ХороскопДневен хороскоп за 25.2.2019Дневен хороскоп за понеделник, 25 февруари 2019. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе заклучите дека е време на другите да им покажете колку се сакате или да ја официјализирате врската. Некои тоа само ќе го посакуваат. Кариера Следува ден со исклучително добри финансиски можности , кога ќе треба да се повлече паметен потег за да се осигури работа со голема заработувачка. Здравје Зголемена чуствителност на вратот. Овен 21.3-20.4. Љубов Не мора цел ден да ги превртувате социјалните мрежи за да ја наполните душата со виртуелни илузии. Смирете се во тишина и размислете. Кариера Добро ќе избалансирате некои финансиски можности и ќе најдете начин работата да продолжи. Здравје Внимавајте на грлото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска најдобро ќе се почувствувате ако тргнете на излет или ако се движите повеќе од вообичаеното. Таму ќе има нови лица , кои ќе ве орасположат. Кариера Одговорите на прашањата што си ги поставувате ќе се појават толку јасно и интензивно , што ќе бидете збунети. Здравје Занемарете ги нервирањата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со големи идеали , значајни мисли или филозофски став денеска ќе ја победите љубовната дистанца во односите. Кариера Вие подобро знаете дека со мали чекори се минува истата оддалеченост како и со големи. Употребете го тоа. Здравје Крајот делото го краси. Рак 22.6-22.7. Љубов Богатството на еротиката и сензуалноста денеска ќе бидат главно обележје на вашиот приватен живот. Уживајте во тоа. Кариера Дарежливоста на спонзорите , кои се подготвени да ги зголемат своите вложувања ќе биде она на што ќе се радувате , но тоа создава обврски. Здравје Не можете вие да одработите нешто за другите. Лав 23.7-22.8. Љубов Денеска треба дас е отворите кон сите луѓе што ќе ги сретнете. Љубов може да се сретне насекаде. Кариера Ќе работите без многу напор и нема да се измачувате со дополнителни прашања. Имате добра перспектива и исправен став. Здравје Мали нервози. Не обрнувајте им внимание. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можна е вечера или дружење со вашите пријатели и сакани лица. Тоа ќе биде вистинска оаза од пријатни луѓе. Кариера вашите резултати ќе излезат на виделина , а со тоа ќе порасне и вашата гордост. Ќе продолжите да го надградувате постигнатото. Здравје Сега живеете примерно. Вага 24.9.-23.10 Љубов Блиски луѓе ќе ве забавуваат , и обратно. Нема повеќе да се грижите за проблеми , туку ќе се трудите да се опуштите . Кариера Ќе делувате на два фронта- едниот е одбрамбен , каде ќе се браните од оние кои не ве сакаат , а другиот е со соработниците , каде ќе се изнаработите. Здравје Одете порано на спиење. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе имате потреба некаде да се скриете , а најмногу во својот дом. Тука денеска ќе ви биде најдобро , а ќе го доживеете како закрила од се околу вас. Кариера Со мислите ќе бидете далеку , многу далеку од денешните работни задачи. Многумина ќе ја завршат работата механички. Здравје Внимавајте да не ви се поткрадат грешки. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се радувате со своите сакани и нема да дозволите никој да ви ги расипе добрите односи , расположението и забавата. Кариера Некои работи ќе ви одат полесно, отколку што сте мислеле , но тоа не значи дека не треба да се потрудите околу потешките работи. Здравје Релаксирајте се. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Некои привремено ќе го изгубат компасот и многу ќе се фалат со своите љубовни авантури. Ќе претерат. Кариера Вашите шефови ќе ви дадат интересна задача. Ќе биде голема , преголема и ќе ве нервира. Здравје Бидете благодарни за она што го имате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Веројатно се прашувате како да и се вовлечете под кожа на личноста која ви е многу важна , а која постојано ве одбива.Пробајте уште еднаш. Кариера Ќе дојде до мали преиспитувања во врска со парични вложувања за кои ќе сметате дека не се стабилни. Ќе смислите нов план. Здравје Немојте да се грижите за туѓите проблеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФИФА ќе плати четири милиони долари данок за Џани ИнфантиноПретседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, доби привилегија според која организацијата целосно ќе ги подмири своите даночни обврски кон американската држава, кои треба да изнесуваат околу четири милиони долари.Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, доби привилегија според која организацијата целосно ќе ги подмири своите даночни обврски кон американската држава, кои треба да изнесуваат околу четири милиони долари (3,5 милиони евра) до крајот на неговиот ангажман во САД, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на интерни документи и извори запознаени со случајот. Инфантино заработува над пет милиони евра годишно Инфантино, чија годишна плата е околу шест милиони долари (5,3 милиони евра), се пресели од Швајцарија во Мајами во 2023 година, а во мај 2024 година тричлениот комитет на ФИФА, одговорен за одредување на надоместоците на високите функционери, одобри предлог за надоместување на сите дополнителни даночни трошоци настанати со преселбата во САД. Одлуката беше донесена на состанок во Бангкок по иницијатива на швајцарскиот сметководител Бруно Чиомент, кој е и претседател на тој комитет и раководител на одделот за управување, усогласеност и ревизија на ФИФА. Но, според документите до кои дојде американскиот дневен весник, таа одлука за даночни олеснувања не била објавена во официјални извештаи, и покрај реформите за транспарентност воведени по големиот корупциски скандал што ја потресе ФИФА во 2015 година. Организацијата негираше какви било неправилности, тврдејќи дека биле почитувани сите внатрешни прописи и законски обврски и дека исплатите на високите функционери биле предмет на независна ревизија. Поширок модел на бенефиции Истрагата на „Њујорк тајмс“ укажува на поширок модел на бенефиции што ги уживале Инфантино и оние во неговиот најблизок круг. Меѓу нив е ангажирањето на приватната компанија за обезбедување GRIZ Global Solutions за заштита на претседателот на ФИФА и неговата сопруга за време на Светското првенство во 2026 година, со дневна такса од 1.300 долари по обезбедувач, што не ги вклучува трошоците за изнајмување возило и возач, и привилегиран пристап до натпревари и специјални чартер летови на ФИФА за индивидуални соработници и членови на семејството. Весникот, исто така, наведува дека промените во статутите и прописите на ФИФА за надоместоците на високите функционери, усвоени пред Светското првенство, ги прошириле овластувањата на претседателот и му донеле дополнителни бенефиции. Новиот правилник ги ублажи ограничувањата за подароци, ВИП покани и користење на приватни авиони, и ги прошири можностите за финансирање на сместувањето на претседателот. ФИФА, која веќе плаќа околу 600.000 долари годишно за изнајмување куќа во Мајами, претходно му обезбеди стан во Швајцарија и сместување во Париз. А Киоменто има посебни привилегии Киоменто, кој беше вклучен во одлучувањето за тие бенефиции, исто така имаше посебни привилегии за време на Светското првенство, вклучувајќи ВИП пристап до натпревари и патување со чартер летови на ФИФА. Неговиот годишен надомест, според весникот, е променет од 250.000 американски долари на 250.000 швајцарски франци, што е дополнително зголемување од околу 50.000 американски долари поради разликата во девизниот курс. Инфантино се соочи со критики во последните години поради неговиот близок однос со американскиот претседател Доналд Трамп, деловните зделки на ФИФА и напорите за доделување на Светското првенство на Саудиска Арабија. Неговата позиција беше дополнително потресена по откритијата дека водел тајни разговори за продажба на дел од правата за Светското првенство на компанија поврзана со братот на зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Според „Њујорк тајмс“, откритијата предизвикаа меѓународни критики и ја доведоа во прашање соодветноста на Инфантино да продолжи да го води управното тело на фудбалот, кое ќе избере нов претседател во март. Тагови: ФИФА Џани Инфантино Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
Свет„Репортери без граници“ го додаде Трамп на листата „предатори на слободата на медиумите“Според органзиацијата, тој намерно ја користи моќта на својата функција против медиумските организации чие известување не му се допаѓа.„Репортери без граници“ го додаде американскиот претседател Доналд Трамп на листата „предатори на слободата на медиумите“ за 2026 година, обвинувајќи го за засилување на кампањата против медиумите откако се врати во Белата куќа за втор мандат. Според органзиацијата, тој намерно ја користи моќта на својата функција против медиумските организации чие известување не му се допаѓа. САД сега се рангирани на 64. место од вкупно 180 земји на светскиот индекс на слободата на медиумите на оваа организација. Трамп им се придружи на рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг на листата, објавена по повод меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите, признат од обединетите нации.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаIN MEMORIAM: Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен политичар и лидер на ПЦЕР Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник во Собранието на Македонија и поранешен министер без ресор.Тажната вест ја објави новинската агенција на ромски јазик „Рома Прес“. Преку емотивна порака, соработниците се простија од долгогодишниот политички претставник на ромската заедница. Ибраимовски беше долгогодишен политички активист и претседател на ПЦЕР. Во текот на својата долгогодишна кариера тој извршуваше повеќе значајни државни функции, меѓу кои пратенички мандат во македонскиот парламент, функцијата министер без ресор во Владата, како и одговорни директорски позиции. Во својот долгогодишен општествен ангажман, Ибраимовски беше препознатлив по постојаното застапување на интересите и правата на ромската заедница во Македонија. Канал 5 со сочувство до семејството на Ибраимовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00