Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал, ДЗР потврди дека парите се за македонската економија
Филипче до Мицкоски: Ја почитувам функцијата ама тебе не – поради тоа како владееш и како го навредуваш народот
1Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал, ДЗР потврди дека парите се за македонската економија
2Филипче до Мицкоски: Ја почитувам функцијата ама тебе не – поради тоа како владееш и како го навредуваш народот
3ЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација!
ХороскопДневен хороскоп за 23. мај 2020 година Дневен хороскоп за сабота, 23. мај 2020 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Нема тајни меѓу вас и саканата личност , а тоа е нешто што ве радува. Ќе бидете искрени и подготвени за дружења. Кариера вашите зборови лесно ќе го одразуваат она што го мислите , па ќе знаете дека барем сте се обиделе да делувате или да предложите нешто за што верувате дека е добро. Здравје и совет Медитирајте. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашите скриени чувства денеска ќе се покажат , на ваша среќа. Ќе бидете малку збунети , но ќе ви биде мило. Кариера Денеска не ги покажувајте отворено своите идеи и замисли зашто нема најдобро да ве разберат поради преокупираноста со други работи. Здравје и совет Никаде не треба да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Богатството на еротиката и сензуланоста денеска ќе бидат главното обележје на вашиот личен живот. Уживајте. Кариера Можно е договарање на нов договор. Се ќе изгледа прилично амбициозно , а вие би сакале да се приземјите. Здравје и совет Ќе знаете да ги надминете проблемите . Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата врска одлично се развива. Оние кои уште се сами , ќе ги комбинираат неврзаните приказни и еротското заведување. Кариера Ќе настојувате мелку да се оддалечите од работата , доколку е можно. Само во мислите ќе ја анализирате минатата недела. Здравје и совет Одете таму каде што ви е добро. Вага 24.9.-23.10 Љубов Денеска многу зрело ќе размислувате за личниот живот и ќе барате аргументи за и против. Тоа ќе ве зајакне. Кариера Ќе се зголемат вашите деловни амбиции , но нема да бидат целосно реални. важно е да утврдите што е навистина можно , а што не. Здравје и совет Вежбајте гимнастика. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е ден во кој најверојатно работите ќе ви бегаат од раце , кога станува збор за љубовта. Но , ќе помине. Кариера Ќе мора малку појасно да објасните што е тоа што вие би го сакале во еден дел од работите. Послужете се со факти. Здравје и совет Не ги земајте работите здраво за готово. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно ќе ја повикате саканата личност на интимна вечера во двојка , каде ќе покажете завидно кулинарско знаење. Кариера Денеска на вашето работно место ќе биде речиси ангелска атмосфера. Сите ќе бидат подготвени за да помогнат едни на други. Здравје и совет Немојте да се опијаните. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно е дека ќе бидете доста посветени на партнерот и ќе се прилагодувате на неговите потреби. Кариера Денеска добро ќе напредуваат оние кои работат во големи компании. Малите претприемачи ќе бидат во искушение. Здравје и совет Во добра форма сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете склони за да се препуштите на се и сешто , а некои целосно ќе ги спуштат критериумните за љубов. Осамените би биле во друштво на личности по системот ,,дај што билo”. Кариера Дарежливоста на спонзорите , кои се подготвени да ги зголемат своите вложувања , ќе биде нешто на што ќе се израдувате , но тоа создава и обврски. Здравје и совет Прво промислете , па делувајте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Со шеги , смеа , мали провокации и слично вие ќе ги спасувате малите недоразбирања во врската. Кариера Плодовите на вашата работа би можеле да ви се присторат сомнителни. Ќе мислите дека не го заслужувате она што го добивате. Здравје и совет Крајот делото го краси. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе добиете поетска инспирација и ќе изразите љубов на необичен начин . Сепак , тоа на крај ќе биде добро прифатено. Кариера Не мора секогаш да им бидете на услуга на другите. Овојпат би можеле малку повеќе да се посветите на себе и на она што го сакате во работата. Здравје и совет Одете порано на спиење. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата мила личност ќе го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции. Ќе вратите со иста мерка. Кариера Следува одлична соработка со личности кои се духовити , забавни , млади и креативни. Исто важи и за работата. Здравје и совет Можна е преодна настинка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаМицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал, ДЗР потврди дека парите се за македонската економијаПретседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашање ги отфрли обвинувањата на претседателот на опозициска СДСМ Венко ФилипчеПретседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашање ги отфрли обвинувањата на претседателот на опозициска СДСМ Венко Филипче, укажувајќи му дека обидите за поврзување на актуелните политички случувања во Србија со него и со Владата се засноваат на, како што рече, лаги и политички конструкции. „Овие прес конференции кои што вашата политичка партија ги пренесува а што се однесува до изборите во Србија и нивното поврзување со нас во контекст на тој кој чии и каков ментор бил нема да ги коментирам. Ќе остава на времето да даде одговор на сето тоа кое што вие го кажувате денеска и лагите ги испраќате. Јас вчера во една моја изјава се извинив на граѓаните за сето она кое што ќе го слушаат во периодот кој што следи. Тоа е едноставно нивото со кое што вие мислите дека во овој момент ќе добиете гласови. Тоа е ваша одлука, слободно водете политика она како што мислите. Но, ако мене ме прашувате за совет, мислам дека чекорите многу погрешно. Но, тоа е ваша одлука, јас нема тука да се мешам.“, изјави Мицкоски и додаде: „Истото го зборувавте и за Орбан пред 6 месеци, истите прес конференции од А до Ш. Споредете ги и во овие 6 месеци, и тогаш велевте ќе се откриеле криминалиите на Мицко со Орбан, не знам што е се случуваше итн. Но, еве поминаа 6 месеци се откри една работа, дека сме земале добар финансиски кредит од страна на Унгарија. Кредит кој што го употребивме соодветно, а доказ за тоа дали сме го употребиле соодветно е денешниот извештај од Државниот завод за ревизија.“ Премиерот Мицкоски посочи дека наместо најавуваните скандали од опозициската СДСМ, досегашните информации покажуваат дека средствата од унгарскиот кредит биле искористени за поддршка на економијата и на домашното стопанство, а тоа го потврди и извештајот на Државниот завод за ревизија. „Денеска Државниот завод за ревизија вели дека средствата од унгарскиот кредит се наменети за раст на македонската економија, дел дека се наменети за враќање на евро обврзница која што вашата влада ја има подигнато, тоа е половина милијарда, и дел дека се за поддршка на македонското стопанство.“, рече Мицкоски. „Значи во овие 6 месеци нема ни К од криминал, туку потврда дека оваа влада за оваа држава направила добро дело.“, дециден е Мицкоски.Тагови: Венко Филипче Собранието Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче до Мицкоски: Ја почитувам функцијата ама тебе не – поради тоа како владееш и како го навредуваш народотПретседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски за начинот на практикување на власта.Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски за начинот на практикување на власта, пропагандните кампањи, дискредитациите, навредите кон граѓаните, криминалните врски со Вучиќ, избегнувањето конкретни одговори пред јавноста и распродажбата на земјата. „Сакам да кажам почитуван премиер, ама не можам. Ја почитувам функцијата, меѓутоа премиере, не и тебе лично, најмногу поради тоа што на тој начин ја практикуваш власта. Користиш разноразни пропагандни механизми, лажни кампањи, оцрнувања, дискредитации“, рече Филипче. Тој нагласи дека премиерот повеќе од две години ги избегнува конкретните одговори, а наместо отчетност нуди навреди и дефокусирања. „Не одговараш на ниту едно прашање така како што го поставуваме и на ниту едно прашање конкретно не си одговорил изминативе повеќе од две години. Јас ќе се обидам сега ќе поставам едно прашање кое што е многу важно. Искрено се надевам дека нема да слушаме дел повторно од твојот фолклор, затвори, решетки, лисици, талог, медиокритет и така натаму. Зграда во Дубаи и Харис Џиновиќ“, истакна Филипче. Претседателот на СДСМ порача дека системот на политичка поддршка од Унгарија и Србија се губи со падот на Вучиќ и дека ќе мора да одговара на прашања и надвор од собраниската сала. „Јас знам дека тебе сега не ти е лесно, го нема и вториот ментор. Тој систем на поддршка од Србија полека се губи и ќе останеш сам. Се поставува прашањето што ќе правиш? Веројатно ќе треба да одговараш на прашања не само тука, меѓутоа и на некои други места“, порача тој. Филипче ги отвори и прашањата за финансиските текови, нагласувајќи дека информациите за можни трансфери на пари од Србија бараат одговори и одговорност. „Па ќе се отворат прашања за кинеските пари од Унгарија, за Алта банка, за тоа дали има навистина, како што сè повеќе имаме информации, трансфер на пари од Србија тука. Некои документи видов пред неколку дена. Ако е тоа стварно така, мене ми е вака човечки жал за тебе, да ти кажам право, не политички, ама патот сам си го избираш“, рече Филипче. Тој додаде дека на прашањата пред надлежните инстанци нема да може да се одговара со истиот начин на дефокусирање. „Веројатно ќе одговараш на прашања и за трансферот на дрога преку граница, е тогаш на тие инстанци веќе нема да може да се дефокусира и да се даваат лажни информации“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Скопје, 29.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ФудбалШто се случува со предводникот на Баерн М. Винсент Компани? Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, останува во болница откако во петокот колабираше, а официјалната причина за неговиот здравствен проблем сè уште не е соопштена.Во меѓувреме, се појавија нови информации за неговата состојба, како и за можните причини за инцидентот, пренесува германскиот портал „tz.de“. Компани е на испитувања во клиника во Минхен, а тимот на Баерн привремено го води неговиот помошник Арон Данкс, кој во понеделникот го посети во болница. „Тој е добро расположен. Се чини дека секој ден му е подобро, што е многу позитивно“, изјави Данкс, напоменувајќи дека сè уште нема информации за дијагнозата или за датумот на враќање на Компани на работа. Според него, белгискиот стручњак е смирен и има доволно време за закрепнување. За време на посетата, тие не разговарале за фудбал и тактика, туку се фокусирале на лични теми. „Имавме пријатен разговор, но воопшто не спомнавме фудбал или тактика. Тој се интересираше за состојбата на играчите и на другите членови од стручниот штаб. Тоа беше чисто пријателски разговор“, објасни Данкс. Во меѓувреме, се појавија и информации за последиците од падот. Според порталот „Absolut Bayern“, Компани го изместил рамото за време на инцидентот во тренинг-центарот на Баерн на улицата Зебенер (Säbener Straße). Повредата била санирана откако тој бил пренесен во болница, каде што потоа бил задржан на дополнителни прегледи. Истиот извор наведува дека тренерот во текот на тој ден се пожалил на силни главоболки, поради што во изминатите денови бил подложен на детални невролошки прегледи. Сепак, официјална дијагноза сè уште не е објавена. Исто така, се појавија тврдења дека уште пред овој настан, Компани бил свесен оти е преоптоварен со обврски, поради што наводно почнал да ја менува својата секојдневна рутина. Според извештаите, белгискиот стручњак сфатил дека мора радикално да го промени својот начин на живот, а еден од главните проблеми наводно бил недостигот на сон поради видео-анализите на натпреварите што ги правел во текот на ноќта. Засега не се знае кога Компани би можел да ја напушти болницата и да се врати на своите тренерски обврски во Баерн.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00