3Научниците докажаа дека полифенолите од боровинките и брусниците го забавуваат стареењето на клетките
ХороскопДневен хороскоп за 25. ноември 2020 годинаДневен хороскоп за среда, 25. ноември 2020 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Многумина денеска ќе добијат шанса да ги покажат вистинските чувства.Ќе бидат отворени , искрени и чесни. Кариера Немојте да се двоумите ако треба да се впуштите во некаков ризик.Околностите , лѓето и настаните ќе ве поттикнат во тоа. Здравје и совет Подобрување во секој поглед. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска вашиот личен живот ќе се одвива пријатно.Ќе има мали натпревари со партнерот, но се ќе свртите на шега. Кариера Она што ве задржува на работа се подобрите перспективи што можеби не ги очекувавте.Добро е. Здравје и совет Може да се опуштите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе верувате дека сте на добар пат , но вашите реакции ќе бидат необмислени .Контролирајте се и се ќе биде добро. Кариера Денеска ќе се занимавате со финансиски теми. Ќе бидете задоволни со резултатите, но малку ве загрижува иднината. Здравје и совет Не ја трошете одеднаш целата енергија. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно денеска ќе се покажете како исклучително чувствителна и привлечна личност.Едноставно ќе блескате. Кариера Се што ќе работите денеска ќе има јасна порака дека вашето влијание е неопходно. Со задоволство ќе бидете прифатени од колегите. Здравје и совет Дотерајте се и излезете некаде. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска ќе поработите на развојот на еротската страна на врската. Ќе настојувате што побргу саканата личност да ја однесете во кревет. Кариера Ви претстои договор во врска со вложување или состанок со спонзори.Ќе биде малку тензично.обидете се да бидете појасни. Здравје и совет Многу работи ќе ви изгледаат здодевни. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако имало помали недоразбирања меѓу вас и саканата личност , денеска ќе успеете да ги смирите работите. Кариера Нека не ве загрижува тоа што одите со мали чекори . И на тој начин се стигнува до голема цел.Продолжете така. Здравје и совет Не се расправајте , туку соработувајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе чувствувате дека среќата е во поврзаноста со луѓето и затоа демеска ќе се покажте како исклучително друштвена личност. Кариера Ви се оди некаде , но не можете. Истото ќе важи и за работните задачи што сакате да ги избегнете. Здравје и совет Бидете поодговорни. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашиот љубовен залет ќе продолжи и денеска. Оние кои можеби уште бараат сродна душа , нека излегуваат во друштво. Кариера Ќе немате повеќе грижи . Сте почнале добро и продолжувате со исто темпо. Здравје и совет Се чувствувате се подобро. Лав 23.7-22.8. Љубов Семејството денеска ќе ве привлекува и ќе ве одбива. Ќе има влијанија што кај вас ќе предизвикуваат фрустрации. Кариера Ќе бидете фокусирани на луѓето околу себе со кои уште не сте дефинирале некои работи. Здравје и совет Оние кои се движат на работа , ќе уживаат во секој момент. Девица 23.8.-23.9. Љубов Многу е веројатно дека ќе се натпреварувате со саканата личност околу надмоќ во врската. Тврдоглавоста нема никого да направи среќен. Кариера Малите мудрости ќе бидат вашата добитна комбинација во работата.Не се залетувајте , туку прво промислете. Здравје и совет Емотивно незадоволство. Вага 24.9.-23.10. Љубов Денот е поволен за секаков вид љубовна комуникација.Доколку сте сами , препуштете им се на чувствата и изразете ги. Кариера Оние кои се движат на работа , денеска ќе уживаат во секој момент.Другите ќе имаат потреба за движење и ќе ги засилат контактите. Здравје и совет Не анализирајте ги своите заслуги. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќе измислат поетски зборови , со кои ќе ја заведуваат личноста што им се допаѓа. Другите ќе ги решаваат малите семејни проблеми. Кариера Парите и комуникациите ќе бидат главни обележја на работниот ден. Главно доборо ќе се снаоѓате. Здравје и совет Мали проблеми со циркулацијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноМу се суди за морничаво убиство- постави бизарен услов за да се изјасни за виновен (ВИДЕО)Во неочекуван потег, 74-годишен маж од Флорида обвинет за убиство го изненади судијата за време на рочиштето за изрекување на пресудата кога даде необична понуда за признавање на вина.Роберт Кеслер се појави на судот во Хилсборо во понеделник, 26 октомври, каде што е закажан избор на порота за судењето за убиство на Стефани Крон-Оверхолт (47) во 2021 година. „Не можам да давам храна“ Според објавеното видео, судијата му рекол дека може да се изјасни за виновен без претходно да преговара со обвинителството. Кеслер ја разгледал можноста неколку секунди. „Ќе признаам вина за еден чизстек, помфрит и Пепси“, одговорил Кеслер. Кога судијата го замолил да ја потврди понудата, Кеслер повторил дека сака „сендвич со стек и сирење, со кромид и мајонез, помфрит и пиперки“. Тој рекол дека е спремен да направи таков договор за да „им заштеди пари на даночните обврзници“. „Очигледно, не можам да им дадам храна на луѓето за да се изјаснат за виновни. Тоа би било многу погрешно. Можам да ви гарантирам дека ќе добиете ручек денес, но не можам да гарантирам каков ќе биде“, возврати судијата. Подоцна, Кеслер го праша судијата дали може да продолжи со изборот на порота. Делови од тело пронајдени во заливот „Не сакам да се изјаснам за виновен без договор. Само изберете ја поротата. Го сакам тој чизстек. Ако го добијам, можеби ќе се согласам, но нема да го добијам“, додаде тој. Според канцеларијата на окружниот обвинител на округот Хилсборо, Кеслер одлучил самиот да се застапува на судењето. Тој се соочува со обвиненија за убиство од прв степен и сквернавење на починато лице, според јавно достапните судски записи. Делови од телото на Стефани Крон-Оверхолт биле пронајдени во заливот Мекеј во ноември 2021 година. Судски документ тврди дека најмалку тројца сведоци виделе човек кој одговара на описот на Кеслер како фрла кеси за ѓубре во заливот, објавува People. Крон-Оверхолт престојувала кај Кеслер и неговата ќерка неколку дена пред да исчезне. Ќерката на Кеслер подоцна им кажала на истражителите дека ги видела како нејзиниот татко и жртвата се расправаат пред таа да исчезне. Според изјавата под заклетва, Крон-Оверхолт му побарала 200 долари за да си замине.Тагови: убиство виновен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
ФудбалНајчудна казна досега- Барселона е казнета со 602 евраШпанската фудбалска федерација ја казни Барселона со 602 евра за контакти со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, кој беше под истрага за сомневање за прекршување на прописите, објавија шпанските медиуми.На 30 јуни, Атлетико Мадрид поднесе официјални жалби до Шпанската фудбалска федерација и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), тврдејќи дека Барселона влегла во преговори со Алварез без претходно да достави писмено известување до неговиот клуб. Врз основа на жалбата, надлежните органи на Федерацијата покренаа дисциплинска постапка на 30 јули, чиј исход, според весникот „Мундо Депортиво“, беше во корист на мадридскиот клуб. По разгледувањето на случајот, надлежната комисија го окарактеризира утврденото прекршок како лесно. Затоа, Барселона беше казнета со 602 евра, што е највисокиот износ предвиден за таков прекршок според член 133 од Дисциплинскиот законик. Ова не е прв пат Барселона да се соочи со слични санкции по жалба од Атлетико Мадрид. Во 2019 година, каталонскиот клуб мораше да плати 300 евра за нелегален контакт со Антоан Гризман, кој во тоа време играше и за мадридскиот тим. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМелони на удар на хакерите- нападнат е италијанскиот парламент ИТ-системите на Долниот дом на италијанскиот парламент беа цел на сајбер напад во последните денови, а на листата на цели беше и парламентарната е-пошта на премиерката Џорџија Мелони. Оваа информација ја потврди извор од парламентот, пренесува Ројтерс. Истиот извор не можеше да прецизира дали хакерите успеале да пристапат до е-поштата на премиерката, но истакна дека безбедноста не е загрозена бидејќи се активирани сите потребни заштитни мерки. Канцеларијата на премиерката Мелони подоцна разјасни дека ова не е адресата што таа ја користи за официјална комуникација на Владата. На удар се и други пратеници Според истите информации, нападот бил насочен и кон други претставници во Претставничкиот дом, како и кон други институции. Кибер нападите станаа почести во последните години низ цела Италија и Европа. Владите, инфраструктурата и компаниите често се цел, а ваквите инциденти предизвикуваат прекини во услугите и го покренуваат прашањето за заштита на податоците.Тагови: хакери Џорџија Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook