Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“
Манасиевски: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ, му посакуваме уште многу вакви резултати
1Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“
2Манасиевски: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ, му посакуваме уште многу вакви резултати
ХороскопДневен хороскоп за 25. октомври 2022 година. Дневен хороскоп за вторник, 25. октомври 2022 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе имате потреба да отидете што подалеку од дома. Ако живеете со партнерот , ќе ви треба објаснување. Ако не, нема да ве најдат дома. Кариера Ќе мислите само како што побргу да ги завршите работните обврски и да одите некаде за да се опуштите. Здравје и совет Поврзете се со луѓето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе расте потребата да бидете главни. партнерот можеби и да се изнервира од вашата потреба. Кариера Потрудете се уште малку и ќе се појават резултатите . Тоа што уште не ги гледате, не значи дека се далеку. Здравје и совет Разбистрете си го умот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку повеќе сентимантални и понежни од вообичаено. На саканата личност тоа нема да и пречи, напротив. Кариера Ќе ја одработите работатат како да танцувате. Едноставно , се ќе ви биде лесно. Нема да поставувате непотребни прашања. Здравје и совет Во добра форма сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Секој има свој став , но проблем настанува кога има два става во заедничкиот живот. Денеска ќе мора да се соочите со ова. Кариера Отворената соработка со другите е единствениот начин за даси го подобрите својот статус на работното место. Здравје и совет Бидете мудри. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои пријатно излегување со потврда за вашата популарност во друштвото. Но , внатре и натаму ќе чувствувате празнина. Кариера Можеби нема да бидете најдобро разбрани , па затоа држете се до професионалните стандарди и правила. Здравје и совет Издржете. Овен 21.3-20.4. Љубов Во попладневните часови ќе бидете поопуштени , а ќес е подобри и вашиот однос со лицата кои ви се блиски. Кариера Се што ќе работите или евентуално прегледувате, ќе мора да го објасните . Ќе имате успех во таа работа. Здравје и совет Радувајте се . Имате зошто. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во вториот дел од денот ќе бидете поотворени за секаков вид забава и дружење , а ќе има и можност за тоа. Кариера Вашите идеи добро напредуваат , а вие сте задоволни што е така. Денеска работете на детали. Здравје и совет Едноставно верувајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина ќе посакаат малку поголема слобода и оттргнување од грижите, што ги мачат. Затоа ќе побараат друштво без обврски. Кариера Ќе финиширате една задача што ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе доволно чекаше за да биде завршена. Здравје и совет Преземете одговорност. Рак 22.6-22.7. Љубов Истовремено ќе лумпувате и ќе фантазирате за идеалистичка љубавна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео. Кариера Сигурно е дека можете и подобро , но моменталните услови можеби тоа не ви го овозможуваат. Само немојте други да обвинувате. Здравје и совет Ќе ширите позитивна енергија. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата елоквентност , шарм и снаодливост би можеле денеска да ви донесат нови љубовни поени. Кариера Ќе решавате моментално и без застој. Ќе бидете прецизни и во можност да препознаете долгорочна шанса. Здравје и совет Бидете отворени. Девица 23.8.-23.9. Љубов Повторно ќе играте на картата на љубезност и фино однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срцето. Кариера Без оглед што можеби најдобро ја знаете работата , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да се соработува. Здравје и совет Наспијте се. Вага 24.9.-23.10 Љубов Нема да се двоумите околу своите чувства. Ќе бидете јасни , а некои и директни . МОжете да остварите повеќето од вашите идеи. Кариера Сите работи поврзани со луѓе , како и оние од апстрактен карактер ќе ви тргнат од рака. Здравје и совет Ќе се чувствувате добро во својата кожа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураГоран Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски - оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор.По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски - оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор, посветена на трајните вредности на оперската уметност, љубовта, духовноста и културата. Во своето обраќање, Диновски ја истакнува операта како уметност што ги обединува различните уметнички изрази и ја пренесува исконската човекова приказна за љубовта. Тој ја нагласува и одговорноста на оперските уметници да ја зачуваат живата врска со публиката, како најважен примател на ова уметничко наследство. „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето, дизајнирана вечно да трае. Каков успех!“ - порачува Диновски. Неговата порака е потсетник дека гласот, музичкиот театар и културата не се само уметнички изрази, туку и вредности што го поврзуваат човештвото и опстојуваат низ времето. Со оваа објава, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA продолжува да ги промовира уметниците и нивните размислувања за значењето на изведувачките уметности денес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
МакедонијаМанасиевски: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ, му посакуваме уште многу вакви резултатиСДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат и да го прикажуваат како успех резултатот дека се четврта партија на избори. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје. На последните анкети кои излегоа во јавноста, само Филипче е претседател на партија кој има драстично понизок рејтинг од самата партија. Дополнително, каде е Филипче да излезе во јавноста по историскиот успех што го направија во неделата? Каде се анкетите на Филипче кои велеше дека ќе ги обзнани во јавноста до крајот на минатата недела? Каде е Филипче, на јахта или на Харис Џиновиќ во Дубаи? Без разлика што Филипче направи вакви историски успеси во СДС, ВМРО-ДПМНЕ апсолутно му дава поддршка на Венко Филипче и му посакуваме и натаму да нижи вакви одлични резултати како на последните предвремени локални избори. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев. Изграден нов потпорен ѕид во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“-Изграден нов потпорен ѕид во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“ во село Дреново, објави на својот профил првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Поради обрушување на делови од постојниот потпорен ѕид во дворот на подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“ во село Дреново, Општина Кавадарци реализираше градежни активности за изградба на нов потпорен ѕид. Со оваа интервенција се обезбедува поголема стабилност и безбедност на просторот, се спречува понатамошно обрушување и се создаваат побезбедни услови за учениците, наставниот кадар и сите кои го користат училишниот двор. Општина Кавадарци продолжува со континуирани вложувања во подобрување на училишната инфраструктура и создавање квалитетни и безбедни услови за образование во сите населени места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter