Итен состанок на директорот на ЦИА со шефот на разузнувачката служба на Полска: Заканата е сѐ поголема
1Итен состанок на директорот на ЦИА со шефот на разузнувачката служба на Полска: Заканата е сѐ поголема
ХороскопДневен хороскоп за 25. јануари 2024 година Дневен хороскоп за четврток, 25. јануари 2024 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе продолжите да нижете едно подруго љубовни успеси. Оние во врска блескаат , а осамените с еполни со надеж и излегуваат. Кариера Повремено ќе ви паѓа на памет мала и безначајна анализа , што остана недовршена поради непристигнати информации. Но и тоа ќе се реши со време. Здравје и совет Имате право на краток одмор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Врска што ја почнувате ,ветува. Бидете искрени и отворени како што само вие знаете. Оние во врска ќе бидат добро. Кариера Освен малку замор , ништо нема да ве загрижува во врска со вашата работа. Добро ќе соработувате и ќе го направите она што е потребно. Здравје и совет Потребно ви е вежбање во теретана. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку ви се пристири дека ви недостига страст во личните односи , само препуштете му се на партнерот. Тој тоа ќе го надомести. Кариера Ќе с еобидете да се соберете и јасно да ги искажете своите намери. Тоа ќе биде чекор напред во расчистување на една работа. Здравје и совет Движете се повеќе , јадете помалку. Бик 21.4- 20.5. Љубов Како што ќе минува денот , вие ќе гледате дека работите се повеќе си доаѓаат на своето место. Тоа ќе ве израдува. Кариера Претсдтои многу добар развој на настаните поврзани со со странски фирми и партнери од други земји. Здравје и совет Здравјето ви е стабилно и добро. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Усогласувањето со партнерот ќе биде успешно , а за се ќе придонесат и вашите драги пријатели. Кариера Освен мала збунетост поврзана со вашиот шеф , ништо особено нема да ве загрижува поврзано со работата. Здравје и совет Посилни сте од многумина. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете снаодливи како што знаете вие . Од својата фантазија ќе извлечете одговор на секое прашање на партнерот. Кариера Со задоволстов ќе одите на работа зашто таму ќе наоѓате различни скриени теми , идеи и замисли за кои другите не се свесни. Здравје и совет Добро ќе си поминувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата најдрага личност денеска веројатно со непримерен потег или говор ќе навреди член на вашето семејство. Бидете дипломат. Кариера На кратко службено патување ќе сфатите дека треба понекогаш да прифатите она што другите ви го предлагаат, како и ризикот што оди со тоа. Здравје и совет Верувајте и на својата интуиција. Девица 23.8.-23.9. Љубов Како што ќе минува денот , така ќе сфаќате дека некои особено драги лица се вознемируваат. Прифатете ги зашто чувството за немир е преодно. Кариера Со добра финансиска поткрепа денеска би можеле да сдефинирате декл од работите со странство. Здравје и совет Се навраќате на сеќавањата , не дозволувајте да ве обземат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Продолжувате да делите среќа и задоволство на сите околу себе. Доколку сте уште сами , излезете меѓу луѓе , па макар само до најблискиот маркет. Кариера Со радост ќе приведете една работа кон крајот , свесни дека добро сте работеле и уште подобро сте се справиле со предизвиците. Здравје и совет Уживајте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се покаже дека вашата најдрага личност има инвентивни идеи. Ќе ги прифатите и така ќе си ја освежите врската. Кариера Во моментов од ништо не се плашите . Подготвени сте за секаква соработка и ги надминувате озборувањата и нестабилностите на денот. Здравје и совет Одете во природа. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Неврзаните контакти денеска би можеле да ви донесат вистинско лично освежување. Оние кои се сами , нека излезат на кафе. Кариера Премногу размислувате како соработувате со другите и тоа ќе ви го одземе драгоценото време. Здравје и совет Не анализирајте премногу. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Нивото на вашата самодоверба ќе биде големо , а шансите за дружење се отворени. Многу осамени денеска запознаваат нови лица. Кариера Некои од вашите надредени денеска би можел да застане на пат на вашите уметнички идеи. Здравје и совет Одете до крај и не запирајте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИтен состанок на директорот на ЦИА со шефот на разузнувачката служба на Полска: Заканата е сѐ поголема Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, разговараше со полскиот министер за разузнавање, Томаш Симонијак, додека расте загриженоста за заканата што Русија ја претставува за НАТО.Симонијак рече дека имал „многу важен состанок“ со Ратклиф, по што ги споделил „најважните информации во врска со безбедноста на Полска“ со премиерот Доналд Туск, без да даде детали, објави „Индипендент“. „Полско-американскиот сојуз е силен и непоколеблив“, додаде тој во објава на платформата X. „Тесната соработка на нашите разузнавачки служби е еден од неговите темели“. Средбата доаѓа во време кога САД ги обновуваат дипломатските напори за завршување на војната во Украина, која ја вовлече Полска директно во конфликтот поради зголемената фреквенција на руски беспилотни летала и борбени авиони во воздушниот простор на источна Европа во последните две години. Како дел од напорите за постигнување мировен договор, Доналд Трамп одржа едночасовен телефонски разговор со Владимир Путин, за време на кој ја повтори својата желба за „брз крај на војната во Украина“, соопшти Кремљ. Во меѓувреме, украинскиот министер за одбрана изјави дека Украина е на добар пат да набави околу 1.000 противвоздушни ракети „Патриот“ од американско производство со помош на сојузниците и заем од Европската Унија.Тагови: Полска ЦИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМаж фрла ѓубре во реката Радика (ВИДЕО)Каде се институциите, прашуваат на социјалнит емрежи, откако беше објавено видеото на маж како фрла ѓубре во реката Радика. На видеото се гледа маж, кој излегува од бело комбе и полека си фрла ѓубре во реката Радика, без никаков страв или грижа на совест. Радика, инаку се смета за една од нашите најчисти реки и е заштитена со закон. Закон, што не важи за поеднинци, кои ја сметаат за обично буниште. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаАнтонели на оригинален начин ја прослави првата победа во Ф1 во Монца (ВИДЕО)Кими Антонели однесе голема победа на Големата награда на Италија во Монца. 20-годишниот Италијанец стигна до победата откако стартуваше на 19-то место, а подоцна го прослави својот успех пред домашната публика на многу италијански начин - јадејќи тестенини од победничкиот трофеј. Од 19-то место до победа Антонели ја започна трката на 19-то место по казната за промена на делови од погонската единица. Веќе во првите кругови почна да се пробива низ пласманот, а по раниот прекин на трката поради несреќата на Шарл Леклер, продолжи да напредува. Клучен момент се случи на средината од трката за време на виртуелното безбедносно возило. Антонели отиде во боксот по нови средно тврди гуми, додека неговиот колега Џорџ Расел остана на патеката со постари гуми. Антонели го стигна и го престигна четири круга до крајот и ја однесе победата. Расел заврши втор, а Макс Верстапен трет. @kimi.antonelli Not sure there’s a better place to enjoy some ragù 🍝 #f1 #formula1 #kimiantonelli #monzagp ♬ original sound - Andrea Kimi Antonelli Така Антонели стана првиот Италијанец по Лудовико Скарфиоти во 1966 година кој ја освоил домашната трка во Монца. „Како сон од кој не сакам да се разбудам“ Денот по трката, Антонели објави фотографии од прославата на Инстаграм и опиша колку му значеше победата пред домашната публика. „Тешко е да се опише вчера, се чувствувам како да сонувам со отворени очи. Она што го доживеав е нешто што никогаш нема да го заборавам. Подиумот во Монца е тешко да се опише со зборови, исто како топлината на сите фанови и тоа бескрајно море од луѓе“, напиша тој.Тагови: Антонели Монца Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook