Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
2Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
ХороскопДневен хороскоп за 25. јануари 2026 година Дневен хороскоп за недела, 25 јануари 2026 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата моментална потреба за акција ќе ве наведува на непромислени чекори и изјави кога станува збор за љубов. Кариера Тргате во нови деловни битки и има малку што може да ве запре. Ќе им бидете пример на другите. Здравје и совет Мали нервози. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Уште ќе бидете под впечаток на некои тажни мисли , но тие полека ве напуштаат и на нивно место доаѓаат поведри , така што и односите се подобруваат. Кариера Ќе се трудите јасно да го изразите своето мислење и ќе бидете во право , но вашите пшефови поради сопствената несигурност нема тоа да ви го признаат. Здравје и совет Останете прибрани. Овен 21.3-20.4. Љубов Ситуацијата ви е шарена. Може да излезете и убаво да си поминете , но вашите лични односи ќе останат на непријатно ниво. Кариера некои ќе поставуваат премногу прашања и со нив ќе направат уште поголемо недоразбирање. Обидете се да се концентрирате само на она што е важно. Здравје и совет Одморајте се редовно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашиот друштвен живот и денеска може да биде интересен и богат , но душата и натаму ви е празна. Свртете се на шега. Кариера Добро се поставени работите со млади , спорт и забава , но и таму се обидувате да бидете дипломат. Здравје и совет Организирајте си го денот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се обидете да ги подобрите личните односи или ако сте уште сами ќе воспоставите нови , но тоа ќе оди час горе ,час долу. Сметајте на тоа. Кариера Во деловните работи немате никакви проблеми , освен мали нервози . Искористете ги ситуациите. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете многу успешни и витални во сексуалниот живот . На тој начин ќе ја збогатите својата врска и ќе се послужите со интуицијата. Кариера Ако ви се пристори дека ве кочат , знајте дека тоа нема долго да трае и вие ќе го пробиете мразот , што и така се топи. Здравје и совет Истегнете се преку гимнастика или јога. Лав 23.7-22.8. Љубов Потребата за нежност ќе порасне и ќе очекувате од другата страна да биде нежна. Од неа зависи дали ќе биде така. Кариера На работа ќе добиете шанса да ја изразите својата креативност . Затоа денешниот ден ќе ви биде успешен и пријатен. Здравје и совет Зголемување на општатат виталност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе имате поттик за љубов, а особено се однесува за млади Ракови , женски или машки. Бидете она што сте и се ќе биде добро. Кариера Добро познатите работи ќе добијат нов залет и поттик , а вие ќе работите вредно и полетно и со добро чувство во себе. Здравје и совет Можете да изберете спорт за вас. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе бидете се подобро поврзани со другите , па така и со саканата личност. Од таму ќе ви биде возвратено на пријатен начин. Кариера Се уште не сте навикнати дека пречките се урнати , па од време на време се чудите како тоа работите полесно и подобро соработувате со другите. Здравје и совет Рекреирајте се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Отворени сте за нови можности и со се поголема надеж им се препуштате на спонтаните моменти , кои носат задоволство. Кариера Не сакате порази , но некои принципи мора да се постават. Денеска ќе зборувате за нив на лежерен начин. Здравје и совет Не јадете тешка храна. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен сензацијата на која што работите , денеска ќе се занимавате со интуитивни содржини , што ќе ги внесувате во љубовниот живот. Кариера Сите кои работат во сенка , денеска ќе добијат добар поттик. Другите ќе се занимаваат со суптилни вибрации на работа. Здравје и совет Ја дозирате храната и тоа е добро. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата љубовна идила продолжува на општа радост и среќа. Оние кои уште бараат сродна душа , нека излезат и нека бидат друштвени. Кариера Добро ќе се снаоѓате , како во очигледните задачи , така и во оние кои подразбираат читање меѓу редови Здравје и совет Останете доследни на себеси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКиву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против МиланПредводникот на италијанскиот фудбалски шампион Интер, Кристијан Киву има лоша статистика во градското дерби против Милан, која сака вечењрва да ја прекине на дуелот кој стартува во 20-45 часот. „Нераѕурите“ предводени од Киву имаа забележано два порази на двете градски пресметки против Милан, но негативната серија на Интер во пресметките со големиот ривал трае веќе подолго време. Интер не знае за победа на седум натпревари во низа против „росонерите“, а новинарите го прашаа Киву дали неговиот тим денеска ќе игра и за враќање на честа во градот. – Мораме да бидеме најдоброто издание од самите себе на секој натпревар, а секој знае дека мотивацијата на дербито секогаш е нешто посебно. Исто така, мораме да се запрашаме зошто немаме победа на последните седум дерби-натпревари. Се случуваа изолирани инциденти, моменти кои одеа во нивна полза, како на првиот натпревар минатата година. Мораме да се жртвуваме повеќе од тоа што го правевме лани за да го промениме текот на дерби пресметките во наша полза, – изјави Киву.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
СветТехеран со предупредување до Европа: „Сега е ваш ред да платите“Официјален Техеран остро реагираше на изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за економските последици од војната, додека Берлин повикува на дипломатско решение на конфликтот.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи предупреди дека нов напад врз Иран би можел да ја чини Европа многу повеќе од 100 милијарди евра, откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европската економија и потрошувачите веќе претрпеле многу дополнителни трошоци поради порастот на цените на енергенсите предизвикан од војната. Во објава на платформата „Икс“ (X), Аракчи потсети дека Мерц ги поздравил американско-израелските напади врз Иран минатата година, велејќи дека Израел ја врши „валканата работа за сите нас“. „Сто милијарди евра се ништо во споредба со разорниот удар што моќните вооружени сили на Иран ќе им го зададат на оние што ќе се осмелат да му наштетат на нашиот народ“, напиша Аракчи, додавајќи дека „црвените линии се минато“. Слична порака упати и секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, кој ги критикуваше европските влади поради нивната загриженост за економските последици од војната. Мерц вчера, за време на неговата посета на Сеул, изјави дека повисоките цени на енергенсите, поврзани со конфликтот во изминатите осум месеци, ја чинеле Европа повеќе од 100 милијарди евра. Тој рече дека Германија ги интензивира дипломатските напори за ставање крај на војната и оцени дека конфликтот „не може да се реши со воени средства“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаСаторански се јави од болница: „Беше страшно“Кошаркарот на Хапоел ТА, Томаш Саторански е добро по еден тежок пад.Чешкиот кошаркар опасно ја удри главата при пад на натпреварот меѓу Дубаи и Хапоел во Евролигата, остана да лежи во болки и грчеви, што ги вознемири сите. Глетката беше крајно вознемирувачка. Еден ден подоцна, Чех преку својот профил на Инстаграм ја сподели добрата вест. „Здраво на сите, би сакал да одвојам момент за да му се заблагодарам на секој од вас за сите пораки, поддршка и интерес. Посебна благодарност до Кошаркарскиот клуб Дубаи, неговите играчи и стручниот штаб, за брзата реакција и помошта. Навистина сум благодарен. Исто така, голема благодарност до моите соиграчи, стручниот штаб и сите луѓе во Хапоел за сета поддршка и помош. Тоа секако беше застрашувачки момент, но сега се чувствувам многу подобро. Се надевам дека што поскоро ќе се вратам на теренот“, напиша Чех, објавувајќи фотографија од болничкиот кревет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook