3Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп за 24. јуни 2022 година. Дневен хороскоп за петок, 24. јуни 2022 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е прекрасен ден за дружење и проширување на хоризонтите. Ќе се збогатите со нови лица и свежи идеи. Кариера Само оние кои работат со луѓе , ќе ги исполнуваат со радост своите обврски. Другите ќе одмораат. Здравје и совет Подобрување. Лав 23.7-22.8. Љубов Оние во врска веројатно слободното време ќе го поминуваат дома занимавајќи се со уредување на просторот. Ќе работите заедно со партнерот. Кариера Малите работни обврски повторно излегоа на виделина , а за големите ќе треба дополнителни договарања и трпение. Здравје и совет Не треба да брзате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Пред вас е многу ветувачки ден , во кој ќе имате големи изгледи за секаков вид дружење , познанаства , пријателства и љубов. Кариера Не се нервирајте доколку на работното емсто не ви оди се совршено. Работите полека ќе си дојдат на свое место. Здравје и совет Имате право на уживање. Вага 24.9.-23.10 Љубов Уште малку ќе се двоумите дали треба да попуштите , а тогаш ќе сфатите дека љубовта ви е поважна од тврдоглавоста. Кариера Ќе ви се чини кајко да не познавате некои од луѓето со кои работите , па ќе се потрудите да ги придобиете. Здравје и совет Бидете упорни. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Опуштениот и пријателски пристап кон лицата од спротивниот пол , сигурно ќе ви донесе дополнителни поени. Кариера Денот е добар за неформални работи , па ќе се занимавате со таквите обврски. Хонорарно ангажираните ќе имаат доста работа. Здравје и совет Уживајте во добро друштво. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Секој ваш потег ќе биде внимателно набљудуван , ислушан , забележан. Затоа внимавајте како се однесувате, другата страна е сериозна. Кариера Доколку сте ќекале легализација на некои документи , има шанси тоа да се оствари. Некои ќе добијат службена потврда за својата работа. Здравје и совет Консумирајте течности. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе попуштат кочниците кон другата страна и ќе ви се отвори лесен пат до остварување на желбите. Некои ќе освојуваат со леснотија. Кариера Оние кои работат со муштерии , ќе функционираат одлично.Оние кои не работат, ќе им се јавуваат на пријателите. Здравје и совет Забавувајте се во пријатно друштво. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денот е добар за заеднички разговори и уживање. особено омилени теми ќе ви бидат оние поврзани со егзотика. Кариера Како да немате потреба за пауза , па ќе продолжите со поврзување со колегите кои живеат многу далеку. Здравје и совет Се чувствувате добро. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние во врска , ќе си го обогатат својот однос без премногу зборови. Така ќе добијат на интимност. Осамените нека излегуваат. Кариера Можно е дека ќе чувствувате потреба за мал одмор , па накусо ќе се повлечете и ќе работите од сенка. Здравје и совет Одморајте се кога и да можете. Овен 21.3-20.4. Љубов Во неформалните дружби ќе бидете успешни , додека во посериозните односи ќе излезете како плашливец. Кариера Вашиот труд се уште не е препознаен или очигледен. Всушност се работи за нешто многу едноставно – треба да се потрудите. Здравје и совет Не се расправајте , туку делувајте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денот е добар за неврзани разговори на кафе. Односите кои лесно ќе ги воспоставувате главно ќе бидат површни. Кариера Некој би можел да ве прогласи за бескорисен . Ваше е да размислите за сопствената ефикасност. Здравје и совет Не правете нешто за што подоцна ќе се каете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов На осамените ќе им биде жал што не мораат на работа , зашто се свесни дека таму има некој што им се допаѓа. Другите ќе уживаат. Кариера Главно ќе се занимавате со деловни идеи и размислувања без конкретни активности. Здравје и совет Одете таму каде што се чувствувате добро.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борбаНа овој ден човек чувствува потреба внимателно да ги избере зборовите, затоа што зборува за луѓе кои своите зборови ги потврдувале со непосредни дела, а најчесто и со сопствениот живот. За луѓе кои прифатиле да изгубат сè што имале, уверени дека нивните деца заслужуваат да добијат нешто поголемо, повозвишено и подобро, слободна татковина. Пред повеќе од еден век, во Солун, започна организираното револуционерно движење кое длабоко ќе ја одбележи македонската историја. Формирањето на ВМРО недвосмислено одбележа една неповторлива епоха и голгота кои се автентичен израз на македонската слободарска мисла и дејание. Но имале вера, имале храброст, имале цел. Имале убедување дека нашиот народ заслужува слобода и решеност за таа слобода да преземат лична одговорност. И кога некој од страна, а неретко и некој од сопствениот род, ќе сака да си поигра или да ја омаловажи улогата и големината на нашето револуционерно дело, да нè прикаже како вакви или такви, како мали и неважни, нека не заборава дека сè уште во нас живее пркосот на Узунов, посветеноста на Груев, мудроста на Татарчев, храброста на Питу, големината на Гоце. Тоа се луѓето од нашиот род пред чие дело и чии свети идеали се поклонуваме. Од таа нивна решеност израснаа генерации кои ја носеа македонската идеја низ прогони, затвори, востанија и војни. Татковината се создаваше низ лелеци и крици, низ постојана жртва, не низ аплаузи и подарени слободи. Денес ја имаме таа држава. И токму затоа нашата одговорност е толку голема. Да бидеме свои на своето е нашата најважна потреба, важна за нашето опстојување. Да бидеш свој на своето значи да стоиш со крената глава на земјата што ги памети твоите предци и да градиш иднина што ќе ги чува твоите деца. Тоа е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме. А оние кои се шнајдери на историјата што мислат дека со вето можат да ни ја прекројат историјата, им порачувам: нашето паметење не подлежи на нивно одобрување. Ниту еден притисок не може да го избрише Гоце Делчев од срцето на македонскиот народ. Затоа што Гоце е вткаен во нашата борба, во нашата слобода, во нашето постоење, Гоце е Македонија! Нашиот ред да изградиме држава во која човекот ќе има достоинство, младите ќе имаат надеж, а родителите ќе имаат спокој. Сакам еден ден нашите деца да можат да кажат: „Нашите родители веруваа во Македонија. Останаа исправени кога беше тешко. И ни оставија земја во која вреди да се живее.“ Тоа ќе биде нашиот најголем успех. Тоа ќе биде нашиот одговор пред историјата. Затоа, да се исправиме пред одговорноста на нашето време! Со сета сила што ја имаме, со сета љубов што ја носиме, да ја направиме оваа земја достојна за соништата на нашите деца! Ова е нашиот дом. Ова е нашето време. Ова е нашата одговорност. Свои на своето - денес и за сите што доаѓаат по нас! Нека е вечен споменот на македонските револуционери. Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ЕвропаЗемјотрес од 5,6 степени ја погоди јужна ИталијаЗемјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на Сицилија, соопшти ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 12:19 часот по локално време, на длабочина од 10 километри. #Earthquake (#terremoto) possibly felt 1 min 7 sec ago in #Italy. Felt it? Tell us via: 📱https://t.co/QMSpuj6Z2H 🌐https://t.co/AXvOM7I4Th 🖥https://t.co/wPtMW5ND1t ⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! https://t.co/BAU62EhtPM — EMSC (@LastQuake) October 23, 2026 Епицентарот бил на околу 99 километри североисточно од Палермо и 76 километри северозападно од Капо д'Орландо. Засега нема информации за штети или повредени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: ВМРО е непокор. Македонија е аманет. Слободата е завет!ВМРО е непокор. Македонија е аманет. Слободата е завет!Честит и вековит нека е 23 Октомври, денот кога со гордост се поклонуваме пред храброста на оние што својот живот ѝ го посветија на Македонија! Постојат идеали што времето не може да ги избрише. Постојат завети што генерациите ги носат како најсвета должност. Таков е идеалот за слободна, самостојна и достоинствена македонска држава. Таков е аманетот на македонските револуционери! ВМРО е темел вграден во македонската борба за државност. ВМРО е непокор и пркос, решителност да се истрае и тогаш кога цената на слободата е сопствениот живот. Во неговото историско име живее стремежот на генерации Македонци, да бидат свои на своето! Денес, нашата должност е тој аманет да го продолжиме со дела. Да ја чуваме татковината, да го негуваме македонскиот јазик, да ги браниме достоинството и слободата и да создаваме држава во која нашите деца ќе ја гледаат својата иднина. Пред жртвата на јунаците се поклонуваме. Пред одговорноста за Македонија стоиме исправено! Нека биде вечен споменот за нивната борба и нека биде неугаслив пламенот на нивните идеали! За многу години 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба! Да е вечна Република Македонија!, објави на ФБ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter