ХороскопДневен хороскоп за 25. август 2022 годинаДневен хороскоп за четврток, 25. август 2022 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе балансирате меѓу своите желби и реалните можности. Ништо нема да се прави на сила , туку само со трпение. Кариера Со олеснување ќе ги прифатите извештаите за напредок , од кој и вие сте дел. Тоа ќе биде дополнителен поттик. Здравје и совет Издржете. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи да се развива , на ваша радост. Затоа дотерајте се и излезете во друштво. Кариера Времето работи за вас , а вие му се препуштате со полна доверба Чувствувате дека вашите пет минути допрва доаѓаат. Здравје и совет Сакајте ги луѓето. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Еден член на вешето пошироко семејство денеска од вас ќе бара повеќе внимание и ангажман. Кариера Ќе бидете занесени и ќе мислите дека секој проблем ќе го решите со леснотија. Во добар дел имате право. Здравје и совет Наспијте се . Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно денеска ќе блескате и ќе зрачите со чувства. Многумина без резервно ќе си ја отворат душата. Кариера Денеска ќе се позанимавате со можноста за вложување во работата што моментално ја работите. Ќе барате спонзори. Здравје и совет Не морате постојано да војувате. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Саканата личност денеска би можела да се жали и да приговара со тага. Ќе и попуштате и ќе ии дадете утеха и таму каде што не треба. Кариера Ќе одите на опцијата што ви дава најголем простор, но и уживање во работата. Здравје и совет Ќе уживате во убавниот ден. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Пред вас е одличен ден за секој вид дружење и забава. Посебно ќе бидат расположени младите или оние кои така се чувствуваат. Кариера Ви се чини дека е потребно само малку за вашите таленти да излезат на површина и да светнат. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Имате право да прашате и она што не е вообичаено. Довербата во вашиот однос е толкав , што може да си дозволите секакви прашања. Кариера Можеби ќе ве пофалат , но во најлош случај вашите идеи ќе бидат прифатени и сфатени сериозно. Здравје и совет Одете во природа. Овен 21.3-20.4. Љубов Многумина и денеска убаво ќе се забавуваати ќе откриваат пат до нечие срце . Ќе им оди од рака речиси се што ќе посакаат. Кариера Денеска би можеле да ги забавувате колегите . Со задоволство ќе почнувате смешни разговори со добро расположение и дружба. Здравје и совет Засадете некое растение. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе продолжите со интензивното поврзување со луѓето , па има голема шанса за запознавање нова личност. Кариера Постојаното качување по скалилата на успехот речиси ве изморило . Имате потреба од опуштање , па ќе ја подзаборавите работата и обврските. Здравје и совет Подобро оптимист , отколку песимист. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Развојот на еден однос постојано ќе ве интригира . Станува збор за личност од работа , со која се почесто си разменувате пораки и знаци. Кариера Многумина денеска ќе ги анализираат своите резултати , уако не е потребно . Се е во најдобар ред. Здравје и совет Бидете поконкретни. Рак 22.6-22.7. Љубов Веќе сфативте дека не треба да форсирате , па таа формула ќе ја искористите и на својата врска. Така ќе ја подобрите. Кариера Осмислете подобар план за соработка со другите. Знаете да се изразите , но користете повеќе тактичност. Здравје и совет Некои ќе запливаат. Лав 23.7-22.8. Љубов Препуштете им на лицата во кои имате доверба да ве упатат каде што треба. Тие ќе знаат подобро од вас. Кариера Кога ќе помислите на деловните планови , веднаш ве заболува главата , зашто има малку работи што останале да се изконтролираат. Здравје и совет Бидете трпеливи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп најави нови царини за Канада- двојно повеќе за сите автомобили, камиони , автоделови...САД двојно ќе ги зголемат царините за канадските возила почнувајќи од 2027 година, објави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.Тој ја обвини Отава дека „ги краде САД со години“. Соопштението дојде откако пропаднаа разговорите за трговскиот договор, објави Euronews. „На 1 јануари 2027 година, царините за сите автомобили, камиони (големи и мали), автоделови и челик ќе бидат зголемени на 50 проценти“, напиша Трамп во објава на неговата мрежа Truth Social. Сегашната американска царина за автомобили е 25 проценти за делови што не се произведени во САД. „Не можеме да го прифатиме она што го понудија“ Заканите доаѓаат откако трговскиот спор меѓу САД и Канада ескалираше во петокот. Разговорите за договор за избегнување на царина од 50 проценти за одредени канадски стоки пропаднаа, при што двете страни се обвинуваат меѓусебно дека се обидуваат да направат промени во последен момент. Канадскиот премиер Марк Карни рече дека Канада е принудена да се откаже од „лошиот“ договор. „Не можеме да го прифатиме она што го понудија, ниту ќе го дадеме она што го побараа“, рече Карни. Новите царини, кои стапија на сила завчера, опфаќаат канадска стока во вредност од околу 20 милијарди долари. Карни предупреди дека Отава ќе возврати со царини од долар за долар за да ги заштити своите работници и бизниси. „Нашиот одговор ќе се фокусира на сектори како што се челик, млечни производи, домашни апарати, земјоделска опрема, пулпа и хартија и електроника“, додаде Карни. „Пропуштена можност за Канада“ Канцеларијата на американскиот трговски претставник ги опиша застојаните разговори како „пропуштена можност“ за Канада, за која вели дека спроведува „долготрајна одмазда“ против САД. „И покрај американската понуда до Канада да добие најдобар третман од сите главни извозници на нашиот пазар, новите барања и повлекувањето на претходните обврски од страна на Канада го нарушија внимателниот баланс постигнат во последните денови“, се вели во соопштението. Денес, Трамп се осврна и на она што го нарече „смешно високи царини“ на Канада за американските земјоделци. Тој рече дека повеќе нема да се однесува кон земјата „како кон федерална држава“. Американскиот претседател постојано алудираше дека Канада треба да стане „51-ва федерална држава“ на САД, а минатата недела рече дека Отава сака „придобивките од држава, но всушност не е“.Тагови: Доналд Трамп канада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
ТенисЃоковиќ: На мојата земја и народ им е нанесена голема неправда во деведесетите (ВИДЕО)Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (39) е клучна фигура во новиот документарен филм „Зимски волк“. Филмот е создаден во соработка со платформата Amazon Prime со цел да се слушне неговата приказна за патувањето, искушенијата и проблемите со кои се соочил како спортист и човек. Авторот на филмот „Новак Ѓоковиќ: Волкот во зима“, Џејсон Хехир, се обидел во 90 минути да ја доближи личноста на Ѓоковиќ до публиката која не го познава доволно добро или која добива информации за него само од медиумите, објави Индекс. Медиумското известување, тврди Ѓоковиќ, е причината зошто решил да проговори. Тој е свесен дека, особено во САД и Велика Британија, честопати бил прикажуван како негативец. Во ова, тој гледа сличност со начинот на кој Западот ја запознал Србија и верува дека постои искривена слика за неговата земја и народ, што сакал да ја исправи со овој филм. Тој за сè подетално разговарал со новинарот Џон Вертхајм во неговото ново интервју за Tennis Channel. Тој зборуваше за тврдоглавост Зборот „тврдоглавост“ се провлекува низ целиот филм, а Ѓоковиќ сакаше да ѝ објасни на западната публика дека тоа е неговата главна движечка сила. Авторот на филмот, Џејсон Хехир, кој претходно ја работеше приказната за Мајкл Џордан, брзо сфати дека станува збор за слично чувство на претворање на негативните околности во мотивација. „Тврдоглавоста е таа внатрешна сила, таа тврдоглавост што ние Србите гордо ја користиме кога чувствуваме дека сите се против нас - кога сите велат дека не можете да направите нешто, дека нема да успеете и дека не сте доволно добри“, рече Ѓоковиќ. Тој истакна дека го покажува ова чувство на теренот, но дека тоа било присутно и кај целата нација во текот на деведесеттите години. „Особено во текот на деведесеттите години, кога поминавме низ неколку војни, ембарга и санкции, ја користевме таа внатрешна сила за да им докажеме на сите дека грешат. Тоа гради ментална сила, цврстина и отпорност, но е и моќна животна сила“, објасни тој. „На мојата земја ѝ е нанесена неправда“ Кога еден новинар го праша дали една од неговите мотивации во тенисот е да ја претстави својата земја во вистинско светло, со оглед на тоа што Србија има важна споредна улога во филмот, Ѓоковиќ одговори потврдно. „Апсолутно. Секогаш се обидувам да бидам добар амбасадор на мојата земја. Благодарен сум за можноста да го носам знамето на Олимписките игри, на Дејвис купот или на кој било друг турнир. Не се претставувам само себеси, туку и Србија“, рече Ѓоковиќ. „Како дете кое порасна со војните од 1990-тите и се соочи со бројни проблеми - не само јас и моето семејство, туку сите ние во Србија - имав чувство дека им е направена голема неправда на мојата земја и народ. Затоа преку спортот и позитивните вредности, се обидувам да ја покажам добрата страна на нашата земја што можеби не била видена често во светските медиуми“, додаде тој. Како да го гледате филмот Документарецот „Новак Ѓоковиќ: Зимски волк“ нуди целосен пристап кон животот на освојувачот на 24 трофеи од Гренд слем. Премиерата беше на 20 август на платформата Amazon Prime, а е продуциран од Words + Pictures и Sadoux Productions. Филмот е достапен на платформата Amazon Prime. Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран: Немаме проблем со Бугарија, но имаме право да нападнеме извор на агресија кон насТехеран денеска повторно ја предупреди членката на НАТО, Бугарија, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран, велејќи дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад.„Немаме проблем со бугарскиот народ. Сепак, јасно ставивме до знаење дека секоја акција што според меѓународното право претставува поддршка за американско-израелската воена агресија против Иран, исто така претставува учество во акт на агресија“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи. Тој додаде дека „Иран има право да го нападне изворот, односно местото на потекло, на каков било акт на агресија против себе“. „Претходно беше објавено, а извештаите го потврдија тоа, дека неколку авиони за полнење гориво ја напуштиле бугарската територија. Како што признаа многу бугарски граѓани и политичари, одобрувањето на престојот на тие авиони во бугарската база е спротивно на меѓународното право и претставува поддршка за воената агресија на Соединетите Американски Држави и израелскиот режим против Иран“, тврди тој. „Долго време играме шах, но сега научивме и да играме покер“ Иран претходно ја предупреди балканската земја, која е и членка на Европската Унија, да не им дозволува на САД да ги користат нејзините воздухопловни бази во војна. Минатиот месец, парламентарната комисија за одбрана на Бугарија одобри владин предлог со кој ќе се овозможи привремено распоредување на американски авиони за полнење гориво и американски воен персонал во воздухопловната база Безмер. Овој потег предизвика остро предупредување од Иран за овозможување на американски воени операции. Багаеи тогаш рече дека секое учество во планирањето или извршувањето на вакви операции би претставувало соучесништво во „злосторството агресија и воени злосторства“. Тој го повика бугарскиот парламент да го отфрли распоредувањето на американските сили. Багаеи денес додаде дека Иран „долго време игра шах“ и дека во последниве години „научил и да игра покер“, осврнувајќи се на развојот на воената стратегија на Техеран. Тагови: Бугарија Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter