Дневен хороскоп за 24. септември 2024 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 24. септември 2024 година

Дневен хороскоп за вторник, 24. септември 2024 година. 

Дневен хороскоп за 24. септември 2024 година

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе покажете дека цврсто верувате во своите љубовни идеали и дека од саканата лилчност очекувате повеќе отколку што мисли.

Кариера

Во стручните прашања би можело да дојде до една расправија или натпревар во докажување кој е во право. По обичај , никој.

Здравје и совет

Несоница по кошмарните сништа.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во вашата работна средина би можеле денеска да забележитер личност која ви е посебно наклонета.

Кариера

Ќе бидете мотивирани само за многу интѕересни теми како што се алтернативни , уметнички и слично.

Здравје и совет

Не манипулирајте со луѓето.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Разговорот што ќе го водите со личност која ви е особено драга , ќе биде доста сериозен , па дури и мрачен.

Кариера

Ако тргнувате на деловно патување , проверете ја состојбата на автомобилот , дали сте ги набавиле сите дозволи и слично.

Здравје и совет

Не е исклучена кашлица..

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ви претстои убаво помионато време во тишината на домот. Оние во врска , ќе го повикаат партнерот кај себе , а самците ќе размислуваат дали да излезат.

Кариера

Ќе мора малку повеќе да се потрудите околу финансиите . Имате добра шанса , па би било штета да ја пропуштите.

Здравје и совет

Одете кон својата цел.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе почуствувате колку е тешко постојано да објаснувате зошто избегнувате блискост. Едбноставно дистанцата ви одговара.

Кариера

Ќе се обидете да ги направите поедноставно работите околу финансиските трансакции. За некои тоа ќе биде чекор напред.

Здравје и совет

Позанимавајте се со својата листа на приоритети.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска би можеле да ја запознаат на своето работно место.

Кариера

Ќе бидете наклонети да мешате деловно со приватно , но тоа нема да ви пречи во доброто функционирање на работното место.

Здравје и совет

Пазете се од провев.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска не е најдобар ден за еротика , зашто ќе бидете студени. Затоа покажете љубов до одредена граница на физичко зближување.

Кариера

Загрижено ги следите сите новости , но се уште не го наоѓате она што го сакате. Сеуште постојат ограничувања.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е пријатен љубовен ден во кој ќе ги надминете сите критики кои биле кажани на ваша сметка.

Кариера

Добивате одредена заштита , но тоа не значи дека и натаму не треба да се докажувате.

Здравје и совет

Бидете праведни.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Со паметен избор на зборови ќе ја пополните празнината во личните односи. Се ќе успеете да надоместите со интелектот.

Кариера

Ако повторно се посомневате во вашите способности , само погледнете што сте постигбнале до сега. Набргу ќе се охрабрите.

Здравје и совет

Соработувајте со младите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Партнерот ќе ве поттикне на нежност. Вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува секој ден се повеќе.

Кариера

Со своето знаење ќе придонесете работата да се заврши што подобро , како и деловните партнери да ве почитуваат.

Здравје и совет

Одлично сте расположени.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Убавите љубовни шанси ќе бидат занемарени поради мала семејна тага или проблем.

Кариера

Ќе се чувствувате распнати меѓу желбите и можностите. Излезот е во реалното согледување на состојбата.

Здравје и совет

Бидете одговорни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Пред вас е многу ветувачки љубовен ден. Ќе имате можност да поминете преубаво заедничко време со саканата личност.

Кариера

Држете се до своите деловни партнери , зашто тие во моментов одлично ја водат целата работа. Не им замерувајте ако понекогаш се малку поостри.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Се преземаат мерки за интензивирање на откупот на вранецот

Се преземаат мерки за интензивирање на откупот на вранецот, олеснување на субвенциите, заштита на сточниот фонд и почитување на пазарните правила.

Серафимовски: Се преземаат мерки за интензивирање на откупот на вранецот

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготви мерки и одлуки кои се насочени кон интензивирање на откупот на винското грозје од сортата вранец, заштита на сточниот фонд, олеснување на субвенциите и проверка на почитувањето на законските правила на пазарот. Мерките се утврдени врз основа на сознанијата од терен, официјалните податоци и анализата на расположливите институционални механизми, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешната прес-конференција.

„Во изминатиот период бев во постојана и непосредна комуникација со земјоделците, сточарите, откупувачите и преработувачите. Разговаравме за состојбите во производството, динамиката на откупот и неизвесноста што ја создава пласманот на дел од земјоделските производи. Одговорите што ги подготвивме произлегуваат од реалните состојби и се насочени кон конкретните потреби на производителите“, образложи министерот Серафимовски.

За интензивирање на откупот на винското грозје, тој најави дека на следната седница на Владата ќе биде предложена измена Одлуката за условите за користење на средствата од компензационите фондови. Кредитната линија што се реализира преку Развојната банка изнесува 793,48 милиони денари, односно околу 12,9 милиони евра. Од нив, 553,48 милиони денари се наменети за откуп на винско грозје од сортата вранец, а 240 милиони денари за откуп на оризова арпа.

„На барање на винарските визби, ќе ги олесниме условите за користење на средствата наменети за откуп на вранецот. Грејс-периодот ќе го зголемиме од три на 18 месеци, по што ќе следуваат дополнителни 18 месеци за отплата, со фиксна годишна каматна стапка од еден процент. Како заложно обезбедување ќе може да се користи и произведеното вино“, прецизира министерот Серафимовски, додавајќи дека со овие измени треба да се подобри ликвидноста на винарските визби и да се зголеми нивниот капацитет за преземање на грозјето во период кога бербата се очекува дополнително да се интензивира.

На прес-конференцијата беа соопштени и последните податоци за состојбата со сипаниците кај овците. Болеста е потврдена во 64 жаришта - 50 во Источниот, седум во Североисточниот, шест во Вардарскиот и едно во Скопскиот регион.

„Апелирам до сточарите доследно да ги почитуваат институционалните превентивни препораки, веднаш да ги пријавуваат сомнителните случаи и да не користат заедничка опрема меѓу стадата без целосна дезинфекција. Еден од главните утврдени ризици за пренесување на заразата е стрижењето со ножици што претходно не биле дезинфицирани“, апелираше министерот Серафимовски.

Во меѓувреме, преземени се активности за обезбедување вакцини преку Европската комисија, Република Турција и ФАО. Министерот укажа дека нивното обезбедување нема да значи автоматско започнување со вакцинација.

„Одлуката за евентуална вакцинација ќе се темели исклучиво на стручна проценка на епидемиолошката состојба, степенот на ризик и можните ветеринарно-здравствени и економски последици“, образложи министерот Серафимовски.

Во делот на субвенциите, во изминатиот период се исплатени вкупно 948,78 милиони денари, односно околу 15,4 милиони евра, на 30.389 корисници. Притоа, тој најави дека исплатата ќе продолжи и по другите мерки, а паралелно се подготвува олеснување на условите за остварување на правото на субвенции.

„Неповолните временски услови и ограничените можности за пласман доведоа дел од производителите објективно да не можат да го исполнат условот за најмалку 30 проценти продадено или предадено производство. На следната седница на Владата ќе предложиме укинување на овој услов за производителите во лозарството, овоштарството и поледелството“, најави министерот Серафимовски.

Осврнувајќи се на состојбите со откупот на пиперката, оризовата арпа, вранецот и другите земјоделски производи, министерот соопшти дека Министерството мобилизира дополнителни системски капацитети за проверка на пазарните практики. Покрај редовните контроли на Државниот инспекторат за земјоделство, во текот на оваа работна недела Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе достави образложена иницијатива до Комисијата за заштита на конкуренцијата.

„Состојбите нема да ги разгледуваме само преку поединечните контроли на откупните пунктови, туку и низ целокупната структура и функционирањето на пазарот. Од Комисијата ќе побараме да утврди дали постојат индиции за недозволено усогласување меѓу откупувачите, злоупотреба на пазарна моќ или примена на нефер трговски практики кон производителите“, рече министерот Серафимовски, притоа појаснувајќи дека Комисијата ќе оцени дали постои основа за постапување согласно Законот за заштита на конкуренцијата и Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи.

Министерот уверува дека однапред нема да се прогласува одговорност, но нема да се остави неискористен ниту еден финансиски, инспекциски или законски механизам за фактите да бидат независно и стручно проверени.

„Пазарните услови не смеат да бидат оправдување за непочитување на договорите, нетранспарентна класификација или префрлање на целиот ризик врз земјоделците. Кога се работи за нивниот труд и приход, институциите мора да постапуваат навремено, координирано и одлучно“, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада: Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст

Најновите податоци за август покажуваат продолжување на стабилизирањето на цените и позитивните движења во македонската економија.

Влада: Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст

Годишната стапка на инфлација во август 2026 година изнесува 2,6 проценти, додека во истиот месец во 2022 година инфлацијата изнесуваше дури 16,8 проценти. Тоа покажува колку значително е намален инфлацискиот притисок во споредба со периодот кога граѓаните и стопанството се соочуваа со силен раст на цените.

Особено значајна е споредбата со европските економии. Според досега објавените податоци на Евростат, инфлацијата во еврозоната во август се проценува на 3,3 проценти, наспроти 2,6 проценти во Македонија. Во јули инфлацијата во еврозоната изнесуваше 2,9 проценти, додека во Македонија беше 2,3 проценти. Тоа значит дека втор месец по ред Македонија има пониска стапка на инфлација од еврозоната.

Од досега објавените податоци на Евростат за август, пониска стапка од 2,6 проценти имаат Финска со 2,4 проценти, Малта со 1,9 проценти и Естонија со 1,3 проценти. Истовремено, повисока инфлација имаат голем број европски економии, меѓу кои Бугарија со 5,1 проценти, Шпанија со 4,5 проценти, Белгија со 4,2 проценти, Хрватска со 3,7 проценти, Грција со 3,7 проценти, Словенија со 3,4 проценти, Италија со 3,2 проценти и Германија со 2,9 проценти.

Овие податоци се особено важни ако се има предвид дека инфлациските притисоци во Европа повторно се засилуваат. Инфлацијата во еврозоната се зголеми од 2,9 проценти во јули на проценети 3,3 проценти во август, при што енергетската компонента бележи годишен раст од 14,3 проценти.

Македонија, во услови на повторно засилени надворешни ценовни притисоци, успева да ја одржи инфлацијата на релативно ниско ниво.

Ова е уште еден позитивен економски показател на почетокот на септември. Индустриското производство во јули бележи раст од 1,3 проценти на годишно ниво, а во првите седум месеци од годината е зголемено за 0,9 проценти.

Последните економски показатели треба да се гледаат како целина – раст на индустриското производство, раст на економијата и стабилизирање на инфлацијата на ниво пониско од еврозоната.

Владата останува целосно посветена на политики коишто ќе обезбедат стабилност на цените, заштита на животниот стандард, повисоки плати и пензии, нови инвестиции и забрзан економски раст.

Од инфлација од 16,8 проценти во август 2022 година до 2,6 проценти во август 2026 година. Од ценовни шокови кон стабилизација. Од економска неизвесност кон раст и поголема предвидливост.

Македонската економија се стабилизира, а позитивните показатели од почетокот на септември даваат основа овој тренд да продолжи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН: Реакција на прес конференција на политичката партија СДСМ

Однесувањето на СДСМ најдобро го објаснува зборот лицемерие.

МОН: Реакција на прес конференција на политичката партија СДСМ

Министерството за образование и наука реагира на денешната прес конференција на СДСМ, на која обвинуваат дека учениците со попреченост се оставени без образовни асистенти. Тоа е апсолутно неточно и политичката партија со своето однесување, најдобро покажува што значи зборот лицемерие.

Четири министри во Владата со која СДСМ раководеше седум години, не успеаја да обезбедат образовни асистенти за сите ученици со попреченост кои следат настава во редовните основни и средни училишта во државата. Во 2024 година, последниот нивен министер обезбеди недоволни 800 образовни асистенти и тоа само во основното образование, додека во средното воопшто не беа ангажирани стручни лица кои ќе им го олеснуваат воспитно - образовниот процес на учениците со посебни образовни потреби.

Денес ситуацијата е сосема поинаква. Ангажирани се 1.358 образовни асистенти во основното и 166 во средното образование. Најмногу досега, а во тек е постапка и за ангажирање на дополнителен број на стручни лица кои ќе обезбедуваат образовна асистенција за децата, согласно пријавените потреби на нивните родители.

Во насока на подигнување на инклузивноста, МОН ги јакне и стручните служби во училиштата, преку ангажирање на кадарот кој недостигаше во минатото. Така што, денес не постои училиште во кое нема стручна служба. Паралелно се подобрува пристапноста за лицата со попреченост во училишните објекти преку поставување рампи и тоалети за ученици со посебни потреби.

Ќе потсетиме и дека актуелното раководство на МОН прифати долгогодишно барање на граѓанскиот сектор кое е трансформирано во системско решение, а се однесува на обезбедување континуитет во наставата за учениците кои се на подолго болничко или домашно лекување, да можат часовите да ги следат онлајн заедно со класот или пак, наставникот индивидуално да работи со нив. Со тоа, степенот на инклузивност на образованието е дополнително подигнат.

Од новата академска година, предвидено е доделување на нов тип стипендии за студенти со попреченост и со ретки болести со што ќе одговориме на барањата на нивните здруженија и сојузи, а политиките на стипендирање ќе ги следат барањата на ЕУ.

Ова е разликата во управувањето со Министерството за образование и наука до 2024 година и во креирањето на образовните политики и политиките за инклузивност потоа.

По однос на училиштата во руралните средини кои привремено се затвораат поради тоа што немаат запишани ученици, ќе ги потсетиме тоа е резултат токму на нивните погубни политики поради кои во седум години го намалија бројот на ученици за 17 илјади.

Министерство за образование и наука

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер