Дневен хороскоп за 26.2.2019 - Канал 5

Дневен хороскоп за 26.2.2019

Дневен хороскоп за вторник,26 февруари 2019 

Дневен хороскоп за 26.2.2019

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашата најдрага личност денеска ќе го покаже своето сентиментално лице. Прифатете го тоа како реалност и бидете нежни.

Кариера

Работите во кои имате директно влијание долгорочно одлично ќе се одвиваат, а денеска работете на соработка.

Здравје

Не коментирајте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе излезат на забава, но одреден настан таму ќе им ја наруши самодовербата. Заборавете на тоа.

Кариера

Ќе дознаете многу повеќе отколку другите , но моментално нема многу да направите за да ги смените работите.

Здравје

Бидете трпливи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно ќе се сконцентрирате на други подрачја во животот, зашто ќе бидет доволно свесни дека во љубовта не ви цутат рози.

Кариера

Одличен ден за деловни договори за битни теми и работи ,значи за нешто што е најважно. Сепак , бирајте зборови.

Здравје

Прво помислете , па потоа кажете.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Во љубовните врски вешто ќе ги спојувате пријатните со корисните моменти , па така ќе се усреќите себеси и партнерот.

Кариера

Некои би можеле да се постават како див коњ кој треба да се припитоми.Треба да разберете дека мора да работите според одредени правила.

Здравје

Прилагодете се.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Продолжувате да и давате утеха на саканата личност и тоа го правите успешно.Вашиот однос станува се подлабок и поквалитетен.

Кариера

Во соработка со другите, ќе се покажете интересни и креативни.Покрај тоа, оперативно одлично ја водите работата.

Здравје

Се повеќе работи си доаѓаат на свое место.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе почуствувате меланхолија,преодна депресија или неисполнети мечти, но лесно ќе се справите ако се отворите и поразговарате со некого.

Кариера

Кога станува збор за цели околу една работа ,денеска би можело да се покаже дека не се јасни ниту стабилни. Разбистрете ги.

Здравје

Побарајте хумористични содржини.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашата врска и личните односи добро се развиваат со мала посветеност на еден член од семејството кој денеска е почуствителен.

Кариера

Претстои надемудерување со претпоставените .Веќе знаете како изгледеа тоа , па подегответе паметна стратегија.

Здравје

Проблеми со желуденикот.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашиот љубовен избор ќе биде стабилен и ветувачки.Продолжувате деа го градите започнатото, а во тоа имате и малку среќа.

Кариера

Денеска успешно ќе се поврзете со соработници од странство или вашето знаење ќе деојдее део израз на најдеобар можен начин.

Здравје

Поведери сте и посилни.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Изгледеа дека и денеска ќ живеете во друштво на личноста што ја сакате или ќе се трудите да освоите нкој кој ви се допаѓа.

Кариера

Церемонии ве заморуваат , но ако веќе трба една да одработите денеска, пријдете и со хумор. Некои и ќе се забавуваат.

Здравје

Имате сила.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Однадвор ќе раскажувате нежни зборови , а одвнатре со страст и едвај ќе дочекате саканата личност да ја однесете во спалната соба.

Кариера

Можни се помали застои во кореспонденцијата со деловниот партнер.Станува збор за тоа што надредените се уште не сакаат да се изјаснат.

Здравје

Ќе бидете заморени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Партнерот ќе ве повика да излезете , па дури и на полудневен излет.Ако прифатите, ќе си поминете одлично.

Кариера

Ќе успеете да воспоставите поквалитетни деловни контакти и така да отворите нова врата за соработка.

Здравје

Сега е вистинско време за да најдете нкој спорт за себе.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе комбинирате различни техники на заведување.Ќе бидете успешни во повеќето обидеи.Само не претерувајте.

Кариера

Сите кои работат на работни места поврзани со истражување или нешто што бара суптилен пристап,денеска ќе остварат убави резултати.

Здравје

Штедете си ја силата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа

Уште 102 страници и апликации кои нелегално приредувале онлјан игри на среќа ќе бидат блокирани за домашните корисници на интернет, информираат од Министерството за дигитална трансформација.

Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа

Оттаму за Канал 5 велат дека со ова, бројката на блокирани страници од овој тип е 462, а целта е да се спречат измами и нелегално испумпување на пари од граѓаните. Од ресорното министерство велат дека овие страници најчесто ги создаваат лица кои се сопственици сервери надвор од државата и поради тоа велат дека е клучна нивната превентивна реакција.

- На тие игри не се знае каде завршуваат нивните податоци, каде завршуваат нивните пари, не се знае ниту дали самата игра е фер за граѓанинот и не постојат механизми за нивна заштита во случај на измама, затоа што ваквите игри најчесто се регистрираат, односно се воспоставуваат во држави каде оваа дејност не е регистрирана, односно каде што нема да подлежат на одговорност. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација

На овие нелегални страници најчесто се организираат игри како покер томболи и други игри на среќа, но граѓаните кога ќе кликнат на нив, сепак добиваат известување дека се дел од нелегална мрежа на игри на среќа, за која согласно новиот закон се предвидени и казни и за нив како учесници, објаснуваат од министерството. Сепак, иако новата законска регулатива е во сила уште од летово, казни во пракса за индивидуалци кои биле дел од вакви игри на среќа засега нема.

– И самото учество на граѓаните во ваквите игри на среќа е забрането со новиот закон за игри на среќа – се предвидуваат глоби од 1000 до 2000 евра. Има ли санкциониран граѓанин досега? Досега според нашите информации нема санкциониран граѓанин. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација

Согласно законските измени, единствен приредувач на игри на среќа во државата во онлајн просторот е државна лотарија. Токму лотарија пак доставува список на нелегални страници кои приредуваат игри на среќа, а се лесно достапни за граѓаните. Потоа лотарија му го проследува тој список на Министерството за дигитална трансформација, од каде се издава налог за блокирање на страници, а Агенцијата за електронски медиуми има рок од пет дена го оневозможи пристапот до спорните страници на нашите граѓани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна

Бебе под една година завршило на клиниката за инфективни болести, заради добивање на ситни сипаници или морбили. Бебето е во стабилна состојба и е пуштено на домашно лекување. 

Четворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна

Освен овој пациент уште кај тројца е потврдено дека имаат морбили, странски државнијан, уште едно дете помало од година и 40 годишен маж, сите се невакцинирани, потврди министерот за здравство Клековски.

„Инстиутот за јавно здравје ги прави анктите, дали има поврзаност помеѓу случаите со морбили. Засега нема епидемија од морбили, но мора да се внимава и да се применуваат сите препораки и да се вакцинираат децата“, вели Сашо Клековски министер за здравство.

Во моментот опфатот до МРП вакцината е под 70%, она што е важно да се вакцинираат сите деца, оние возрасни кои се вакцинирани со една доза. Вирусот е брзо пренослив и оние кои имаат симптоми на црвенило на кожа, зголемена температура да се јават на доктор и да не се мешаат на места каде има луѓе.

„Вакцинирајте се, мора да има заштита. На пример децата под една година не се според календарот за вакцинација, а се заразени. И може да имаат компликации“, вели Сашо Клековски министер за здравство.

Од 2018 година во Македонија имаше прогласено епидемија на морбили. 1900 луѓе се заразија со сипаниците, а почина четворица заради компликации. Од ИЈЗ апелираат на редовна вакцинација бидејќи станува збор за сипаници кои даваат сериозни последици по здравјето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на средба со првите луѓе на Дојче Телеком

Денеска остварив работна средба со главниот извршен директор на Дојче Телеком, Тимотеус Хетгес, и членот на Управниот одбор и ГИД за Европа, Доминик Лерој.

Мицкоски на средба со првите луѓе на Дојче Телеком

Разговаравме за можностите за продлабочување на соработката и привлекување нови инвестиции во дигиталната трансформација, развојот на вештачката интелигенција, современите комуникациски технологии и сајбер-безбедноста.

Посебен акцент ставивме на технолошкиот развој, дигиталниот суверенитет и концептот на паметен и безбеден град, како важни предуслови за модерна, конкурентна и дигитално развиена држава, објави премиерот Христијан Мицкоски на ФБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер