ХороскопДневен хороскоп за 24. март 2022 година Дневен хороскоп за четврток, 24. март 2022 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку се фокусирате на својата смиосла за хумор, ќе успеете да победите и да ги оттргнете своите љубовни грижи. Кариера Иако изгледа како еден наизглед неважен проблем да е решен , но вие сте личноста која треба да се потруди за се да биде како што треба. Здравје и совет Бидете сериозни. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашиот љубовен план би можел да ве изневери. Не е ниту паметен , ниту морален. Подобро да ги послушате пријателите. Кариера Денеска нема да бидете реални во проценките на работата. Потребно е што повеќе да се поврзете со другите и да ги следите. Здравје и совет Претерувате со консумација на слатки. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Поголем дел од денот ќе го минете во разгледување на вашите приоритети во љубовниот живот. Ќе има тука големи дилеми. Кариера Нема да бидете целосно задоволни од со финансиската состојба , а во исто време ќе бидете склони кон трошење. Здравје и совет Најдете златна средина. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе биде потребна дипломатија зџа вие и саканата личност да ги усогласите ставовите на кој начин ќе уживате. Кариера Пазете се од илузии и заблуди . Денеска нема да бидете објективни во проценките. Здравје и совет Не претерувајте со алкохолот. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас се нови предизвици , што ќе ве инспирираат за поголема активност во љубовта. Ќе најдете рамнотежа. Кариера малите финансиски издатоци ќе го направат овој ден малку нестабилен , но тоа е минливо. Здравје и совет Можна е кашлица. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои ќе бидат доста слаткоречиви и брзи во делењето комплименти. Не забаровајте да бидете убедливи. Кариера Ќе знаете да се прилагодите кон секоја нова ситуација , зашто вашиот шарм и способност за дипломатија ќе бидат на завидно ниво. Здравје и совет Останете свои. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашиот живот ќе биде уреден ; а вие ќе бидете оптворени за секој предлог на партнерот. Ќе ја користите и интуицијата во љубовта. Кариера Се наоѓате во фаза на истраѓување на малите нешта , што би можеле да придонесат кон поголем успех во работењето. Здравје и совет Доаѓате до нови решенија. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска ќе добиете можност заедно да се тргнете од вообичаените места на движење било преку излет или патување. Кариера Веројатно уште подобро ќе се поврзете со колегите , кои не се од местото каде што работите. Тоа ќе биде конструктивна соработка. Здравје и совет Проверете го автомобилот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе блескате и ќе се обидете да ја привлечете личноста што ви е симпатична. Ќе настојувбате што побргу да преминете од зборови на дела. Кариера Без оглед што можете да сметате на поддршката од колегите , вие и натаму ќе имате потреба да се докажувате. Тоа е професионализам. Здравје и совет Смирете ги страстите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се прашувате колку вреди вашата врска или односот. Очекувавте нешто повеќе , а до тоа треба уште да поработите. Кариера Минливи издатоци што не биле планирани , малку ќе ве загрижат. Сепак , набргу ќе најдете начинза тоа да го надоместите. Здравје и совет Планирајте ги работите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во попладневните часови вашата сакана личност ќе престане да ги повторува своите барања и ќе се симне на земја. Кариера Ќе бидете кооперативни , иако нема во се да се согласите со соработниците. Но , овој зрел пристап подоцна ќе донесе резултати. Здравје и совет Проверете си ја крвната слика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата љубезност и шарм ќе ви донесе уште некое познанство или дополнителни поени во веќе постоечката врска. Кариера Треба да се потпрете на конкретните резултати , што можат да се измерат. Само така ќе може да продолжите кон успесите. Здравје и совет Бидете умерени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаТурски комичар се соочува со четири години затвор за навреда на ЕрдоганТурски суд во петокот нареди притвор на комичарот Дениз Гокташ, додека се чека почетокот на неговото судење по обвинението за навреда на религиозните вредности и претседателот Реџеп Таип Ердоган.Гокташ беше приведен на главниот аеродром во Истанбул во четврток по враќањето од странство, неколку дена откако обвинителите започнаа истрага за неговиот стендап настап кој беше гледан милиони пати на интернет. Државната агенција Анадолија објави дека тој е официјално уапсен по сослушувањето пред обвинителите во петок. Контроверзната изведба беше снимена минатиот месец во Истанбул и собра околу 9,5 милиони прегледи откако беше објавена на youtube на 24 јуни. Провладиниот весник „Сабах“ објави дека десетици гледачи поднеле жалби за шегите за религијата, што доведе до истрага. За време на сослушувањето, Гокташ, 32-годишен комичар, рече дека немал намера да ги омаловажува религиозните вредности или да го навредува претседателот и дека неговиот пристап бил сатиричен. Во врска со шегата во која го опиша ердоган како „срамежлив диктатор“ кој станал некој „сигурен во својот идентитет“, тој рече дека тоа е тема за која се дискутира нашироко во Турција, објави порталот Бианет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМилошоски: Позитивната оценка од Европската комисија е потврда за успешните реформиДенес сакаме да ја потенцираме важноста на месец јули и за Македонија, но и за проценките коишто Европската комисија ги прави за сите земји кандидати.Нашите информации говорат дека проценката на Европската комисија за Македонија е позитивна заедно со Албанија и Црна Гора, додека другите земји кандидати од регионот имаат назадување споредено со Реформската агенда, односно Планот за раст утврден од Европската комисија. Оваа потврда на Европската комисија дека Македонија ги спроведува реформите од Реформската агенда е голем мотив да продолжиме и да го забрзаме овој пат. Но исто така оваа потврда е демант на спиновите коишто ги шири Венко Филипче дека Македонија не исполнува реформски цели. Оттука би сакале да апелираме до претседателот на СДС, Филипче барем овој месец јули да биде попрагматичен и да ги стави интересите на државата на прво место и да најде начин како да ги уважи и интересите на македонските граѓани во дијаспората и Реформската агенда којашто заеднички е утврдена од многу политички актери и да се усвои Изборниот законик, бидејќи Изборниот законик е дел од Реформската агенда, а она што досега го имаме договорено во работната група во Министерството за правда е резултат на еден широк прагматичен консензус каде што никој не наметнувал било какво решение, напротив, сме стигнале до заеднички јазик согласно одредени стандарди предвидени од ОБСЕ и ОДИХР. Исто така ја поздравуваме заложбата на Европската комисија, исполнувањето на реформските цели да биде поврзано и со алокацијата или распределбата на средства за одредени земји кандидати. Во тој контекст очекуваме во текот на месец јули или крајот на месец јули да имаме веќе и предлог за дел од средствата коишто припаѓаат на земји кандидати коишто заостануваат со реформските агенди, да бидат прераспределени кон земји коишто предничат во исполнувањето на реформскиот план, а тоа се Македонија, Албанија и Црна Гора. И на крајот би сакале да се заблагодариме и на делегацијата на Европската комисија во Скопје и на амбасадорот Рокас и на неговиот тим, којшто на дневна основа во соработка со сите министерства и надлежни институции, даваат добри совети и препораки како Реформската агенда заеднички да ја движиме напред и со тоа да ја задржиме оваа позиција на земја фронтранер во Западниот Балкан по однос на перцепцијата на Европската комисија. Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФон Дер Лајен: Системот за гранична контрола се соочува со технички проблемиНовиот дигитален систем за влез/излез на ЕУ се соочува со „технички проблеми“, призна претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, во петокот. „Работиме со земјите-членки за да можат да се решат техничките проблеми“, изјави Фон Дер Лајен. Системот EES е предмет на загриженост од неговото постепено воведување минатата година, но проблемите станаа поакутни како што се зголемува воздушниот сообраќај за време на врвот на летната патничка сезона во европа. Аеродромите и авиокомпаниите го обвинуваат новиот систем за гранична контрола, кој бара патниците од земјите надвор од Еу да ги регистрираат своите биометриски податоци, за долгите редици, оперативните прекини и пропуштените летови за поврзување. „Сè уште има многу работа за да се решат овие технички проблеми заедно со земјите-членки“, рече фон дер лајен.Тагови: ЕУ Урсула фон дер Лајен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook