Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ХороскопДневен хороскоп за 24. мај 2026 годинаДневен хороскоп за недела, 24. мај 2026 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Можно е дека ќе следува покана за посета од вашето семејство , каде што ќе заминете со својата сакана личност. Кариера Притисокот од претпоставените не се намалува , а вие сте веќе уморни од тоа. Издржете уште малку , подоцна ќе ги сумирате резултатите. Здравје и совет Опуштете се со она што го сакате. Рак 22.6-22.7. Љубов Домашната среќа ќе ви биде најважна. Оние во врска уживаат дома , а осамените нема премногу даас е ангажираат во зеведувањето. Кариера Веројатно сте на патување , кое ве радува. Ги завршувате работите со мал напор , а во исто време и се забавувате. Здравје и совет Бидете трпеливи и издржете. Лав 23.7-22.8. Љубов Личност со која деловно соработувате би можела дас е заинтересира за вас , но вие засега ќе бидете на дистанца. Кариера Доколку пред вас поставуваат се поголеми и потешки задачи, тогаш треба да ги оправдате со сериозен напор. Здравје и совет Ќе сонувате пријатни сништа. Девица 23.8.-23.9. Љубов Доколку сте во врска , вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува. Доколку уште сте сами, излегувајте и ќе бидете забележани. Кариера Денеска е ден во кој одлично ќе се развиваат сите работи поврзани со луѓе. Не треба многу да зборувате , работите ќе се одвиваат самите од себе. Здравје и совет Влијаете врз настаните , искористете го тоа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Плимата на емоции што ве обзема, би можела да ве збуни. На некои ќе им се остварат љубовните сништа. Кариера Би можело да се случи оној чудесен ,,клик” , по што сите работи ќе си дојдат на свое место. Искористете го. Здравје и совет Не заборавајте на шефовите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов партнерот би можел денеска да биде малку повреден од некој ваш ненадеен испад. Затоа, контролирајте се за да не го нарушите солидниот однос. Кариера Не треба да се грижите , зашто работите за вас се одвиваат добро. денеска занимавајте се со ситни финансиски анализи. Здравје и совет Не се грижете за туѓи проблеми. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно ќе има ловечки приказни за ваѓите љубовни успеси , со кои ќе се обидете да ја импресионирате другата страна. Кариера Пред вас е поволна финансиска можност за која некогаш сте сонувале.Сега е на вас паметно да ја искористите. Здравје и совет Понекогаш треба и да се одморите . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Многу ќе се трудите да бидете љубезни и фини кон партнерот. На тој начин ќе ја средите малата напнатост во вашиот однос. Кариера Други ќе ве прашаат за ваше мислење за одредена тема , но вие она што го мислите кажете го дипломатски , а не директно. Здравје и совет Обидете се да најдете компромис. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата најсакана личност денеска би можела пријатно да ве изненади. Ќе биде подготвена да попушти во нешто околу што сте се расправале. Кариера Вашата енергија ќе биде заразна за околината. На многумина ќе им биде вистински поттик , зашто сте конструктивни и посветени на работата. Здравје и совет Бидете доследни . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе чувствувате дека денот би можел да биде добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу кандидати за љубов. Кариера Ќе посакате барем мала промена на работното место. Кога веќе ја нема , самите измислете ја, па дури и да е ситница. Здравје и совет Бидете нежни. Овен 21.3-20.4. Љубов Тешко дека денеска би можеле да се ставите во положбата на другата страна.Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање. Кариера Можеби на некого ќе му подвикнете да се опамети , иако тоа би можело да се примени и на вас. Здравје и совет Поработете на својот карактер. Бик 21.4- 20.5. Љубов Еден семеен проблем ќе биде се поголем, па затоа е потребно решавање.Тоа ќе ви одземе повеќе од слободното време. Кариера Имате потреба привремено да се повлечете. Некои ќе заминат на пократок годишен одмор , а оние кои работат , само ќе ја одработуваат работата. Здравје и совет Водете здрав живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамФиат направи нов Папамобил- има црвен тепих и седиште на вртењеВо текот на протоколарните обврски при посетата на Уругвај, папата ќе вози во специјално адаптиран Фиат Титано, пикап кој до неодамна се склопувал во таа земја.Папата Лав XIV за време на неговата посета на Уругвај од 6 до 8 ноември, тој ќе користи специјално адаптиран Фиат Титано. Пикапот се претвора во папамобил со отворени страни, електрично склопливи скали и седиште кое може да се ротира и прилагодува по висина, пишува Motor1. За време на посетата, папата треба да ги посети Монтевидео, Пајсанду и Флорида. Возилото за неговиот транспорт се подготвува во објектите на Нордекс во Монтевидео, каде што специјализирани техничари и локални експерти вршат модификации според барањата на Ватикан. Бела кожа, црвен тепих и транспарентен покрив Отворените страни ќе им овозможат на собраните подобар поглед на папата. Покрај подвижното седиште, ќе бидат инсталирани уште две, а пристапот до задната платформа ќе биде олеснет со електрично склопливи скали. Седиштата и рачките ќе бидат покриени со бела кожа, додека подот ќе биде покриен со црвен тепих. За заштита од лоши временски услови е обезбеден транспарентен покрив. На предните страни од возилото ќе има знамиња на Ватикан, а на вратите грбот на Ватикан. Деталите на решетката на ладилникот, рамките на светлата за магла и делови од предниот и задниот браник исто така ќе бидат обоени во бело. Перформанси што не можат да се купат Папин Титано се разликува од серискиот модел по неговата единечна кабина. Ваквите перформанси не се достапни во ниту една јужноамериканска земја. Бразил, најголемиот пазар за овој модел, и Аргентина, каде што се произведува, нудат само верзија со двојна кабина. Интересно е и тоа што Титано воопшто не се продава во Уругвај. Нордекс го склопуваше таму до средината на 2025 година од делови увезени од Кина, но сродниот Рам Дакота се нуди на уругвајскиот пазар. Може да има дизел мотор со 200 КС Не е потврдено на која верзија е базиран идниот папамобил. Тркалата се совпаѓаат со оние на верзијата Volcano AT 4x4, која се продава во Бразил. Доколку тоа послужи како основа, Титаното на Папата ќе биде напојувано од 2,2-литарски турбодизел мотор со 200 КС и 450 Nm вртежен момент. Оваа верзија има осумстепен автоматски менувач и погон на сите четири тркала со автоматско вклучување и редуктор. Тагови: папамобил фиат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаСо „Ролс-ројс“ возел со 194 км/час на автопатот Гостивар- Тетово, гостиварецот е приведен Мобилната единица на МВР со полициски пресретнувач откри возач кој управувал „ролс-ројс“ со брзина од 194 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово.Вчера во 12:05 часот, на автопатот Гостивар – Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, со специјално полициско возило – пресретнувач, регистрирале патничко моторно возило „ролс-ројс“ со тетовски регистарски ознаки, кое се движело со брзина од 194 километри на час, на делница каде што максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. Возачот Б.М. (44) од Гостивар е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се соодветни мерки и активности, а против него ќе биде поведена соодветна постапка согласно закон. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли на територијата на целата држава, вклучително и со употреба на специјалните полициски возила – пресретнувачи, со цел навремено откривање и санкционирање на несовесните возачи, унапредување на безбедноста на патиштата и заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. Непочитувањето на ограничувањата на брзината претставува еден од главните фактори за предизвикување сообраќајни незгоди, кои неретко имаат сериозни последици по човечките животи, здравјето и имотот. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност на патиштата, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПет минути ужас во православната црква во Јордан – убиени се најмалку 7 верници (ВИДЕО)Сцени на паника во црква во регионот Карак во Јордан се снимени на видео од внатрешноста на зградата во моментот на вооружениот напад во кој загинаа седум лица, а најмалку 34 беа повредени, од кои некои сериозно.Видео снимката што е објавена во јавноста покажува толпа верници како трчаат во паника и бараат засолниште штом се слушнале првите истрели, објави Прототема. Најмалку едно лице се чини дека паѓа мртво од огненото оружје на напаѓачите, кои влегле во областа со оружје во рацете. Двајца вооружени лица (со трето лице) излегле од возило и отвориле оган за време на погреб во селото Хамуд во покраината Карак, соопштија јорданските власти. - Најмалку седум лица се убиени во пукотница во грчка православна црква во селото Хамуд, во покраината Карак. Дирекцијата за јавна безбедност соопшти во соопштение. Очевидец изјави за телевизиската мрежа Ал-Мамлака дека напаѓачите пукале пет минути пред да избегаат. Тој рече дека меѓу 150 и 200 луѓе биле присутни во и надвор од црквата во времето на пукотницата. A heinous terrorist attack against Saint George Greek Orthodox Church in Jordan has killed six people and injured many others. When an al-Qaeda commander is elevated to the presidency of a neighboring country, the consequences extend far beyond its borders. https://t.co/cxaHmFUUms — Greco-Levantines World Wide (@GrecoLevantines) October 23, 2026 Повеќето од жртвите биле на возраст меѓу 50 и 70 години. Во тек е истрага за идентификување и пронаоѓање на напаѓачите. Областа Карак, со население од околу 375.000 жители, е дом на голема христијанска заедница. Ваквите насилни напади не се вообичаени во Јордан, иако имало неколку крвави инциденти.Тагови: Јордан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook