Одмазда за рускиот напад врз автобуска постојка- Украина ја погоди најголемата руска рафинерија (ВИДЕО)
1Одмазда за рускиот напад врз автобуска постојка- Украина ја погоди најголемата руска рафинерија (ВИДЕО)
3Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
ХороскопДневен хороскоп за 23. јуни 2026 годинаДневен хороскоп за вторник, 23. јуни 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Без оглед што во љубовта не ви цветаат рози, денеска ќе најдете причина и за смеа и за надеж. Ќе бидете контруктивни. Кариера Можеби на моменти ќе ви се пристори дека сте препуштени сам на себеси ,но нее така.Многу добро ве контролираат. Здравје и совет Мали нервози. Лав 23.7-22.8. Љубов За љубовните прашања ќе треба да го послушате ставот на вашиот партнер. Моментално е чувствителен , но добронамерен. Кариера Денеска ќе немате реален однос кон себеси. Ќе замислувате дека вашето влијание е поголемо , отколку што е во стварноста. Здравје и совет Не ја критикувајте саканата личност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ниту денеска нема да можете да направите поголем напредок во односите , но со мали чекори напред , се ќе биде подобро. Бидете поскромни. Кариера Денот е многу поволен за градење нови финансиски планови во соработка со колегите. Ќе се договорите. Здравје и совет Во работењето е среќата. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можеби ќе имате интересни идеи , со кои ќе ја оптеретувате саканата личност. Не мора се да искажете во детали. Кариера Вашата финансиска состојба ќе изгледа многу ветувачки , но вие самите ќе согледате слабости што треба да се отстранат. Здравје и совет Добро размислете пред да делувате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте во состојба да читате меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот. Кариера Би можело да сдојде до несогласувања меѓу некои ваши колеги со соработниците од странство. Поврзете ги на свој начин. Здравје и совет Ви недостига дисциплина. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе останете дома.Оние во стабилни врски нема воопшто да излегуваат , а осамените ќе сонуваат гледајќи добар филм. Кариера Можно е луѓето од вашата околина да ви даваат различни ветувања , што не се сосема реални. Бидете внимателни. Здравје и совет Ви се зголемува апетитот, не претерувајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би било попаметно повнимателно да слушнете што ви предлага другата страна. Ќе утврдите дека е во право. Кариера Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте , но не избрзувајте. Здравје и совет Нема веќе пречки. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете склони работите да ги гледате розово. некои ќе ја идеализираат својата врска. Затоа споредбата со видувањето на другите луѓе нема да им се допаднат. Кариера Се што денеска ќе правите на работното место , ќе го работите со леснотија , како да станува збор за некаква забава. Здравје и совет Слушајте се себеси. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку не успеете во сите ваши намери , ќе знаете се да свртите на шега или едноставно ќес е дистанцирате. Кариера Другите конечно ќе ги препознаат вашите заслуги и ќе ви ги признаат резултатите. пред вас е убав деловен ден. Здравје и совет Нервоза. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку се впуштите во конкретно зближување со личност која ви се допаѓа , ќе имате завиден резултат. Кариера Вашите соработници ќе ве поддржат , но не се сите искрени. Ширум отворете ги очите за да видите кои се вистинските. Здравје и совет Согледајте ја целината. Бик 21.4- 20.5. Љубов На некои ќе им биде жал што не се воздржале кога требало. Сега поправаат што може да се поправи . Кариера Контактите ќе се прошират , а вие ќе добиете можност за да презентуирате некоја ваша иновативна идеја. Ќе успеете. Здравје и совет Држете се до професионалните критериуми. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска без проблеми ќе надминувате секаква пречка или мал проблем што ќе ви застане на патот на целосното задоволство. Ќе успеете. Кариера Ќе чувствувате дека би можеле подобро и повеќе, но ве попречува невниманието при работата. Сакате повеќе слобода. Здравје и совет Зајакнете си ја мускулатурата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаОдмазда за рускиот напад врз автобуска постојка- Украина ја погоди најголемата руска рафинерија (ВИДЕО)Украински беспилотни летала нападнаа рафинерија за нафта во Омск, Русија. Локалното население пријавило две експлозии и чад од централата, а гувернерот на областа Омск го потврдил нападот, пишува Telegram ASTRA, а пренесува Prm.ua. „Нападната е рафинеријата во Омск. Од цевките излегува чад. Се слушнале две експлозии“, велат локалните жители. Гувернерот на Омската област Виталиј Хоценко изјави дека руската воздушна одбрана наводно го одбила нападот со беспилотни летала. Според него, оперативните служби во регионот се ставени во состојба на готовност. Пред нападот во областа Омск беше прогласена опасност од дронови. На аеродромот во Омск се воведени привремени ограничувања за прием и испраќање на авиони. Рафинеријата Омск е една од најголемите рафинерии за нафта во Русија. Рафинеријата веќе беше цел на напад на украински беспилотни летала во јули оваа година, по што нејзината работа беше целосно прекината. Ukraine reportedly struck Russia’s Omsk oil refinery, located beyond the Ural Mountains, more than 3,000 km from the Ukrainian border. It is Russia’s largest oil refinery. https://t.co/cY6xGxqSHY — Clash Report (@clashreport) October 8, 2026 Да потсетиме дека ноќта кон четвртокот, 8 октомври, украинските одбранбени сили, според прелиминарните информации, нападнале два важни индустриски капацитети во Русија - комплексот за преработка на нафта „Гаспром Нефтехим Салават“ во Башкортостан и фабриката „Саста“ во регионот Рјазан. Пријавени се пожари на територијата на двете компании.Тагови: рафинерија руски напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22
ФудбалМеси доби понуда што не се одбиваЛионел Меси, најдобриот фудбалер на сите времиња, се збогува со репрезентацијата на Аргентина против Бенин, со што заврши една одлична фудбалска приказна. Сепак, Аргентинецот нема да застане кога е во прашање клупскиот фудбал, а пристигна и многу интересна понуда. Меси освои бројни натпреварувања во светскиот фудбал, но никогаш не играл во Копа Либертадорес. - Мислам дека треба само да игра во Копа Либертадорес, па го прашувам дали го прифаќа овој предизвик - рече претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) Алехандро Домингез. Фудбалерот на Интер Мајами дури и не размислувал за оваа одлука, но навистина не би било чудно да го видиме во ова натпреварување. Најдобриот фудбалер на сите времиња практично освоил сè што може да се освои, а можеби и кренал уште еден трофеј во својата богата кариера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Економија„Голдман Сакс“ дели над половина милијарда во бонуси- само еден човек доби над 100 милиони долариОколу дваесет врвни раководители во њујоршката инвестициска банка „Голдман Сакс“ ќе добијат специјални бонуси во вредност од над 500 милиони долари во акции, откако банката ги надмина повеќето од своите конкуренти во период од пет години.Поголемиот дел од исплатата оди кај извршниот директор Дејвид Соломон, кој треба да добие повеќе од 100 милиони долари, објави „Блумберг“. Меѓу добитниците се претседателот на банката, Џон Валдрон, кој се смета за наследник на Соломон, како и раководителите на клучните деловни единици Ашок Варадан, Ден Дис и Марк Нахман. Конечната вредност на наградите ќе биде утврдена подоцна овој месец, кога ќе заврши петгодишниот период во кој се пресметуваат. Половина од вредноста на наградите на „Голдман Сакс“ зависи од цената на акциите на банката, која значително го надмина нивото потребно за исплата на максималниот бонус, а другата половина зависи од перформансите на „Голдман Сакс“ во однос на шест конкурентски банки. Акциите на „Голдман Сакс“ пораснаа за околу 150 проценти за пет години, вклучувајќи ги и реинвестираните дивиденди. Во тој период, банката ги надмина повеќето конкуренти, при што само Банката на Њујорк Мелон (BNY) постигна подобар резултат, при што акциите пораснаа за околу 174 проценти. Тагови: Голдман Сакс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22