Во Милано, луксузните брендови „Шанел“, „Тифани“, „Версаче“ и „Диор“ ги тргаат своите производи од излозите!
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството
1Во Милано, луксузните брендови „Шанел“, „Тифани“, „Версаче“ и „Диор“ ги тргаат своите производи од излозите!
2Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството
3Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп за 26. јуни 2023 годинаДневен хороскоп за понеделник, 26. јуни 2023 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Домашната среќа ќе ви биде најважна. Оние во врска уживаат дома , а осамените нема премногу даас е ангажираат во зеведувањето. Кариера Веројатно сте на патување , кое ве радува. Ги завршувате работите со мал напор , а во исто време и се забавувате. Здравје и совет Бидете трпеливи и издржете. Лав 23.7-22.8. Љубов Личност со која деловно соработувате би можела дас е заинтересира за вас , но вие засега ќе бидете на дистанца. Кариера Доколку пред вас поставуваат се поголеми и потешки задачи, тогаш треба да ги оправдате со сериозен напор. Здравје и совет Ќе сонувате пријатни сништа. Девица 23.8.-23.9. Љубов Доколку сте во врска , вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува. Доколку уште сте сами, излегувајте и ќе бидете забележани. Кариера Денеска е ден во кој одлично ќе се развиваат сите работи поврзани со луѓе. Не треба многу да зборувате , работите ќе се одвиваат самите од себе. Здравје и совет Влијаете врз настаните , искористете го тоа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Плимата на емоции што ве обзема, би можела да ве збуни. На некои ќе им се остварат љубовните сништа. Кариера Би можело да се случи оној чудесен ,,клик” , по што сите работи ќе си дојдат на свое место. Искористете го. Здравје и совет Не заборавајте на шефовите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Партнерот би можел денеска да биде малку повреден од некој ваш ненадеен испад. Затоа, контролирајте се за да не го нарушите солидниот однос. Кариера Не треба да се грижите , зашто работите за вас се одвиваат добро. денеска занимавајте се со ситни финансиски анализи. Здравје и совет Не се грижете за туѓи проблеми. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно ќе има ловечки приказни за ваѓите љубовни успеси , со кои ќе се обидете да ја импресионирате другата страна. Кариера Пред вас е поволна финансиска можност за која некогаш сте сонувале.Сега е на вас паметно да ја искористите. Здравје и совет Понекогаш треба и да се одморите . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Многу ќе се трудите да бидете љубезни и фини кон партнерот. На тој начин ќе ја средите малата напнатост во вашиот однос. Кариера Други ќе ве прашаат за ваше мислење за одредена тема , но вие она што го мислите кажете го дипломатски , а не директно. Здравје и совет Обидете се да најдете компромис. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата најсакана личност денеска би можела пријатно да ве изненади. Ќе биде подготвена да попушти во нешто околу што сте се расправале. Кариера Вашата енергија ќе биде заразна за околината. На многумина ќе им биде вистински поттик , зашто сте конструктивни и посветени на работата. Здравје и совет Бидете доследни . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе чувствувате дека денот би можел да биде добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу кандидати за љубов. Кариера Ќе посакате барем мала промена на работното место. Кога веќе ја нема , самите измислете ја, па дури и да е ситница. Здравје и совет Бидете нежни. Овен 21.3-20.4. Љубов Тешко дека денеска би можеле да се ставите во положбата на другата страна.Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање. Кариера Можеби на некого ќе му подвикнете да се опамети , иако тоа би можело да се примени и на вас. Здравје и совет Поработете на својот карактер. Бик 21.4- 20.5. Љубов Еден семеен проблем ќе биде се поголем, па затоа е потребно решавање.Тоа ќе ви одземе повеќе од слободното време. Кариера Имате потреба привремено да се повлечете. Некои ќе заминат на пократок годишен одмор , а оние кои работат , само ќе ја одработуваат работата. Здравје и совет Водете здрав живот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Можно е дека ќе следува покана за посета од вашето семејство , каде што ќе заминете со својата сакана личност. Кариера Притисокот од претпоставените не се намалува , а вие сте веќе уморни од тоа. Издржете уште малку , подоцна ќе ги сумирате резултатите. Здравје и совет Опуштете се со она што го сакате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо Милано, луксузните брендови „Шанел“, „Тифани“, „Версаче“ и „Диор“ ги тргаат своите производи од излозите! Луксузните брендови „Шанел“, „Тифани“, „Версаче“ и „Диор“ ги тргаат своите производи од излозите! Премиерката Мелони испраќа 500 војници на улиците во Милано.Загрижени поради од нови немири, продавниците во центарот на градот затвораат порано, додека луксузните модни брендови ја тргаат стоката од излозите и поставуваат заштитни бариери, пренесува британски „Гардијан“. Италијанската влада планира да испрати дополнителни 500 војници во Милано, по дводневните насилни протести за време на кои демонстрантите се судрија со полицијата, ограбуваа продавници и уништуваа имот. Поради страв од нови немири, продавниците во центарот на градот затвораат порано, додека луксузните модни брендови ја тргаат стоката од излозите и поставуваат заштитни бариери, пренесува британски „Гардијан“. Италијанскиот заменик-премиер Матео Салвини најави распоредување дополнителни воени сили, наведувајќи дека целта е да се заштити градот. Луксузните продавници ги празнат излозите, полиција патролира по улиците. На познатата шопинг-улица „Виа Монтенаполеоне“ во Милано, каде што се наоѓаат луксузни брендови како „Шанел“, „Тифани“ и „Диор“, повеќето трговци, како мерка на претпазливост, ги отстранија скапите производи од своите излози. Полициски патроли се движат низ овој дел од градот, додека некои продавници се целосно затворени, а нивните излози се заштитени со дрвени панели. Во текот на викендот, неколку стотици демонстранти со качулки, од кои многу се проценува дека се малолетници, запалија контејнери, кршеа излози и ограбуваа продавници во центарот на Милано. Насилството избувна по протестот во саботата, кој започна мирно, а чии учесници изразија незадоволство од зголемувањето на трошоците за живот и влошувањето на јавните услуги. Демонстрантите ги нападнаа продавниците на спортските брендови Decathlon и Arkterix, како и филијалите на телекомуникациската компанија Vodafone. Брендовите Levi's, Under Armour и Decathlon ги заштитија своите прозорци со картон и дрвени штици за да спречат понатамошни оштетувања. Мелони најавува построги мерки против малолетничкото насилство Италијанскиот премиер Џорџо Мелони го осуди насилството и во понеделник одржа итен состанок со министрите и претставниците на безбедносните служби. Нејзината влада, која се соочува со парламентарни избори следната година, размислува за понатамошно заострување на законот за да спречи понатамошни немири. Министерот за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека властите решително ќе одговорат на насилството. „Владата решително ќе одговори на овие напади врз државата, вклучително и мерки насочени кон ограничување на малолетничкото насилство“, напиша Тајани на социјалната мрежа X. Според италијанскиот весник „Кориере дела сера“, меѓу предложените мерки е продолжување на превентивниот притвор за малолетници, како и поодлучно сузбивање на малолетничките банди. Исто така, се разгледува и можноста за забрзано стапување во сила на одредени одредби од законот за безбедност, кој во моментов е во собраниска процедура. Полицијата приведе 271 млади лица; немирите се проширија и во други градови. Според италијанската полиција, 271 млади лица биле приведени за време на немирите во неделата во Милано. Насилството не се ограничи само на Милано. Судири меѓу демонстрантите и полицијата избија и во други градови во северна Италија, вклучувајќи ги Болоња, Бреша, Бергамо и Торино. Според податоците на полицијата, во Торино биле уапсени 28 демонстранти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСинди Крафорд се прости од својот син со трогателни зборовиСлавната американска манекенка Синди Крафорд се прости од својот син, Пресли Вокер Гербер, кој почина на 27-годишна возраст, преку емотивна порака на Инстаграм. Скршена од загубата, таа изјави дека семејството секогаш ќе го сака и ќе го чува споменот за него. „Неизмерно сме скршени од загубата на нашиот сакан син и брат. Се чувствуваме благословени што го имавме Пресли во нашите животи 27 години. Тој беше нежна и прекрасна душа, која сакаше и беше сакана – сега и засекогаш“, напиша манекенката. Таа додаде дека се горди на начинот на кој нејзиниот син се однесувал кон светот – со добрина и ранливост – и дека се благодарни за огромната поддршка што ја добиваат. „Благодарни сме за љубовта и поддршката што ни ја покажаа многумина кои го познаваат и сакаат нашето семејство, како и целосни непознати луѓе кои ја споделуваат нашата болка. Додека повторно не се сретнеме, наше мило момче. Ќе те сакаме засекогаш“, напишаа мама, тато и Каја во објава на Инстаграм. На крајот од објавата, Синди му се заблагодари на фотографот Себастијан Фаена, кој ја направил фотографијата што таа ја избра за да се прости од својот син. „Ти благодарам, Себастијан Фаена, што ја направи оваа прекрасна фотографија“, напиша таа. Инаку, Пресли Вокер Гербер, синот на Синди Крафорд и бизнисменот Ренди Гербер, почина на 20 септември 2026 година, на 27-годишна возраст. Тој беше помлад брат на манекенката Каја Гербер. Семејството сега се прости од него со емотивна порака, нагласувајќи дека засекогаш ќе го чуваат споменот на него.Тагови: синди крафорд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Ирина Шајк скоро гола на забава Руската манекенка Ирина Шајк се појави на забавата по модна ревија скоро гола. Манекенката во блуза и проѕирни хеланки ја шокираше јавноста.Во интервју за „Вог“, руската убавица Ирина Шајк го опиша своето искуство на модната ревија како спој на сексапил, лудило и убавина. https://www.instagram.com/reel/DeqIp-PSXka/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading Сексапилната Ирина го покажа своето затегнато тело по ревијата на „ангелите“ на „Викторијас сикрет“, кога се појави во Лос Анџелес во провокативна комбинација што привлече внимание. 40-годишната Ирина одлучила да ја продолжи забавата по модната ревија, па за излегувањето избрала црн градник и проѕирни црвени хеланки, под кои ѝ се гледале гаќичките. Изгледот го заокружила со сребрено ланче со крст и високи потпетици, додека долгата, темна коса ја оставила слободно да паѓа. Насмеаната Ирина пристигна сама во еден клуб во Лос Анџелес, а подоцна беше видена како го напушта приватниот клуб и влегува во црно такси. Истиот ден, манекенката прошета на пистата на модната ревија на „Викторијас сикрет“ (Victoria's Secret), каде што претстави неколку впечатливи комбинации. Во една од нив, таа носеше бел корсет, црни чорапи и соодветни гаќички, додека во друга носеше розов чипкаст градник, преку кој имаше облечено краток топ во истата нијанса. Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16