ХороскопДневен хороскоп за 25. февруари 2023 година Дневен хороскоп за сабота, 25. февруари 2023 година .Риби 20.2.- 20.3. Љубов Нема да ја криете симпатијата што ја чувствувате за една личност. Таа засега ви е пријател , но би можела да стане нешто повеќе. Кариера Ако го отворите својот меил , ќе видите бројни пораки од странство. Некои содржат и деловни понуди. Здравје и совет Не одете преку своите можности. Овен 21.3-20.4. Љубов Моментално не се симнувате од листата на најпопуларните во друштвото.Повторно ве викаат , ве сакаат и поддржуваат. Партнерот е малку љубоморен поради тоа. Кариера Цврсто стоите на земја и тешко дека нешто ќе ве одврати од вашиот план. Сигурни сте во себе и на таков начин продолжувате понатаму. Здравје и совет Не ги забрзувајте работите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ништо не може да ги загрози вашите скласдни односи со саканата личност , но нема да има ниту особени поттици за љубов. Кариера Преговортие течат добро , иако вие не сте расположени за тоа. Ви исгледа како луѓето околу вас да работат половично. Здравје и совет Добро ќе се најадете , внимавајте на притисокот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашето семејство како да ве окупира за себе , па денеска немате многу време за партнерот. Организирајте се. Кариера Сега конешно се ви е јасно во врска со една деловна соработка и работите се зрели за можен договор. Здравје и совет Не можете вечно да живеете на стара слава. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и друштво во исто време , како и излегување во јавност. Одберете паметно. Кариера Доколку не сте сигурни како да се поставите во една деловна ситуација , потпрете се на својата интуиција. Здравје и совет Бидете умерени. Лав 23.7-22.8. Љубов Денешниот ден ќе ви донесе многу шанси за дружење , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе. Кариера Ќе ви пречат многу ситници на работното место и со нетрпение ќе дочекате сето тоа да заврши и да си заминете дома. Здравје и совет Бидете тактични. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе имате толку силна имагинација што без проблеми ќе ја надминете секоја празнина во личните односи. Кариера Работите си течат по свој ток и засега се е добро. Денеска занимнавајте се со мали поттици за да биде уште подобро. Здравје и совет Анализирајте си ги соништата. Вага 24.9.-23.10 Љубов Една личност од вашата работна средина ќе ви биде наклонета или обратно. Можете да се доверите еден на друг. Кариера Ќе делувате на два фронта- оној редовниот и ониој што вклучува големи планови за иднината. Здравје и совет Не се срамете за да се изразите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата врска добро функционира , а денеска ќе мора да изреагирате на една работа што ќе ви одземе дел од слободното време. Кариера Ќе размислувате дали да смените сдел од работата или нешто во самата постапка на работењето. Раширете ги и контактите. Здравје и совет Мали главоболки или тага. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Доколку се чувствувате повредено , обидете се подобро да ги разберете другите. Тогаш и тие подобро ќе ве разберат вас. Кариера Некои ваши колеги денеска би можеле да ја покажат својата слаба страна. Немојте да бидете премногу строги ,туку помогнете им. Здравје и совет Заслужувате одмор. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Откако се ви стана јасно, повторно ќе навлезете во реподна фаза на депресија и размислувања за смисолот на љубовта. Кариера Ситуацијата е зрела за вашето деловно напредување , па оваа шанса ќе ја искористите на најдобар можен начин. Здравје и совет Опуштете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете заинтересирани за се она што е апстрактно во односите , ќе читате меѓу редови и ќе откривате вибрации на поврзаност. Кариера Се што вклучува соработка, контакти и размена на идеи , денеска ќе ви оди од рака подобро од вообичаено. Здравје и совет Опуштете се со добра музика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
ЗабаваНекои мачки се враќаат дома иако биле оддалечени со километри, а други исчезнуваат засекогаш Еве што ја прави разликатаИскуството, навиките и темпераментот влијаат на снаоѓањето на мачките, но дури ни доброто познавање на територијата не гарантира дека ќе го пронајдат патот до домот. Мачките се познати по својата способност да се снајдат во просторот. Додека некои успеваат да го најдат патот до својот дом дури и кога се оддалечени со километри, други се губат и на многу помало растојание. Во што е тогаш тајната на нивниот „внатрешен GPS“? Јулија Малкова, експерт за однесување на мачките, објаснува дека на способноста за нивна ориентација влијаат искуството, навиките, темпераментот и генетиката на мачките. Затоа сите мачки не се снаоѓаат подеднакво добро, и нивниот инстинкт не е гаранција дека ќе го пронајдат патот до домот. Искуството и познавањето на територијата Мачките кои од мали имаат навика да престојуваат надвор обично имаат поголемо искуство да се снајдат во околината. Познатите звуци, мириси им помагаат во полесно препознавање на територијата и полесно пронаоѓање на местата што им се познати. Од друга страна, мачките кои цел живот го минуваат во затворен простор може да имаат потешко да се снајдат надвор. Непознатите улици, новите мириси, различната околина може да ги збунат, особено ако се исплашени и под стрес. Зошто некои мачки никогаш не се враќаат дома? Дури ни мачките кои добро ја познаваат својата околина, не се имуни на опасноста да се изгубат. Големите градови, густиот сообраќај, непознатите подрачја и стресот може да им го отежнат враќањето, додека стравот може да ги натера да се скријат и да останат на едно место. Врз нивната способност да се ориентираат влијаат повеќе фактори, па ни долгогодишното искуство не гарантира дека мачката ќе успее да го најде патот до дома. Не потпирајте се на мачешкиот инстинкт Иако мачките се исклучително снаодливи, нивната способност не треба да се преценува. На сопствениците им се советува да обезбедат сигурна околина, како и соодветна идентификација за да ги зголемат шансите за нивно пронаоѓање доколку залутаат. Многумина прашуваат дали нивната мачка треба да излегува надвор. Нивниот т.н. „внатрешен GPS“ е фасцинантна способност, но не е непогрешлив. Затоа најдобро е да го спречите неконтролираното лутање и да го намалите ризикот миленикот да се изгуби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Македонија„На кавга со Иван“ - Сотир КостовВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Сотир КостовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКога падот на тестостеронот кај мажите влијае на нивната улога како сопругКај жените, менопаузата е добро позната животна фаза, иако сè уште не е целосно разбрана. Раздразливост, недостаток на енергија, лош сон и намалена концентрација можат да бидат знаци на „синдром на несреќен сопруг“, што се поврзува со постепено опаѓање на нивото на тестостерон кај мажите. Кај жените, менопаузата е добро позната животна фаза, иако сè уште не е целосно разбрана. Помалку е познато дека и мажите, со текот на годините, минуваат низ хормонални промени кои влијаат како на телото, така и на расположението. Во науката, оваа фаза се нарекува андропауза – популарно позната како „машка менопауза“ – додека промените во расположението што ја придружуваат, во секојдневниот говор се нарекуваат и „синдром на несреќен сопруг“. Кај мажите, нивото на тестостерон почнува постепено да опаѓа веќе после триесеттите години. Додека кај жените производството на женски хормони нагло опаѓа за време на менопаузата, кај мажите овој процес се одвива побавно. Тестостеронот не исчезнува целосно, но телото го произведува во сè помали количини. Намаленото ниво на тестостерон може да предизвика изразени промени во расположението, при што раздразливоста е еден од главните симптоми. Мажот може да стане поимпулсивен и да се вознемирува поради ситници на кои инаку не би реагирал. Сепак, хормоните не се оправдување. Иако падот на тестостеронот придонесува за лошо расположение, мажот сепак е одговорен за своите емоции и постапки; истурањето на гневот врз партнерката е неприфатливо. Првиот чекор е да се препознаат промените и за нив да се разговара со лекар или специјалист. Чести симптоми се и губењето на енергијата и ентузијазмот. Ако мажот повеќе не покажува интерес за активности во кои претходно уживал, тоа може да биде знак за депресија, која може да биде поттикната токму од падот на нивото на хормоните. Депресијата може да се развие постепено или да се појави ненадејно. Во двата случаи, таа го нарушува квалитетот на животот – како на лицето што минува низ неа, така и на неговиот партнер, пишува „Your Tango“. Затоа се важни отворените разговори за менталното здравје, особено за мажите, кои често се учени дека ранливоста е слабост. Напротив, барањето помош е знак на сила и грижа за себе. Хормоналните промени можат да влијаат и на квалитетот на сонот. Ако мажот ноќе немирно се превртува во креветот, тоа исто така може да биде поврзано со андропаузата. Доволниот сон е неопходен за физичка и емоционална рамнотежа, па затоа е најдобро за промените во сонот да се разговара со лекар. Намаленото ниво на тестостерон може да го отежне концентрирањето, фокусирањето и краткорочното помнење, или пак да го промени начинот на кој мажот ги обработува информациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter