Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести
Коалиција „Сите за правично судење“: Позитивна оценка и без забележани неправилности за гласањето за избор на новиот шеф на ОЈО ГОКК
1Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести
2Коалиција „Сите за правично судење“: Позитивна оценка и без забележани неправилности за гласањето за избор на новиот шеф на ОЈО ГОКК
ХороскопДневен хороскоп за 23. септември 2019 годинаДневен хороскоп за понеделник 23. септември 2019 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои целосно ќе му се препуштат на светот на фантазијата , за да се оттргнат од љубовната реалност. Сепак , нека не претеруваат. Кариера Други ќе ви излегуваат во пресрет и ќе бидат љубезни кон вас , но длабоко во душата ќе почувствувате дека не се искрени. Здравје и совет Држете се до фактите . Вага 24.9.-23.10 Љубов Особено е значајна емотивноста со која зрачите. Саканата личност ќе ве прифати , ќе ве теши и ќе биде понежна кон вас. Кариера Оние кои се занимаваат со креативна или уметничка работа , денеска ќе имаат посебна инспирација. Здравје и совет Чувајте се од провев. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се прашувате колку дена се потебни за другите да ве разберат во целост.Потрудете се појасно да се изразувате , па се ќе дојде на свое место. Кариера Вашата фантазија и креативноста ќе дојдат денеска до израз без оглед што и да работите. Тоа ќе биде долгорочно дело. Здравје и совет Одморете си ги нозете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на додоворување ќе и биде симпатичен на другата страна, но во исто време таа ќе биде доста чувствителна и нема да ви ги открие сите детали. Кариера Ќе бидете во ситуација некој да ви каже да си ја гледате работата или спонтано истото ќе си го кажете самите на себе. Здравје и совет Посветете му се на вашето хоби. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е искушение да се согласите на некои отстапки кон саканата личност , кои не ви се допаѓаат.Најдете компромис. Кариера Во соработката со млади колеги и натаму постојат нејаснотии , што треба да се расчистат , но чекате да стигнат сите информации. Здравје и совет Прифатете ги другите какви што се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Меѓу работата и љубовта ќе ги изберете и двете. Денеска е таков денот , па ќе успеете да ги споите. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место. Кариера Некој од колегите би можел да ви ги каже своите грижи или тајни. Ќе бидете слушател за пофалба. Здравје и совет Радувајте се . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои забава или дружење со доста пиење и слично. Внимавајте да не побарате утеха во пиењето поради љубовната суша. Кариера На работа се ќе се одвива површно без позначајни достигнувања. Денот ќе ви прелета и ќе се прашувате што е сработено. Здравје и совет Будете поумерени. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе настојувате во односот со саканата личност да внесете повеќе лежерност и сништа. Сепак , не зборувајте многу , туку делувајте. Кариера Сигурно е дека ништо не е сигурно. Би можеле малку да се изнервирате , зашто работите не се дефинирани. Здравје и совет Однесувајте се природно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во љубовните работи ќе бидете нереални. Ќе гледате нешто што во реалноста не постои. Затоа држете се до реалноста. Кариера Ќе ви се чини како обрачот околу вас да се стега и притисоците ќе ги забележувате.Ќе избегате во својот свет на сништата. Здравје и совет Соочете се со светот на реалноста, тоа е здраво. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои би можеле да се заљубат и навистина да уживаат во денешниот ден. Оние кои се во врска , ќе бидат многу среќни. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично и разгледувајте ги полека. Здравје и совет Ќе ви се спие. Рак 22.6-22.7. Љубов Фантазијата ќе ве води низ областа на срцето , па нема да бидете целосно реални. Ќе почнете да се отуѓувате со саканата личност. Кариера Уште очекувате да добиете еден одговор , што би можел да ви ја отвори вратата за соработка кон странство. Здравје и совет Поработете на флексибилноста на телото. Лав 23.7-22.8. Љубов Постои можност за подобра соработка меѓу вас и другата страна , но треба да бидете поотворени. Кариера Ќе поработите на сопствената независност во работењето , а тоа ќе ве доведе до откритието дека можете подобро и повеќе. Здравје и совет Повеќе живејте во сегашноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПротести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протестиВо Полска и денеска продолжуваат протестите пред Уставниот суд во Варшава, по синоќешните судири меѓу демонстрантите и полицијата. Политичката криза ескалираше откако судијката Ана Корвин-Пјотровска донесе одлука за едномесечна суспензија на претседателот на судот, Богдан Швјенчковски, и неговиот заменик. Одлуката предизвика остри реакции од десничарската опозиција, која ја оспорува нејзината законитост по што доцна синоќа пред судот избувнаа протести. Дел од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Според полицијата приведени биле вкупно пет лица, меѓу кои и маж осомничен за напад врз жена, кај кого биле пронајдени нож и гасен пиштол. Ескалацијата на кризата го натера полскиот претседател Карол Навроцки да го прекине патувањето кон Сенегал и итно да се врати во Варшава. По полноќ, придружуван од обезбедувањето, влезе во зградата на Уставниот суд, при што дојде до турканици на влезот. Навроцки повика на почитување на правото и враќање на уставниот поредок во земјата, оценувајќи дека случувањата претставуваат незаконско преземање на институцијата. На кризата ѝ претходеше соопштението на министерот за правда и главен јавен обвинител Валдемар Журек дека поднел пет барања за одземање на имунитетот на двајцата судии од Уставниот суд. -Како главен обвинител, поднесов пет барања до Уставниот суд за одземање на имунитетот. Овие барања имаат вкупно 224 страници. Овие случаи вклучуваат различни видови кривични дела и во суштина се се однесуваат на две лица: вршителот на должноста претседател на Уставниот суд и неговиот заменик. Веќе знаеме дека највисоката судика Ана Корвин-Пјотровска, ги суспендираше претседателот на Уставниот суд и неговиот заменик. Таа тоа го стори врз основа на релевантни одредби согласно Уставот суд – изјави– Валдемар Журек, министер за правда на Полска. Демонстрантите, пак, ја обвинуваат Владата дека се обидува да воспостави контрола врз независните институции и најавуваат продолжување на протестите. „Уставниот суд во Полска е заземен од полициски сили испратени од премиерот Туск. Владата се обидува да ги контролира сите независни институции, веројатно за да го избегне поразот на изборите следната година.“ изјава – демонстрант. Премиерот Доналд Туск ги отфрла обвинувањата и тврди дека Владата работи на враќање на владеењето на правото, додека опозициската партија Право и правда, најавува продолжување на протестите. Политичката криза е последица на долгогодишниот спор околу легитимноста на Уставниот суд. Владата го оспорува начинот на кој дел од судиите биле именувани за време на претходната власт, додека сегашната опозицијата ги оценува актуелните е промени како незаконско преземање на институцијата.Тагови: Полска протести Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ТехнологијаХуманоидните роботи стануваат реалност, Скопјани се дружеа роботот Нео Хуманоидните роботи не се некоја далечна иднина туку реалност која на денешницата. Тие последниве години со брзо темпо се развиваат и напредуваат во своите можности. Тоа пред граќаните го покажа и Нео хуманоидниот робот кој за да покаже како лесно се снаоќа во просторот и да демонстрира дека нема проблем со движењети и рамнотежата ги забавуваше најмалите со својот танц. Но неговата реална намена не е за да биде атракција и шоу туку да работи тешки работи за почетоко во индустријата, во фрабриките, хотели, болници и старски домови каде ќе им помага на луѓето и ќе биде продуктивен со работа деноноќно без престан додека за домовите проценката е дека би го почнало масовно да се употребува за две до три години додека да се усоврши и да се истестираат сите негови перформанси. Се работи хуманоидни роботи кои се произведуваат во Кина но програмирањето за тоа што ќе прави односно мозокот на роботот е дело на словенечки програмери кои нагласуваат дека е значајно што сите податоци остануваат локално каде што се користи роботот. Сегашната намена е главно да им помагаат на луѓето со тешка физичка работа во градежништвото бидејќи робото куче може да носи градежни материјали по скали исто како и хуманоидниот робот кој може да носи товар тежок 50 килограми. Нивната вредност варира од неколку десетици илјади евра па се до 150 илјади или 200 илјади евра во зависност од тоа што треба да прави но според пресметките заменува 4 до 5 работника што го прави исплатлив за околу 2 години Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаКоалиција „Сите за правично судење“: Позитивна оценка и без забележани неправилности за гласањето за избор на новиот шеф на ОЈО ГОКК Со позитивна оценка и без забележани неправилности во гласањето и пребројувањето, Коалицијата „Сите за правично судење“ го оцени изборниот процес за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Сепак, во заклучоците од мониторингот забележуваат дека неофицијалните резултати протекле во медиумите уште во првиот час по затворањето на избирачките места, пред официјалното соопштување од Советот на јавните обвинители. -Непосредното набљудување не утврди неправилности при спроведувањето на гласањето и пребројувањето на гласовите, додека високата излезност на јавните обвинители и овозможувањето независен мониторинг на изборниот ден, вклучително и присуството на набљудувачи при гласањето и пребројувањето, претставуваат позитивни показатели за спроведувањето на изборниот процес. -Коалиција „Сите за правично судење“. Обвинителката Искра Хаџи Василева победи со 64 гласа, седум повеќе од Трајче Пеливанов, и ќе раководи со обвинителството во следните четири години. Поефикасни истраги, побрзо постапување по предметите и поголем фокус на финансискиот криминал и конфискацијата на незаконски стекнатиот имот се дел од приоритетите што ги најави новата шефица кога влезе во трката за позицијата. Во програмата предвидува и зајакнување на истражниот центар, кадровско екипирање и дигитализација на работата. Најавува и поширока примена на спогодувањето со обвинетите, со цел скратување на судските постапки. Но, покрај најавените реформи, новата шефица ќе мора да се справи и со старите слабости на обвинителството. Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, предупредува дека меѓу клучните предизвици се недостигот на финансиски средства, ефикасноста во работата и политичките влијанија врз обвинителите. -Мислам дека новата обвинителка, односно раководителка, повеќе може да делува на внатрешните ризици во самата институција, коишто се однесуваат на надзорот врз работењето на основните јавни обвинители од страна на повисоките обвинители, бидејќи анализата покажа дека овој надзор се врши само формалистички и остава простор за произволно и непрофесионално однесување. Понатаму, сѐ уште постоеше процедура на рачна распределба на предметите — таа кажа дека ќе се залага за дигитализација, го поздравувам тоа и сметам дека треба да има еден објективен начин на распредебилба на предметите,- изјави – Билјана Ивановска – Поранешен претседател на ДКСК. Хаџи Василева доаѓа на местото на Ислам Абази чиј мандат истекува на 8 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter