ХороскопДневен хороскоп за 25. март 2020 година Днвен хороскоп за среда, 25. март 2020 година.Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе најдете рамнотежа во личните односи . На некои во тоа ќе им помогнат пријателите. Саканата личност сепак ве сака. Кариера На работното место ќе чувствувате мир и стабилност. Тајните остануваат за некој друг да ги решава. Здравје и совет Продолжете да го градите започнатото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно ќе ја споите саканата личност со друштвото и така ќе минете една убава вечер или попладне. Кариера Веќе ништо поврзано со работата нема да ве загрижува. Вашите задачи ви се целосно јасни и тоа ви е доволно. Здравје и совет Вежбајте гимнастика. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Љубовта од работното место ќе ве збунува. Нема лесно да се поставите во таквата ситуација. Не ви е лесно зашто немате јасно поставен став. Кариера Ќе чувствувате преодна потреба да се повлечете , па ако е некако можно ќе се обидете да делувате од сенка. Здравје и совет Грижите што ќе се појават се обична илузија. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е ден полн со емотивни фрустрации. Што и да правите, ќе излезе задоволително.Имајте трпение. Кариера На работното место нема да бидете кој знае колку ангажирани. Се ќе одработите рутински и ќе ви недостига мотив. Здравје и совет Вежбајте јога за подобра концентрација. Лав 23.7-22.8. Љубов На моменти ќе имате потреба да пресечете и да избегнете некои напори или мали проблеми во врската, но тоа нема да биде потребно. Се е во ред. Кариера Мали недоразбирања во односите со соработниците ќе имаат преоден карактер, па не им придавајте значење. Здравје и совет Останете мирни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот партнер ќе покажува потреба за повеќе нежности , па без проблеми ќе го направите тоа. Добро е. Кариера Повремено во главата ќе си ги анализирате претходните работни денови и предизвиците што сте успеале да ги совладате. Потоа ќе се опуштите. Здравје и совет Вежбајте на отворено. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе имате потреба да ги покажете своите емоции и ќе ја доживеете саканата личност на нов начин. Ќе има малку немир ,но врската е во ред. Кариера Ве очекува непромиослено однесување на вашите надредени , поради што ќе се чувствувате повредени. Здравје и совет Не ги земајте работите при срце. Ќе помине. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска наоѓате вистински начин некому да ги покажете своите чувства , било да станува збор за погледи или само за зборови. Кариера Поради добро завршената работа , некои денеска би биле малку под заштита и пуштени дома пред крајот на работното време. Здравје и совет Имате право да уживате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на забава надалеку е познат по оригиналноста. Денеска дури и ќе претерате. Кариера Можно е дека ќе изјавите нешто што ќе повреди некого од вашите колеги. Затоа контролирајте си го јазикот. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денот е идеален за да останете дома , било во двојка или сами. Многумина нема да сакаат да излезат со друштво. Кариера Со олеснување ќе го прифатите фактот дека се наближува викендот. Тоа ќе ви ги олесни работните часови. Здравје и совет Наспијте се добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои денеска би можеле да се покажат како вистински сонувачи. Ќе сонуваат за љубовта што ја нема или ќе ги малтретираат другите со такви приказни. Кариера Кога ќе ги сведете сите сметки , ќе видите дека има нови трошоци , но и нови добивки. Пак сте на исто , не се нервирајте. Здравје и совет Одморете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе дојде до мало подобрување на вашите лични односи, но и натаму тешко ќе наоѓате вистински зборови во комуникацијата со партнерот. Кариера За да ги ослободите новите идеи , поврзете се со младите соработници . Тие ќе ви помогнат за да се изразите. Здравје и совет Следете ги своите сништа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
ЕвропаФранција со традиционална воена парада го одбележува Денот на БастилјаФранција денеска со традиционална воена парада ќе го одбележи националниот празник – Денот на падот на Бастилја.На Парадата на авенијата „Шанзелизе“ предвидено е да учествуваат околу 6.700 војници, 98 авиони, 31 хеликоптер и 315 единици копнена воена техника. Дел од дефилето ќе бидат и припадници на земјите од коалицијата на подготвените што ја поддржува Украина, како и 25 украински војници. Годинешната парада има за цел да ја демонстрира подготвеноста на Франција за зајакнување на своите одбранбени капацитети и да го симболизира стратешкото будење на Европа. Почесни гости се украинскиот претседател Зеленски и 24 шефови на држави и влади од европските земји-членки на коалицијата на подготвените, меѓу кои германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанскиот претседател Серџо Матарела, данската премиерка Мете Фредериксен и британскиот премиер Кир Стармер. Францускиот претседател Макрон вчера беше домаќин и на состанок на лидерите од коалицијата на подготвените, кои најавија нова воена поддршка за Украина, особено во областа на противвоздушната одбрана.по завршувањето на парадата, Макрон ќе отпатува во Ница, каде ќе се одбележи десетгодишнината од терористичкиот напад извршен на 14 јули 2016 година, кога напаѓач со камион влезе меѓу граѓани кои го прославуваа националниот празник. Во нападот загинаа 86 лица, повеќе од 450 беа повредени, а напаѓачот беше убиен.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДевојчето во Куманово брутално го претепале две малолетнички и една полнолетна девојкаОсновното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот со врсничко насилство, откако вчера на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа физички напад врз девојче.Според првичните информации, настанот се случил пред околу четири месеци, но досега не бил пријавен во надлежните институции. Шефицата на Основното јавно обвинителство куманово, Теута Бедиу – Рамадани, изјави дека веднаш по објавувањето на снимката е отворен предмет и се постапува по итна постапка. Според неа, едната инволвирана е полнолетна, додека другите две се малолетнички. Од свр куманово потврдија дека интензивно работат на случајот и најавија дека по завршување на проверките ќе соопштат повеќе детали.Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
СветЕмиратите го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец при што загина едно лице Емиратите вчера го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец при што загина едно лице, а осум беа ранети.Трамп најави дека САД ќе воведат царина од 20% како дел од новата блокада на водниот пат. Американскиот претседател рече дека тие го напаѓаат Иран „многу силно“. Нападите беа извршени трета ноќ по ред, во услови на ескалација на нападите меѓу двете земји. Иранскиот министер за надворешни работи одговори на најавата за блокада велејќи дека Техеран ќе остане „чувар“ на протокот . Спорот околу контролата врз Ормутскиот теснец се заканува да ги попречи напорите за завршување на војната иако Трамп инсистираше дека договор е сè уште можен. Со зголемувањето на тензиите околу меѓународниот воден пат, Обединетите Арапски Емирати синоќа соопштија дека иранските крстосувачки ракети погодиле два национални танкери, при што загинал еден индиски член на екипажот и ранети се осум други, од кои четворица се во сериозна состојба. Денеска цените на нафтата се зголемија на азиската берза цената на суровата нафта „Брент“ порасна за 0,7% на 83,87 долари за барел, додека цената на нафтата што се тргува на американскиот пазар беше за 0,9% повисока на 79,04 долари.Тагови: Иран Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter