Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
ХороскопДневен хороскоп за 25. февруари 2020 годинаДневен хороскоп за вторник, 25.февруари 2020 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Имате право да прашате и она што не е вообичаено. Довербата во вашиот однос е толкав , што може да си дозволите секакви прашања. Кариера Можеби ќе ве пофалат , но во најлош случај вашите идеи ќе бидат прифатени и сфатени сериозно. Здравје и совет Одете во природа. Овен 21.3-20.4. Љубов Многумина и денеска убаво ќе се забавуваати ќе откриваат пат до нечие срце . Ќе им оди од рака речиси се што ќе посакаат. Кариера Денеска би можеле да ги забавувате колегите . Со задоволство ќе почнувате смешни разговори со добро расположение и дружба. Здравје и совет Засадете некое растение. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе продолжите со интензивното поврзување со луѓето , па има голема шанса за запознавање нова личност. Кариера Постојаното качување по скалилата на успехот речиси ве изморило . Имате потреба од опуштање , па ќе ја подзаборавите работата и обврските. Здравје и совет Подобро оптимист , отколку песимист. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Развојот на еден однос постојано ќе ве интригира . Станува збор за личност од работа , со која се почесто си разменувате пораки и знаци. Кариера Многумина денеска ќе ги анализираат своите резултати , уако не е потребно . Се е во најдобар ред. Здравје и совет Бидете поконкретни. Рак 22.6-22.7. Љубов Веќе сфативте дека не треба да форсирате , па таа формула ќе ја искористите и на својата врска. Така ќе ја подобрите. Кариера Осмислете подобар план за соработка со другите. Знаете да се изразите , но користете повеќе тактичност. Здравје и совет Некои ќе запливаат. Лав 23.7-22.8. Љубов Препуштете им на лицата во кои имате доверба да ве упатат каде што треба. Тие ќе знаат подобро од вас. Кариера Кога ќе помислите на деловните планови , веднаш ве заболува главата , зашто има малку работи што останале да се изконтролираат. Здравје и совет Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе балансирате меѓу своите желби и реалните можности. Ништо нема да се прави на сила , туку само со трпение. Кариера Со олеснување ќе ги прифатите извештаите за напредок , од кој и вие сте дел. Тоа ќе биде дополнителен поттик. Здравје и совет Издржете. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи да се развива , на ваша радост. Затоа дотерајте се и излезете во друштво. Кариера Времето работи за вас , а вие му се препуштате со полна доверба Чувствувате дека вашите пет минути допрва доаѓаат. Здравје и совет Сакајте ги луѓето. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Еден член на вешето пошироко семејство денеска од вас ќе бара повеќе внимание и ангажман. Кариера Ќе бидете занесени и ќе мислите дека секој проблем ќе го решите со леснотија. Во добар дел имате право. Здравје и совет Наспијте се . Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно денеска ќе блескате и ќе зрачите со чувства. Многумина без резервно ќе си ја отворат душата. Кариера Денеска ќе се позанимавате со можноста за вложување во работата што моментално ја работите. Ќе барате спонзори. Здравје и совет Не морате постојано да војувате. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Саканата личност денеска би можела да се жали и да приговара со тага. Ќе и попуштате и ќе ии дадете утеха и таму каде што не треба. Кариера Ќе одите на опцијата што ви дава најголем простор, но и уживање во работата. Здравје и совет Ќе уживате во убавниот ден. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Пред вас е одличен ден за секој вид дружење и забава. Посебно ќе бидат расположени младите или оние кои така се чувствуваат. Кариера Ви се чини дека е потребно само малку за вашите таленти да излезат на површина и да светнат. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: 3% не е доволно зголемување - пензионерите немаат за да го преживеат месецотЗголемувањето на пензиите од околу 3% не е доволно зголемување за пензионерите да го преживеат месецот и да имаат достоинствен живот, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по средбата со пензионери во скопската општина Карпош.Филипче посочи дека во услови на огромен раст на цените и сите трошоци за живот, пензионерите се соочуваат со сериозен удар врз нивниот стандард, а власта не носи никакви мерки за да им помогне. „Пензионерите никако не може да го почувствуваат зголемувањето, имајќи предвид дека зголемување од под 3%, не е доволно да се преживее месецот на толкав голем раст на сите цени, на толкав голем раст на горивата. На ваков удар на стандардот кој што се случува изминатите месеци, на пензионерите навистина има потребна поголема поддршка“, рече Филипче. Тој посочи дека загриженоста кај пензионерите не се однесува само на пензиите, туку и на севкупните состојби во државата и политиките на власта кои директно влијаат врз животниот стандард. „Меѓутоа и како наша најстара категорија на граѓани, тие се загрижени и за многу други работи, загрижени се за севкупните случувања во земјата, загрижени се за тоа што е загрозен европски пат, загрижени се за тоа што земјава е презадолжена, загрижени се за сите други лоши политики во однос на стандардот, економијата, финансiите, свесни се дека и нивните деца, навистина, лошо и тешко живеат, загрижени се затоа што огромен број од нив бараат излез и спас надвор од државата“, рече Филипче. Скопје, 29.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураКонцерт за незаборав: „Вечното ехо на Бадев“ ги оживува безвременските македонски мелодиМузичко патување исполнето со емоции, традиција и длабока почит кон македонскиот музички идентитет ја очекува публиката на претстојниот концерт со наслов „Вечното ехо на Бадев“.Овој посебен музички настап е посветен на ликот и делото на еден од најголемите бардови на македонската народна песна-Никола Бадев. Неговите песни, кои децении го пренесуваат духот на македонскиот народ, оваа вечер ќе заживеат преку современи и автентични интерпретации, потсетувајќи не зашто неговиот глас останува вечно врежан во нашата културна меморија. На сцената ќе настапат хорот и солистите на ансамбл „Танец“ и врвни домашни музички и вокални изведувач, придружувани од оркестарот на ансамбл „Танец“, ќе ги изведат најпознатите бисери од неговиот богат опус. Датум: 16.10.2026 година Локација: Македонски народен театар Време: 19:30 часот Влезници: kupikarta.comКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
ЕвропаЕдинствената земја-членка на ЕУ со нуклеарно оружје изведе симулација на нуклеарен нападФранцуските воздухопловни и вселенски сили изведоа симулација на нуклеарен напад како дел од воената вежба „Покер“.Операцијата започна од воздухопловните бази Сен-Дизје и Таверни, кои играат клучна улога во француските нуклеарни сили. Сен-Дизје ја поддржува воздушната компонента на нуклеарното одвраќање, додека во Таверни се сместени командните и оперативните центри на стратешките сили. Во вежбата учествуваа борбени авиони „Рафал“. „Користиме вистинска опрема и следиме реални процедури во многу сложени услови, со околу 50 летала во воздух. Единственото ограничување е тоа што не летаме со вистински нуклеарни боеви глави под крилјата“, изјавија припадници на француската војска. Наместо вистински нуклеарни ракети „ASMP-A“, авионите „Рафал“ носеа инертни макети што одговараа на тежината и димензиите на вистинското оружје. Овие макети можат безбедно да се отфрлат доколку е потребно. Ракетата има максимален дострел од приближно 500 километри и носи нуклеарна боева глава „TNA“ со јачина од 300 килотони. Сценарио и цели на вежбата Во симулацијата учествуваа два тима: тимот „Црвени“ го претставуваше непријателот, додека тимот „Сини“ дејствуваше против нив. „Целта е да се осигураме дека ќе останеме способни да извршиме таква мисија во иднина, дури и додека технологијата се развива со сè поголема брзина“, објаснија претставници на француската војска. Екипажите имаа задача да ја пробијат непријателската одбрана и да ги испорачаат ракетите на прецизни локации во одреден временски рок. За време на ноќниот лет, кој траеше меѓу шест и осум часа, секој екипаж на „Рафал“ неколку пати се полнеше со гориво од еден од 15-те авиони-цистерни. Притоа, пилотот на борбениот авион мора да маневрира при многу големи брзини и на мали височини. „Целта е одвраќање“ „Целта на нашата мисија е да се спречи војна, а со тоа и употреба на нуклеарно оружје. ’Покер’ е демонстрација на сила, осмислена токму за да се осигура дека тоа нема да се случи“, објасни командантот Жан-Батист, кој ја стекна потребната квалификација преку учеството во вежбата. Тој додаде дека секој пилот мора да учествува во најмалку една таква операција секоја година. Франција располага со три воздухопловни бази со нуклеарна намена: Сен-Дизје, Истр и Авор. Исто така, планира наскоро повторно да ја активира базата Ликсеј за идните авиони „Рафал Ф5“. Наредбите до базите пристигнуваат од далечина – поточно, од бункер во базата Таверни, која се наоѓа на околу 200 километри од Сен-Дизје. Во тој бункер е сместен команден центар каде што постојано се стационирани околу четириесет припадници на воениот персонал. Франција моментално е единствената држава со нуклеарно оружје во Европската Унија, а во неколку наврати се разговараше за можноста нејзината нуклеарна заштита да се прошири на целиот блок. Франција воспостави систем на „проширена“ нуклеарна одвраќачка моќ, кон кој веќе се приклучија голем број држави. Извор: Индекс.хрТагови: ЕУ нуклеарен напад Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09