ХороскопДневен хороскоп за 24. февруари 2024 година Дневен хороскоп за сабота, 24. февруари 2024 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Љубовните незадоволства денеска успешно ќе ги компензирате преку други подрачја во животот. Кариера Пред вас е еден стимулативен ден за секаква работа. Што и да направите , ќе се развива над вашите очекувања. Здравје и совет Телесно сте одлично , емотивно сте празни. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се обидете да внесете повеќе работи во вашата врска. Тоа делумно ќе го подобри вашиот однос , но треба уште да поработите на него. Кариера Ќе ги разгледате новите финансиски опции за вложувања. Одлуката за тоа сеуште нема да биде кристално јасна. Здравје и совет Внимавајте на главата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе успеете да се договорите за повеќето работи , благодарејќи на разбраниот пристап од двете страни. Кариера Ви се отвораат нови патишта и можности за соработка со деловни партнери од странство. Анализирајте ги можностите. Здравје и совет Поместете ги своите граници. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска секако излезете зашто е можна средба за паметење, а некои би можеле и да се заљубат. Кариера Ќе ве интересира се што е креативно и што во себе вклучува создавање. Другиот дел од работата ќе ја одработите рутински. Здравје и совет Концентрирајте се на позитивните работи. Рак 22.6-22.7. Љубов Денешните љубовни фрустрации ќе ги надминете доколку се посветите на работата или на своите хобија. Некои ќе сакаат да останат осамени. Кариера Од вас многу се очекува и тоа со право. Можете да се впуштите во поголеми планови и проекти без страв дека тоа е ризично. Добро ви оди. Здравје и совет Меланхолија. Лав 23.7-22.8. Љубов Семејството од кое потекнувате веројатно од вас ќе побара дополнителен ангажман , па саканата личниост ќе остане во втор план. Кариера Доколку се прашувате зошто манипулаторите ви работат зад грб, ќе ја потрошите целата вишок енергија. Знаете кои се тие и затоа игнорирајте ги. Здравје и совет Напредувате во секој поглед. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сигурноста и убеденоста во своите идеи ќе биде вашата главна идеја што ќе ве води во љубовните освојувања. Кариера Работата денеска ќе ја одрабиотувате со леснотија , а по одреден број часови на работното место , со голема радост ќе побрзате на некоја забава. Здравје и совет Подобрување. Вага 24.9.-23.10 Љубов И денеска е одличен ден за дружење и за зближувања. Одвојте дел од слободното време и излезете меѓу луѓе. Кариера Ништо нема да ви биде тешко кога станува збор за работата. Нема да се двоумите , ако треба да го подметнете грбот. Здравје и совет Посилни сте од ден во ден. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов За оние кои бараат сродна душа, постои голема веројатност овие денови да ја препознаат на работното место. Кариера На работното место ќе ви биде пријатно и ќе работите со уживање. Вашата кариера добро се развива. Здравје и совет Се интересирате за козметика. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе изгледа како една личност да консумирате за доручек , а друга за вечера. Решете се веќе еднаш. Кариера Луѓето не се кукли за ваше поигрување. Колегите би можеле да ви замерат дека кон нив се однесувате како со кукли. Здравје и совет Не манипулирајте со другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повеќето ќе имаат потреба да влезат во домот и таму цалосно да се опуштат. Ако сте во врска, добро е , а доколку не сте , повикајте некого. Кариера Веројатно е дека ќе преуредувате дома , а ќе се прозевате додека сте на работното место. Здравје и совет Проанализирајте се себеси. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Многуте средби ќе изнудат насмевка на вашето лице. Луѓето ве сакаат , а вие самите со задоволство ќе излезете. Кариера Во фаза сте кога ви е најдобро ништо да не работите . Сепак , што се мора ,с е мора, па така постапете. Здравје и совет Бидете зрели и воздржани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАеродром домаќин на 100 часовниот хуманитарен фестивал „No Finish Line Skopje“Општина Аеродром од денеска е домаќин на 100 часовниот фестивал на трчање и одење „No Finish Line Skopje“, што ги обединува спортот, дружењето и хуманоста.На стартот пред СЦ „Јане Сандански“ се собраа голем број деца, родители, љубители на спортот и граѓани кои со своето учество придонесуваат за една важна хуманитарна цел. „No Finish Line Skopje“ не е трка за медал, туку настан во кој секој изминат километар претставува чекор кон помош за Детската болница „Козле“. Учесниците можат да трчаат или да пешачат, а секој нивен чекор има хуманитарно значење. Општина Аеродром продолжува да го поддржува спортот и настаните што ги поврзуваат граѓаните и создаваат позитивна енергија во заедницата. Во следните 100 часа, Аеродром ќе биде место за спорт, дружење и хуманост со заедничка цел - секој чекор да значи помош и надеж за оние на кои им е најпотребна. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаМицкоски: Инвестиција на „Алказар“, Македонија отвора ново енергетско поглавјеОбраќање на премиерот Мицкоски на посетата на компанијата „Алказар Енерџи“ во Општина Штип.„Добар ден и од мене. Уште еднаш, во мое име и во името на Владата, би сакал да му се заблагодарам најпрвин на инвеститорот што ја препозна Македонија како своја дестинација за водење бизнис, би рекол успешен бизнис, и да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на сите заемодаватели коишто го поддржаа овој проект, за од идеја полека но сигурно да стане реалност и денеска да можеме да зборуваме за нова инфраструктура, за нови енергетски производни капацитети од обновлива енергија, за турбини коишто ќе произведуваат електрична енергија којашто ќе придонесува позитивно во македонската економија. Би сакал неколку реченици да кажам за инвеститорот, односно за првиот човек на „Алказар Енерџи Партнерс“, г. Даниел Калдерон. Кога се запознавме и кога целата оваа идеја беше на хартија, односно кога сето ова започна со реализација, ние бевме штотуку избрани како нова влада. Малкумина веруваа дека денес овде ќе можеме да ја видиме целата оваа градежна механизација и сето она коешто се гради на потегот на трите општини — Радовиш, Штип и Карбинци. Но ние верувавме. Верувавме во идејата, верувавме во амбицијата, и таа амбиција и таа идеја денеска полека но сигурно станува реалност. Денеска гледаме десетици градежни машини, би рекол стотици градежни машини, гледаме почеток на инсталирањето на производните капацитети, на ветерниците, гледаме институции коишто партнерски работеа и докажаа дека кога партнерски се работи, позитивниот резултат е неизбежен. Отпочнуваме инвестиција којашто на крајот, кога ќе биде целосно реализирана, ќе вреди околу половина милијарда долари. Но она коешто мене дополнително ме охрабрува е фактот што од инвеститорот слушнав дека тука ниту почнуваат, ниту завршуваат нивните планови за инвестирање во Македонија. Напротив, тие имаат и други планови, за што ќе ја имаат поддршката од Владата, а справувањето со целокупниот институционален ризик којшто е неопходен за овие проекти да станат реалност ќе биде обврска на Владата. Затоа ја користам оваа прилика да испратам силна порака и до инвеститорот, но и до заемодавателите, дека ние како Влада имаме врвен приоритет да поддржуваме ваков тип „гринфилд“ инвестиции, посебно инвестиции во коишто самиот инвеститор сето она коешто ќе го произведе ќе го продава на слободниот пазар и ќе придонесува позитивно во македонскиот БДП и македонската економија. Би сакал уште неколку факти за инвестицијата. Станува збор за неколку стотици работни места, станува збор за нова патна инфраструктура во овој дел од општините низ коишто ќе поминува овој ветерен парк, станува збор за 1 терават час електрична енергија од обновливи извори, тоа е отприлика еден милион мегават-часови, нешто коешто досега е незабележано во нашата историја и нешто коешто, кога сè ова ќе биде реалност, на крајот од годината ќе претставува нето енергетски независна Македонија. Исто така, сосема на крај, би сакал да споменам кои се идните можности и потенцијали коишто ние ги нудиме, бидејќи втората причина, како што спомена г. Калдерон, се природните ресурси со коишто располагаме, посебно ветерот. За таа цел ќе споменам две работи, два факти коишто се многу значајни. Првата е изјавата на претседателката на Европската комисија, г-ѓа Фон дер Лајен, дадена на бизнис-форумот во 2025 година, којашто вели дека Балканот може да биде хаб преку којшто Европа ќе се снабдува со обновлива енергија. Имајќи го предвид развојот на вештачката интелигенција, којшто е неповратен процес, проценките се дека во следните отприлика 14–15 години дополнителната потреба од енергија што Европа ќе ја има е отприлика 1.000 терават-часови електрична енергија. Имајќи го тоа предвид, потенцијалот којшто може да го имаме ние како држава да го инвестираме во производни капацитети, а потоа да го произведеме како електрична енергија, е еднаков на 24 терават часови. Тоа можеби само како бројка не значи ништо, но кога сето тоа би се помножило со цената на електричната енергија, би зборувале за бизнис од отприлика 2 милијарди евра годишно, којшто треба да го зголеми македонскиот БДП и да придонесува позитивно во македонската економија. Имајќи го сето ова предвид, имајќи ги предвид целите на Владата и стратешката ориентација да бидеме раскрсница во овој дел од Европа и регионот, не само од аспект на патната и железничката, туку имајќи ја предвид и енергетската инфраструктура, ние како Влада недвосмислено на врвот на нашите приоритети ја ставаме поддршката на ваков тип гринфилд инвестиции. Како досега, така и во иднина ќе продолжиме заедно со институциите партнерски да работиме со инвеститорите, за сето она коешто претставува реална идеја да го ставиме во функција. Им благодарам на сите коишто беа вклучени во реализацијата на овој проект, да не ги споменувам поименично, затоа што може да се случи да испуштам некое име и со тоа да направам несмасна грешка. Затоа сакам да им се заблагодарам што беа вклучени во реализацијата на овој проект, а на инвеститорот да му посакам уште многу вака успешни проекти овде кај нас, во нашата татковина. Благодарам и нека ни е аирлија!“ Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонците во Австралија го одбележаа Денот на независностаСвештеници, претставници на црковните општини и членови на македонската заедница присуствуваа на свечениот прием во Амбасадата во КанбераМакедонците во Австралија достоинствено и свечено го одбележаа 8 Септември – Денот на независноста на Македонија. Централното одбележување се одржа во Амбасадата на Македонија во Канбера, каде што се собраа претставници на македонската заедница од повеќе делови на Австралија. На свечениот прием присуствуваа свештеници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, претставници на македонските православни црковни општини, претставници на Австралиско-сиднејската епархија, како и членови на македонски здруженија, организации и други истакнати претставници на македонската заедница во Австралија. Настанот претставуваше можност за заедничко чествување на еден од најзначајните датуми во поновата македонска историја, но и за потврдување на силната поврзаност на иселениците со својата татковина. Присуството на претставници од различни македонски организации и црковни општини уште еднаш покажа дека верата, јазикот, културата и националното паметење остануваат цврста основа врз која се гради единството на Македонците во Австралија. Особено значење на свеченоста ѝ даде претставувањето на новоименуваниот македонски амбасадор во Австралија, Неговата Екселенција г. Стојанче Китаноски. За него ова беше прво одбележување на Денот на независноста во Австралија во својство на амбасадор. Во своето обраќање, амбасадорот Китаноски изрази благодарност за топлото добредојде и ја нагласи значајната улога на македонската заедница во Австралија. Тој посочи дека, иако далеку од татковината, Македонците остануваат обединети преку заедничката љубов кон Македонија. Македонските иселеници, со својата работа, посветеност и општествен придонес, секојдневно се нејзини достоинствени претставници во Австралија. Присутните му посакаа добредојде на амбасадорот Китаноски и успешно и плодотворно извршување на неговата дипломатска мисија, со надеж дека во претстојниот период ќе се продлабочат односите и соработката меѓу Амбасадата и македонската заедница. Свештенството и претставниците на македонските православни црковни општини го истакнаа значењето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во духовното, националното и културното обединување на Македонците на австралискиот континент. Македонските храмови во Австралија, покрај својата основна духовна мисија, со децении се средишта во кои се негуваат македонскиот јазик, традицијата, културата и врската со татковината. Одбележувањето во Канбера помина во свечена и пријатна атмосфера, исполнета со заедништво, почит кон минатото и надеж за иднината. Собирот уште еднаш покажа дека македонската заедница во Австралија останува силно поврзана со своите корени и подготвена за заедничко дејствување во интерес на Македонија и на Македонците ширум светот. По повод Денот на независноста беа упатени искрени честитки до сите Македонци во татковината и во дијаспората, со желби за мир, единство, благосостојба и напредок. Нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија! АВСТРАЛИСКО-СИДНЕЈСКА ЕПАРХИЈА НА МПЦ – ОАТагови: Австралија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook