Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите
1Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите
ХороскопДневен хороскоп за 24. февруари 2025 годинаДневен хороскоп за понеделник, 24. февруари 2025 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е уште еден ден во кој ќе бидете склони кон зголемена чувствителност и се поголеми барања од партнерот. Кариера Не грижете се за малото затишје на работата. Тоа добро ќе ви дојде за малку да се реорганизирате. Здравје и совет Повеќе сон и одмор. Овен 21.3-20.4. Љубов Се што не ви се допаѓа во вашиот љубовен живот ќе се обидете да го турнете под тепих или едноставно да го скриете од другите. Тоа не е добро. Кариера Недостаток на интерес за работата е резултат на вашиот недостаток на енергија. Пробајте подобро да се организирате , па ќе ви се врати желбата за работа. Здравје и совет Треба уредно да живеете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако денеска се впуштите во њротска авантура , треба да знаете дека сигурно ќе промашите. Затоа задржете ја потребната дистанца. Кариера не се обидувајте со сила да докажувате дека сте во право. Подобро прифатете ги советите на другите , кои се посериозни од вас. Здравје и совет Поважни се зборовите отколку делата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Трошокот поради вашата организација на заенички ручек или вечера малку ќе ве загрижи. Кариера Се повеќе работи одат во ваша корист и ви го прават работниот ден попријатен. Но , вие и натаму работите со сите сили. Здравје и совет Можете малку да здивнете. Рак 22.6-22.7. Љубов Препознавате нови љубовни шанси , а во тоа ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете. Кариера Можеби ќе ви се чини дека другите не ве поддржуваат , но тоа не е точно. Тие само се внимателни и ви покажуваат каде се грешките. Здравје и совет Немојте да се грижите. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе бидете во фаза на повлекување и најдобро ќе се чувствувате во некое скришно катче самите со себе. Тоа е само преодно расположение. Кариера Обидете се сите поважни работи да ги привршувате , зашто наскоро за нив ќе ви треба двојно поголема енергија од вообичаеното. Здравје и совет Наполнете си ги батериите. Девица 23.8.-23.9. Љубов На дневен ред ќе испливаат некои работи од минатото од вашето семејстов , што ќе мора денеска да ги решите. Кариера Подготвени сте привремено да се повлечете , зашто насетувате дека така би ви одговарало.На некој начин сте во право. Здравје и совет Се повеќе работи ве заморуваат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни шанси , а со своето однесување вие ќе ги поттикнувате. Кариера Понекогаш ви се чини дека пред вас се задачи што не сте ги очекувале, но тие ќе ве надополнат и збогатат. Здравје и совет Прифатете се што доаѓа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е уште еден успешен љубовен ден.Секој вид контакт добро е поставен , па обидете се да бидете меѓу тие луѓе. Кариера Вашата драматичност на многумина им е здодевна. Сега ви преостанува нов стил , што значи да работите тивко и професионално. Здравје и совет Јадете помалку , движете се повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Отворени сте за луѓе и нови познанства , релативно лесно ги среќавате , но емотивното исполнување е многу тешко. Кариера Калкулациите околу млади луѓе или креативност на работата ќе потраат и денеска. Ќе насотјувате да ви биде интересно. Здравје и совет И натаму сте во добра состојба. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Можен е разговор за една сериозна тема со блиска личност. Ќе знаете да дадете совет или да пружите поддршка. Кариера На работното место се повеќе покажувате наклоност кон забави , а се помалку кон сериозна работа. Се наоѓате во свој свет и како да не ве интересира ништо друго. Здравје и совет Сконцентрирајте се на целта. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мали нервози малку ќе ви ја разнишаат самодовербата, но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде во ред. Кариера Денеска заработените пари ќе ви изгледаат како да се малку , но разберете и дека тие не се цел сама за себе. Поважно е да работите нешто што го сакате. Здравје и совет Се засилува вашиот интерес за козметика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудитеОфицијална Софија никогаш нема да дозволи регистрација на македонското здржение “ОМО Илинден Пирин“ во Бугарија, смета копретседателот на ова здржение Стојко Стојков. Коментирајки ја изјавата на новоизбраната бугарска претседателката Илијана Јотова дека очекува завршување на надзорот на спроведувањето на пресудите од Стразбур на следната седницата на Светот на Европа, Стојков вели дека неговите очекувања се оти Бугарија ќе бара затворање на пресудите без нивно имплементирање. Позицијата на Бугарија кон Македонија според Стојов е геноцидна и смета дека целта на официјална Софија е да ги снема македонскиот идентитет и Македонците да престанат да постојат како нација. Порача дека со отстапки, компромиси и виткање кичма нема да може да се реши спорот со Бугарија, туку дека е потребна достоинствена политика. Стојко Стојков кој беше избран за надворешен член на МАНУ во ноември лани, денеска одржа и официјално пристапно предавање на тема „Идентитетот во средниот век: Македонија во балканскиот и империјалниот контекст“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВелковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банкаМинистерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица.Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица, а приоритет освен пензионерите ќе имаат и лицата кои примаат социјална помош преку Алта банка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаХакери повторно напаѓаат фрижидери – овојпат во ГрцијаМесарница во атинската населба Кифисија била цел на сајбер-напад, при што напаѓачите далечински ја презеле контролата врз системот за ладење.Според извештаите на грчките медиуми, тие ја поставиле температурата во фрижидерите на 150 степени Целзиусови. Сопственикот на месарницата, Јоргос Бумпас, изјави дека вработените го забележале проблемот рано наутро, при доаѓањето на работа. Првично, тие се посомневале во дефект на опремата и повикале сервисер. Сепак, по извршената проверка, сервисерот утврдил дека всушност станува збор за сајбер-напад. Сопственикот подоцна појасни дека фрижидерите всушност не достигнале 150 степени. Таа вредност била само поставена во системот, додека реалната температура се искачила на околу 17 степени, пренесува грчкиот информативен портал „Зугла“. 📌 Υπόθεση κυβερνοεπίθεσης σε επαγγελματικά ψυγεία κρεοπωλείου στην Κηφισιά έρχεται να αναδείξει ένα φαινόμενο που προκαλεί έντονη ανησυχία τις τελευταίες εβδομάδες σε ολόκληρη την Ευρώπη, φέρνοντας για πρώτη φορά ανάλογο περιστατικό στο προσκήνιο στην Ελλάδα. 💻 Άγνωστοι απέκτησαν απομακρυσμένη πρόσβαση στο ψηφιακό σύστημα των επαγγελματικών ψυγείων και επιχείρησαν να ανεβάσουν τη θερμοκρασία στους 150°C. Οι δράστες «κλείδωσαν» το σύστημα, εμποδίζοντας τους υπαλλήλους να παρέμβουν χειροκίνητα. 🎥 @skaitv.gr #parapolitikagr #kifisia #cyberattack #hacker — Parapolitika (@parapolitika) November 3, 2026 Преземена контрола врз системот „Тие ги поставија фрижидерите на 150 степени Целзиусови. Не можевме да интервенираме рачно бидејќи немавме пристап до системот“, рече Бумпас. Тој додаде дека на сервисерот му биле потребни околу два часа за повторно да воспостави контрола. Според сопственикот, сервисерот го информирал дека слични инциденти биле забележани и кај два други деловни објекти во околината. Бумпас напомена дека погодените објекти – вклучително и неговата месарница – ја користеле истата надворешна компанија за одржување и безбедност на нивните системи за ладење. Тој посочи дека постарите уреди за ладење, кои користат конвенционални мотори, не биле погодени од нападот. Цел биле исклучиво поновите модели опремени со можност за поврзување на безжична мрежа. По инцидентот, месарницата ја исклучила својата Wi-Fi врска, а сервисерот добил задача да пронајде трајно решение за обезбедување на системот. Слични напади веќе погодија продавници ширум Европа Ова не е прв ваков случај. Во октомври, хакери презедоа контрола врз системите за ладење во стотици француски супермаркети, што доведе до расипување на големи количини храна. На почетокот на ноември, слични инциденти беа пријавени во Белгија, Луксембург, Шведска, Ирска, Холандија, Естонија и Финска. Во некои продавници, температурата била поставена дури на 50 степени. Современите системи за ладење често се поврзани со интернет, што овозможува нивно одржување и управување од далечина. Доколку хакерите ги искористат безбедносните пропусти, тие можат да ги променат поставките на уредите или да активираат функција за принудно одмрзнување, поради што уредите за ладење престануваат соодветно да ладат. Во Франција беа откриени пропусти во софтверот што се користи за управување со опремата за ладење, при што некои од погодените уреди користеле застарени верзии на програмата. Сè уште не е познато дали нападот врз месарницата во Атина е поврзан со претходните инциденти. Извор: Индекс.хрТагови: фрижидери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter