ХороскопДневен хороскоп за 25. август 2025 година Дневен хороскоп за понеделник, 25. август 2025 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов На оригинален начин вие ќе ги надминете проблемите во својот љубовен живот и ќе ја отворите вратата за негово подобрување. Кариера Идеите од шаховски карактер , како и креативноста ќе ви носат убави поени на работното место. Здравје и совет Ќе се чувствувате подобро од вчера. Вага 24.9.-23.10 Љубов Работите доѓаат во рамнотежа и во вообичаен ток. Успеавте да се договорите и сега продолжувате понатаму. Кариера Веројатно ќе дојде до многу интересно решение со кое вашите деловни задачи ќе тргнат во вистинска насока. Здравје и совет Радувајте се зашто одите кон подобро. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата љубовна врска добро напредува. Нема особени сензации ,с е е мирно и пријатно , а вие двајцата уживате. Кариера Можен е прилив на пари на вашата сметка. Станува збор за нешто што било одлагано или доцнело поради бирократски причини. Здравје и совет Бидете весели. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот е стабилен и квалитетен , а денеска е обогатен со свежи идеи и интересно излегување. Кариера Ќе покажете импресивни резултати во работата , а за тоа е најзаслужна вашата интуиција.Послушајте ја. Здравје и совет Самите ќе дознаете што треба да менувате. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Мали семејни проблеми ќе ви одземат од времето , па на саканата личност ќе и посветите помалку внимание од вообичаено. Кариера вашата деловна стратегија добро ќе се развива , а денеска се јавуваат и вложувачите кои ги чекавте. Задоволни сте. Здравје и совет Проверете си ја крвната слика. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе им покажете на сите како на инвентивен начин се постигнуваат успешни договори. Многумина ќе бидат изненадени и среќни. Кариера Во работата со странки , односно со луѓе , ќе бидете особено успешни. Многуумина ќе ве истакнуваат како пример. Здравје и совет Вежбајте јога . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Содржината на она што ќе и зборувате на саканата личност ќе биде таков што ќе треба да го запошете и чувате. Ќе во биде преубаво. Кариера Вашата интуиција денеска ќе биде непогрешлива и ќе доведе до решавање на еден нерешлив деловен проблем. Здравје и совет Светот е ваш. Овен 21.3-20.4. Љубов За чудо , денеска добро ќе ве разбираат иако и самите не верувате дека тоа е можно. Ќе дојде до подобрување во врската. Кариера Оние кои лажеле ќе бидат откриени на неочекуван начин. Така че се засрамат . Не им се потсмевајте. Здравје и совет Ќе почувствувате олеснување. Бик 21.4- 20.5. Љубов Без оглед на целата збрка во комуникацијата , ќе најдете начин за да ги изразите своите чувства и тоа ќе биде добро. Кариера Се зајакнуваат деловните контакти што ве радува . Во тоа сте вистински мајстор , но и натаму прво осмислете , па потоа кажете. Здравје и совет Подобрување. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашиот позитивен став полн со хумор ќе ви донесе убавина во љубовта.Оние кои се уште се сами ќе освојуваат со леснотија. Кариера Работите во кои вие имате влијание , ќе се развиваат одлично. Дури и да бидат скромни , бидете свесни за сопствените заслуги. Здравје и совет Проширете ги хоризонтите. Рак 22.6-22.7. Љубов Сепак има добар ветар во грб во љубовта , па на вас останува да ги осмислите пријатните моменти со саканата личност. Кариера Она што потајно сте го истражувале , денеска се отвора , така што ќе добиете одговор и решение на таа тема. Тоа ќе го употребите за да си го зголемите успехот. Здравје и совет Знаете кој е вистински , а кој не. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе најдете компромис за лично прашање , кој ќе биде оригинален. Толку повеќе ќе почуствубате олеснување. Кариера Кога станува збор за деловните контакти и договори , ќе бидете многу успешни на сосема неочекуван начин. Здравје и совет Бидете упорни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВучиќ во телефонски разговор со Путин ја договорија цената на гасот Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, разговараше по телефон со претседателот на Руската Федерација, Владимир Владимирович Путин, и нагласи дека имале добар и суштински разговор.Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, разговараше по телефон со претседателот на Руската Федерација, Владимир Владимирович Путин, и нагласи дека имале добар и суштински разговор, како и дека разговарале за продолжувањето на гасниот аранжман што истекува на 30 септември и за прашањето на Нафтената индустрија на Србија (НИС), објави Телеграф. „Верувам дека, по денешниот разговор, тој (гасниот аранжман) ќе биде продолжен и дека ќе обезбедиме стабилно снабдување со гас. Граѓаните на Србија треба да знаат дека ќе продолжиме да имаме добра, ниска цена на гасот од 318 евра за 1.000 м3, наместо да плаќаме пазарна цена, која денес е 868 евра“, рече Вучиќ на Инстаграм buducnostsrbijeav. Тој рече дека за време на долгиот, едночасовен разговор, опфатиле голем број теми - билатералните односи, ситуацијата во регионот, конфликтот во Украина, како и сите други од значење за Србија и Русија. „Разговаравме и за прашањето на Нафтената индустрија на Србија, со надеж за решение што е добро за двете страни“, нагласи Вучиќ. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) Тој изрази благодарност до претседателот Путин за испраќањето помош во гаснењето на пожарите во Србија и со тоа спречување на поголеми штети. Тој додаде и дека го информирал Путин дека утре ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Србија. „Го информирав претседателот на Руската Федерација дека утре поднесувам оставка и изразив благодарност за досегашната соработка, која трае четиринаесет години, со надеж дека идните претседатели на Србија ќе знаат како одговорно да ја водат надворешната политика на нашата земја, одржувајќи некаков баланс кон сите фактори на меѓународната сцена“, рече Вучиќ.Тагови: Александар Вучиќ Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
ЕвропаИлјадници демнонстранти во Мадрид бараат оставка од Санчез поради мигрантите на СеутаИлјадници луѓе, носејќи шпански знамиња, се собраа денес во центарот на Мадрид за да протестираат против начинот на кој левичарската влада на премиерот Педро Санчез ја управува ситуацијата во шпанската енклава Сеута во Северна Африка.Илјадници луѓе, носејќи шпански знамиња, се собраа денес во центарот на Мадрид за да протестираат против начинот на кој левичарската влада на премиерот Педро Санчез ја управува ситуацијата во шпанската енклава Сеута во Северна Африка, каде што пред два месеци влегоа 72.000 мигранти од Мароко. Демонстрантите, собрани од конзервативната платформа Sociedad Civil Española под слоганот „За достоинство и одбрана на Шпанија“, побараа оставка од премиерот и распишување предвремени избори. Лидерите на десничарските опозициски партии Partido Popular (PP) и Vox учествуваа на состанокот. „Сеута е сè уште окупирана затоа што Санчез е сè уште марокански слуга“, рече шефот на Vox, Сантијаго Абаскал. Демонстрантите го поздравија со аплауз и извици „Претседател, претседателе!“. „Денес сме на улица заедно со граѓанското општество“, рече тој додека се обраќаше пред медиумите. Околу 8.300 мигранти се сместени во различни прифатни центри во Сеута Демонстрантите се упатија кон Триумфалната капија, која се наоѓа во близина на владината зграда. Маршот се одржа во време на заострена политичка и социјална дебата за ситуацијата во градот Сеута, каде што сè уште има голем број мигранти кои влегоа во градот за време на масовниот прилив на крајот на јули. Околу 8.300 мигранти се сместени во разни прифатни центри во Сеута, додека околу 4.000 сè уште живеат на улиците и плажите. На почетокот на септември, на официјалниот Ден на Сеута, илјадници луѓе учествуваа во протести низ цела Шпанија во поддршка на локалните жители. Тагови: Мадрид Сеута Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
ЗабаваРијана позира во црвена чипка од својата нова колекција на долна облека (ФОТО)Ријана продолжува да ја промовира својата линија долна облека Savage X Fenty. Пејачката и претприемачка објави серија нови фотографии на Инстаграм на кои позира во црвен чипкаст ансамбл од свој бренд. На фотографиите, таа носи црвен чипкаст градник и соодветни гаќички. Станува збор за модели во нијанса Timeless Red, а градникот е направен од еластична чипка, нема постава и има прилагодливи ремени и копче на задната страна. Колку чини комплетот? Цените на производите на Savage X Fenty варираат во зависност од членството и тековните промоции. Сличен црвен чипкаст модел од понудата на брендот, кој е означен и како „Rihanna's Pick“ на нивната страница, чини 56,95 евра за клиенти кои не се членови, додека новите членови моментално можат да го купат за 22,78 евра. View this post on Instagram A post shared by badgalriri (@badgalriri) Таа постојано ја промовира својата облека на Инстаграм Новите фотографии се само продолжение на промотивната стратегија на Ријана. Таа редовно ги претставува своите колекции долна облека лично, па неодамна објави фотографии во црно-бел сет со огрмушки, како и во жолто летно издание. Пред тоа, таа позираше во неглиже со животински принт и сет од три дела во корално црвена боја со цветен дезен. Нејзините објави редовно го привлекуваат вниманието на нејзините следбеници. „Токму тоа ни требаше“, е еден од коментарите. Други напишаа: „Го испуштив телефонот! Ни треба предупредување за оваа голема жештина!“ и „Кралицата се врати“.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter