбајте јога. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе успеете да се опуштите од малите љубовни грижи. Денешниот ден ќе ја врати ведрината во вашите интимни односи. Кариера Денеска една млада личност од работа би можела да ви ги довери своите стравови и сомневања. Здравје Наполнете ги батериите со лесна гимнастика. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно е дружење со по малку мистични луѓе на необично место. Кариера Оние чија работа е поврзана со настапи или со публика , денеска ќе имаат шанса за да ги покажат своите таленти. Здравје Вежбајте правилно дишење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМожни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран. Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела. Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација. Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за владаДосегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство. Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места. Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место. Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook