Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“
Манасиевски: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ, му посакуваме уште многу вакви резултати
1Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“
2Манасиевски: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ, му посакуваме уште многу вакви резултати
ХороскопДневен хороскоп за 24. октомври 2022 годинаДневен хороскоп за понеделник, 24. октомври 2022 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата фаза на ,,ловечки приказни” би можела да потрае и денеска. Внимавајте некого да не изнервирате. Оние во врска се добро. Кариера Веројатно ќе извршите една помала анализа на една тема , а истата ќе ви донесе задоволство. Здравје и совет Не претерувајте со колачи. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов На некои можеби ќе им биде доста од се. Некои веќе изгубиле надеж и веќе ништо не очекуваат , додека другите ќе уживаат во осаменоста. Кариера Вашите цели се високи, па затоа ви се потребни одредени квалитети и квалификации. Проверете дали имате се што ви е потребно. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска би можеле да излезете со пријатели и со нивна помош да ги надминете љубовните грижи. Кариера Ќе делувате на два начина – оној вообичаениот и оној што вклучува големи планови за иднина. Здравје и совет Се потрудивте да живеете уредно , што е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Освен мали дневни уживања во двојка , денеска ќе размислувате и за некои подлабоки филозофски прашања. Кариера Веќе ништо не ви стои на патот . Ова се вашите пет минути на работното место и искористете ги најдобро што можете. Здравје и совет Почнете да спортувате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денот ќе ви донесе многу смисол за друштвеност , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе. Кариера Сите работи што вклучуваат соработка , контакти и размена на идеи , денеска ќе ви одат од рака подобро од вообичаеното. Здравје и совет Ќе се чувствувате посилно . Овен 21.3-20.4. Љубов Ако сте во врска , ќе излезете меѓу луѓе и убаво ќе си поминете. Ако сте сами исто така ќе излезете меѓу луѓе. Кариера Дури сега сфаќате колку е важно да имате добра соработка со другите. Тие ви даваа помош во работењето , а сега почнувате и вие да им враќате. Здравје и совет Подобро е да верувате , отколку да сде сомневате. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска најдобро ќе поминете доколку бидете што е можно подискретни и помалку да зборувате. Мерете го секој збор. Кариера Вашите шефови ќе бараат од вас одредени постапки , кои ви изгледаат неумесни. Сепак , не се расправајте , туку прифатете ги. Здравје и совет Ќе бидете малку фрустрирани , но ќе ви помине. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Следува мала преодна криза во комуникациите со саканата личност , а со тоа и мали фрустрации. Сепак , сето тоа јуначки ќе го издржите. Кариера Може да се случи мала расправија со надредените околу нормите за работа и поставените критериуми. Бидете што е можно посериозни. Здравје и совет Нервоза. Рак 22.6-22.7. Љубов Повикот за дружење ќе биде од неврзан карактер. Доколку го прифатите и излезете , убаво ќе си поминете. Кариера Размислувате за тоа како во работата да воведете стручни лица. Анализирајте ги можните кандидати. Здравје и совет Имате смисла за хумор. Лав 23.7-22.8. Љубов Мелите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и за друштво, односно јавност и тоа во исто време. Кариера Она што другите ќе ви предложат , анализирајте го полека и во тишина , за да бидете целосно објективни. Здравје и совет Почнете со здрава исхрана. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе најдете поткрепа во вашата смисла за сочувство со другите. Ќе бидете отворени и внимателни кон другата страна. Кариера Не сте сигурни дали отворено да го кажете своето мислење. Ви недостигаат уште некои информации за да ја имате целосната слика. Здравје и совет Причекајте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е убав ден за дружба , излегување и нови познанства. Особено добро ќе се забавуваат оние помладите. Кариера Не се двоумете доколку треба да воведете некои нови методи во работниот процес . Истовремено ќе ви биде важно тоа да го направите на фин начин. Здравје и совет Подобрување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
КултураГоран Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски - оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор.По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски - оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор, посветена на трајните вредности на оперската уметност, љубовта, духовноста и културата. Во своето обраќање, Диновски ја истакнува операта како уметност што ги обединува различните уметнички изрази и ја пренесува исконската човекова приказна за љубовта. Тој ја нагласува и одговорноста на оперските уметници да ја зачуваат живата врска со публиката, како најважен примател на ова уметничко наследство. „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето, дизајнирана вечно да трае. Каков успех!“ - порачува Диновски. Неговата порака е потсетник дека гласот, музичкиот театар и културата не се само уметнички изрази, туку и вредности што го поврзуваат човештвото и опстојуваат низ времето. Со оваа објава, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA продолжува да ги промовира уметниците и нивните размислувања за значењето на изведувачките уметности денес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ, му посакуваме уште многу вакви резултатиСДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат и да го прикажуваат како успех резултатот дека се четврта партија на избори. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје. На последните анкети кои излегоа во јавноста, само Филипче е претседател на партија кој има драстично понизок рејтинг од самата партија. Дополнително, каде е Филипче да излезе во јавноста по историскиот успех што го направија во неделата? Каде се анкетите на Филипче кои велеше дека ќе ги обзнани во јавноста до крајот на минатата недела? Каде е Филипче, на јахта или на Харис Џиновиќ во Дубаи? Без разлика што Филипче направи вакви историски успеси во СДС, ВМРО-ДПМНЕ апсолутно му дава поддршка на Венко Филипче и му посакуваме и натаму да нижи вакви одлични резултати како на последните предвремени локални избори. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев. Изграден нов потпорен ѕид во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“-Изграден нов потпорен ѕид во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“ во село Дреново, објави на својот профил првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Поради обрушување на делови од постојниот потпорен ѕид во дворот на подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“ во село Дреново, Општина Кавадарци реализираше градежни активности за изградба на нов потпорен ѕид. Со оваа интервенција се обезбедува поголема стабилност и безбедност на просторот, се спречува понатамошно обрушување и се создаваат побезбедни услови за учениците, наставниот кадар и сите кои го користат училишниот двор. Општина Кавадарци продолжува со континуирани вложувања во подобрување на училишната инфраструктура и создавање квалитетни и безбедни услови за образование во сите населени места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00