Директорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Тетово: Зајакнување на оперативните капацитети и безбедноста на граѓаните
2Директорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Тетово: Зајакнување на оперативните капацитети и безбедноста на граѓаните
ХороскопДневен хороскоп за 26.декември 2019 годинаДневен хороскоп за четврток , 26. декември 2019 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во своите љубовни очекувања денеска ќе бидете поскромни и поради тоа постабилни и посреќни. Тоа е зрелост. Кариера Не сте веќе сигурни колку се очекува од вас , па ќе ја дозирарте работата или ќе ги проверувате работните задачи . Здравје и совет Одморете си ги нозете. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска е ден кога во љубовта ќе ги измешате скромноста и високите идеали. Резултатот ќе биде збунетост од другата страна. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично , а разгледувајте ги полека. Здравје и совет Мали главоболки. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе добиете покана за излегување , каде ви е загарантирана добра забава, пријатно друштво и убави односи. Кариера Веројатно ќе постигнете добар договор околу спонзорирање на еден проект за кој се сомневавте. Здравје и совет Преспијте пред одлуката. Овен 21.3-20.4. Љубов Пред вас е убав ден за дружење , било дас е решите за прошетка во двојка , можеби само на кафе со пријателите. Кариера Во соработката со млади лица и натаму има нејаснотии кои треба да се решат , но прво причекајте да стигнат сите информации. Здравје и совет Не се замарајте со ситни работи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Не сакате да бидете здодевни , но вашата љубопитност ќе ве стави во ситуација на иследник . Пазете да бидете индискретни. Кариера Денеска малку ќе ги проанализирате резултатите од својата работа. Условите навистина се ветувачки. Здравје и совет Нервози и грижи. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во друштво на пријателите ќе се смирите и ќе престанете да се нервирате поради што лесно сте можеле да направите грешка . Кариера Вашите претпоставени денеска ќе покажат смисла за креативност , но ќе бидат необјективни во одлуките. Здравје и совет Осмислете ги прашањата пред да ги поставите. Рак 22.6-22.7. Љубов Сега се е јасно и без притисок можете да уживате со саканата личност Оние кои се сами добро се забавуваат. Кариера Додека се одморате во мирот на својот дом , во главата си замислувате како работите на друга позиција. Здравје и совет Поработете на флексибилноста на телото. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе се обидете да споите опуштено излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со стари познаници или навики. Кариера Не се двоумете околу вложување енергија во работата . Секој труд кога – тогаш ќе се исплати. Здравје и совет Не може ништо да се прескокне. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можно е решение на некој семеен проблем , кој долго време ве измачувал. Веројатно ќе најдете заеднички јазик. Кариера Освен што сте професионални , ќе покажете и дека сте одличен психолог , со што ќе си обезбедите дополнителни бодови на работата. Здравје и совет Добро влијание на алтернативните методи. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ако се чувствувате осамено , побарајте друштво од пријателите. Тие ќе бидат вистински мелем за вас. Кариера За оние во педагошките професии ги очекува напорна работа , а другите ќе поминат вообичаен работен ден. Здравје и совет Соработувајте со другите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Јасна е вашата добра волја и оптимизам , но кога околностите и не ви одат од рака , ви останува да бидете малку потрпеливи. Кариера Добивате можност да ја покажете умешноста во делот на креативноста , уметноста или декорирањето. Здравје и совет Поченете да спортувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе бидете изразито сентиментални и ранливи. Постои голема веројатност дека другата страна ќе ве повреди. Кариера Се што ќе работите денеска од вас ќе бара поголем праг на толеранција кон другите и повисок степен ан соработка. Здравје и совет Верувајте им на другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОткриено е и санкционирано лицето кое со камион истураше градежен шут на зелена површинаВо Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикан А.А.(50) од Скопје во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи.Денеска (30.10.2026), во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикан А.А.(50) од Скопје во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како машко лице со товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки истура градежен шут на зелена површина. По преземените мерки и активности, утврден е неговиот идентитетот, повикано е во полициска станица и со него е извршен службен разговор, по што заедно со инспекторат за животна средина при општина Карпош преземени се соодветни законски мерки. Тагови: камион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Тетово: Зајакнување на оперативните капацитети и безбедноста на граѓанитеДиректорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (30.10.2026), заедно со дел од раководителите на централните служби на БЈБ, оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Тетово.Во фокусот на средбата беше актуелната безбедносна состојба, со посебен акцент на претстојните предвремени локални избори во Општина Брвеница. Беше констатирано дека состојбата е стабилна и дека се преземаат сите неопходни оперативни и безбедносни мерки за непречено одвивање на изборниот процес, заштита на избирачкото право и безбеден транспорт на изборниот материјал. Директорот Јанев нагласи дека полицијата има обврска да обезбеди услови во кои секој граѓанин слободно и без притисоци ќе може да го оствари своето демократско право на глас, потенцирајќи дека нема да има толеранција за криминал, заплашување или каков било обид за нарушување на изборниот процес. На средбата се разговараше и за унапредување на оперативно-аналитичкото работење, размената на информации и координацијата меѓу централните и регионалните организациски единици, функционирањето на регионалниот интервентен тим, како и за соработката меѓу граничната полиција и СВР Тетово. Посебен акцент беше ставен и на активностите за сузбивање на недозволената трговија со дрога. Беа разгледани и условите за работа на полициските службеници и можностите за унапредување на ефикасноста преку примена на современи технологии и дигитални алатки, со цел подобро искористување на ресурсите и побрз одговор на безбедносните предизвици. Јанев истакна дека Бирото за јавна безбедност ќе продолжи со зајакнување на оперативните капацитети, непосредната координација и професионалното постапување, во интерес на безбедноста на граѓаните и доследното почитување на законите.Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветХеликоптерска несреќа во Индија: Леталото исчезна од радаритеХеликоптер со шест лица исчезна за време на лет од Бадринат кон Дехрадун, во индиската држава Утараканд.Спасувачките екипи го пребаруваат непристапниот планински терен. Засега не е познато дали има преживеани. Спасувачите ја насочуваат потрагата во близина на Џошимат, во округот Чамоли во Утараканд, каде што се верува дека леталото се урнало. 🔺🇮🇳💥: An Indian helicopter in Uttarakhand crashed while 6 people onboard. The pilot was Ex-IAF Officer. https://t.co/2O54zqthTG — Tactical Tribune (@TacticalTribun) October 30, 2026 Според извештаите, хеликоптерот полетал од хиндуистичкото место Бадринат во петокот попладне, и покрај тоа што паѓал снег. Судбината на лицата во леталото останува непозната, а властите допрва треба да ја утврдат причината за несреќата. Во текот на денот во регионот биле забележани обилни дождови и слаба видливост. На сила е портокалово предупредување за временските услови, при што властите предупредуваат на можност за невреме со грмотевици и град. Утараканд е држава на Хималаите, која граничи со Кина и Непал, и во неа се наоѓаат некои од најсветите хиндуистички светилишта. Секоја година овој регион го посетуваат милиони верници, а сè поголем број од нив користат хеликоптери за патување меѓу храмовите. Во потрагата се вклучува и војската Главниот министер на Утараканд, Пушкар Синг Дами, изјави дека е во тек голема операција за пребарување, во која е вклучена и војската. A helicopter returning from Badrinath has crashed near Chai village. Six people, including the pilot, were on board. Bad weather and heavy snowfall are suspected to have caused the crash. https://t.co/fDqQ5r0ep9 — JF-17 Lover (@Armed_Update) October 30, 2026 „Внимателно ја следам ситуацијата“, рече тој. Локалните власти соопштија дека хеликоптер на компанијата „Trans Bharat Aviation“, со регистрациска ознака „VT-HCX“, летал од Бадринат кон Сахастрадара во Дехрадун. Полетал околу 13:14 часот, по што бил пријавен за исчезнат. Според извештаите, леталото ја изгубило комуникацијата додека летало над долината Џошимат. Во исто време, престанал да функционира и системот за следење, па затоа точната локација сè уште не е утврдена. Сите шест лица во хеликоптерот биле мажи. 🚨🇮🇳 #BREAKING : HELICOPTER CRASHES NEAR JOSHIMATH A Trans Bharat Aviation chopper carrying five passengers and a pilot crashed near Chayi village while returning from #Badrinath. Wreckage has been found in rugged terrain. All six aboard are feared dead. #Joshimath #India https://t.co/F9rIkm6LcC — GlobeUpdate (@Globupdate) October 30, 2026 Тагови: Индија хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06