ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?
СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема
1ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?
2СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема
ХороскопДневен хороскоп за 24. ноември 2019 година Дневен хороскоп за недела , 24. ноември 2019 година . Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Развојот на вашиот љубовен живот е неспорен. Можете да избирате , а понекогаш е и обратно. Важно е дека срцето ви е на место. Кариера Во деловната коресподенција , што е интензивна би можело да дојде до мал хаос. Јасно поставувајте ги прашањата и на ист начин одговарајте. Здравје и совет Поставете си јасни цели . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Речиси е сигурно дека денот ќе го поминете дома во друштво на саканата личност. Ќе ви биде убаво и без поголеми љубовни активности. Кариера Стигнува предлог за една соработка што не сте ја очекувале.Малку сте збунети , но ќе реагирате бргу и ќе се снајдете. Здравје и совет Имате право да се опуштите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете способни да читате меѓу редови , како и да детектирате и она што е најскриено во односот со личноста која ја сакате. Кариера Ќе влијаете на работите и луѓето околу себе, понекогаш и несвесно.Ќе забележувате и повеќе отколку што очекувате. Здравје и совет Подобрување и инспирација . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе ја поврзете саканата личност со вашето друштво и пријателите. Ќе ви биде пријатно и драго поради тоа. Кариера Не се двоумите да вложите енергија во работата. Секој труд кога-тогаш ќе се исплати. Здравје и совет Што сте замислиле, остварете го. Овен 21.3-20.4. Љубов Фантазијата ќе ве води низ патеките на срцето , па нема да бидете целосно реални. Отуѓувањето што е започнато , ќе ве оддалечи. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. работете енергично , а анализирајте полека. Здравје и совет Нерасположение без вистинска причина. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска е ден кога во љубовните прашања ќе ги мешате скромноста и високите идеали. Резултат ќе биде збунетост од другата страна. Кариера Многумина ќе се насмеат на можноста за една соработка , зашто ќе ви се чини дека не е реална. Сепак , размислете. Здравје и совет Мали главоболки. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Имате доволно самодоверба . Врските добро се развиваат , а ако сте уште сами , не чекајте туку излезете. Се е можно. Кариера Повеќето од вашите деловни активности ќе се одвиваат соо помош или поддршка на други. Покажете дека тоа го цените. Здравје и совет Ќе имате доволно време за дружба. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можело да се најдете на ново место со стари познајници или навики. Кариера Вашето знаење и стручноста се неспорни , но ќе ви се чини дека не ви придаваат доволно внимание и дека заслужувате повеќе. Здравје и совет Не може ништо да се прескокне. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе бидете повеќе посветени кон партнерот , кој ќе биде почувствителен од вообичаеното. Бидете внимателни. Кариера Излегуваат на виделина добрите финансиски резултати. Задоволни сте и ги контактирате колегите за нови деловни потфати. Здравје и совет Пуштете да ве води интуицијата. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе дадете се од себе за да ја збогатите својата врска. Предлозите ќе бидат необични , но интересни. Кариера Срцето ве влече меѓу луѓето , но ако треба да се сработи уште нешто , направете го тоа без приговор. Здравје и совет Јадете повеќе овошје и зеленчук. Вага 24.9.-23.10 Љубов Со фантазија и креативност ќе ги надминете фрустрациите кои се попречуваат меѓу вас и саканата личност. Кариера Ќе покажете дека имате свежи идеи , кои ќе бидат изненадување за некои од соработниците. Слободно презентирајте ги. Здравје и совет Би било добро да се наспиете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Како што ќе минува денот , вие ќе бидетге подложни на посилно искажување на емоциите , а инспирациите за љубов нема да ви недостигаат. Кариера Сите работи поврзани со луѓе добро ќе се одвиваат . Комуницирајте , отворете се , предлагајте ги своите идеи и решенија. Здравје и совет Во добра кондиција сте . Продолжете така.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотОд суд во Фиџи исчезнале околу 40 кг. кокаинРечиси 40 кг кокаин исчезнаа од суд на Фиџи, во пакетите е пронајдено брашно.Речиси 40 килограми кокаин, чувани како доказен материјал во Вишиот суд во Сува, главниот град на Фиџи, исчезнаа од судскиот сеф. Во преостанатите пакети веќе немаше кокаин, туку, според локалните медиуми, тие биле наполнети со брашно. Полицијата покрена истрага откако на 15 септември беше откриено дека недостасуваат седум од вкупно 39 пакети со кокаин. Подоцна, преостанатите 32 пакети беа подложени на форензичка анализа, при што беше утврдено дека ни во нив повеќе нема дрога. Исчезна целото запленето количество од речиси 40 килограми. Полицијата соопшти дека дошло до манипулација со доказите и дека истрагата се фокусира на поединци кои биле директно одговорни за нивното чување во судската писарница на Високиот суд. Според информациите, едно лице од интерес за истрагата се наоѓа во странство, а полицијата има намера да го испита. Јавниот обвинител на Фиџи, Сироми Турага, го опиша случајот како шокантен и изјави дека ниту едно одговорно лице нема да биде поштедено од истрагата. Кокаинот запленет уште во 2019 година Кокаинот бил запленет во 2019 година во случајот против Џошуа Азиз Рахман, државјанин на Фиџи кој поседува и канадско државјанство. Рахман бил осуден во 2021 година за поседување кокаин со намера за продажба, а дрогата останала во судот како доказен материјал за време на жалбената постапка. Вредноста на исчезнатиот кокаин се проценува на околу 31 милион фиџиски долари (приближно 21 милион евра). Во последниве години, Фиџи се соочува со пораст на трговијата со кокаин и метамфетамин и стана клучна транзитна точка за шверц на дрога низ Пацификот, особено кон Австралија и Нов Зеланд. Полицијата сега се обидува да утврди кога исчезнал кокаинот, кој имал пристап до доказите и како пакетите можеле да бидат заменети без тоа претходно да биде откриено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?Изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ – е доказ дека Венко Филипче е во договор за ново предавство.Венко Филипче застапува бугарски позиции наместо македонски интереси. Оттука, сосема легитимно е да прашаме: Дали постои тајна дипломатија помеѓу старите другари Зоран Заев и Румен Радев? Дали има комуникација и средби помеѓу нив? Зошто инаку Венко Филипче на тацна им дава подароци на Радев и на бугарската политика, без да го заштити македонскиот национален идентитет? Дали зад рушењето на ваквите позиции стои нов бизнис-договор? Ова се легитимни прашања на кои мора да одговори Венко Филипче. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
МакедонијаСДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија немаЕвропската комисија подготвува патокази за четири земји, Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина. Македонија ја нема, изоставена е. Остануваме заглавени.За само две и пол години со Мицкоски од предводници на европскиот пат станавме губитници. Тоа е резултатот на арамијата Мицкоски. Наместо реформи политика на изолација, лаги и празни ветувања. Губиме време, пари, фондови, губиме генерации кои се иселуваат заради Мицкоски. Реофрми нема. Европа бара исполнети обврски, независно судство и борба против корупцијата. Фотографии по ходници не отвораат преговарачки поглавја. Партиски говори не заменуваат реформи. Нападите врз опозицијата и црните кампањи не ја придвижуваат државата. Цената ја плаќаат граѓаните. Скапо. Од Македонија заглавена надвор од ЕУ корист имаат силите што сакаат слаб и поделен регион, отворен за влијанието на Москва. Македонија им треба надвор од Унијата. Отстапница за Вучиќ. Место за пари од криминал и корупција. Тампон-зона кон ЕУ - тоа ѝ треба на Москва. Сигурно пристаниште за организираната криминална група ВМРО на чело со Мицкоски. Мицкоски е руски прокси играч. Неговите сателити ја имаат истата задача. Левица - руска партија: анти-НАТО, анти-Америка. Затоа сите сили се споија. Земјата да стои во место. Министер во Владата, кафеански реформатори, ЗНАМ 2.0, шемаџии — сите во служба на руските интереси и интересите на Арамијата. Македонија не е ничија тампон-зона. Не е резерва за туѓи агенди. Македонија е татковина на граѓаните што заслужуваат европска иднина. Кој ги кочи реформите, го кочи европскиот пат. Кој ја држи државата заглавена, мора да понесе одговорност. Скопје, 30.09.2026 СДСМ Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook