Дневен хороскоп за 26. април 2020 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 26. април 2020 година

Дневен хороскоп за недела, 26. април 2020 година.

Дневен хороскоп за 26. април 2020 година

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно со интензивни забави ќе се обидете да ги оттргнете грижите што ве задушуваат. Можно е излегување и луд провод без емотивно исполнување.

Кариера

Сега ви е веќе сосема јасно дека не го држите конците во своите раце, но тоа не ве загрижува толку колку прашањето до кога ова ќе трае.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Самите на себе се чудите како ви оди добро, па си дозволувате и по некој непромислен потег. Бидете благодарни за она што го имате.

Кариера

Кога не би имало барања и деловни планови , секој би работел што сака , но резултатите би биле лоши. Треба повеќе да соработувате.

Здравје и совет

Прошетајте се на воздух.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Не е потребно да ви се даваат дополнителни информации , бидејќи самите разбирате во која насока треба да делувате за да се подобри односот. Следете ја интуицијата.

Кариера

Можно е надредениот да ви се довери и да го покаже неговото ранливо лице. Вие сте како карпа на која сите може да се потпрат.

Здравје и совет

Издржете.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно денеска ќе бидете сентиментална душа , подложна на чувствителност и ранливост.

Кариера

Во своите деловни комуникации ќе покажете ретко видена сериозност. Некои од соработниците дури и ќе се плашат од вас.

Здравје и совет

Преодна психичка нестабилност.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска би можеле со непромислени постапки да ја изненадите , па дури и да ја повредите другата страна, па внимавајте како се однесувате.

Кариера

Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено.

Здравје и совет

Душевен немир што набргу ќе помине.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , ќе бидете доследни.

Кариера

Финансиските прашања ќе ви одземат голем дел од работното време. Ќе комбинирате она што никој до сега не успеал да го направи и тоа успешно.

Здравје и совет

Внимавајте да не се сплеткате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Нема да се збуните , доколку другата страна малку ве испровоцира. Напротив, тоа ќе го искористите за уште повеќе да ја зацврстите врската.

Кариера

Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска во себе ќе размислувате за тоа.

Здравје и совет

Чувствителност на бубрезите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе ве заинтригира едбна секојдневна ситуација, зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал.

Кариера

Подготвени сте за промени за разлика од вашите колеги. За нив тоа ќе биде нестварно , па ќе мора да ги убедувате.

Здравје и совет

Постои можност за настинка.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Би можеле едноставно премногу да се трудите околу личноста која ја сакате, а сето тоа би можело да биде закочено и неприродно. Опуштете се.

Кариера

Ќе биде затегнато на работното место , зашто ќе треба да решите еден проблем што доволно долго ве мачи.

Здравје и совет

Изразите го својот став и борете се.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Уште сте подготвени за многу нова љубов , а не авантури , а во тоа денеска ќе ви помагаат пријателите. Оние во врска се одлично.

Кариера

Нема друго , туку да ги засукате ракавите и да се фатите за работа. Не сметајте на попусти , туку напротив , ќе се очекува многу од вас.

Здравје и совет

Одморете се во слободното време.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности , но при тоа нема да ја запостават ниту кариерата. Ќе успеете сето тоа среќно да го споите.

Кариера

Денеска ќе бидете посветени на своите надредени , кои ќе покажат дека некои работи ги прават полошо од вас . Помогнете им.

Здравје и совет

Преоден стрес.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ако сте во отуѓена или во воинствена фаза со другата страна , денеска кон сите работи ќе им приоѓате лежерно , а ќе постои и одредена блискост.

Кариера

Се чини како другите денеска да водат главен збор , па на вас останува мудро да се прилагодите . Бидете трпеливи.

Здравје и совет

Радувајте му се на секој убав момент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крвава тепачка во парламентот на Ерменија- пратениците се степаа среде седница (ВИДЕО)

Жестока расправија околу контроверзно изборно ветување прерасна во масовна тепачка во ерменскиот парламент.

Крвава тепачка во парламентот на Ерменија- пратениците се степаа среде седница (ВИДЕО)

Пратениците од владејачката партија Граѓански договор и опозицијата разменија тупаници и клоцања, а целиот инцидент беше емитуван во живо, јавува „Арменпрес“.

Тепачката избувна за време на парламентарната дебата

Судирот во Ерменското национално собрание се случи на 29 октомври, за време на говорот на пратеникот од владејачката партија Граѓански договор, Тарон Чахојан.

Тој упати навредливи коментари за семејството на Нарек Карапетијан, лидер на парламентарната група на опозициската партија „Силна Ерменија“, што предизвика жестока реакција од опозициските пратеници.

Вербалниот конфликт набрзо прерасна во физичка пресметка. Пратениците станаа од своите места, се туркаа меѓусебно и се клоцаа и тупаници.

Во еден момент, заменик-претседателот на Парламентот, Вахагн Алексањан, фрли стол кон опозициските пратеници.

Пратениците беа повредени, пристигна брза помош

Видеата од инцидентот покажуваат хаотични сцени во собраниската сала, додека некои пратеници се обидуваа да ги разделат учесниците во тепачката.

Пратеникот од опозицијата, Андраник Гевгорјан, имаше крвав нос, додека Рубен Мхитарјан имаше искината облека.

Претседателот на парламентот, Рубен Рубинџијан, првично дозволи седницата да продолжи и покрај судирот, но подоцна прогласи пауза и ги повика членовите на собраниското обезбедување.

Тензијата потоа продолжи во ходниците на парламентот, каде што пратениците го продолжија својот вербален судир, додека обезбедувањето се обиде да ги раздели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал

Партнерство што ѝ дава сила на културата и ја поврзува публиката преку филмот

А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал

Скопје, 29 октомври 2026 г.– А1 Македонија со гордост го најавува партнерството со 26. издание на Скопје филм фестивал, кое од 4 до 9 ноември ќе донесе филмски откритија, авторски средби и заеднички доживувања пред големото платно. Како генерален партнер, А1 го поддржува новото поглавје на фестивалот, со уверување дека силните партнерства создаваат нови можности за културата, за творците и за публиката.

Свеченото отворање ќе биде во знакот на „ИДИОТ(И)“, во режија на реномираните Малгоржата Шумовска и Михал Енглерт, со Ејми Лу Вуд, Џони Флин, Вики Крипс и Кристијан Фридел во главните улоги. Филмот ќе ја отвори програмата на фестивалот што продолжува во Младинскиот културен центар (МКЦ) и ќе ја поведе публиката низ различни авторски светови, современи теми и приказни што поттикнуваат разговор и по завршувањето на проекциите.

„Во А1 веруваме дека поврзувањето има најголема вредност кога отвора можности за луѓето, за идеите и за заедницата. Филмот ја има токму таа моќ, една приказна на платното станува заедничко доживување, нè доближува до различни погледи и отвора разговори што продолжуваат и надвор од киносалата. Затоа, нашата поддршка за културата е долгорочна определба. Во тимот на Скопје филм фестивал препознавме јасна визија и посветеност, а со ова партнерство сакаме да ѝ дадеме дополнителна сила на нивната амбиција. Ја покануваме публиката да биде дел од фестивалот, затоа што културата добива полна смисла кога ја споделуваме“, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.

Покрај проекциите, фестивалот ќе понуди средби со авторите и гостите, како и едукативна програма преку која младите ќе можат да учат од филмски професионалци, да разменуваат идеи и да ги развиваат своите креативни интереси. Со спојот на филм, разговор и учење, фестивалот ја продлабочува врската со својата публика и отвора простор за нова генерација филмски вљубеници и идни автори.

„Со ова издание отвораме ново поглавје за Скопје филм фестивал, со внимателно избрана програма што носи врвни остварувања од елитата на современата светска кинематографија. Тоа се филмови со супериорен авторски израз, смели идеи и силни приказни, кои заслужуваат да се доживеат на големото платно. Отворањето со „ИДИОТ(И)“ ја најавува токму таа програмска амбиција, да ѝ понудиме на публиката исклучително филмско искуство што ќе ја поттикне повторно да им се враќа на киносалите. Сакаме фестивалот да биде место за филмски откритија, непосредни средби со авторите и инспирација за младите што го откриваат сопствениот филмски израз. Партнерството со А1 Македонија ни дава силен поттик да ја оствариме оваа визија и заедно да создадеме фестивал со трајна вредност за културниот живот на Скопје“, изјави Томи Салковски, директор на Скопје филм фестивал.

Во рамките на фестивалот, А1 Македонија во соработка со А1 Србија, ја претставува и „А1 кинотека“ , проект посветен на дигиталната реставрација на филмови и зачувувањето на филмското наследство. Преку проекциите од оваа програма, публиката ќе има можност повторно да открие значајни филмски остварувања, кои со обновен квалитет добиваат нов живот на големото платно.

Со ова партнерство, А1 Македонија продолжува да ги поддржува културните иницијативи што ја поттикнуваат креативноста и создаваат простор за заеднички искуства. Од 4 до 9 ноември, заедно со Скопје филм фестивал, ја поканува публиката во МКЦ на средба со филмот и со приказните што заслужуваат да се доживеат на големото платно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студентската листа на прва прес-конференција: Бараат оставки во полицијата, разузнавањето, правосудството

Четири дена по изборната победа, студентите одржаа прва прес-конференција во белградскиот Пионeрски парк, од каде што побараа итни оставки во безбедносните служби, полицијата, обвинителството и јавните претпријатија. 

Студентската листа на прва прес-конференција: Бараат оставки во полицијата, разузнавањето, правосудството

Претставниците на движењето пред присутните истакнаа дека нема да се чека формирање нова влада за да се побара одговорност од челниците на државните институции.

Студентите побараа оставки од директорот на БИА, директорот на полицијата, белградскиот јавен обвинител и претседателот на Уставниот суд. Ги повикаа државните службеници да пријавуваат незаконски наредби и евентуално уништување документација во периодот на транзиција на власта.

-Студентска листа, „Студентите победуваат“ не дојде да се свети, туку да ги врати институциите на граѓаните. Не бараме политичка послушност, туку законитост, професионалност и одговорност. Секој кој го прекршил законот мора да одговара во законска постапка. Без оглед на функцијата која ја обавува,- изјави – претставник на Студентска листа Филип Вуковиќ .

Паралелно, по налог на врховната јавна обвинителка Загорка Доловац, започна контрола на работата на обвинителствата а сите 87 обвинителства добиле задолжително упатство за увид во предмети вклучително и за случаите „Настрешница“, „Звучен топ“ и „Сењак“.

Од спротивната страна, Александар Вучиќ обвини дека по изборниот пораз неговите поддржувачи се изложени на насилство и, како што рече, револуционерен терор низ Србија.

„Во изминатите 72 часа, наместо тоа, сведочиме на нескриен терор на улиците, во објектите, низ цела Србија, на вистински револуционерен терор каков што и најавуваа, а многу луѓе мислеа дека тоа е лага и дека станува збор за некаков наш трик.Никогаш во Србија, од 1945 година наваму, не се случило некој да упадне на нечија семејна слава и да спречи свештеник да прочита молитва.Ќе биде тешко. Немојте да мислите дека ова ќе трае кратко и дека ќе биде едноставно – рече Александар Вучиќ – Лидер на опозиција.

Промени веќе има и во српскиот јавен сервис РТС. Генералната директорка Мања Грчиќ поднесе оставка, а разрешена е и уредничката на информативната програма а денеска се разрешени уште осум уредници. Претставникот на студентската листа Немања Каровиќ, гостувајќи во РТС, изнесе тешки обвинувања за финансирањето на медиумите за време на власта на Вучиќ.

„Особено ми е важно да го споменам „Телеком“ како главен виновник за состојбата во медиумите во нашата земја. Тој ја монополизираше медиумската сцена. Ги користеше парите на граѓаните за да ги финансира политичките потреби на режимот, наместо навремено и објективно да ги информира граѓаните. Само да споменам дека „Информер“ добивал меѓу 500 и 700 илјади евра месечно. Тоа се нереални бројки, знаеме и зошто – изјави – Немања Каровиќ, Студентска листа.

Изборниот процес сè уште не е целосно завршен во Србија. Според Републичката изборна комисија, се очекува повторување на гласањето на околу 50 избирачки места, по што треба да бидат утврдени конечните резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер