ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?
СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема
1ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?
2СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема
ХороскопДневен хороскоп за 23. ноември 2019 година Дневен хороскоп за сабота , 23. ноември 2019 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Додека односот со партнерот се одвива мирно и познато, наеднаш ви паѓаат на памет сосема откачени идеи. Кариера За да ја збогатите работата или проектот на кој што работите , ќе се послужите со својата интуиција , од каде ќе црпите идеи. Здравје и совет Верувајте во себеси. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ја комбинирате реалноста со фантазијата. Така на посебен начин ќе го збогатите својот однос со саканата личност. Кариера Кога на некои им оди , им оди. Немате грижи , многу работи се одвиваат и подобро отколку што сте се надевале. Здравје и совет Немојте да се препуштате на неодговорниоста. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Дококлку сте подготвени да му се препуштите на партнерот и со доверба да му се препуштите на неговите идеи , ќе биде одлично. Кариера Веројатно ќе ви предложат нов договор или нови содржини на работното место , а за тоа ќе треба нешто да потпишете. Прво пручете го договорот. Здравје и совет Пад на имунитетот . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Она што ви недостига во односот со саканата личност ќе се обидете да го надоместите со фино однесување и љубезност. Кариера Ќе има се повеќе работа , а можно е да видадат и нови задачи или некого ќе заменуварте на работното место. Здравје и совет Одморајте се редовно. Овен 21.3-20.4. Љубов Добар пријател или пријателка денеска ќе ви предложи нешто интересно што ќе го вклопите во вашата љубовна врска. Кариера Главно ќе делувате од сенка. Тоа моментално ви одговара. Шансите за истакнување ќе дојадат подоцна. Здравје и совет Послушајте го својот внатрешен глас. Бик 21.4- 20.5. Љубов Леснотијата со која ќе се дружите со пријателите ќе биде голема. Некои преку нив ќе најдат нова љубов. Кариера И натаму сте во фаза во која не сакате да се истакнувате. Некои од вашите колеги тоа ги изненадува , но вам ви е добро. Здравје и совет Опуштајте се редовно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Се е во рацете на вашиот партнер, а на вас е оставено што подобро да се прилагодувате. Кариера Доколку ви понудиле нов договор , земете го овој видекнд за размислување и не носете одлука пред понеделник. Здравје и совет Мирувајте. Рак 22.6-22.7. Љубов Сметате дека некои потреби на саканата личност се претерани и дека не може да ги исполните. Тоа уште повеќе ќе ве оддалечи. Кариера Можно е денеска да работите повеќе од вообичаеното , зашто има многу работа. Нема да ви биде тешко. Другите ќе се опуштат. Здравје и совет Пресметајте си што имате на сметката. Лав 23.7-22.8. Љубов Денеска ќе покажете луцидност и сентименталност во исто време. Нежната страна на вашиот карактер ќе изклезе на виделина на радост на саканата личност. Кариера Веројатно ќе добиете шанса за да го искажете својот талент .Ќе биде кратко , неочекувано и возбудливо , така како што сакате. Здравје и совет Радувајте се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе биде силна потребата за блискост. Ќе се потрудите да бидете сами со саканата личност на место што го сакате. Кариера Своите атрактивни идеи ќе успеете да ги вклопите во сивото секојдневие. Ќе најдете за тоа и финансиски средства. Здравје и совет Пазете се од провев . Вага 24.9.-23.10 Љубов Не се сомневајте во своите љубовни способности. Личноста која ви се допаѓа е исто така заинтересирана за вас. Кариера Оние кои сакаат да сменат нешто на работното место, на чекор се до исполнување на тој план. Треба само да одредите на кој начин. Здравје и совет Зајакнувате и со духот и со телото. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ги тргнете од дневен ред грижите што ве измачуваа и ќе се посветите на љубовта со доверба. Тоа ќе биде чекор напред. Кариера Не заостанувате со свежи идеи, но би сакале промените да се одвиваат побргу. Сепак , се движи во таа насока. Здравје и совет Прифатете ја реалноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
ЗабаваНа 30 и 31 октомври Штип повторно ќе пее со 41. издание на „Макфест“Певливи рефрени, нови песни и познати музички имиња ќе бидат дел од 41. издание на „Макфест“, фестивалот на забавни мелодии кој годинава ќе се одржи на 30 и 31 октомври. Повеќе од четири децении „Макфест“ е синоним за музика, а во Штип и оваа година публиката ја очекуваат позитивна енергија и добра фестивалска атмосфера, песни во различни музички изрази, познати автори и изведувачи, но и нови имиња кои допрва ќе ја бараат својата публика. Меѓу авторите на годинашните песни се имиња кои одамна се присутни на македонската музичка сцена, како Ристо Самарџиев, Хари Котларовски, Огнен Неделковски, Лазар Цветковски, Раде Врчаковски – Врчак, Александар Масевски, Кристијан Габроски, Иван Јованов, Роберт Билбилов, Андријана Јаневска, Давор Јордановски, Елвир Мекиќ, Димитар Андоновски, Јован Јованов и други. „Годинава имаме навистина интересен избор на автори – докажани музички имиња, автори со свој препознатлив стил и песни зад кои стои големо искуство. Очекувам и ова издание да донесе убави, певливи песни и композиции со различен карактер, од оние што лесно влегуваат во уво до песни кои ќе се слушаат и по фестивалските вечери. Тоа е и убавината на „Макфест“ “, вели Роберт Саздов, уметнички директор на фестивалот. Со годинашното издание, „Макфест“ продолжува да ја збогатува својата богата фестивалска приказна со нови композиции, автори и изведувачи, во атмосфера исполнета со музика, позитивна енергија и песни што имаат потенцијал да останат со публиката и по фестивалските вечери.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотОд суд во Фиџи исчезнале околу 40 кг. кокаинРечиси 40 кг кокаин исчезнаа од суд на Фиџи, во пакетите е пронајдено брашно.Речиси 40 килограми кокаин, чувани како доказен материјал во Вишиот суд во Сува, главниот град на Фиџи, исчезнаа од судскиот сеф. Во преостанатите пакети веќе немаше кокаин, туку, според локалните медиуми, тие биле наполнети со брашно. Полицијата покрена истрага откако на 15 септември беше откриено дека недостасуваат седум од вкупно 39 пакети со кокаин. Подоцна, преостанатите 32 пакети беа подложени на форензичка анализа, при што беше утврдено дека ни во нив повеќе нема дрога. Исчезна целото запленето количество од речиси 40 килограми. Полицијата соопшти дека дошло до манипулација со доказите и дека истрагата се фокусира на поединци кои биле директно одговорни за нивното чување во судската писарница на Високиот суд. Според информациите, едно лице од интерес за истрагата се наоѓа во странство, а полицијата има намера да го испита. Јавниот обвинител на Фиџи, Сироми Турага, го опиша случајот како шокантен и изјави дека ниту едно одговорно лице нема да биде поштедено од истрагата. Кокаинот запленет уште во 2019 година Кокаинот бил запленет во 2019 година во случајот против Џошуа Азиз Рахман, државјанин на Фиџи кој поседува и канадско државјанство. Рахман бил осуден во 2021 година за поседување кокаин со намера за продажба, а дрогата останала во судот како доказен материјал за време на жалбената постапка. Вредноста на исчезнатиот кокаин се проценува на околу 31 милион фиџиски долари (приближно 21 милион евра). Во последниве години, Фиџи се соочува со пораст на трговијата со кокаин и метамфетамин и стана клучна транзитна точка за шверц на дрога низ Пацификот, особено кон Австралија и Нов Зеланд. Полицијата сега се обидува да утврди кога исчезнал кокаинот, кој имал пристап до доказите и како пакетите можеле да бидат заменети без тоа претходно да биде откриено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?Изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ – е доказ дека Венко Филипче е во договор за ново предавство.Венко Филипче застапува бугарски позиции наместо македонски интереси. Оттука, сосема легитимно е да прашаме: Дали постои тајна дипломатија помеѓу старите другари Зоран Заев и Румен Радев? Дали има комуникација и средби помеѓу нив? Зошто инаку Венко Филипче на тацна им дава подароци на Радев и на бугарската политика, без да го заштити македонскиот национален идентитет? Дали зад рушењето на ваквите позиции стои нов бизнис-договор? Ова се легитимни прашања на кои мора да одговори Венко Филипче. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11