Дневен хороскоп за 24. јули 2023 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 24. јули 2023 година

Дневен хороскоп за понеделник, 24. јули 2023 година. 

Дневен хороскоп за 24. јули 2023 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Денеска малку ќе ве измачуваат стари мечти и неисполнети надежи , па затоа најдобро е да се повлечете и смирите. Не инсистирајте на ништо.

Кариера

Иако ќе работите посветено и без застој , денеска ќе ви изгледа како да работите недоволно.

Здравје и совет

Поработете на вашето трпение.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ако се чувствувате осамено , побарајте друштво на пријателите. Тие ќе бидат вистибнски мелем за вас.

Кариера

Конечно ќе ви стане јасно дека она што го работите вреди повеќе отколку што мислевте . Со тоа сознание полесно ќе работите.

Здравје и совет

Бидете искрени кон сите.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Пред вас е убав ден за дружење , било да се решите за излегување со саканата личност , било да се прошетате и се напиете кафе со познаници.

Кариера

Денеска лесно ќе излегувате на крај со обврските доколку работите со колеги , но ако сте сами на работното место , ќе ви недостига некој за да поразговарате.

Здравје и совет

Радувајте се на она што е добро.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Можно е решение на некој семеен проблем , што долго ве измачуваше. Веројатно ќе најдете заеднички јазик.

Кариера

Успешно ќе завршите една деловна фаза и ќе свртите нов лист.Ќе биде тоа чекор напред за вас.

Здравје и совет

Не се сомневајте ,туку работете.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска е ден кога во љубовните теми ќе помешате скромност со високи идеали. Резултатот ќе биде збунетост на другата страна.

Кариера

Соработниците ќе ве подржат и ќе ви изразат симпатии , но кога станува збор за стручноста , никој нема да ви прогледа низ прсти.

Здравје и совет

Се е во ред.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашиот љубовен шоу ќе продолжи со поврзување со личност од надвор. Некои ќе добијат љубовен меил или порака од странство.

Кариера

Својата стручна способност денеска ќе ја надувате до крајни граници , но никој нема да ви замери , зашто ќе бидете уверливи.

Здравје и совет

Почнете да спортувате.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе имате вистински баланс за уживање и љубов , апосебно во конкретни ситуации.Оние во врска ќе бидат многу задоволни.

Кариера

Денеска исправно ќе се поставите , зашто ќе знаете да ги испочитувате не само строгите правила, туку и човечките потреби.

Здравје и совет

Мала главоболка.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Мал чекор ве дели до помирување и поквалитетни односи , но потребно е само малку трпение.

Кариера

Веројатно ќе добиете добар договор за спонзорирање на еден проект за што се сомневавте.

Здравје и совет

Имајте малку повеќе верба.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Преодна несигурност би можела да биде поврзана со погрешно изразување или недоразбирање. Не навлегувајте во расправија.

Кариера

Вашите претпоставени денеска ќе бидат полни со елан и нови планови за развој на работата , а вие ќе имате помалку енергија. Издржете.

Здравје и совет

Одете чекор по чекор.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако имате лични проблеми , прифатете еден неврзан повик на кафе , зашто така ќе си ја олесните душата.

Кариера

Можеби ќе ви предложат да одите на кусо деловно патување за да ја согледате состојбата и да донесете нови информации од терен.

Здравје и совет

Средете го ритамот на работата и одморот.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

За некои овој ден ќе биде за паметење , а особено вториот дел.Оние кои бараат сродна душа , секако треба да излезат.

Кариера

Ќе биде одлично , координирани и со вистинско чувство за секоја задача. За вас денеска нема препреки.

Здравје и совет

Уживајте во секој момент.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе одработите уште некои работи од минатото , за да можете посмело да тргнете натаму. Нема да ви биде лесно , но ќе бидете доследни.

Кариера

Ќе ви обрнат внимание и ќе може да си го изразите своето мислење. Вашите идеи ќе бидат разгледувани , но за нив ќе нема мислење.

Здравје и совет

Премногу се грижите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стотици граѓани маршираа во Белград за поддршка на Зоран Кесиќ и емисијата „24 минути“, која беше тргната од програмата

Синоќа во Белград, стотици граѓани маршираа  во знак на поддршка за Зоран Кесиќ и авторите на „24 минути“, откако новите сопственици на телевизијата „Нова “ ја тргнаа од програмата оваа популарна сатирична емисија. 

Стотици граѓани маршираа во Белград за поддршка на Зоран Кесиќ и емисијата  „24 минути“, која беше тргната од програмата

На собирот за поддршка на Зоран Кесиќ и „Њуз.нет“ повика група новинарски здруженија и невладини организации.

Новата сезона на „24 минути со Зоран Кесиќ“ од 19 септември ќе оди на јутјуб. Менаџментот на Нова, соопшти дека таа е тргната од програмата поради тоа што била прескапа и поради неуспешниот договор помеѓу екипата на емисијата и компанијата што ја поседува „Нова “, која неодамна доби ново раководство. Кесиќ смета дека зад ваквата одлука стојат политички, а не деловни причини. „Одлуката да им останеме верни на идеалите на новинарството, не чинеше да бидеме сега на улица со вас. Сѐ повеќе нѐ има на улица. Тоа не е добро за оние кои се плашат од улица. Ова не е парастос, туку воскреснување. Нашиот нов почеток стартува на 19 септември на јутјуб. Ова е емисија која одбива да умре“, кажа Кесиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Се движиме по добра траекторија – инвестициите се склучни за економскиот развој

Инвестицискиот циклус којшто го имаме во изминатиот период треба да го зачуваме. Во 10 последователни квартали во континуитет имаме  стапка на раст од околу и над 3%, а во последниот квартал стапка на раст од 4,3%. 

Димитриеска-Кочоска: Се движиме по добра траекторија – инвестициите се склучни за економскиот развој

Тоа покажува дека се движиме по една добра траекторија. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на панел дискусија посветена на тема „Од притисокот во еврозоната до фискална отпорност: Буџетски приоритети, реалности во приватниот сектор и регионални лекции“ на Регионалната конференција „Охрид 2026“, каде што потенцира дека поддршката на инвестицискиот циклус оди заедно со спроведување на една постепена фискална консолидација којашто треба да биде приоритет.

„Прашањето е дали треба да се стремите кон тоа да имате буџетски дефицит колку што сте предвиделе. Дали е можеби потребно и мало изместување во однос на тоа што сте го испроектирале во насока на тоа да дадете поддршка на оној инвестициски циклус кој трае во еден подолг временски период. И тоа беше еден од најголемите ппредизвици што го имавме како Министерство за финансии при подготовка на последниот ребаланс на Буџетот. Нашата одлука секако беше дека ќе избалансираме. Од една страна дефинитивно ќе помстиме дел од буџетскиот дефицит во нагорна линија, при тоа имајќи предвид дека најголем дел од тој дефицит ќе оди кон финансирање проекти, кои ќе додадат дополнителна вредност за економијата, но во исто време внимателно ќе работиме и на приходната страна, затоа што не е фискалната консолидација само фокус на расходната“, истакна министерката.

Таа потсети дека Македонија е една од земјите која имаше оромен буџетски дефицит во 2020 година, меѓутоа во 2021 не успеа да го консолидира дефицитот и за сметка на тоа фискалната консолидација се одвива побавно. Исто така влијание на спроведување на овој процес има и исплатата на расходи кои произлегуваат од стекнати законски права, а кои во минатото ги немало во Буџетот.

„Приоритет мора да има фискалната консолидација, затоа што тоа на крајот ќе има влијание и на кредитниот рејтинг, ќе има влијание во иднина и на каматните стапки. Што значи тоа треба да биде приоритет, но не по секоја цена за колкав временски период ќе го оствариме. Не треба да брзаме во остварување на фискалната консолидација - буџетски дефицит под 3% и јавен долг под 60%, а на штета на тоа да направиме пореметување кај инвестициите“, потенцира министерката за финансии.

Таа додаде дека инвестициите се клучни за растот и дека доколку се погледнат податоците за растот на БДП во вториот квартал тие покажуваат дека инвестициите се главен двигател на растот. При тоа наведе дека се уште има простор за подобрување, но дека се значајни ако се има предвид од каде се почн во првиот квартал од 2024 година кога стапката на раст изнесуваше 1,6%.

Посочи дека растот државата сама не го остварува и дека тука се многу значајни и инвестициите на приватниот сектор. При тоа наведе дека покрај поддршката што се дава преку Развојната банка и преку Законот за финансиска поддршка, секако важна е и предвидливоста.

„Имаме еден инвестициски циклус кој треба да го чуваме и да помагаме колку што можеме и како држава. Дали е доволни? Не, се уште има одредени структурни проблеми во економијата и тука треба можеби одредени промени. Преку Развојата банка помагаме на приватниот сектор, кај Законот за финансиска поддршка можеби ќе се менуваат одредени работи во насока на тоа да се поддржат одредени компании од одредени сектори кои сметаме дека треба да се зајакнуваат затоа што не може да зависиме и БДП да ни зависи од оние странски инвеститори кои прд 15 години дојдоа тука, а факт е дека тие се најголем мотор на создавање на БДП. Сме на добра патека но треба се уште да се работи. Има простор и верувам дека во периодот што следи ќе успееме да ги подобриме и овие резултати“, порача министерката.

Според неа значаен инструмент во трансформација на економијата има и Планот за раст чие што исполнување значи една поголема трансформација од она што е администрација, легислатива, подобрување на целокупното законодавство и однесување на државата и приближување до европското.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карпош продолжува со контроли на квалитетот на амбиенталниот воздух

Општина Карпош продолжува со активностите за следење и оценување на квалитетот на амбиенталниот воздух на својата територија, во насока на навремено идентификување на потенцијалните извори на загадување и заштита на животната средина.

Карпош продолжува со контроли на квалитетот на амбиенталниот воздух

Во рамки на активностите, стручни лица од лиценцирана фирма којашто ја ангажираше Општина Карпош, извршија мерења на квалитетот на воздухот на неколку локации низ општината. Мерењата се реализираа во присуство на овластен инспектор за животна средина од Општина Карпош.

По добивањето на официјалниот извештај и анализата на резултатите од извршените мерења, доколку бидат констатирани неправилности, надлежните ќе преземат соодветни мерки и активности, согласно законските овластувања. Општина Карпош потенцира, дека контролата и следењето на состојбата со амбиенталниот воздух претставуваат важен дел од заложбите за создавање почиста и поздрава животна средина.

Локалната самоуправа упатува апел до сите правни и физички лица, доследно да ги почитуваат мерките и законските обврски за заштита од загадување, со заедничка одговорност кон животната средина. Единствено со таков пристап би сé подобрил квалитетот на воздухот, кој има директно влијание врз здравјето на граѓаните.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер