ХороскопДневен хороскоп за 24. јули 2020 годинаДневен хороскоп за петок, 24. јули 2020 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Иако вербално нема да знаете да ги искажете сопствените чувства , партнерот ќе ве разбере. Ќе чита меѓу редови. Уште еден убав ден. Кариера Нервозата што ви се јавува когга ќе помислите на работата и соработниците , потекнува од вашето минато. Сега нема причина за нервоза. Здравје и совет Верувајте во себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Дека љубовта е во малите работи и секаде околу вас , ќе се уверите денеска. Не е потребна никаква сензација. Кариера На работа ќе се чувствувате како да скитате низ магливо утро. Држете се за сигурна потпора , а тоа се колегите околу вас. Здравје и совет Кашлица или вироза. Вага 24.9.-23.10 Љубов Некои ќе се впуштат во флерт на работното место. Ќе им биде забавно , но не и сосема јасно што всушност работат и очекуваат. Кариера Вашите надредени денеска ќе ве збунуваат , зашто ќе се покаже дека не знаат што сакаат. Држете се до проверените методи. Здравје и совет Постојано нешто очекувате. Опуштете се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот. Кариера Изгледа како сега се да ви е целосно јасно. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе бидете расположени за ги минувате заедничките моменти со партнерот во топлината на домот. Само малкумина ќер излезат , но набргу ќе се вратат дома. Кариера На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите. Здравје и совет Бидете поодговорни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе чувствувате како овој ден е добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу лица од спротивнуиот пол. Кариера Ќе се трудите да воведете новини или млади лица во работата . Во целиот тој процес ќе се покаже дека сте духовити. Здравје и совет Бидете она што сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се досетите како да ја надминете дистанцата во односот со саканата личност . Најверојатно ќе се нафрлите заедно на некоја работа. Кариера Денеска ќе бидете ангажирани со деловна кореспонденција , во која ќе бидете духовити и многу љубезни. Здравје и совет Искажете го она што другите ги интересира. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денот е идеален за опуштена дружба со кафе. Одете и подружете се со пријатни луѓе или со саканата личност. Кариера Деловно патување или мала посета би можекла да резултира со оригинален план. Не се сомневајте во сопствените идеи , одлични се. Здравје и совет Изразете се. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате убави идеи и позитивен став , со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот. Кариера Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажњете што знаете. Немојте да бидете пасивни. Здравје и совет Нема другите ништо да одработат наместо вас. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање. Кариера Секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете. Здравје и совет Поработете на својот карактер. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Најдобро ќе биде доколку денеска се смирите и се повлечете на осамено место , подалеку од љубовните акции. Кариера Вашите деловни предлози можеби нема да наидат на одобрување, но тоа не значи дека не можете да ги зачувате и да ги понудите во вистинско време. Здравје и совет Бидете нежни. Рак 22.6-22.7. Љубов Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво. Кариера Веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози. Здравје и совет Покажете се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Магазин Дали вашето дете користи привремени „тетоважи“? Резултатите од тестот би можеле да ве загрижатПривремените тетоважи со еднорози, змејови и други детски фаворити се вистински летен хит, но новите лабораториски тестирања покажуваат дека сепак не се безопасни. Привремените тетоважи со еднорози, змејови и други детски фаворити се вистински летен хит, но новите лабораториски тестирања покажуваат дека сепак не се безопасни. Анализата на Трудовата комора на Горна Австрија (AK OÖ) и Гринпис откри голем број контроверзни супстанции во популарните детски тетоважи. Загрижувачки резултати Од 15 анализирани производи, дури 13 не ги исполнувале критериумите. Независна лабораторија открила вкупно 31 сомнителна хемикалија, а дури 12 различни штетни супстанции биле пронајдени во една тетоважа. Во Трудовата комора зборуваат за вистински „хемиски коктел“. Експертите пронајдоа растворувачи забранети во Европската унија, омекнувачи и полициклични ароматични јаглеводороди (PAH). Овие супстанции се поврзани со ризици по репродуктивното здравје, а некои се сметаат за потенцијално канцерогени. Тешки метали како олово и никел биле откриени во речиси сите примероци, објавува Heute. Пронајдени се и „трајни хемикалии“ Анализата откри уште една причина за загриженост. Таканаречените „трајни хемикалии“ (PFAS) биле пронајдени во четири тетоважи, а во некои и PTFE, попознат како тефлон. Иако измерените концентрации биле во рамките на дозволените граници, според експертите, тие би ги надминале ограничувањата предвидени со планираната забрана на „трајни хемикалии“ на ниво на Европската Унија. Производи без список на состојки Критики беа упатени и до Амазон. Во случајот со три тестирани производи купени преку таа платформа, законскиот пропишан список на состојки воопшто го нема. Ова значи дека клиентите не можат да знаат какви хемикалии ставаат на кожата на своите деца. Тие бараат построги правила Трудовата комора предупредува дека резултатите од тестовите откриваат сериозни недостатоци во постојните прописи за хемикалии. Сегашните правила главно ја проценуваат безбедноста на поединечни супстанции, но не го земаат предвид нивниот комбиниран ефект кога се во истиот производ. Затоа од Трудовата комора на Горна Австрија и Гринпис бараат построги прописи што би ги опфатиле само таквите хемиски мешавини, како и целосна забрана на „трајните хемикалии“ (PFAS).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаРодители си го оставиле своето новороденче, па на полицијата ѝ рекле дека го нашле покрај пат- сега донесоа чудна одлукаДвајца многу млади родители од областа Неапол, кои се обиделе да го сокријат фактот дека штотуку добиле бебе и се преправале дека го пронашле, наводно одлучиле да го признаат својот син, кој е роден ноќта помеѓу петокот и саботата.Стравот од неуспех, неискуството и можеби целосниот недостаток на семејна поддршка се сите можни причини зошто младите родители првично одлучиле да не го признаат своето новороденче. Сепак, по само неколку часа и огромно медиумско негодување, се случил драматичен пресврт на настаните, објави Република. Деветнаесетгодишник од Пасторано, во областа Казерта, кој заедно со своето семејство се обидел да се преправа дека го пронашле новороденчето во Пињаторо Маџоре ноќта помеѓу петокот и саботата, наводно одлучил да го признае детето. Во исто време, мајката на бебето (16), која семејството ја поддржувало од самиот почеток, наводно донела иста одлука. Превртот на настаните дошол по еден ден поминат во доверливи разговори во болницата, додека телефоните на младите родители биле исклучени, подалеку од јавноста и негодувањето предизвикано од случајот. Конечната одлука сега ќе треба да ја донесат Јавното обвинителство во Санта Марија Капуа Ветере и Судот за малолетници во Неапол. Тие ќе ги проценат понатамошните правни чекори, како и можните мерки во врска со старателството и згрижувањето. Одлуката ќе ги земе предвид и извештаите од општинските социјални служби на Пињатаро Маџоре, кои беа активирани веднаш откако беше пријавено дека бебето е пронајдено. Двете семејства изјавија за време на интервјуата со истражителите дека не биле свесни за бременоста, но сега, според достапните информации, се подготвени да сторат сè што е потребно за да се осигурат дека детето ќе порасне со соодветна грижа и поддршка. Таткоto пријавил дека пронашол бебе покрај патот Сепак, правниот статус на таткото на детето останува отворен. 19-годишникот е осомничен за лажно претставување и симулирање на кривично дело. Тој се јавил на 911 и се претставил како минувач кој наводно го пронашол новороденчето покрај патот, на периферијата на Пињатаро Маџоре. Кога карабинерите пристигнале на местото на настанот, младиот човек им дал лажно име и немал документи со себе. Сепак, истражителите набрзо открија дека приказната не е онаква каква што беше претставена. Всушност, 19-годишникот бил татко на новороденчето и неколку часа претходно ѝ помогнал на својата девојка, која била девет месеци бремена, за време на породувањето дома. Младиот пар ја пресекол папочната врвца, го искапал и облекол бебето, а потоа решил да не го задржи. Истражителите моментално веруваат дека во овој случај немало суровост кон детето, туку дека станува збор за дезориентација и страв од двајца многу млади луѓе кои не се чувствувале подготвени за родителство. Малиот Матија на крајот бил префрлен во болница. Неговото здравје се подобрува. Бебето, тешко околу два и пол килограми, било примено на одделот за неонатална интензивна нега во болницата Кардарели во Неапол, откако претходно му била укажана прва помош во болницата Сантобоно. Кога пристигнала во здравствената установа, бебето имало блага хипотермија, но нејзината состојба сега се подобрува. Во меѓувреме, заедницата на Пињаторо Маџоре се обединила околу случајот. По почетниот шок, меѓу граѓаните започна спонтан бран на солидарност и донации. Граѓаните почнаа да донираат облека, креветчиња и други основни потреби потребни за новороденчето. Локалниот парохиски свештеник е исто така подготвен да помогне. Истата мрежа на солидарност, според локални извори, наскоро би можела да се прошири и до Пасторано, родниот град на деветнаесетгодишниот татко. Таму, неговото семејство наводно се подготвува да го пречека својот внук штом неговата здравствена состојба и законските процедури дозволат.Тагови: новороденче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаШведска купува четири воени бродови од Франција за 3,5 милијарди евра Шведска потпиша договор со француската компанија „Навал груп“ за купување четири нови фрегати. Договорот беше склучен во Стокхолм на церемонија на која присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон и шведскиот премиер Улф Кристерсон, пишува Ројтерс. Набавка вредна четири милијарди долари Шведска ја објави својата намера да нарача бродови од францускиот производител уште во мај. Вредноста на договорот изнесува 3,5 милијарди евра, а инвестицијата ќе ги тројно зголеми капацитетите за воздушна одбрана на земјата со оглед на безбедносната ситуација во Балтичкото Море. Како најнова членка на НАТО, Шведска брзо ја зајакнува својата војска по руската инвазија на Украина. Првата од четирите нови фрегати треба да биде испорачана во 2030 година, а тие ќе бидат и најголемите бродови во шведската морнарица. Зајакнување на европската соработка Договорот доаѓа во време кога Франција и Шведска ја продлабочуваат својата одбранбена соработка. Двете земји се залагаат за поголема воена независност на Европа. Таквиот пристап е делумно мотивиран од сомнежите за посветеноста на американскиот претседател Доналд Трамп кон европската безбедност, поради што владите низ целиот континент ја преиспитуваат својата зависност од американското оружје и безбедносните гаранции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook