На покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“
2На покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“
Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
2Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
ХороскопДневен хороскоп за 25. септември 2019 годинаДневен хороскоп за среда, 25. септември 2019 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни шанси , а со своето однесување вие ќе ги поттикнувате. Кариера Понекогаш ви се чини дека пред вас се задачи што не сте ги очекувале, но тие ќе ве надополнат и збогатат. Здравје и совет Прифатете се што доаѓа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е уште еден успешен љубовен ден.Секој вид контакт добро е поставен , па обидете се да бидете меѓу тие луѓе. Кариера Вашата драматичност на многумина им е здодевна. Сега ви преостанува нов стил , што значи да работите тивко и професионално. Здравје и совет Јадете помалку , движете се повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Отворени сте за луѓе и нови познанства , релативно лесно ги среќавате , но емотивното исполнување е многу тешко. Кариера Калкулациите околу млади луѓе или креативност на работата ќе потраат и денеска. Ќе настојувате да ви биде интересно. Здравје и совет И натаму сте во добра состојба. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Можен е разговор за една сериозна тема со блиска личност. Ќе знаете да дадете совет или да пружите поддршка. Кариера На работното место се повеќе покажувате наклоност кон забави , а се помалку кон сериозна работа. Се наоѓате во свој свет и како да не ве интересира ништо друго. Здравје и совет Сконцентрирајте се на целта. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мали нервози малку ќе ви ја разнишаат самодовербата, но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде во ред. Кариера Денеска заработените пари ќе ви изгледаат како да се малку , но разберете и дека тие не се цел сама за себе. Поважно е да работите нешто што го сакате. Здравје и совет Се засилува вашиот интерес за козметика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е уште еден ден во кој ќе бидете склони кон зголемена чувствителност и се поголеми барања од партнерот. Кариера Не грижете се за малото затишје на работата. Тоа добро ќе ви дојде за малку да се реорганизирате. Здравје и совет Повеќе сон и одмор. Овен 21.3-20.4. Љубов Се што не ви се допаѓа во вашиот љубовен живот ќе се обидете да го турнете под тепих или едноставно да го скриете од другите. Тоа не е добро. Кариера Недостаток на интерес за работата е резултат на вашиот недостаток на енергија. Пробајте подобро да се организирате , па ќе ви се врати желбата за работа. Здравје и совет Треба уредно да живеете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако денеска се впуштите во еротска авантура , треба да знаете дека сигурно ќе промашите. Затоа задржете ја потребната дистанца. Кариера Не се обидувајте со сила да докажувате дека сте во право. Подобро прифатете ги советите на другите , кои се посериозни од вас. Здравје и совет Поважни се зборовите отколку делата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Трошокот поради вашата организација на заеднички ручек или вечера малку ќе ве загрижи. Кариера Се повеќе работи одат во ваша корист и ви го прават работниот ден попријатен. Но , вие и натаму работите со сите сили. Здравје и совет Можете малку да здивнете. Рак 22.6-22.7. Љубов Препознавате нови љубовни шанси , а во тоа ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете. Кариера Можеби ќе ви се чини дека другите не ве поддржуваат , но тоа не е точно. Тие само се внимателни и ви покажуваат каде се грешките. Здравје и совет Немојте да се грижите. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе бидете во фаза на повлекување и најдобро ќе се чувствувате во некое скришно катче самите со себе. Тоа е само преодно расположение. Кариера Обидете се сите поважни работи да ги привршувате , зашто наскоро за нив ќе ви треба двојно поголема енергија од вообичаеното. Здравје и совет Наполнете си ги батериите. Девица 23.8.-23.9. Љубов На дневен ред ќе испливаат некои работи од минатото од вашето семејстов , што ќе мора денеска да ги решите. Кариера Подготвени сте привремено да се повлечете , зашто насетувате дека така би ви одговарало.На некој начин сте во право. Здравје и совет Се повеќе работи ве заморуваат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураБитолските актери премиерно ја одиграа Шекспировата „Кориолан“ на „Охридско лето“Народниот театар – Битола вчеравечер на „Охридско лето“ премиерно ја изведе претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир во режија на американскиот режисер Џон Блондел.Претставата се покажа дека е идеално дело за актерите од Битолскиот театар бидејќи нивната енергија и сценски израз совршено одговараат на материјалот, а визуелните и музичките автори од ансамблот ја издигнаа оваа политичка трагедија до високо ниво на театарска поезија. Во „Кориолан“ играа Огнен Дранговски, Петар Горко, Борче Ѓаковски, Марјан Георгиевски, Сандра Грибовска, Јулијана Мирчевска и Петар Спировски. Сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, а музиката за претставата ја напиша Александар Димовски. Режисерот Џон Блондел посочи дека „Кориолан“, иако е напишан пред повеќе од четири века, останува актуелен поради темите за моќта, политиката и односот меѓу власта и народот. -Видете го овој неверојатен простор во кој се наоѓаме моментално.Навистина магично место со стари корени за изведување претстава. Атмосферата е извонредна за гледање претстава како оваа вкоренета во минатото и сегашноста. Ова е перформанс полн со интимни, автентични и изненадувачки моменти. Се надевам дека гледачите понесени од приказната ќе ја вметнат во нивната имагинација за да се почувствуваат како да се на сцената, рече режисерот Блондел кому ова му е петта соработка со битолските актери. Според директорот на Народниот театар-Битола, Васко Мавровски, се работи за многу интересна претстава со нова естетика, претстава којашто од 40-тина ликови е сведена само на седум и во неа, како што вели, е собрано само есенцијалното од текстот. -Секогаш кога ќе се спомене Шекспир, луѓето очекуваат дека тоа ќе трае два часа и повеќе. Ние успеавме за 80-тина минути да направиме многу добра и естетски поткована претстава на еден наш препознатлив јазик, односно препознатлив јазик и за режисерот Џон Блондел којшто по стотти пат го покажува тоа на сцена, појаснува Мавровски. Концептот на претставата е насочен кон минималистички сценски израз, со акцент на актерската игра и текстот. -Сум играл на „Охридско лето“ многупати со Битолскиот театар и сцената ја доживувам како матична. Воодушевувачки е да се игра на толку импознатно место каде што има акустика, историја, има сè. Овде, на оваа сцена, прошетале илјадници глумци од цел свет, прошетале и наши драги колеги кои ги нема повеќе, така што возбудата доаѓа од сите страни, вели битолскиот актер Петар Горко. И на сценографот и костимограф Благој Мицевски, оваа театарска претстава не му е прво гостување на „Охридско лето“. -Повеќе од 30 години сме биле скоро секоја година учесници на „Охридско лето“. Да бидам искрен, сум учествувал и со неколку претстави. Сме биле на Плаошник, на Самоиловата тврдина, Канео, многупати и на Долни Сарај, кај изворите во „Свети Наум“, кај некогашниот хотел „Парк“, но „Света Софија“ си има своја енергија. Едноставно, те прима, те прифаќа и те прегрнува, вели Мицевски. По македонската премиера на „Охридско лето“, претставата „Кориолан“ ќе ја има и својата светска фестивалска премиера на Verona Shakespeare Fringe Festival во Италија.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалТухел: „Нашиот најдобар натпревар, за ништо не жалам“ Германецот Томас Тухел очекува да остане селектор на Англија и покрај болниот пораз од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство.По поразот, Тухел се соочи со лавина критики од навивачите поради крајно пасивната игра на неговиот тим откако го постигнаа голот. Податокот дека Аргентинците имале 88% посед на топката од моментот кога примиле гол па сѐ до крајот на феноменалниот натпревар, претставува уште еден – а можеби и највпечатлив – показател за срамниот дефанзивен пристап на Англичаните во поголемиот дел од второто полувреме. Англичаните не го остварија својот долгогодишен сон: останаа без толку посакуваниот пласман во финалето, во кое последен пат игра пред цели 60 години во далечната 1966 година. Но, Тухел не е загрижен за својата позиција – тој вели дека ја има поддршката од Федерацијата и дека ќе го испочитува договорот што истекува во 2028 година, кога Англија ќе биде еден од коорганизаторите на Европското првенство. „Продолжуваме со договорот до Европското првенство. Со нетрпение го очекувам тоа, иако во моментов е тешко да се гледа толку далеку во иднината. Многу големи фудбалски нации беа елиминирани пред полуфиналето, така што она што го постигнавме е навистина успех. Никој не сака да го слушне тоа во овој момент, па ни јас, бидејќи бараме максимум од самите себе. Тоа едноставно е природата на натпреварувачкиот дух“, изјави Тухел. За натпреварот против Аргентинците, тој изјави дека неговиот тим одиграл можеби најдобар натпревар на турнирот и дека не жали за одлуките што ги донел. „Не жалам за ништо. Тимот го даде својот максимум и бевме многу, многу блиску. Сметам дека го заслуживме водството од 1:0. Одигравме еден од нашите најдобри натпревари, можеби и најдобриот, со оглед на околностите. Тимот беше фантастичен. Едноставно не успеавме соодветно да го завршиме натпреварот. Разочарани сме. Бевме многу блиску, но станавме премногу пасивни откако поведовме. Му дозволивме премногу шанси на противникот и не успеавме да ја вратиме контролата врз топката. Од тој момент дозволивме многу нафрлувања, шанси и удари кон нашиот гол. Бевме блиску, но не успеавме да го задржиме тоа ниво на игра по нашиот гол“, рече Тухел, а потоа ги објасни измените што ги направил: „Едноставно се обидувавме да им помогнеме на играчите. Примивме гол уште на самиот почеток. Одлучивме да преминеме на формација со петмина во одбраната бидејќи линиите на тимот беа премногу развлечени. Тие ги добиваа сите воздушни дуели и постојано упатуваа нафрлувања. Се разбира, одговорноста е кај тренерот. Ако работите не тргнат како што треба, лесно е да се каже дека тоа било грешка“, нагласи тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерска конференција посветена на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот, како што соопшти министертвото, ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам. Во фокусот на разговорите ќе бидат транснационалниот карактер на политичкиот тероризам, радикализацијата во дигиталната ера, како и потребата од зајакната меѓународна координација во превенцијата и раното препознавање на заканите.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter