Дневен хороскоп за 25. март 2025 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 25. март 2025 година

Дневен хороскоп за вторник, 25. март 2025 година. 

Дневен хороскоп за 25. март 2025 година

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Својата среќа во личниот живот ќе ја споделите со блиските луѓе. Можно е да повикате гости кои ги сакате.

Кариера

Што и да работите , денеска без грижа ќе може да се потпрете на некои колеги , како и тие на вас . Ви претстои убава соработка.

Здравје и совет

Вежбајте правилно дишење.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Фазата на уживање во љубовта ќе продолжи и денеска . Имате речиси се што можете да посакате.

Кариера

Одличен ден за сите дејности во кои се бара поврзаност со луѓето и смисол за убаво. Се се одвива се подобро и подобро.

Здравје и совет

Кашлица.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

На повеќето љубовни настани вие ќе иамте некаква забелешка. Обидете се работите да ги гледате помалку строго и опуштете се.

Кариера

Нема ништо да се придвижи доколку само чекате. Треба да се покажете , да зсе јавите , да се претставите.

Здравје и совет

Некои ќе имаат преодна настинка.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Доколку сте решиле да бидете пољубезни , тоа нека биде искрено. Секоја измама ќе ве носи чекор наназад во односите со саканата личност.

Кариера

Доколку го проанализирате она што сте го сработиле , можете да бидете сосема задоволни. барем работата ви оди од рака.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе мора малку да се помачите за да освоите нечие срце. Доколку тоа ви е премногу тешко , почекајте.

Кариера

Можни се финансиски издатоци на кои не сте сметале. Немојте многу да се грижите , зашто се ќе се врати на друга страна.

Здравје и совет

Бидете поконкретни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Малите внатрешни превирања нема да ја загрозат вашата стабилна врска. Оние кои се сами , нека не се откажуваат од додворувања.

Кариера

Денешните финансиски планови би можеле да ја нарушат соработката со младите колеги на работното место. Најдете компромис.

Здравје и совет

Внимавајте на сопствената грубост.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Оние кои успеале да воспостават поотворен контакт со лицата од работното место , денеска би можеле да ги повикаат на забава.

Кариера

Работата ќе ја одработите како зомби, а потоа ќе живнете и ќе се занимавате со спорт , забава , пријатели и љубов.

Здравје и совет

Можете да се опуштите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе се обидете уште повеќе да се зближите со личноста што ја сакате. Во тоа ќе ви помогне вашиот внатрешен глас , како и сексот.

Кариера

Многумина за време на работењето ќе осмислуваат нов проект , што сеуште нема конкретни темели. Сепак , идејата ќе биде многу јасна.

Здравје и совет

Ќе ги видите работите во целост.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Во љубовните прашања нека ве води вашата интуиција. Со нејзина помош се ќе биде подобро и полесно.

Кариера

Во работите каде што постои слободна размена на идеи , денеска би можеле да бидете брилијантни. Сите познати дејности ќе ви бидат здодевни.

Здравје и совет

Најдете златна средина.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе ви недостига емотивно исполнување , но и сензационализам со кој обично ги пополнувате празнините.

Кариера

Во работењето со младите , ќе измислите нови идеи , кои целата работа ќе ја поместат чекор напред.

Здравје и совет

Помогнете им на послабите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Она што сте го кажале , ќе има позитивно влијание. Партнерот ќе размислува за реалноста , а вие ќе бидете позадоволни.

Кариера

Ќе одработите она што мора да се сработи и тоа што можете побргу. По тоа ќе им се посветите на другите луѓе.

Здравје и совет

Излезете во природа на свеж воздух.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Кога би ги собрале сите ваши љубовни сништа , ќе увидите дека во последно време само сонувате. Спуштете се на земја.

Кариера

Климањето со глава не може никому да му користи, но ниту покренуваљње револуција не е најдобро решение. Треба да се размисли.

Здравје и совет

Успех со алтернартивните терапии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на татко ѝ

Ќерката на  поранешната холивудскат брачна двојка, Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на татко ѝ: Судот ја одобри промената на името. 

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на татко ѝ

Таа поднесе барање за промена на името во јули, неколку дена откако наполни 18 години, наведувајќи лични причини за одлуката.

Вивиен, 18-годишната ќерка на холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, официјално повеќе нема да го носи презимето на својот татко.

Суд во Лос Анџелес во понеделникот го одобри нејзиното барање за промена на името, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six).

Судијката Вирџинија Кини од Вишиот суд на округот Лос Анџелес ја одобри промената на нејзиното име од Вивиен Маршелин Џоли-Пит во Вивиен Маршелин Џоли.

Нејзиниот адвокат, Питер Кенет Левин, присуствуваше на рочиштето преку видеоповик.

Таа поднесе барање за промена на името во јули, само неколку дена откако наполни 18 години, наведувајќи лични причини за оваа одлука. Таа го користи презимето Џоли веќе повеќе од две години.

Ова име стоеше и во програмата за бродвејскиот мјузикл „Аутсајдери“ (The Outsiders) од 2024 година – проект на кој таа соработуваше со својата мајка. Вивиен не е првото дете на славниот пар кое одлучи да се откаже од презимето на својот татко.

Шајло, Медокс и Захара веќе го сторија тоа преку судска постапка. Нивниот брат, Нокс, го изостави презимето Пит од својата средношколска диплома овој јуни, иако сè уште официјално не го променил.

Бред Пит јавно не ги коментираше одлуките на своите деца во врска со нивното презиме. Анџелина Џоли и Бред Пит го финализираа разводот преку спогодба во декември 2024 година, по долг правен спор што започна во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева со згрозување и осуда за изјавите на Петар Богојески

Со згрозување и длабоко неверување ги проследив изјавите на Петар Богојески за жените и наводната потреба од „машки надзор“.

Митева со згрозување и осуда за изјавите на Петар Богојески

Ова се понижувачки, ретроградни и опасни сфаќања кои го навредуваат достоинството и директно удираат врз вредностите на едно демократско општество.

Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво. Најстрашно, во неговите изјави се релативизира насилството во партнерските односи и тоа е опасно и заслужува најостра јавна осуда.

Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, но пред сè како жена, најостро ги осудувам ваквите ставови. Нашата заложба за „За една повеќе“ е токму спротивното од сè што слушнавме. За една жена повеќе која ќе добие можност, која ќе биде почитувана, која ќе биде слободна да одлучува, да создава, да води и да успева.

Ова е прашање на елементарни цивилизациски вредности. Нема место за вакви сфаќања и нема простор за молк, ниту за релативизирање. Слободата на говорот е темелна демократска вредност, но медиумската видливост не е право на секој што посегнува по навреда и понижување.

Вреди да се размисли дали и во колкава мера на ваквите ставови треба да им се отстапува простор, особено кога со нив се поткопува достоинството.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/1DnQsFuTjX/?mibextid=wwXIfr

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНТ го отвора 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ

Македонскиот народен театар на 5 ноември ќе го отвори 22. Меѓународен фестивал на актерот – Никшиќ 2026, кој ќе се одржи од 5 до 10 ноември под слоганот „Да играме со срце“.

МНТ го отвора 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ

МНТ ќе гостува со претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, со која ќе започне шестдневната фестивалска програма посветена на актерската уметност и современите театарски остварувања.

Во претставата играат: Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.

Покрај Македонскиот народен театар, на фестивалот ќе учествуваат и Центарот за култура -Тиват, Звездара театар и Народно позориште од Белград и Народно позориште на Република Српска од Бања Лука.

Фестивалската програма ќе заврши на 10 ноември со доделување на наградите и изведба на претстава во чест на наградените.

По изведбата на претставата на МНТ, ќе се одржи разговор со актерската екипа, каде што публиката и новинарите од Никшиќ ќе имаат можност за директна средба и дискусија со нив.

Учеството на Македонскиот народен театар на фестивалот во Никшиќ е можност за меѓународна промоција на сопствената продукција и за непосредна средба со регионалната театарска публика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер