СДСМ: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте - одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!
2СДСМ: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте - одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!
3Брзаковска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка
ХороскопДневен хороскоп за 25. септември 2024 година Дневен хороскоп за среда, 25. септември 2024 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ги имате сите адути во своите раце. Потребно е само да се зборува за се она што ви лежи на срцето. Кариера Пред вас е исклучителено интересен деловен ден. Конечно на дневен ред ќе дојдат теми кои ви се посебно значајни. Здравје и совет Излезете и фатете некој зрак сонце. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Неврзано дружење со кафе би можело да се претвори во нешто повеќе. Ќе бидете пријатно изненадени со оваа можност. Кариера Денеска на работното место би можеле да се покажете како вистински финансиски волшебник , зашто ќе се сетите на нешто што на другите не им паднало на памет. Здравје и совет Поработете на истражување на деталите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Пред вас се многубројни љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на патување. Ќе ви биде убаво. Кариера За да стигнете до својата цел , ќе мора да истражите некои суоптилни детали што многумина ги буткаат под тепих. Здравје и совет Немојте да го губите компасот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Отворени сте за сите љубовни можности , кои нема да недостигаат . Истовремено во вас се раѓаат посебни сексуални барања. Кариера Нема потреба нештата да ги правите на сила , зашто со малку трпение се ќе се отвори како што треба. Здравје и совет Држете се понастрана од мрачни луѓе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Нервозата и напнатоста поради недоразбирања во личните односи може да ги отстраните со чиста љубов без многу зборови и само со помош на нежност. Кариера Можни се мали мнесдоразбирања со соработниците или при вербалните договарања. Со фантазија ќе успеете да стигнете до решение. Здравје и совет Не зборувајте премногу. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Поради преодна отуѓеност во личните односи , вашата љубовна самодоверба ќе опаѓа. Ќе помогне излегување и добра забава. Кариера На работното емсто ќе се занимавате со многу специфични теми , за кои некои можеби само сонуваат. Треба да се вклучи истражување и креативност. Здравје и совет Бидете поотворени кон луѓето . Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате многу оригинални идеи како да развиете одреден однос. Ќе влијаете на таа личност , но таа сепак ќе ве критикува. Кариера Се што е тајно , неистражено , заплеткано или скриено , денеска ќе ви доаѓа на дневен ред на работното место. Некои ќе станата вистински детективи. Здравје и совет Ќе имате визии во боја преку соништата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Со својата остроумност , фантазија и интуиција би можеле да ги импресионирате сите околу себе. Ќе ве запаметат. Кариера Денеска на работите ќе влијаете од сенка. Ќе бидете невидливи , па сепак ќе ги влечете конците на суптилен начин. Здравје и совет И натаму ве мачи замор. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние во стабилни врски ќе увидат дека е најдиобро да се сака без премногу зборови. Само нека зборуваат помалку , а чувствата нека ги покажуваат преку дела. Кариера Соработката со другите ќе ве заморува и ќе ве прави нервозни , зашто ќе имате чувство дека нешто постојано мора да се објаснувате. Здравје и совет Одете порано на спиење. Рак 22.6-22.7. Љубов Сенеска во љубовта ќе жарите и палите со сто на час.Малкумина ќе може да ви одолеат. Ќе има страст, еротика ,задоволство. Кариера Тајните кои постојат на вашето работно место ќе ги откриете со леснотија. Ќе има интересни откритија. Здравје и совет Размислувате за нов спорт. Лав 23.7-22.8. Љубов Потребата да споделите се што ќе ви се случи ќе биде силна , но партнерот ќе бисде резервиран кон вас. Одредете до каде може да одите. Кариера Сите работи во кои може да дојдат до израз вашите квалификации и знаењето денеска се добро поставени. Здравје и совет Некои ги откриваат своите нови таленти. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе имате многу специфични , но добри идеи со кои ќе успеете да ја совладате дистанцата во лилчните односи. Кариера Ќе добиете посебни знаења . Некои ќе се изненадат кога ќе увидат дека добиваат поголеми погледи во реалноста. Здравје и совет Следете ја својата интуиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЗа првпат во историјата на Македонија: Онколошката грижа на маса на највисоко нивоМинистерството за здравство и здружението ХЕМА-ОНКО денес, во Свечената сала на Владата, ја одржаа работилницата „Редефинирање на онколошката грижа: системски решенија за достапна и непрекината грижа во Македонија“. За прв пат во историјата на Македонија, за состојбата и иднината на онколошката грижа се разговара на вакво високо ниво. На една маса седнаа Владата, Министерството за здравство, МАНУ, Медицински и Фармацевтски факултет, Институтот за јавно здравје, Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, ГОБ „8 Септември“, повеќе директори на ЈЗУ, здравствени работници и од јавен и од приватен сектор, претставници на пациентите, како и на индустријата. Со нив беа и водечки експерти од Франција, Словенија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. „Сега е критичен момент како од фрагментиран и преоптоварен систем на онколошка грижа да преминеме во сеопфатен национален план и онколошка мрежа со единствени стандарди и ја има целата поддршка на Владата и здравствените власти“ изјави министерот за здравство Сашо Клековски на отворањето. „За првпат во историјата на Македонија за ракот се разговара на вакво ниво: Владата, институциите, лекарите, пациентите и врвни европски експерти заедно“, изјави директорот на УКРО Игор Стојковски. Инаку, бројките покажуваат зошто разговорот е итен. Во 2023 година во Македонија се регистрирани 8.371 нови случаи на рак, што е 16 % повеќе отколку пред десет години. Истата година од рак починале 3.726 лица. Секој ден се поставуваат околу 23 нови дијагнози, а умираат околу 11 луѓе. Кај нас ракот се јавува поретко отколку во ЕУ, но од него се умира почесто. Во воведното предавање проф. д-р Жозеф Глигоров од Универзитетот Сорбона и болницата Тенон во Париз ги претстави европските онколошки стандарди. Тој истакна дека Македонија треба да премине од еден преоптоварен центар кон национална онколошка мрежа. Во таа мрежа еден сеопфатен онколошки центар ќе ја води грижата, сложеното лекување ќе се концентрира таму, а вообичаената терапија ќе се дава поблиску до домот на пациентот. Како најбрзи мерки ги посочи задолжителните конзилиуми за секој нов случај, вклучително и на далечина, и патеките на пациентот со максимални рокови на чекање. Притоа предложи патоказ за следните 24 месеци. Првиот панел, со модератор Синиша Стојаноски, директор на ГОБ „8-ми Септември“, отворено ги изнесе слабостите на системот. Говореа д-р Марија Андоновска (ИЈЗ), Елена Ристоска (МЗ), проф. д-р Игор Стојковски (УКРО) и Ана Марјановиќ (ХЕМА-ОНКО). Панелистите покажаа дека ракот кај нас се јавува поретко отколку во ЕУ, но од него се умира почесто. Скрининг-програмите постојат на хартија, но не стигнуваат до граѓаните, па опфатот кај ракот на дојка е под 6 %. Дијагностиката, без која нема терапија, е недоволна и ранлива. УКРО носи товар за цела држава и работи на границата на своите можности, со само три линеарни акцелератори за 1,8 милиони жители. Терапијата се планира од буџет до буџет, а пациентите губат недели од првиот сомнеж до почетокот на лекувањето. И покрај тоа со истата опрема во 2025 година и истиот персонал дијагностичките услуги се зголемени за 15% а радиотерапијата за 55% и само благодарејќи на подобрата организација и на здравствените работници, нема колапс. Панелот „Од потреби до одлуки: инфраструктура и технологија во онколошката грижа“, беше посветен на приоритетите. Модератор беше Ана Шутиноска. Учесниците во три круга одговараа на три прашања: каде е најитно, што функцира и кои се следните чекори. Во рамки на овој панел серазговараше и за приоритетните инфраструктурни и технолошки потреби за унапредување на грижата за онколошките пациенти, како и долгорочните стратегии за национален пристап кон контролата на малигните заболувања. Во заклучната сесија во име на пациентите се обрати Ана Марјановиќ од ХЕМА-ОНКО. Министерот Клековски ги изнесе насоките на Министерството за следните чекори: итни мерки за стабилизација на онколошката грижа и долгорочен национален пристап кон контролата на ракот. „Денес за првпат имаме заедничка слика: каде сме, каде сакаме да бидеме и како ќе стигнеме дотаму. Пациентите што се лекуваат денес не можат да чекаат, па затоа прво доаѓаат итните мерки. Паралелно започнуваме повеќе активности како студија за инфраструктурата и технологијата и градење на долгорочен национален пристап кон контролата на ракот. Македонија од годинава е дел од EU4Health под исти услови како земјите-членки. Европските средства одат таму каде што има национален план, јасна водечка институција и податоци, и токму тоа ќе го градиме“, рече министерот Клековски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДигитален самит на Западен Балкан: Од дигитална амбиција до акцијаОсмиот Дигитален самит на Западен Балкан заврши во Херцег Нови, истакнувајќи ја регионалната соработка, вештачката интелигенција, сајбер-безбедноста и поблиската интеграција со Единствениот дигитален пазар на ЕУ.Осмиот Дигитален самит на Западен Балкан заврши вчера во Херцег Нови, Црна Гора, по два дена дискусии на кои се собраа претставници на Западен Балкан Шест, институциите на Европската унија (ЕУ), меѓународните организации и лидерите во дигиталната индустрија, со цел унапредување на регионалната дигитална трансформација и интеграцијата во Единствениот дигитален пазар на ЕУ. Самитот беше организиран од Министерството за јавна администрација на Црна Гора, под покровителство на Владата на Црна Гора, во партнерство со Советот за регионална соработка (RCC), Европската Унија и други регионални и меѓународни партнери, во рамките на претседавањето на Црна Гора со Берлинскиот процес во 2026 година. На Самитот беше поздравен Патоказoт за вештачка интелигенција за Западен Балкан Шест, изработен од RCC заедно со регионалните партнери, кој утврдува заедничка насока за одговорен развој и примена на вештачката интелигенција. Патоказот, кој се очекува да биде усвоен на претстојниот Самит на лидерите на Берлинскиот процес, обезбедува рамка за зајакнување на регионалната подготвеност за вештачка интелигенција, управувањето, иновациите и усогласувањето со европските стандарди. Вештачката интелигенција беше една од централните теми на Самитот, со посебен панел насловен „Вештачка интелигенција и Можности, предизвици и идни перспективи“, модериран од Тања Мараш, виша експертка за дигитална поврзаност во RCC. На панелот, кој собра претставници на Европската комисија, меѓународните организации, академската заедница и технолошкиот сектор, се дискутираше за тоа како регионот може да премине од амбиции во областа на вештачката интелигенција кон практична примена, посилни иновации и поголема економска конкурентност. „Предизвикот не е само да ја усвоиме вештачката интелигенција, туку да обезбедиме таа да донесе вистинска вредност за нашите економии, јавните институции, бизнисите и граѓаните, истовремено градејќи доверба и осигурувајќи дека ниту еден дел од регионот нема да заостане“, изјави Мараш, нагласувајќи ја важноста на регионалната соработка, инвестициите во вештини и инфраструктура, како и одговорниот развој на вештачката интелигенција. Самитот заврши со низа приоритети за забрзување на регионалната дигитална интеграција, вклучувајќи меѓусебно признавање на дигиталните идентитети, воведување дигитални паричници за идентификација, подостапни цени за роаминг со ЕУ, посилна соработка во областа на сајбер-безбедноста и подобрена дигитална поврзаност. Заклучоците предвидуваат и натамошна поддршка од RCC за спроведување на Патоказот за вештачка интелигенција и зајакнување на регионалната координација во областа на дигиталните услуги, заедно со континуирани напори за усогласување на дигиталните рамки на регионот со стандардите на ЕУ. Во текот на двата дена, дискусиите опфатија и дигитални јавни услуги, сајбер-безбедност, дигитални вештини, поврзаност, заштита на децата на интернет, стартапи и иновации, со посебен акцент на практичните решенија што можат да го подобрат секојдневниот живот на граѓаните и бизнисите. На вториот ден од Самитот, Милена Јоциќ Танасковиќ, експертка за дигитална поврзаност во RCC, учествуваше на панелот „Поврзаноста како двигател на дигиталната трансформација на Западен Балкан“, фокусирајќи се на улогата на дигиталната инфраструктура и регионалната соработка во унапредувањето на дигиталната трансформација на регионот. Самитот ја потврди важноста на заедничкото дејствување за изградба на поповрзан, поконкурентен и дигитално поотпорен Западен Балкан, при што фокусот сега се префрла од заедничките амбиции кон практични резултати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте - одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!Скандалот со договреното пуштање на Ива Михаилова мора до крај да се расчисти, со докази и со утврдување кривична и политичка одговорност.Не театар, повикување амбасадор, потерници и најави притвор, префрлање одговорност, спинови. Одговорност, од прв до последен! Панче Тошковски јавно изјави дека граница што е решето. А кој раководи со МВР и кој е надлежен да ја обезбеди таа граница? Тошковски. На сите ни е јасно дека Мицкоски го штити Тошковски. Така изгледа кругот на политичката заштита на ВМРО-ОКГ: Мицкоски го штити Тошковски, а Тошковски ја штити криминалната банда на власт. Правда нема. Никој не одговара, сите бегаат, најмногу бегаат преку граница. Затоа бараме оставка од Тошковски. Нема одговорни за пет тони дрога кои помина преку границата, никој не одговара за криминалните тендери, за тепањето на младите во Ново Село. За Кочани нема одговорни. Артан Груби излегува од куќен притвор со факели, петарди и прослава.Кога го пречекаа со црвен килим на граница рекоа дека постојат сериозни безбедносни ризици и дека неговата безбедност не може да се гарантира во затворски притвор. Што се смени? Како тоа опасноста исчезна преку ноќ? Исто како со Михаилова. Доста се политички дилови. Доста е оваа фарса. Правосудството е само театарска сцена која Мицкоски ја контролира во целост. Затоа во извештајот на Европската комисија се наведува мешање на Мицкоски во правосудниот систем. Обвинителите ги вика медиокритети и им дели задачи на телевизија и по телефон. Народот го нарекува талог и мочуриште. Се е фарса. Доста е театар. Вистината на виделина. Одговорност веднаш. Прес конференција на СДСМ, Александар Наумоски - член на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook