Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
ХороскопДневен хороскоп за 24. април 2024 година Дневен хороскоп за среда, 24. април 2024 година Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе продолжите да излегувате и да ја развивате својата врска на паметен начин . Некои тукушто ја започнале , па нека одат полека. Кариера Можеби ќе имате малку повеќе среќа од другите , бидејќи на работното место сега ви помагаат.Но , и тоа ќе помине. Здравје Одморете се за утре. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашето љубовно расположение ќе биде во пад, додека партнерот ќе има потреба за повеќе нежност. Бидете тактични. Кариера Во деловната кореспонденција ќе бидете многу оригинални . Со своето изразување ќе поттикнувате , но и ќе ги збунивате другите. Здравје Денеска сте возач различен од сите други. Рак 22.6-22.7. Љубов Помалку ќе приговарате , па вашиот партнер ќе станува се посреќен и позадоволен , а секако и вие со него. Кариера Би можеле да ги проширите вашите деловни хоризонти со нови знаења , помодерен пристап или со истражување без компромис. Здравје Вежбајте јога. Лав 23.7-22.8. Љубов Немојте да се споредувате со другите , зашто нема добро да се чувствувате. Бидете мирни и трпеливи и уживајте во она што го имате. Кариера Имате одлични идеи како да ја унапредите дејноста во која работите. Ќе размислувате за тоа. Здравје Верувајте во подобро утре. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сентименталноста или потребата од нежност ќе предизвика голем копнеж кај вас доколку сте сами , или пак желба да му угодувате на партнерот. Кариера Уметниците ќе имаат многу впечатливи настапи и денеска , а другите навистина ќе уживаат во публиката. Здравје Аплаузот е загарантиран. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во текот на денешниот ден вашите лични односи ќе се доведуваат во ред и малку по малку ќе се подобруваат. Кариера Алтернативците одлично ќе ги води интуицијата , а креативците едноставно ќе уживаат во својата работа. Здравје Здружете се со младите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние во подолга врска успешно ќе го обноват својот сексуален живот. Оние кои сеуште се сами , нека излегуваат зашто ќе им биде убаво. Кариера Со која работа и да се занимавате , денеска би можеле успешно да го споите убавото со корисното. Здравје Игнорирајте го немирот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов За вас ни денеска нема пречки. Отворени ви се многу љубовни врати , а ваше е да изберете. Кариера Количината на мислите во вашата глава ќе биде значителна , но ниту една нема да биде поврзана со работата. Здравје Поминете си убаво. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата најдрага личност ќе може да се потпре на вас , а со тоа ќе ви се подигне самодовербата. Кариера Во моментов ништо не ве загрижува. Ако треба да се работи , во ред , ако треба да се оди во борба за работа , и тоа не ви пречи. Здравје Почнете да вежбате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Како што ќе минува денот, ќе имате се поголема потреба дасе повлечете од другите и да се завлечете во четирите ѕида на домот. Кариера Некои меѓу вас ќе посакаат одмор . Можно е да посакаат и да добијате неколку слободни денови. Здравје Преиспитајте се себеси. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку се контролирате и ја пшочитувате другата страна, може да очекувате подобрување на личните односи. Кариера Веројатна е многу пријатна соработка со деловни партнери од странство или со луѓе од иста професија. Здравје Ќе ви олесни. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе поверуваат дека се на прагот на конечно решение, но ќе се покаже дека треба уште да поработат на својот однос. Кариера Ќе ве интересира се што може да придонесе кон вашата сигурност. Некои ќе ги анализираат финансиите , а другите ќе ги проверат бравите во станот. Здравје Немате причина за страв.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеУниверзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилствоВо пораст е бројот на пациенти кои побарале помош од ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија поради стрес поврзан со претрпено семејно или партнерско насилство. Психијатри од клиниката ретроспективно ги прегледуваа електронските здравствени записи во системот „Мој Термин“ за периодот од јануари 2025 до јули 2026 година, за дијагнозите F.43 (растројства поврзани со стрес ), со цел идентификување на случаите на семејно или партнерско насилство поврзани со оваа дијагноза. Податоците покажуваат дека во 2025 година биле евидентирани 79 лица кои имале потешкотии поврзани со трпење семејно или партнерско насилство, а само во првите седум месеци од 2026 година – 101. Ова покажува дека вкупните 101 случај во првите седум месеци од годинава веќе ја надминуваат бројката за целата 2025 година. Оваа медицинска евиденција ја претстави проф. д-р Славица Арсова на предавањето „Форензички аспекти на семејното насилство: епидемиологија, последици врз менталното здравје и терапевтската и форензичката улога на психијатарот“, во рамки на Меѓународната конференција за форензичка психијатрија 2026 што викендов се одржува во Охрид. Најголем број случаи во 2026 година биле евидентирани во март - 27, април - 23 и во јуни - 21. Токму овој период се поклопува со трагичниот настан кога мајка заедно со своето дете скокна од балкон во Скопје, како последица на претрпено долготрајно семејство насилство. Проф. д-р Арсова посочи дека бројките од Клиниката треба да се толкуваат како податоци за евидентирани случаи во медицинската документација и тие сами по себе не мора да покажуваат дека насилството во општеството се зголемило. Промената може да биде поврзана и со подобро препознавање, документирање или упатување на пациентите или со поголема ажурност на институциите кога станува збор за случаите поврзани со семејно насилство. Анализираната медицинска документација покажува дека психолошките потешкотии поврзани со семејно или интимно-партнерско насилство, во вид на акутен одговор на стрес ,пострауматско растројство или потешкотии во адаптација се евидентирани кај пациенти од различни возрасни групи. Просечната возраст во анализата е 40 години. Евидентирани се 19 пациенти помлади од 18 години и 29 пациенти на возраст од 60 години или повеќе. Во однос на полот, три пати повеќе се застапени жените. Податоците од Клиниката за психијатрија се надоврзуваат на пошироката слика во државата. Според статистиката на Министерството за внатрешни работи, пријавите за семејно насилство се зголемиле од 4.421 во 2022 година на 5.436 во 2025 година, што е раст од 23 проценти. Во 2025 година, во категориите на МВР најчесто како жртви биле евидентирани сопруги – 1.438, родители – 1.000 и поранешни брачни партнери – 708. Во истиот период биле регистрирани 1.195 кривични дела поврзани со семејно насилство, наспроти 1.117 во 2022 година.. Во предавањето беше нагласена потребата здравствените професионалци да поставуваат прашања за безбедноста на пациентите, обезбедувајќи сигурен простор, систематски да ги документираат видот и траењето на насилството и да ги следат протоколите за вклучување на сите надлежни институции. Препознавањето на насилството е важно за соодветна психијатриска поддршка, процена на ризикот и поврзување на пациентите со потребната заштита.Тагови: психијатрија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПетмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинцииПет лица загинаа, а три се водат за исчезнати во поплавите што погодија неколку региони во Турција, како резултата на силните поројни дождови.Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави, свлечишта, удари од гром и град, граѓаните се повикани да бидат внимателни и да ги почитуваат предупредувањата на надлежните служби. Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарија, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции. #Pianist #plays #a #melody #from "#Titanic" #while #his #hotel #in #Antalya #floods: #Record-breaking #downpours #hit #Turkey 📌 Heavy rains struck the region on October 14. According to authorities, the flooding has affected more than 800 homes and 280 businesses. https://t.co/n8bifR8KeB — Us Un (@UsUn583176) October 16, 2026 Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
БалканНов бран насилни судири во Тирана – над 150 повредени, најмалку 160 приведени во изминатите деновиНов бран насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите избија синоќа во Тирана, четврти ден во Албанија. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад. Според извештаите, судирите продолжиле до доцна во ноќта во неколку делови од главниот град. Демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама, кој е на власт 13 години, а истовремено го изразуваат незадоволството од условите за студирање и висината на школарините на универзитетите. Албанскиот министер за внатрешни работи Ервин Дема соопшти дека во изминатите денови биле повредени 156 лица, од кои 97 полицајци. Албанскиот премиер Еди Рама ги обвини неодредени странски сили дека стојат зад немирите и дека се обидуваат да го попречат патот на земјата кон членство во Европската Унија, отфрлајќи ги тврдењата дека протестите се резултат на реалните проблеми и незадоволството на граѓаните. Тагови: Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42