3Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та
1Џастин Бибер би можел да настапи на шоуто за време на полувремето на финалето на Светското првенство
ХороскопДневен хороскоп за 23. февруари 2022 година Дневен хороскоп за среда, 23. февруари 2022 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Не се знае кој денеска ќе биде потажен- вие или вашата најсакана личност. Не е ден за анализи , туку за утеха и толеранција. Кариера Ќе дојде до деловна кореспонденција , што ќе ве замори. Станува збор за многу напорен начин на изразување. Здравје и совет Потребна ви е релаксација. Овен 21.3-20.4. Љубов Емотивност , нежност , чувство на препознавање на оние скриени суптилни нивоа во односите- Сето тоа ќе го доживеете денеска. Кариера Можни се проблеми во привршување на покуси фази при работењето. Ќе мора да бидете попрецизни. Здравје и совет Веќе ништо не може да ве изненади. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ги имате сите адути во своите раце. Потребно е само да зборувате за она што ви лежи на срце. Кариера Некои ќе се затекнат на интересен состанок на кој ќе има сешто- од неморални понуди до морализирање и филозофирање. Здравје и совет И натаму чувствувате замор. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Барањата за внимание од еден член ан вашето семејство , накусо ќе ве оддалечи од саканата личност. Кариера Во работата денеска ќе внесете чувства. Некои ќе бидат наклонети и кон драматизирање.Направете исчекор и опуштете се. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Рак 22.6-22.7. Љубов Тоа што во моментов има празнина или дистанца во вашите лични односи , денеска ќе биде заборавено по разговор со ваш близок пријател. Кариера Вашите колеги денеска ќе ве насмеат , зашто ќе ве натераат да решавате една загатка , а вие сакате да бидете детектив. Здравје и совет Тргнете се настрана и средете си ги мислите. Лав 23.7-22.8. Љубов Во своето љубовно секојдневие ќе внесувате сосема оригинални идеи , а најверојатно со ручек или вечера за двајца. Кариера Оние кои работат креативна работа ќе бидат многу современи во својот израз и идеите. И натаму ве заморуваат шефовите. Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата чувствителност денеска ќе биде зголемена , а другата страна ќе биде расположена за експериментирање во љубовта. Кариера Малку ќе недостига за да добиете алергија на шефот. Обидете се барем во мислите да се оддалечите од него. Здравје и совет Нервоза и замор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , кој на вас ќе делува како мал шок. Кариера вашите надредени би можеле пред вас да претставатеден предлог што е малку чуден . Првин размислете , а потоа расправајте за него . Здравје и совет Победувате со издржливоста. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Може да очекувате исполнет љубовен ден. Дури и ако сте сами , би можеле одлично да се забавувате. Кариера Можни се мали недоразбирања во соработката и при вербалните договарања. Фантазијата ќе ви овозможи да допрете до суштината. Здравје и совет Не морате се да откриете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вашиот личен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Можно е да заминете на службено патување што не сте го очекувале , а кое ќе ви донесе радост. Здравје и совет Не треба да жалите по она што поминало. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Нервозата и напнатоста поради недоразбирањата во личните односи може да ги елиминирате со чиста есенција на љубов без зборови- со нежност. Кариера Во главата малку ќе ги проанализирате сите теми поврзани со работата , но нема да носите заклучоци. Здравје и совет Бидете пример за помладите од вас. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Веројатно е се подобро поврзување со спротивниот пол , а особено со некој кој не е од вашата околина. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па дури и редовните напори на кои сте навикнати , ќе ви предизвикаат тешкотии. Здравје и совет Потсетете се што е тоа што го сакате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏастин Бибер би можел да настапи на шоуто за време на полувремето на финалето на Светското првенствоМегапопуларниот пејач Џастин Бибер би можел да настапи на полувремето од финалето на Светското првенство, преговорите меѓу претставниците на ФИФА и пејачот се во тек, објави денес TMZ. Бибер би се придружил на низата ѕвезди кои учествуваат во големото финале на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси на 19 јули, вклучувајќи ги Мадона, Шакира и поп-групата BTS. Џастин и Хејли Бибер, исто така, беа во центарот на вниманието на церемонијата на отворањето на Светското првенство во Инглвуд, Калифорнија, каде што пејачот дури и ги изненади ВИП гостите со изведба зад сцената на неговиот хит „Јукон“. Потенцијалното појавување на Бибер на финалето на Светското првенство следи по неговото неодамнешно враќање на настапите во живо по четиригодишна пауза направена за да се фокусира на неговото здравје, објави TMZ. Се очекува спектаклот на финалето на Светското првенство да се продолжи надвор од стандардниот интервал од 15 минути на полувремето и да го поддржи Глобалниот фонд за граѓанско образование на ФИФА - иницијатива чија цел е да се соберат 100 милиони долари за образование и пристап до фудбал за децата ширум светот, објави Танјуг.Тагови: Џастин Бибер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамBMW го враќа V8 моторотBMW го враќа V8 моторот: Новиот X5 добива верзија што љубителите долго ја очекуваат.Новиот X5 ќе влезе во историјата како првиот сериски модел на BMW што ќе има пет вида погонски склопови: бензински, дизел, plug-in хибриден, електричен и водороден. Сепак, нешто сè уште недостасува - барем при лансирањето: добриот стар V8. Првично, луксузниот SUV ќе биде достапен само со шестцилиндрични мотори со внатрешно согорување, но имаме добри вести: осумцилиндричниот мотор продолжува да живее. Соопштението за медиумите во врска со петтата генерација на овој луксузен SUV произведен во Спартанбург потврдува дека поголемиот мотор е на пат. Не е изненадувачки што BMW го резервира двоен турбо 4,4-литарскиот V8 за M верзијата на својот ажуриран X5. „Сепак, треба да се напомене дека ова нема да биде целосен X5 M, туку модел M Performance“, објавува Motor1. Иако сè уште нема официјално име, врз основа на достапните информации се претпоставува дека ќе се вика X5 M60. Да, без буквата „i“ на крајот, бидејќи BMW ја исфрла таа ознака од своите модели со бензински мотори. Ова веќе се случи кај многу модели, вклучувајќи ги и верзиите „40“ на новиот X5. Во иднина, ознаката „i“ ќе биде резервирана исклучиво за електрични возила. Прочитајте повеќе: BMW го најавува новиот X5: Пристигнуваат целосно нов дизајн и пет опции за погонски систем За новиот X5 M60 ќе биде потребно малку трпение, бидејќи нема да биде достапен веднаш при лансирањето, заедно со својот ривал Audi Q7. BMW планира да ја претстави верзијата со V8 мотор некаде во 2027 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00
ЖивотКејт Мидлтон на трибините на Вимблдон?Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон е во центарот на вниманието овие денови откако се појавија шпекулации на социјалните мрежи дека суптилно ги задевала принцот Хари и Меган Маркл за време на нејзината посета на Вимблдон.Кејт Мидлтон присуствуваше на еден од мечевите на престижниот Грен слем во Лондон, каде што разговараше со посетителите и делеше билети за Вимблдон. Сепак, вниманието на јавноста го привлече еден детаљ што некои интернет корисници веднаш го поврзаа со војводата и војвотката од Сасекс. Имено, принцезата од Велс не седеше во кралската ложа, туку гледаше дел од мечевите меѓу другите гледачи на трибините, што многумина го протолкуваа како порака дека се чувствува безбедно меѓу луѓето. - Кејт седи блиску до местото каде што луѓето можат безбедно да поминат без страв од безбедноста. Ова е идната кралица на Англија - напиша еден корисник на социјалните мрежи, објавува списанието OK!. Набрзо се појавија бројни други коментари на социјалните мрежи. - Во тоа е разликата. Кетрин не прави драма, за разлика од парот од другата страна на океанот, на кои им треба обезбедување насекаде, а истовремено сакаат да ја зачуваат својата приватност – гласеше еден од коментарите. Друг корисник додаде: - Таа исто така не го зафати просторот околу себе и го остави преминот слободен. Прекрасна дама. Имаше и такви кои отидоа чекор понатаму. -Не би се изненадил ако ова е суптилна порака, а искрено, ми се допаѓа – напиша друг корисник. Сепак, треба да се нагласи дека не постојат докази оти Кејт Мидлтон намерно сакала да испрати порака до Хари и Меган. Тврдењата за наводно „тролање“ се засноваат исклучиво на толкувањата на корисниците на социјалните мрежи и одредени таблоиди, додека принцезата не ги коментираше овие наводи.Тагови: Кејт Мидлтон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00