Дневен хороскоп за 25. декември 2024 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 25. декември 2024 година

Дневен хороскоп за среда, 25. декември 2024 година. 

Дневен хороскоп за 25. декември 2024 година

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Влегувате во исклучително емотивна фаза , кога ќе блескате , а вашата потреба за љубов ќе биде голема. Повеќето ќе бидат вљубени.

Кариера

На работното место ќе се чувствувате добро , без оглед на напорите на кои и натаму сте изложени.

Здравје и совет

Внимавајте на настинка.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе прифатите сугестии од другата страна , иако ви изгледаат премногу ексцентрични. Вие сте вистински дипломат.

Кариера

Некои ќе заминат нба службено патување на кое ги чекаат пријатни доживувања и уживање во работата што ја работат. Ќе биде подобро од очекуваното.

Здравје и совет

Ќе треба да знаете да се поставите кон секого.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Одлично ќе комуницирате со партнерот , а главната тема ќе ви биде она што ви е најважно во вашиот однос.

Кариера

Некои ќе се најдат пред договор или ќе преговараат за нова работа. Засега останете на анализите , а решавајте во текто на викендот.

Здравје и совет

Чувствителност на грлото и вратот.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Големата самодоверба ќе ве води во нови љубовни акции. Оние во врска ќе и бидат сигурна потпора на саканата личност.

Кариера

Многумина денеска ќе посакаат да воспостават контакт со деловни партнери од странство или ќе разгледуваат опции на работа надвор од земјата.

Здравје и совет

Држете се до своите приоритети.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе се однесувате како се да ви е сеедно и така успешно ќе ги решавате љубовните грижи.

Кариера

Ќе заклучите дека сте успеале да ги остварите своите очекувања и ќе работите со минимален притисок.

Здравје и совет

Немојте да претерувате.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се поврзете со група луѓе кои ги сакате и со нив ќе ја споделите веселбата од денешниот ден.Оние во врска ќе бидат добро.

Кариера

Кога некој си заминува , си заминал така што вие не го очекувајте , но кога вие заминувате , вас ве очекуваат. Не сте свесни за тоа.

Здравје и совет

Уживајте во попладнето.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Без оглед што можеби енма да се разбирате во се , партнерот ќе биде подготвен да ги поддржи вашите идеи. Тоа ќе ве охрабри.

Кариера

Една работа ќе ја приведувате кон крајот , а на неа ќе може директно да влијаете. Запаметете дека не мора се да биде по ваша желба.

Здравје и совет

Некои почнуваат нов живот.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе комбинирате сериозен и ноншалантен пристап во љубовта. Резултатот ќе биде збунетост на партнерот или личноста на која и се додворувате.

Кариера

Се наоѓате пред нови предизвици , нов начин на работа што сега почнува. Ќе се решаваат уште некои детали.

Здравје и совет

Ќе блескате.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе увидите дека и со мали чекори ќе може да поминете големо растојание до нечие срце. Ќе имате добивка.

Кариера

Уметниците ќе дојдат до решение како да го остварат делото за кое долго време размислувале. Другите ќе работат незабележително.

Здравје и совет

Здравјето ќе ви биде добро.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе го дефинирате својот став на тема доминација во врската. Ќе барате поголема рамноправност.

Кариера

Работите денеска ќе ги извршувате без голема желба , а по одреден број часови , ќе побрзате на една забава , каде ќе се дружите со весели луѓе.

Здравје и совет

Бидете тактични.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Семејството од каде што потекнувате сигурно денеска од вас ќе бара дополнителен ангажман , па саканата личност ќе остане во втор план.

Кариера

Верувате дека вашите заслуги на работното место се поголеми отколку што сега се гледа. Почекајте тоа да се покаже.

Здравје и совет

Напредувате во секој поглед.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашата најдрага личност денеска ќе биде исклучително чувствителна , па покажете малку повеќе разбирање за неа.

Кариера

Би сакале да се впуштите во нешто што не е конвенционално или што води кон алтернатива. Денеска сте обземени со тоа.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Моторот V16 на Бугати има неверојатен звук, достигнува до 1.000 КС (ВИДЕО)

Bugatti ја заврши ерата на легендарниот V16 мотор, но тоа не значи дека се откажа од 16 цилиндри. 

Моторот V16 на Бугати има неверојатен звук, достигнува до 1.000 КС (ВИДЕО)

Напротив, неговиот наследник Tourbillon добива целосно нов 8,3-литарски атмосферски V16, а Bugatti се погрижи она што го слуша возачот да биде вистинскиот звук на моторот, без вештачко засилување преку звучниците.

Новиот мотор е развиен во соработка со Cosworth, произведува 1000 КС и врти до 9000 вртежи во минута. Сепак, развојот на таков мотор беше само дел од работата. Мораше да се усогласи со сè построгите регулативи за бучава, притоа да не се изгуби карактерот што клиентите го очекуваат од Bugatti.

Нема вештачки звук низ звучниците

Bugatti објави видео во кое објаснува колку труд е вложен во акустиката на новиот погон. Инженерите не само што ги направија издувните гасови погласни и ја завршија работата.

Тие спроведоа илјадници симулации на системите за довод и издувни гасови, барајќи баланс помеѓу перформансите, удобноста и препознатливиот механички звук.

Целта беше Tourbillon да остане тивок и доволно рафиниран за автомобил во својата класа при нормално возење, но карактерот на V16 моторот целосно да се промени кога возачот ќе го притисне гасот до крај. Притоа, звукот нема да биде вештачки подобрен преку аудио системот.

„Моторите на Бугати никогаш не звучеле целосно чисто“

Интересно е што Бугати не се обиде да постигне совршено мазен звук. Сосема спротивно.

"Bugatti, од звучна перспектива, никогаш немал мотор кој звучи целосно чист. Отсекогаш бил малку валкан и суров, па решивме да го задржиме токму тоа како една од клучните карактеристики на звукот", објаснува Bugatti.

Ваквиот пристап е особено интересен во време кога многу спортски автомобили користат различни методи за вештачко нагласување на звукот на моторот во кабината.

Со Tourbillon, она што го слуша возачот треба да потекнува од вистинската работа на моторот V16, системот за довод и издувни гасови.

Проблемот со границата од 72 децибели

Се разбира, Bugatti не може да го направи автомобилот гласен колку што сака. Турбилонот мора да помине тестови за хомологација, а во соодветниот тест максимално дозволеното ниво на бучава е 72 децибели.

Работата дополнително се комплицира со фактот што не се мери само звукот на моторот. Микрофоните го регистрираат целокупниот шум на автомобилот, кој вклучува бучава од гумите, проток на воздух околу телото и аеродинамички елементи.

Со Tourbillon, ова е особено важно поради активната аеродинамика, која исто така може да произведе значителен шум.

Дури и временските услови влијаат на резултатите. Температурата и брзината на ветерот мора да бидат во пропишаните граници, а посилен налет на ветер е доволна причина за повторување на индивидуално мерење.

W16 го нема, но останаа 16-те цилиндри

По повеќе од две децении, W16 на Bugatti веќе не се произведува. Последниот Mistral го означи крајот на моторот кој прво се појави во Veyron, а потоа ја означи ерата на Chiron.

Наместо очекуваното намалување на бројот на цилиндрите, Bugatti тргна по сосема поинаков пат. Новиот V16 нема турбополнач, има волумен од 8,3 литри, развива 1000 КС и достигнува 9000 вртежи во минута.

YouTube video

Се разбира, Tourbillon не е само автомобил со V16 мотор. Станува збор за хибрид, па моторот со внатрешно согорување е потпомогнат од три електромотори. Вкупната моќност на системот е 1800 КС.

Во време кога производителите ги намалуваат моторите, се префрлаат на турбо полначи или целосно електрични погонски единици, развојот на нов атмосферски V16 изгледа речиси како потег од друга ера.

Bugatti, сепак, јасно верува дека купувачите на неговите автомобили не плаќаат само за забрзување и за максимална брзина. Механичкиот карактер на автомобилот исто така мора да остане дел од целото искуство, вклучувајќи го и звукот, кој според нив може да биде малку „валкан и суров“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужас во јапонска слаткарница: Три лица се избодени до смрт на прослава на јубилеј, а потоа запалени

Три лица се избодени до смрт во слаткарница во јапонскиот град Мотосу, а се сомнева дека пожарот е подметнат потоа.

Ужас во јапонска слаткарница: Три лица се избодени до смрт на прослава на јубилеј, а потоа запалени

Инцидентот се случил вчера во слаткарницата „Sunrise“, каде што избувнал пожар околу 21 часот, објави денес „Japan Times“.

Лице на местото на настанот ја повикало полицијата, велејќи дека некој бил избоден, дека местото било испрскано со бензин и дека избувнал пожар.

Во тој момент во слаткарницата имало вкупно 11 лица, имено жена на околу 60-тите години и нејзините познаници.

Полицијата се сомнева дека еден од нив можеби бил вмешан во инцидентот.

Пожарот бил изгаснат околу три часа подоцна, а околу 300 квадратни метри од двокатната зграда со челична конструкција изгореле.

Две тела подоцна биле пронајдени на местото на настанот, соопштија локалните власти.

Трите лица биле однесени во болница, а едно од нив подоцна било потврдено како мртво.

Јапонскиот весник, исто така, објави дека слаткарницата слави 20 години работење, повикувајќи се на податоци од нејзината веб-страница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Додека Антонели ја испишуваше историјата, Леклер ги замрзна сите со излетување во Монца (ВИДЕО)

Целосна драма за Ферари на домашен терен! Шарл Леклер доживеа сериозна несреќа на Големата награда на Италија, во третиот круг од трката во Монца.

Додека Антонели ја испишуваше историјата, Леклер ги замрзна сите со излетување во Монца (ВИДЕО)

Пред тоа, Леклер имаше судир со соиграчот Луис Хамилтон на стартот, по што Британецот падна на 10-то место. Леклер продолжи да напаѓа, но набрзо следеше целосен хаос.

При излегување од кривина, тој ја изгуби контролата врз својот автомобил и силно удри во заштитната ограда. За среќа, преживеа без сериозни последици. Трката беше прекината 30 минути.

Погледнете како изгледаше сериозната несреќа на Шарл Леклер на домашната трка на Ферари.

Да ве потсетиме дека возачот на Мерцедес, Кими Антонели, денес ја освои Големата награда на Италија во шампионатот на Формула 1. Антонели ја постигна седмата победа во својата кариера на патеката во Монца, откако го престигна соиграчот Џорџ Расел на четири круга до крајот.

Расел заврши втор, 3,8 секунди зад победникот, додека Макс Верстапен заврши трет, 14,7 секунди зад победникот. Ландо Норис беше четврти, додека Оскар Пјастре, Луис Хамилтон, Пјер Гасли, Арвид Линдблад, Франко Колапинто и Јуки Цунода исто така освоија поени. Антонели сега има 267 поени во генералниот пласман, Расел е втор со 201, додека Хамилтон е трет со 191 поен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер