ХороскопДневен хороскоп за 26. февруари 2024 година Дневен хороскоп за понеделник, 26. февруари 2024 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Партнерот ќе има свои желби и барања , кои во прв момент ќе ви изгледаат неразумни , но набргу ќес е снајдете. Кариера Ќе има преоден несклад со соработниците , зашто некои од нив ќе покажат нестабилност.Но , долгорочно се се одвива одлично. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Овен 21.3-20.4. Љубов Веројатно ќе покажете доза на несигурност , што малку ќе ја обесхрабри дугата страна.Потрудете се да верувате во она што го доживувате. Кариера Веројатен е трошок на кој не сте сметале ниту вие ниту вашите соработници. Ќе надоместувате за да се снајдете во моментот. Здравје и совет Штедете го грлото и гласните жици. Бик 21.4- 20.5. Љубов Кога ќе ви се пристори дека сте тргнале чекор напред , нешто ве враќа наназад. Така е тоа кога се брзате и работите површно. Бидете поискрени. Кариера Не се грижете поради трошоците , туку обидете се да работите напорно и без многу размислувања.Резултатите ќе дојдат подоцна. Здравје и совет Ви недостига трпение. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот.Секој сака да ужива на свој начин. Кариера Некој би можел да ви пререче дека на работа трошите на неважни ситници. Ќе ги аргументирате своите издатоци. Здравје и совет Редовно опуштајте се. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе прифатите мало малтретирање од саканата личност , на која повторно ќе и кажете колку ви значи. Тоа ќе биде добар вовед во убава љубовна приказна. Кариера Ќе знаете како да ги насочите и оние соработници кои не се многу вредни. Со личен пример ќе ги мотивирате на работа. Здравје и совет Немате грижи. Лав 23.7-22.8. Љубов Се што ќе се случува денеска ќе ви носи само немир , фрустрации и нови прашања. Обидете се да останете мирни и трпеливи. Кариера Пред вас е ден полн со предизвици , во кој ќе мора да разграничите што сакаат шефовите , кои се целите , кој е пријател , а кој непријател. Здравје и совет Останете будни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Освен што и натаму не ви цветаат рози во љубовта, денешниот ден би можел да ви донесе и некои семејни нестабилности. Кариера Ќе бидете распнати меѓу желбите и можностите . Ваше е да најдете златна средина и да се прилагодите на позитивен начин. Здравје и совет Немир и незадоволство. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можно е дека со саканата личност ќе разговарате за дестинација на која сакате да отпатувате. Сеуште нема да се договорите. Кариера Во вашата работа ќе се вклучат нови луѓе , со кои ќе мора да научите да комуницирате. Ќе има мали несогласувања. Здравје и совет Некој нема да ви се допадне . Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Усогласувањето на ставовите со саканата личност , веројатно ќе потрае и денеска. Ќе употребите хумор. Кариера Вашиот работен ден ќе биде доста шарен. Ќе работите се и сешто и ќе ве има на повеќе места. Динамичен ден. Здравје и совет Легнете да спиете на време. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе успеете да спитите пријатно со корисно. Саканата личност ќе ја поврзете со поширок круг луѓе со кои и деловно переговарате. Кариера Договорите ќе се одвиваат по системот,,тргни-застани” , но нема да ви претставува тешкотија. Ќе работите со желба и без застој. Здравје и совет И натаму сте одлично. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можело да има застој во односите , зашто зборовите ќе ви бидат премногу љубезни. Внимавајте да не ве прогласат за слаткоречив. Кариера Вашите деловни амбиции се големи , но такви се и можностите. Денеска внимавајте да не паднете во стапицата на самодопадливост. Здравје и совет Вежбајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние кои сонуваат , мора да се симнат на земја. Саканата личност во тоа ќе им помогне , а тогаш ќе увидат дека тоа е здраво. Кариера Ќе дојде до израз нерационално трошење пари , а вие сето тоа ќе мора да го оправдате и да го решавате. Здравје и совет Бидете што е можно поразумни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаАеродром домаќин на 100 часовниот хуманитарен фестивал „No Finish Line Skopje“Општина Аеродром од денеска е домаќин на 100 часовниот фестивал на трчање и одење „No Finish Line Skopje“, што ги обединува спортот, дружењето и хуманоста.На стартот пред СЦ „Јане Сандански“ се собраа голем број деца, родители, љубители на спортот и граѓани кои со своето учество придонесуваат за една важна хуманитарна цел. „No Finish Line Skopje“ не е трка за медал, туку настан во кој секој изминат километар претставува чекор кон помош за Детската болница „Козле“. Учесниците можат да трчаат или да пешачат, а секој нивен чекор има хуманитарно значење. Општина Аеродром продолжува да го поддржува спортот и настаните што ги поврзуваат граѓаните и создаваат позитивна енергија во заедницата. Во следните 100 часа, Аеродром ќе биде место за спорт, дружење и хуманост со заедничка цел - секој чекор да значи помош и надеж за оние на кои им е најпотребна. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Инвестиција на „Алказар“, Македонија отвора ново енергетско поглавјеОбраќање на премиерот Мицкоски на посетата на компанијата „Алказар Енерџи“ во Општина Штип.„Добар ден и од мене. Уште еднаш, во мое име и во името на Владата, би сакал да му се заблагодарам најпрвин на инвеститорот што ја препозна Македонија како своја дестинација за водење бизнис, би рекол успешен бизнис, и да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на сите заемодаватели коишто го поддржаа овој проект, за од идеја полека но сигурно да стане реалност и денеска да можеме да зборуваме за нова инфраструктура, за нови енергетски производни капацитети од обновлива енергија, за турбини коишто ќе произведуваат електрична енергија којашто ќе придонесува позитивно во македонската економија. Би сакал неколку реченици да кажам за инвеститорот, односно за првиот човек на „Алказар Енерџи Партнерс“, г. Даниел Калдерон. Кога се запознавме и кога целата оваа идеја беше на хартија, односно кога сето ова започна со реализација, ние бевме штотуку избрани како нова влада. Малкумина веруваа дека денес овде ќе можеме да ја видиме целата оваа градежна механизација и сето она коешто се гради на потегот на трите општини — Радовиш, Штип и Карбинци. Но ние верувавме. Верувавме во идејата, верувавме во амбицијата, и таа амбиција и таа идеја денеска полека но сигурно станува реалност. Денеска гледаме десетици градежни машини, би рекол стотици градежни машини, гледаме почеток на инсталирањето на производните капацитети, на ветерниците, гледаме институции коишто партнерски работеа и докажаа дека кога партнерски се работи, позитивниот резултат е неизбежен. Отпочнуваме инвестиција којашто на крајот, кога ќе биде целосно реализирана, ќе вреди околу половина милијарда долари. Но она коешто мене дополнително ме охрабрува е фактот што од инвеститорот слушнав дека тука ниту почнуваат, ниту завршуваат нивните планови за инвестирање во Македонија. Напротив, тие имаат и други планови, за што ќе ја имаат поддршката од Владата, а справувањето со целокупниот институционален ризик којшто е неопходен за овие проекти да станат реалност ќе биде обврска на Владата. Затоа ја користам оваа прилика да испратам силна порака и до инвеститорот, но и до заемодавателите, дека ние како Влада имаме врвен приоритет да поддржуваме ваков тип „гринфилд“ инвестиции, посебно инвестиции во коишто самиот инвеститор сето она коешто ќе го произведе ќе го продава на слободниот пазар и ќе придонесува позитивно во македонскиот БДП и македонската економија. Би сакал уште неколку факти за инвестицијата. Станува збор за неколку стотици работни места, станува збор за нова патна инфраструктура во овој дел од општините низ коишто ќе поминува овој ветерен парк, станува збор за 1 терават час електрична енергија од обновливи извори, тоа е отприлика еден милион мегават-часови, нешто коешто досега е незабележано во нашата историја и нешто коешто, кога сè ова ќе биде реалност, на крајот од годината ќе претставува нето енергетски независна Македонија. Исто така, сосема на крај, би сакал да споменам кои се идните можности и потенцијали коишто ние ги нудиме, бидејќи втората причина, како што спомена г. Калдерон, се природните ресурси со коишто располагаме, посебно ветерот. За таа цел ќе споменам две работи, два факти коишто се многу значајни. Првата е изјавата на претседателката на Европската комисија, г-ѓа Фон дер Лајен, дадена на бизнис-форумот во 2025 година, којашто вели дека Балканот може да биде хаб преку којшто Европа ќе се снабдува со обновлива енергија. Имајќи го предвид развојот на вештачката интелигенција, којшто е неповратен процес, проценките се дека во следните отприлика 14–15 години дополнителната потреба од енергија што Европа ќе ја има е отприлика 1.000 терават-часови електрична енергија. Имајќи го тоа предвид, потенцијалот којшто може да го имаме ние како држава да го инвестираме во производни капацитети, а потоа да го произведеме како електрична енергија, е еднаков на 24 терават часови. Тоа можеби само како бројка не значи ништо, но кога сето тоа би се помножило со цената на електричната енергија, би зборувале за бизнис од отприлика 2 милијарди евра годишно, којшто треба да го зголеми македонскиот БДП и да придонесува позитивно во македонската економија. Имајќи го сето ова предвид, имајќи ги предвид целите на Владата и стратешката ориентација да бидеме раскрсница во овој дел од Европа и регионот, не само од аспект на патната и железничката, туку имајќи ја предвид и енергетската инфраструктура, ние како Влада недвосмислено на врвот на нашите приоритети ја ставаме поддршката на ваков тип гринфилд инвестиции. Како досега, така и во иднина ќе продолжиме заедно со институциите партнерски да работиме со инвеститорите, за сето она коешто претставува реална идеја да го ставиме во функција. Им благодарам на сите коишто беа вклучени во реализацијата на овој проект, да не ги споменувам поименично, затоа што може да се случи да испуштам некое име и со тоа да направам несмасна грешка. Затоа сакам да им се заблагодарам што беа вклучени во реализацијата на овој проект, а на инвеститорот да му посакам уште многу вака успешни проекти овде кај нас, во нашата татковина. Благодарам и нека ни е аирлија!“ Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонците во Австралија го одбележаа Денот на независностаСвештеници, претставници на црковните општини и членови на македонската заедница присуствуваа на свечениот прием во Амбасадата во КанбераМакедонците во Австралија достоинствено и свечено го одбележаа 8 Септември – Денот на независноста на Македонија. Централното одбележување се одржа во Амбасадата на Македонија во Канбера, каде што се собраа претставници на македонската заедница од повеќе делови на Австралија. На свечениот прием присуствуваа свештеници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, претставници на македонските православни црковни општини, претставници на Австралиско-сиднејската епархија, како и членови на македонски здруженија, организации и други истакнати претставници на македонската заедница во Австралија. Настанот претставуваше можност за заедничко чествување на еден од најзначајните датуми во поновата македонска историја, но и за потврдување на силната поврзаност на иселениците со својата татковина. Присуството на претставници од различни македонски организации и црковни општини уште еднаш покажа дека верата, јазикот, културата и националното паметење остануваат цврста основа врз која се гради единството на Македонците во Австралија. Особено значење на свеченоста ѝ даде претставувањето на новоименуваниот македонски амбасадор во Австралија, Неговата Екселенција г. Стојанче Китаноски. За него ова беше прво одбележување на Денот на независноста во Австралија во својство на амбасадор. Во своето обраќање, амбасадорот Китаноски изрази благодарност за топлото добредојде и ја нагласи значајната улога на македонската заедница во Австралија. Тој посочи дека, иако далеку од татковината, Македонците остануваат обединети преку заедничката љубов кон Македонија. Македонските иселеници, со својата работа, посветеност и општествен придонес, секојдневно се нејзини достоинствени претставници во Австралија. Присутните му посакаа добредојде на амбасадорот Китаноски и успешно и плодотворно извршување на неговата дипломатска мисија, со надеж дека во претстојниот период ќе се продлабочат односите и соработката меѓу Амбасадата и македонската заедница. Свештенството и претставниците на македонските православни црковни општини го истакнаа значењето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во духовното, националното и културното обединување на Македонците на австралискиот континент. Македонските храмови во Австралија, покрај својата основна духовна мисија, со децении се средишта во кои се негуваат македонскиот јазик, традицијата, културата и врската со татковината. Одбележувањето во Канбера помина во свечена и пријатна атмосфера, исполнета со заедништво, почит кон минатото и надеж за иднината. Собирот уште еднаш покажа дека македонската заедница во Австралија останува силно поврзана со своите корени и подготвена за заедничко дејствување во интерес на Македонија и на Македонците ширум светот. По повод Денот на независноста беа упатени искрени честитки до сите Македонци во татковината и во дијаспората, со желби за мир, единство, благосостојба и напредок. Нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија! АВСТРАЛИСКО-СИДНЕЈСКА ЕПАРХИЈА НА МПЦ – ОАТагови: Австралија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter