ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развива
2ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развива
ХороскопДневен хороскоп за 26. јули 2021 годинаДневен хороскоп за понеделник, 26. јули 2021 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Забава со пријатели денеска е извесно , а поради тоа саканата личност би можела да ви приговори. Повикајте ја и неа. Кариера Малку ќе се фалите со вашите заслуги. Нешто од тоа е реално, а нешто не е. Пофалете ги и другите . Здравје и совет Не позајмувајте пари од пријатели. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои повторно ќе паднат во искушение за тајна љубов. Нема да знаат што да направат и како да се постават. Кариера Со мали чекори некогаш е можно да се направи поголем напредок отколку со сензација и викање. Вие тоа го знаете. Здравје и совет Ќе сонувате убави сништа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои се трудат да развијат едно познансто до работното место , денеска ќе имаат добар ветар во грбот.Оние во врска се добро. Кариера Ќе ја комбинирате познатата традиционална стратегија со оригинални идеи , кои наеднаш ви се појавуваат. Здравје и совет Пијте повеќе вода. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Сигурност и верба во подобро утре ќе ве поттикне на личноста која ви се допаѓа да и пристапите со оптимизам. Кариера Работите повторно се вртат во ваша корист и ви се отвораат нови можности. Ве радува што тоа може да потрае. Здравје и совет Не се нервирајте поради ситници. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во личните односи ќе внесувате се повеќе нежност и внимание. Тоа ќе биде чекор напред во подобрувањето на вашата врска. Кариера Игниорирајте ги провокаторите , кои ви доаѓаат на врата , за да ви направат нервоза. Имате добра иднина и затоа продолжете. Здравје и совет Бидете посилни од другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Нежноста ќе биде главна одлика на денот. Оние во врска ќе се трудат секој слободен момент да го минат со партнерот. Кариера Ќе ги надминете сите проблеми со помош на убав збор и трпение. Ќе бидете подготвени на компромиси. Здравје и совет Одморете се во природа. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние кои се во врска денеска ќе се потрудат за да го подобрат својот и сексуалниот живот на својот партнер. Кариера Најмногу ќе ве интересираат нејасни , тајни теми или алтернативни методи. Сите други работи ќе ви бидат здодевни. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Точно кога помисливте дека сте на коњ, ќе увидите дека цврсто се држите за магаре. Размислете. Кариера Можно е дека ќе ви биде предложено нешто за што треба подлабоко да размислите. Затоа не брзајте , туку повлечете се. Здравје и совет Несоница. Овен 21.3-20.4. Љубов Многумина денеска ќе сонуваат за идеална љубов и така самите ќи даваат утеха поради она што им се случува во реалноста . Методот не е лош. Кариера Работата ќе ја одработите толку површно , што едвај ќе дочекате да си одите дома. таму ќе се занимавате со нешто што ви е интересно и што ве опушта . Здравје и совет Почнете да вежбате. Бик 21.4- 20.5. Љубов Доколку денеска излезете , ќе успеете да се забавувате , но не очекувајте некое зближување. Односите ќе останат на површинско ниво. Кариера Добро ќе комуницирате и ќе разменувате идеи. Оние кои учат , ќе знаат да го спојат знаењето со креативноста. Здравје и совет Откријте ја својата слаба точка. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Календарот на вашите љубоивни настани е се побогат , па тешко наоѓате слободни термини за сите оние кои сакаат да ви се приближат. Кариера Некои ќе планираат големи проекти и ќе градат кули во воздух. Другите ќе работат толку колку да гиз авршат задачите. Здравје и совет Опуштете се. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашето однесување денеска ќе биде такво што личностите од спротивниот пол со задоволство ќе ве прифаќаат во свое друштво . Кариера Немојте да претерувате . Околностите ќе ви одат во прилог , доколку ја следите природата на работата. Здравје и совет Мала нервоза. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПет повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-РесенМинистерсвото за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две возила. Министерсвото за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.Р.(67) од Велика Британија и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(28) од битолското село Буково. Притоа, со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, се здобиле Д.С. и И.З., сопатници во возилото „опел“ додека кај М.Ј.Р (возач на возилото „сузуки витара)“ и А.С. и А.С., сопатнички во возилото „опел“, во Општата болница во Охрид, биле констатирани телесни повреди. По насоки на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид, стои во билтенот на МВР. Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развиваОние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба.Која иронија од оние кои додека го менуваа името ги убедуваа граѓаните дека со тоа Македонија ќе стане членка на ЕУ и така ќе ја омажеле во богата фамилија, а сега се против секој развој државата, а добивме само слика од авион. Тоа се луѓето како Филипче и Зоран Заев кои дебело профитираа од промената на името и распродажбата на националните интереси, па сега имаат за златни визи и милионски инвестиции во високо катница, станови во Дубаи, додека државата се пљачкаше, а граѓаните осиромашуваа. Тоа се тие Филипче и Заев кои ветуваа бесплатно европско здравство, а граѓаните добија руинирано здравство, само со провизии за вакцини, проценти за модуларните болници, наместени тендери и набавки. Тоа се истите луѓе, кои ликуваат неуспех и застој на Македонија, со фирми во Бугарија, јахти во Грција, акции во индиски авиокомпании. Додека владата се бори за инвестиција плус која ќе донесе развој на економијата, високата технолошка индустрија, рударството, повеќе работни места, СДС и Филипче се против. Тие не сакаат во Македонија да се градат рудници и дата центри, зошто тие признаваат само марихуана економија со лиценци за медицински канабис само за блиските до струмичкиот клан. Двојните стандарди на Филипче и СДС на кои му смета Дејвид Гета, но нема ништо против на приватна журка со Заев во Дубаи да му пее Харис Џиновиќ, нема да им поминат. Тоа граѓаните го гледаат и затоа засекогаш ќе останат вечна минорна опозиција, пред исчезнување. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран поставува седум услови за САД: „Во интерес на Вашингтон е да ги прифати овие услови“Иран му достави на САД седум услови за почеток на какви било преговори, соопшти Мохсен Резаеи, секретар на иранскиот Врховен совет за национална безбедност. Целосната листа на услови сè уште не е објавена. „Техеран му пренесе на Вашингтон седум услови за почеток на какви било преговори. Пораката на Техеран е јасна и недвосмислена: доколку Вашингтон сака да излезе од ќорсокакот што самиот го создаде и да избегне уште подлабоко да заглави во него, нема друг избор освен да ги прифати правата и условите на Иран“, напиша Резаеи на платформата „Икс“ (X). Неколку часа претходно, во интервју за „Ал Џезира“, Резаеи ги откри трите барања што Иран ги поставува за завршување на војната: прекин на војната на сите фронтови, одмрзнување на иранските средства и укинување на американската поморска блокада. „Нашите услови се: прекин на војната на сите фронтови, одмрзнување на нашите средства и прекин на поморската блокада“, рече Резаеи. Тој не ги откри преостанатите четири услови. Според него, Катар, како посредник, веќе ги пренел барањата на Иран до Вашингтон, а Техеран сега го очекува одговорот на актуелниот американски претседател Доналд Трамп. „Остануваме во контакт со посредникот Катар, кој ги пренесе нашите услови до Вашингтон со цел да се стави крај на војната. Го очекуваме одговорот на претседателот Трамп“, изјави Резаеи. Истовремено, еден ирански функционер предупреди дека Техеран е подготвен да го продолжи конфликтот доколку преговорите пропаднат. „Во интерес на Вашингтон е да ги прифати овие услови. Заканите на Трамп нема да донесат никаков резултат. Подготвени сме за одлучувачка војна“, изјави Резаеи за Ал Џезира.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter