ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопДневен хороскоп за 23. ноември 2025 година Дневен хороскоп за недела, 23. ноември 2025 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се двоумите колку треба да попуштите и тука нема да најдете вистинска мерка.Сетете се на вашите цели и кон што тежнеете. Кариера Би можело да ви биде сеедно како се одвиваат работите . Спречете ги последиците од таквата рамнодушност. Здравје и совет Не претерувајте со јадењето слатки. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се чувствувате по малку задремано и нема да сакате да правите ништо особено во љубовните акции. Кариера На дневен ред ќе се најдат многу разновидни теми , кои не трпат одложување.Вие ќе морате да почнете да го решавате сето тоа. Здравје и совет Бидете доследни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе имате вистинска рамнотежа меѓу чувствата и интелектот , па ќе се усогласите по сите прашања.Ќе бидете задоволни и емотивно сити. Кариера Треба малку повеќе да работите, иако сеуште не сте се прилагодиле , па сте затоа незадоволни.Стиснете заби , организирајте се и работете. Здравје и совет Подобро да верувате отколку да се сомневате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во љубовиот живот ќе бидете настроени да читате меѓу редови , па се ќе се сведува на тајни погледи и суптилни сигнали. Кариера Освен што одлично делувате во практичниот дел , денеска на работа ќе покажете и голема креативност. Здравје и совет Ви се подобрува формата. Овен 21.3-20.4. Љубов Со задоволство ќе прифатите покана за излегување на кафе , каде би поминале пријатно време во неврзан разговор. Кариера Деловната комуникација ќе се одвива квалитетно, но вие самите нема да бидете задоволни од својот настап.Очекувате повеќе од себе. Здравје и совет Размислувајте додека се шетате. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата потреба за зборување и денеска ќе биде задоволена , но срцето и натаму ќе ви остане празно.Сепак , и зборувањето е нешто. Кариера Некои ваши колеги ќе се покажат како вистински лицемери или снобови.Работете точно што се очекува од вас и бидете професионални. Здравје и совет Не ги земајте работите при срце. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Може да очекувате еден поволен ден кога станува збор за љубовни прашања . отворени се многу можности , а некои се поврзани со патувања. Кариера Издржете ги малите напори и завршете ги заостанатите задачи.За сега не треба ништо да менувате , освен вашиот пристап. Треба да бидете поупорни. Здравје и совет Наспијте се Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е уште еден ден во кој ќе покажете дека имате нежна и интуитивна страна. Кариера Одлично ќе поврзувате различни видови работа.И во практичниот и во теоретскиот дел ќе функционирате беспрекорно. Здравје и совет Останете какви што сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секаква поврзаност со луѓето, било да станува збор за саканата личност , ново познанство или за пријателите. Кариера Верувате во подобро утре .Имате право.И денеска ќе градите мостови, ќе се поврзувате со нови деловни партнери или ќе ги обновувате старите врски. Здравје и совет Динамични сништа. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денот ќе ви донесе богат социјален живот , како и многу поттици за нови познанства , ако сте уште сами. Кариера Некои денеска ќе бидат во центарот на вниманието или булвално на сцена каде ќе го објаснуваат својот деловен план. Здравје и совет Изразувајте се слободно. Вага 24.9.-23.10 Љубов Малата збрканост на чувствата ќе биде поврзана со вашата или желбата на партнерот за донинација во врската. Кариера Ништо не сакате да му препуштите на случајот , но тоа ви ја одзема спонтаноста од која се раѓаат свежи идеи.Најдете рамнотежа. Здравје и совет Проверете си ја крвната слика. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Како да не можете јасно да видите или ќе бидете склони кон преценување на самите себа.Проценките нема да ви бидат реални. Кариера Ако постојат некакви правни или морални двоумења во врска со една работа, обидете се тоа да го анализирате и решите. Здравје и совет Јадете помалку, движете се повеќе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter