3Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
2Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп за 24. октомври 2024 година Дневен хороскоп за четврток, 24. октомври 2024 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете настроени да ја идеализирате саканата личност и да и припишувате особини кои таа ги нема во реалноста. Кариера Она што тргна , веќе е во подем , а на вас останува да ја следите зацртаната насока без премногу коментари. Здравје и совет Бидете економични. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Следува преоден пад на самодовербата , поради што малку ќе се повлечете во себе. Општо земено , односите ви се добри. Кариера Ќе препознаете финансики нестабилности , со кои ќе може да се изборите со помош на знаење. Ќе поработите на тоа. Здравје и совет Не сонувајте неможни работи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ни денеска нема да бидете целосно сигурни што е тоа што го очекувате од љубовта или од личноста што ви е драга. Кариера Кршејќи ги правилата , мислите дека напредувате, додека другите во тоа гледаат непочитување на луѓето околу вас. Здравје и совет Чувствителност на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Доколку се впуштите во мали промени во односот , нема да бидете ниту доследни , ниту упорни до крај. Одржете ја сегашната состојба. Кариера Необични предлози во делот на финансиите ќе направат да се замислите за нив . Не се реални. Здравје и совет Чувствителност на нервите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Конфузијата што ќе зрачи од вас нема само да ја збуни саканата личност , туку и вас самите. Денеска бидете мирни. Кариера Тешко ќе соработувате со другите , зашто постојано ќе мислите дека се груби кон вас. Мора да останете професионални. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашиот партнер ќе замисли едно , а вие друго. Тешко ќе се усогласите , па затоа е добро да не очекувате премногу. Мирувајте. Кариера Разумот ќе ве однесе напред и со негова помош ќе надминете мала напнатост на работното место. Здравје и совет Емотивни фрустрации. Бик 21.4- 20.5. Љубов Чувствителноста на партнерот поврзана со вашето неразбирање , па дури и грубост , ќе го направи овој ден доста неизвесен. Кариера Ќе се трудите ништо да не биде ниту премногу , ниту премалку , но тоа ќе ви одземе голем дел од енергијата. Здравје и совет Одморете се попладне. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе ви биде важен сексуалниот живот. Ќе се обидете да го изненадите партнерот со некој новитет. Кариера Ќе контактирате со финансиски експерти за правилно да ги поставите работите и да ги свртите во своја полза. Здравје и совет Некои ќе имаат болки во стопалата. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ви изгледа како што повеќе се трудите , работите стануваат се полоши. Обрнете внимание на спонтаноста. Кариера Многумина ќе се чувствуваат несигурно. За да ви биде подобро , концентрирајте се на своето стручно знаење. Здравје и совет Чувајте се од настинки. Лав 23.7-22.8. Љубов Некои ќе се преобразат во вистински поети. Нивниот стил на изразување ќе ги стопи и најстудените срца. Кариера Можно е да одите на кусо службено патување на место каде што има вода. Ќе бидете реални и добро ќес е снајдете. Здравје и совет Не инсистирајте на детали. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашето однесување и денеска ќе биде такво што лицата од спротивниот пол со задоволство ќе ве прифаќаат во нивното друштво. Кариера Немојте во ништо да претерувате. Ситуацијата ќе ви оди во прилог , ако го следите природниот тек. Здравје и совет Мали нервози. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во она што вие би го сакале , владее голема мешаница. Нема да бидете јасни ниту за себе, а уште помалку за другите. Кариера Надредените ќе ве наведуваат на делување речиси во шаховски стил, а вие ќе ја предвидите нивната шема. Здравје и совет Подобро да останете пасивни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДОМ: Кога пријавата не спасува живот, кој ја презема одговорноста? Убиството на 17-годишната девојка во Богданци не е „трагична несреќа“, ниту пак „уште една страшна вест“. Ова е суров потсетник на институционалниот неуспех и на колапсот на системот што треба да ги штити граѓаните. До кога жртвите ќе ја бараат заштитата низ бирократски лавиринти, додека надлежните институции ги третираат пријавите како обична статистика? Девојката претходно пријавила насилство. Побарала помош. Институциите имале сознанија за претходните случаи на насилство, а сепак таа не добила ефикасна заштита. Нејзиниот живот заврши во опожарено возило. Која е смислата на законите, мерките за заштита и службите што постојат само на хартија, ако насилството може да ескалира до ваков исход? Институциите не смеат да се кријат зад фразата дека „постапувале според протокол“. Кога жена или девојка пријавува насилство, а потоа е убиена, тоа не може да се третира како обичен административен пропуст! ДОМ бара итно, бескомпромисно и транспарентно утврдување на целата институционална одговорност: • Кој конкретно во полицијата, обвинителството и центарот за социјална работа постапувал во овој случај? Како бил проценет ризикот, дали биле спроведени и контролирани мерките за заштита и зошто тие не го спречиле трагичниот исход? • Истрагата мора да ги испита сите околности и евентуалните пропусти во постапувањето на институциите. Смртта на осомничениот не смее да значи и крај на утврдувањето на одговорноста на службените лица. Мора да има последици за секој за кого ќе се докаже дека со своето несовесно постапување придонел за овој трагичен исход. Доста е од празни соопштенија, ветувања и експресни осуди што се повторуваат по секој нов фемицид. Секое следно убиство на жена или девојка е ново обвинение против државата, која декларативно зборува за родова еднаквост, а во пракса не успева да им обезбеди основна заштита на оние што бараат помош. ДОМ бара одговорност! Бараме итна ревизија на сите активни пријави за семејно и родово базирано насилство, утврдување индивидуална одговорност и конкретни мерки за отстранување на институционалните пропусти. Не утре, кога ќе има нова жртва, туку сега – за да се спаси нечиј живот, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканМечка со пиштол убила човек во Албанија?- шокантни изјави на осомничените мајка и син Разјаснети се околностите околу смртта на маж во селото Годви, во регионот Булќиза во Албанија, каде што полицијата уапси 57-годишна жена и нејзиниот 33-годишен син под сомнение дека го убиле нивниот сопруг и татко, 53-годишниот Урим Фику.Разјаснети се околностите околу смртта на маж во селото Годви, во регионот Булќиза во Албанија, каде што полицијата уапси 57-годишна жена и нејзиниот 33-годишен син под сомнение дека го убиле нивниот сопруг и татко, 53-годишниот Урим Фику, со огнено оружје и остри предмети, објавува Top-channel.tv. Членовите на семејството првично пријавиле дека мажот починал откако бил нападнат од диво животно, за кое се сомнева дека е мечка. Сепак, истрагата и обдукцијата открија различни околности и потврдија дека жртвата е убиена со огнено оружје. По интензивна истрага, спроведена од Одделот за истраги на сериозни кривични дела во рамките на Регионалната полициска управа во Дибер, во соработка со обвинителството, беше разјаснето кривичното дело извршено на 3 ноември 2026 година. Потоа полицијата ги уапси Садете Фику, сопругата на починатиот, и нивниот син Газмир Фику. Тие се осомничени дека заедно учествувале во убиството. Во текот на истрагата, полицијата запленила пиштол модел 54, муниција и една чаура, кои биле пронајдени во дворот на семејната куќа. Делот е препратен до Обвинителството во Дибар поради сомнение за кривични дела „убиство во семејни односи“ и „неовластено држење оружје и муниција“, сторени како соизвршители.Тагови: мечка пиштол Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ЕвропаПочина рускиот научник кој го измисли смртоносниот отров „Новичок“- причината за смртта е тајна Почина рускиот научник Владимир Угљов, кој го измисли смртоносниот нервен отров Новичок што се користеше во озлогласените труења во Солсбери.Угљов го обвини режимот на Путин за употреба на смртоносното хемиско оружје во „напад на државно ниво“ врз Велика Британија во 2018 година. Угљов, кој живееше во Русија, почина на 26 октомври на 80-годишна возраст. Но, неговата смрт беше објавена денеска, повеќе од една недела подоцна, од независниот руски истражувачки медиум „Инсајдер“. Причината за смртта е непозната, ниту пак причината за доцнењето во објавувањето на неговата смрт, објавува „Дејли меил“. Угљов беше дел од тим советски научници кои го развија Новичок, познат како А-234, кој подоцна го користеа шпионите на Путин во обидот за атентат врз рускиот двоен агент Сергеј Скрипал, тогаш 66-годишен, и неговата ќерка Јулија, тогаш 33-годишна, во Солсбери во март 2018 година. И двајцата преживеаја, но британската мајка на три деца, Дон Стерџес (44), почина откако случајно дошла во контакт со Новичок, кој бил фрлен во шише парфем.Тагови: Новичок отров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00