ХороскопДневен хороскоп за 25. септември 2023 година Дневен хороскоп за понеделник, 25. септември 2023 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ги имате сите адути во своите раце. Потребно е само да се зборува за се она што ви лежи на срцето. Кариера Пред вас е исклучителено интересен деловен ден. Конечно на дневен ред ќе дојдат теми кои ви се посебно значајни. Здравје и совет Излезете и фатете некој зрак сонце. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Неврзано дружење со кафе би можело да се претвори во нешто повеќе. Ќе бидете пријатно изненадени со оваа можност. Кариера Денеска на работното место би можеле да се покажете како вистински финансиски волшебник , зашто ќе се сетите на нешто што на другите не им паднало на памет. Здравје и совет Поработете на истражување на деталите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Пред вас се многубројни љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на патување. Ќе ви биде убаво. Кариера За да стигнете до својата цел , ќе мора да истражите некои суоптилни детали што многумина ги буткаат под тепих. Здравје и совет Немојте да го губите компасот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Отворени сте за сите љубовни можности , кои нема да недостигаат . Истовремено во вас се раѓаат посебни сексуални барања. Кариера Нема потреба нештата да ги правите на сила , зашто со малку трпение се ќе се отвори како што треба. Здравје и совет Држете се понастрана од мрачни луѓе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Нервозата и напнатоста поради недоразбирања во личните односи може да ги отстраните со чиста љубов без многу зборови и само со помош на нежност. Кариера Можни се мали недоразбирања со соработниците или при вербалните договарања. Со фантазија ќе успеете да стигнете до решение. Здравје и совет Не зборувајте премногу. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Поради преодна отуѓеност во личните односи , вашата љубовна самодоверба ќе опаѓа. Ќе помогне излегување и добра забава. Кариера На работното емсто ќе се занимавате со многу специфични теми , за кои некои можеби само сонуваат. Треба да се вклучи истражување и креативност. Здравје и совет Бидете поотворени кон луѓето . Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате многу оригинални идеи како да развиете одреден однос. Ќе влијаете на таа личност , но таа сепак ќе ве критикува. Кариера Се што е тајно , неистражено , заплеткано или скриено , денеска ќе ви доаѓа на дневен ред на работното место. Некои ќе станата вистински детективи. Здравје и совет Ќе имате визии во боја преку соништата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Со својата остроумност , фантазија и интуиција би можеле да ги импресионирате сите околу себе. Ќе ве запаметат. Кариера Денеска на работите ќе влијаете од сенка. Ќе бидете невидливи , па сепак ќе ги влечете конците на суптилен начин. Здравје и совет И натаму ве мачи замор. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние во стабилни врски ќе увидат дека е најдиобро да се сака без премногу зборови. Само нека зборуваат помалку , а чувствата нека ги покажуваат преку дела. Кариера Соработката со другите ќе ве заморува и ќе ве прави нервозни , зашто ќе имате чувство дека нешто постојано мора да се објаснувате. Здравје и совет Одете порано на спиење. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска во љубовта ќе жарите и палите со сто на час.Малкумина ќе може да ви одолеат. Ќе има страст, еротика ,задоволство. Кариера Тајните кои постојат на вашето работно место ќе ги откриете со леснотија. Ќе има интересни откритија. Здравје и совет Размислувате за нов спорт. Лав 23.7-22.8. Љубов Потребата да споделите се што ќе ви се случи ќе биде силна , но партнерот ќе бисде резервиран кон вас. Одредете до каде може да одите. Кариера Сите работи во кои може да дојдат до израз вашите квалификации и знаењето денеска се добро поставени. Здравје и совет Некои ги откриваат своите нови таленти. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе имате многу специфични , но добри идеи со кои ќе успеете да ја совладате дистанцата во лилчните односи. Кариера Ќе добиете посебни знаења . Некои ќе се изненадат кога ќе увидат дека добиваат поголеми погледи во реалноста. Здравје и совет Следете ја својата интуиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко. „Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите. Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Најави концертен филм Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година. Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата. Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици. Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба. Извор: Индекс.хрТагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамСпортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење. Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите. Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“. Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле. Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени. И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили. Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот. Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент. Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“. Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч. Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек. Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека. Извор: Б92Тагови: Sanrivatti One Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНасилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото. Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници. Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел . Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци. Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви. Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти. Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат. The police in Berlin have had enough of those who create chaos in Germany. https://t.co/MOhad35F3m — RadioGenoa (@RadioGenoa) November 15, 2026 Обид за пробивање на полицискиот кордон Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат. Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници. На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење. На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата. Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти. Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам. Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам. Најавен е европски штрајк на младите Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување. На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци. Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин. Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook