СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
1СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
3Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната
Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
1Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
ХороскопДневен хороскоп за 23. март 2023 година Дневен хороскоп за четврток, 23. март 2023 година. Овен 21.3-20.4. Љубов По прашањата за срцето денеска ќе можете да го читате секој детал меѓу редови ,но не ги изразувајте своите сознанија кон другите. Кариера Сите дејности во кои е потребна суптилност , интуиција, креативен талент или слично , денеска се одлично поставени. Здравје и совет Ќе сонувате пријатни сништа. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои се сами, ќе минат ден во своите сништа и мечти. Тука ќе се чувствуваат најдобро. Кариера Вработените во институции од затворен тип ( болници , лаборатории,институти и сл.) имаат ден полн со откритија.Другите ќе работат вообичаено. Здравје и совет Анализирајте ја својата потсвест. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И натаму ќе се плеткате со една личност со која работите или таа си поигрува со вас. за некои тоа ќе биде само минлив флерт. Кариера Иако напорите на работното место се зголемуваат , со помош на добрата волја на соработниците и на вас самите, ќе ви биде пријатно. Здравје и совет Не ги заборавајте шефовите. Рак 22.6-22.7. Љубов Плимата од емоции кои сега ве носат , можеби ве збунува. на некои ќе им се остварат љубовните сништа. Кариера Одлично ќе соработувате , како со младите , така и со позрелите соработници на работното место. Ќе бидете отворени и љубезни. Здравје и совет Малкумина сега се посилни од вас. Лав 23.7-22.8. Љубов Се што во моментов недостига во вашите приватни односи , денеска успешѓно ќе го надополнувате со секс. Кариера Можеби ќе бидете уморни од силните озборувања , но од таму може и да произлезат квалитетни договори. Се очекуваат само уште некои информации. Здравје и совет Верувајте на својата интуиција. Девица 23.8.-23.9. Љубов Личноста со која деловно соработувате би можела и приватно да се заинтересира за вас, но вие за сега ќе бидете на дистанца. Кариера Добивате можност за неочекувани финансиски резултати .Кај бнекои тоа уште денеска ќе се конкретизира , а кај некои ќе се договори. Здравје и совет Бидете доследни. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата најсакана личност би можела денеска пшријатно да ве изненади. Ќе бидете подготвени да попуштите во нешто околу што сте се оспорувале. Кариера Ги имате сите шанси за да успеете да договорите една голема зделка.Речиси и да енма препреки.Бидете паметни. Здравје и совет Мала нерамнотежа со крвната слика. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска може да уживате во друштво со саканата личност , без страв дека нема да ви возврати за она што и го нудите. Кариера Сите работи што ги извршувате со помош на луѓе ,добро се поставени. Бидете отворени кон другите , па и тие ќе бидат отворени кон вас. Здравје и совет Можете и со мали чекори да стигнете до целта. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Она што некогаш сте си го ветиле , денеска полека се остварува.Вие уживате во друштво на личноста која ви е многу драга. Кариера Одличен ден за поставување темели за еден крупен и долгорочен договор , кој финансиски ќе ви се исплатува. Здравје и совет Ќе бидете задоволни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете полни со емоции и подготвени да ги споделите со другата страна.Задоволство , среќа и мир речиси се сигурни. Кариера некои работи ќе се одвиваат подобро отколку што очекувавте. За некои тоа ќе биде причина малку да се опуштат. Здравје и совет Нема нешто што не можете. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе откриете која личност од работното место ве симпатизира. Ќе бидете збунети , зашто нема да знаете како да се поставите. Кариера Вашите колеги денеска кон вас ќес е постават исклучително попустливо и ќе ви дозволат да правите она што вообичаено не би смееле. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ако денеска излезете , ќе ви биде преубаво. Доколку сте сами , би можеле да се вљубите. Ако имате партнер, уживајте. Кариера Професиите поврзани со сценски настап , презентации или јавен настап денеска би можеле да доживеат голем успех. Здравје и совет Покажете се пред светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столбСкандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб. Што значи ова за граѓаните? Ако уплатата во вториот столб не се уреди со друга одредба во овој или во друг закон, сите придонеси би останале во првиот столб, во Фондот за ПИОМ. Ако остане вака, ова значи дефинитивно рушење на вториот пензиски столб. Криминалната власт ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои членуваат во вториот пензиски столб. Фондот за ПИОМ е доведен во сериозно тешка финансиска состојба. Во Фондот недостигаат близу една милијарда евра. Во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб. На пратеничкото прашање каде се тие пари, власта не даде одговор. Ова се пари на работниците. Ги заработиле со својот труд и секој месец ги издвојуваат од своите плати за идните пензии. Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори. Зошто се предлага бришење на членот 120? Каде ќе одат придонесите што сега се уплаќаат во вториот столб? Кој ќе одговара што ПИОМ со месеци нема префрлено 50 милиони евра иако му се законска обврска? Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан Скопје, 22.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканРегистриран земјотрес во Србија Земјотрес со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди околината на Горњи Милановац рано утринава, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија. Според Заводот, земјотресот се случил околу 5 часот и 25 минути, на длабочина од 12 километри. Земјотреси со ваков интензитет не можат да предизвикаат поголема материјална штета во епицентралното подрачје. Сепак, жителите на овој дел од Србија го почувствувале потресот – најверојатно оние што биле најблиску до епицентарот – и го коментирале настанот на социјалните мрежи. „Има ли некој буден што се разбудил од земјотресот утрово?“, напиша еден корисник. „Јас бев буден, точно во 5:25“, потврди друг.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зонатаНа граничниот премин Ќафасан денеска беше промовиран системот „One Stop“ за заедничка гранична контрола меѓу Македонија и Албанија, во присуство на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, и албанскиот премиер, Еди Рама.Со воведувањето на овој систем се заокружува процесот на воспоставување заеднички гранични контроли со соседните држави кои не се дел од Шенген-зоната, по успешната имплементација на моделот „One Stop“ со Република Србија и Република Косово. Станува збор за значаен чекор во модернизацијата на граничното управување, кој овозможува поедноставени процедури, побрз проток на патници и возила и намалување на времето на чекање на граничните премини, без притоа да се намалат безбедносните стандарди и контролите. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека воспоставувањето на системот „One Stop“ со Албанија претставува исполнување на уште еден важен приоритет на Министерството за внатрешни работи, насочен кон олеснување на движењето на граѓаните и унапредување на регионалната поврзаност. „Со воведувањето на системот 'One Stop' со Република Албанија го заокружуваме она што го започнавме со Србија и Косово – воспоставување современ модел на заеднички гранични контроли со сите наши соседи надвор од Шенген-зоната. Нашата цел е едноставна: граѓаните да поминуваат побрзо, да нема непотребни задржувања, а граничните служби да работат поефикасно и покоординирано. Границите треба да бидат безбедни, но истовремено и функционални, особено во време кога мобилноста на граѓаните, туризмот и економската соработка постојано се зголемуваат“, истакна Тошковски. Дека ваквиот модел дава конкретни резултати покажува и досегашното искуство со Република Србија. На граничниот премин Табановце, каде што системот „One Stop“ беше воведен во јули 2025 година, времето на чекање во одредени периоди е намалено од неколку часа на околу 30 минути, и покрај зголемувањето на бројот на патници за 15 до 20 проценти. Позитивните искуства од заедничките контроли со Србија, како и од граничните премини Блаце – Хани и Елезит и Јажинце – Глобочица со Република Косово, претставуваат основа за натамошно унапредување на граничното управување и со Република Албанија. Со новиот систем на Ќафасан се овозможува координирано спроведување на граничните проверки на едно место, со што се избегнува непотребното повторување на процедурите и се создаваат услови за побрз и поефикасен премин на границата. Ова е особено значајно за граѓаните на двете држави, за туристите и за превозниците, имајќи го предвид интензивниот сообраќај на овој граничен премин, особено во летната туристичка сезона. Покрај олеснувањето на патувањето, системот придонесува и за подобра координација меѓу граничните служби, поефикасна размена на информации и зајакнување на прекуграничната соработка. Министерството за внатрешни работи продолжува со активности за модернизација на граничните премини, дигитализација на процедурите и унапредување на соработката со соседните држави, со цел обезбедување побрз проток на патници и стоки, повисоко ниво на безбедност и подобри услуги за граѓаните. Воведувањето на „One Stop“ со Албанија е уште еден конкретен резултат на регионалната соработка и потврда дека со заеднички решенија границите можат да станат побрзи, поефикасни и побезбедни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook