Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
ХороскопДневен хороскоп за 23. мај 2024 годинаДневен хороскоп за четврток, 23 мај 2023 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Календарот на вашите љубоивни настани е се побогат , па тешко наоѓате слободни термини за сите оние кои сакаат да ви се приближат. Кариера Некои ќе планираат големи проекти и ќе градат кули во воздух. Другите ќе работат толку колку да ги завршат задачите. Здравје и совет Опуштете се. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашето однесување денеска ќе биде такво што личностите од спротивниот пол со задоволство ќе ве прифаќаат во свое друштво . Кариера Немојте да претерувате . Околностите ќе ви одат во прилог , доколку ја следите природата на работата. Здравје и совет Мала нервоза. Лав 23.7-22.8. Љубов Забава со пријатели денеска е извесно , а поради тоа саканата личност би можела да ви приговори. Повикајте ја и неа. Кариера Малку ќе се фалите со вашите заслуги. Нешто од тоа е реално, а нешто не е. Пофалете ги и другите . Здравје и совет Не позајмувајте пари од пријатели. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои повторно ќе паднат во искушение за тајна љубов. Нема да знаат што да направат и како да се постават. Кариера Со мали чекори некогаш е можно да се направи поголем напредок отколку со сензација и викање. Вие тоа го знаете. Здравје и совет Ќе сонувате убави сништа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои се трудат да развијат едно познансто до работното место , денеска ќе имаат добар ветар во грбот.Оние во врска се добро. Кариера Ќе ја комбинирате познатата традиционална стратегија со оригинални идеи , кои наеднаш ви се појавуваат. Здравје и совет Пијте повеќе вода. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Сигурност и верба во подобро утре ќе ве поттикне на личноста која ви се допаѓа да и пристапите со оптимизам. Кариера Работите повторно се вртат во ваша корист и ви се отвораат нови можности. Ве радува што тоа може да потрае. Здравје и совет Не се нервирајте поради ситници. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во личните односи ќе внесувате се повеќе нежност и внимание. Тоа ќе биде чекор напред во подобрувањето на вашата врска. Кариера Игниорирајте ги провокаторите , кои ви доаѓаат на врата , за да ви направат нервоза. Имате добра иднина и затоа продолжете. Здравје и совет Бидете посилни од другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Нежноста ќе биде главна одлика на денот. Оние во врска ќе се трудат секој слободен момент да го минат со партнерот. Кариера Ќе ги надминете сите проблеми со помош на убав збор и трпение. Ќе бидете подготвени на компромиси. Здравје и совет Одморете се во природа. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние кои се во врска денеска ќе се потрудат за да го подобрат својот и сексуалниот живот на својот партнер. Кариера Најмногу ќе ве интересираат нејасни , тајни теми или алтернативни методи. Сите други работи ќе ви бидат здодевни. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Точно кога помисливте дека сте на коњ, ќе увидите дека цврсто се држите за магаре. Размислете. Кариера Можно е дека ќе ви биде предложено нешто за што треба подлабоко да размислите. Затоа не брзајте , туку повлечете се. Здравје и совет Несоница. Овен 21.3-20.4. Љубов Многумина денеска ќе сонуваат за идеална љубов и така самите ќи даваат утеха поради она што им се случува во реалноста . Методот не е лош. Кариера Работата ќе ја одработите толку површно , што едвај ќе дочекате да си одите дома. таму ќе се занимавате со нешто што ви е интересно и што ве опушта . Здравје и совет Почнете да вежбате. Бик 21.4- 20.5. Љубов Доколку денеска излезете , ќе успеете да се забавувате , но не очекувајте некое зближување. Односите ќе останат на површинско ниво. Кариера Добро ќе комуницирате и ќе разменувате идеи. Оние кои учат , ќе знаат да го спојат знаењето со креативноста. Здравје и совет Откријте ја својата слаба точка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ: Запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудникИнспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, при што запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник кој е забранет за увоз и користење. Дополнително, запленети и уништени се и 55 килограми подготовки од месо каде бил употребен пилешки желудник. Против две месарници кои не го почитувале донесеното Решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи поднесени се соодветни прекршочни санкции. Спроведените контроли на Агенцијата во месарниците во Охрид и Струга се дел од засилените контроли кои се спроведуваат во насока на спречување на нелегалните активности во прометот со овој вид храна, сузбивање на овој вид криминал и заштита на здравјето на потрошувачите. Со цел обезбедување на висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи од поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето - можна контаминација со патогени- бактерии и вируси, присуство на токсини и сл. Решението за забрана АХВ ја донесе врз основа на резултатите од спроведената анализа на ризик од можни опасности по здравјето на граѓаните од консумација на овој тип внатрешни органи од живина по здравјето на граѓаните и од резултатите од спроведените инспекциски контроли со кои тогаш беше утврдена злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии.Тагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локацииКако што дознава Канал 5 крим полиција е повторно на терен.Неофицијално, дознаваме дека Одделот за криминалистичка полиција при МВР координирано со сите Сектори за внатрешни работи и организациска единица за службени кучиња, продолжуваат со воспоставениот континуитет на работа и вршат претреси на над 40тина локации веќе два дена. Според информацииите, пронајдени се дрога, оружје, пари, мачети и други предмети кои потекнуваат од кривични дела. Акцијата е продолжение и резултат на координираното постапување на сите организициски единици на МВР и уште еднаш ја отсликува силната волја и заложба на Министерството за внатрешни работи за бескомпромисна борба во сузбивање на криминалот.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо партнерска соработка до побрза енергетска обнова на јавните објектиЕнергетската обнова на јавните објекти е инвестиција во пониски трошоци, помала потрошувачка на енергија и поодржлива јавна инфраструктура. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја унапредува координацијата со меѓународните партнери за забрзување на енергетската обнова на јавните објекти, намалување на потрошувачката на енергија и поефикасно користење на јавните ресурси. Во рамки на подготовката на проектот PIONEER-MK, со поддршка на програмата PEEB Cool, во Министерството се реализираше мисија на Француската агенција за развој (AFD), во чии рамки се одржа партнерски состанок со претставници на AFD, Светската банка, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Канцеларијата на Претседателот на Владата. На состанокот се разгледаа можностите за подобра координација на активностите и унапредување на соработката за спроведување на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите од јавниот сектор на државно ниво, за периодот од ноември 2025 до ноември 2028 година. Енергетската обнова на јавните објекти е инвестиција во пониски трошоци, помала потрошувачка на енергија и поодржлива јавна инфраструктура. Преку усогласено дејствување на домашните институции и меѓународните партнери се создаваат услови за поефикасно спроведување на мерките за енергетска ефикасност и намалување на емисиите на стакленички гасови. Министерството продолжува да ја зајакнува соработката со националните и меѓународните институции, со цел спроведување на реформските приоритети и исполнување на националните и европските цели за енергетска ефикасност и зелена транзиција. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook