ХороскопДневен хороскоп за 23. февруари 2025 година Дневен хороскоп за недела, 23. февруари 2025 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Љубовните незадоволства денеска успешно ќе ги компензирате преку други подрачја во животот. Кариера Пред вас е еден стимулативен ден за секаква работа. Што и да направите , ќе се развива над вашите очекувања. Здравје и совет Телесно сте одлично , емотивно сте празни. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се обидете да внесете повеќе работи во вашата врска. Тоа делумно ќе го подобри вашиот однос , но треба уште да поработите на него. Кариера Ќе ги разгледате новите финансиски опции за вложувања. Одлуката за тоа сеуште нема да биде кристално јасна. Здравје и совет Внимавајте на главата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе успеете да се договорите за повеќето работи , благодарејќи на разбраниот пристап од двете страни. Кариера Ви се отвораат нови патишта и можности за соработка со деловни партнери од странство. Анализирајте ги можностите. Здравје и совет Поместете ги своите граници. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска секако излезете зашто е можна средба за паметење, а некои би можеле и да се заљубат. Кариера Ќе ве интересира се што е креативно и што во себе вклучува создавање. Другиот дел од работата ќе ја одработите рутински. Здравје и совет Концентрирајте се на позитивните работи. Рак 22.6-22.7. Љубов Денешните љубовни фрустрации ќе ги надминете доколку се посветите на работата или на своите хобија. Некои ќе сакаат да останат осамени. Кариера Од вас многу се очекува и тоа со право. Можете да се впуштите во поголеми планови и проекти без страв дека тоа е ризично. Добро ви оди. Здравје и совет Меланхолија. Лав 23.7-22.8. Љубов Семејството од кое потекнувате веројатно од вас ќе побара дополнителен ангажман , па саканата личниост ќе остане во втор план. Кариера Доколку се прашувате зошто манипулаторите ви работат зад грб, ќе ја потрошите целата вишок енергија. Знаете кои се тие и затоа игнорирајте ги. Здравје и совет Напредувате во секој поглед. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сигурноста и убеденоста во своите идеи ќе биде вашата главна идеја што ќе ве води во љубовните освојувања. Кариера Работата денеска ќе ја одрабиотувате со леснотија , а по одреден број часови на работното место , со голема радост ќе побрзате на некоја забава. Здравје и совет Подобрување. Вага 24.9.-23.10 Љубов И денеска е одличен ден за дружење и за зближувања. Одвојте дел од слободното време и излезете меѓу луѓе. Кариера Ништо нема да ви биде тешко кога станува збор за работата. Нема да се двоумите , ако треба да го подметнете грбот. Здравје и совет Посилни сте од ден во ден. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов За оние кои бараат сродна душа, постои голема веројатност овие денови да ја препознаат на работното место. Кариера На работното место ќе ви биде пријатно и ќе работите со уживање. Вашата кариера добро се развива. Здравје и совет Се интересирате за козметика. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе изгледа како една личност да консумирате за доручек , а друга за вечера. Решете се веќе еднаш. Кариера Луѓето не се кукли за ваше поигрување. Колегите би можеле да ви замерат дека кон нив се однесувате како со кукли. Здравје и совет Не манипулирајте со другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повеќето ќе имаат потреба да влезат во домот и таму цалосно да се опуштат. Ако сте во врска, добро е , а доколку не сте , повикајте некого. Кариера Веројатно е дека ќе преуредувате дома , а ќе се прозевате додека сте на работното место. Здравје и совет Проанализирајте се себеси. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Многуте средби ќе изнудат насмевка на вашето лице. Луѓето ве сакаат , а вие самите со задоволство ќе излезете. Кариера Во фаза сте кога ви е најдобро ништо да не работите . Сепак , што се мора ,с е мора, па така постапете. Здравје и совет Бидете зрели и воздржани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
СветПутин: „Односите меѓу Москва и Пјонгјанг достинаа невидено ниво “ Рускиот претседател Владимир Путин упати честитка до севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун по повод годишнината од ослободувањето на земјата од јапонската окупација.Путин истакна дека односите меѓу Москва и Пјонгјанг достигнале ниво на сеопфатно стратешко партнерство без преседан. Во телеграмата, тој посочи дека празникот што го одбележува Пјонгјанг е симбол на храброста и издржливоста на севернокорејскиот народ, пренесува „Спутник“. Според него, токму тогаш биле поставени темелите на цврста традиција на борбено братство и заемна помош, што претставувало основа за развој на пријателски и добрососедски односи меѓу двете земји. „Нашите земји активно соработуваат на сите полиња, координирајќи ги напорите за обезбедување регионална безбедност и стабилност. Уверен сум дека ќе продолжиме со конструктивната соработка во однос на актуелните прашања од билатералната и меѓународната агенда, за доброто на рускиот и корејскиот народ“, изјави Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Холивудска убавица која е мајстор на провокациитеХоливудската увезда, актерката Меган Фокс остро одговори на критиките за фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, откако еден корисник ѝ порача дека на 40-годишна возраст е „престара“ за објавување разголени фотографии.Таа објави фотографии на Инстаграм на кои позира во црн топ без прерамки, танга и крзнени штитници за нозе, додека преку комбинацијата носи зелена јакна од флис. Објавата брзо привлече огромно внимание и собра повеќе од милион лајкови. Сепак, покрај бројните позитивни реакции, имаше и коментари од оние што го критикуваа нејзиниот изглед и начинот на кој се претставува. Еден корисник ѝ порача дека „никој не сака да гледа речиси гола 40-годишна жена“. Фокс не го премолче тој коментар. Нејзината реакција предизвика дополнителна лавина од коментари, а голем број следбеници застанаа на нејзина страна. – Не зборуваш во наше име, будало – рече еден корисник. Друг напиша: – Зборувај во свое име, старче. За твоја несреќа, 451 илјада луѓе не се согласуваат со тебе – алудирајќи на бројот на допаѓања што ги имаше објавата во тој момент.Тагови: Меган Фокс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаКомпаниите за вештачка интелигенција масовно купуваат користени книги за да избегнат информации „загадени“ од вештачка интелигенцијаПродавачите на половни книги во Британија и Ирска забележуваат нагло зголемување на нарачките на големо од мистериозни купувачи, што поттикнува сомнежи дека технолошките компании собираат податоци за развој на вештачка интелигенција. Продавачите на книги со кои разговараше „Гардијан“ потврдуваат дека нарачките доаѓаат од САД, Канада, Европа и Велика Британија, а колеги од Австралија известуваат за сличен тренд. Сето ова се случува кратко по откритието дека компанијата за вештачка интелигенција „Антропик“ (Anthropic) потрошила милиони долари на книги што ги скенирала исклучиво за да собере податоци, пишува „Гардијан“. Стјуарт Менли, косопственик на книжарницата „Бартер букс“ (Barter Books) од Алнвик, вели дека нарачките почнале да пристигнуваат пред три месеци. Тој објаснува дека тие се необични бидејќи не следат вообичаени тематски целини, како што се спортот или автомобилизмот. „Дефинитивно станува збор за чудна комбинација на книги“, рече Менли. „Нарачките обично се тематски, а овие се сосема случајни“, додаде тој. Една неодамнешна нарачка вклучуваше естонски превод на романот *The Mission Song* од Џон ле Каре, примерок од *Agnes Grey* на Ен Бронте од одреден издавач, како и изданието од октомври 1983 година на месечното списание *Warship*. Менли додава дека продал стотици случајно избрани книги на тројца купувачи, во вкупна вредност од околу 4.000 фунти. Џим Шонеси, сопственик на книжарницата „MW Books“ во Клерголвеј, Ирска, потврдува дека неговата компанија добива големи и разновидни нарачки уште од мај. „Нарачките се спорадични и изгледаат како да се генерирани од машина. Немаат заедничка тема: опфаќаат сè – од книги за африкански земјоделски алатки од 18-тиот век до биографии на возачи на тркачки автомобили од 1950-тите“, изјави тој. „Лично, не сметам дека е наша работа да одлучуваме што купувачите ќе прават со книгите, но многу е интересно да се набљудува што точно избираат тие“, додаде тој. Дејвид Гауер-Спенс, сопственик на „BookLovers of Bath“, вели дека во периодот од мај до јули добил бројни нарачки кои вкупно опфаќале околу 200 книги. Купувачите беа истите оние што ги спомнуваа и други продавачи. Еден од нив е канадската компанија „Zoom Books“, која себеси се опишува како „водечка компанија за рециклирање книги во Северна Америка“. „Гардијан“ стапи во контакт со „Zoom“ за коментар. „Во еден момент, обемот на работа беше преголем, а јас вообичаено сум прилично добро организирана“, изјави Гауер-Спенс. Еден британски продавач, кој сакаше да остане анонимен, објаснува дека повремено пристигнуваат нарачки од различни купувачи, но сите се испраќаат на иста адреса. „Идентитетите зад овие нарачки се многу нејасни, дури и за искусните продавачи“, рече тој. Поштенскиот код за испорака што го користат повеќе купувачи – а кој го виделе новинарите на „Гардијан“ – води до комплекс од магацини за товар во близина на лондонскиот аеродром „Хитроу“. Истиот продавач, кој од јануари наваму примил нарачки за 6.000 книги во вредност од илјадници фунти од такви купувачи, забележува дека тие ја плаќаат целосната цена и не бараат попусти за големи количини. Технолошките компании постојано бараат нови извори на материјал за развој на понапредни модели. Користените книги – од кои многу се објавени со децении пред појавата на ChatGPT и не се дигитализирани – претставуваат потенцијален извор на свежи, неискористени податоци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter