Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
ХороскопДневен хороскоп за 23. февруари 2020 годинаДневен хороскоп за недела. 23. февруари 2020 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Убавиот развој на личните односи ќе ве поттикнат да го надополните со нова идеја за излегување , каде добро ќе си поминете. Кариера Ви се чини дека компанијата во која работите е малечка . Сакате нешто поголемо , но за тоа е потребна поголема одговорност од ваша страна. Здравје и совет Сепак имате доволно слобода. Овен 21.3-20.4. Љубов Не ви се чини дека ситуацијата се одвива во ваша полза и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи глава. Едноставно почекајте и ќе помине. Кариера Ќе има такви кои ќе ве побараат за соработник или ќе ве прашаат за мислење или совет. Бидете објективни и проценувајте без емоции. Здравје и совет Одете таму каде што ви е добро. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашите лични односи стануваат се полиберални , а вие сте поотворени за различни идеи. Чувствувате како да се подмладувате. Кариера Тешко дека нешто може да ве загрози или одврати од она што го работите. Се тече добро , стабилно , а вие функционирате и покрај малите пречки. Здравје и совет Посигурни сте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И да одите чекор напред , па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате. Тоа ќе го препознае и другата страна. Кариера Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска ќе размислувате за тоа. Здравје и совет Одвоете го приватното од деловното. Рак 22.6-22.7. Љубов Подобрувањето во личните односи ќе биде поврзано со можност за излегување на интересно место полно со ведри луѓе. Кариера ПОдготвени сте на промена за разлика од вашите колеги. Нив се ќе им изгледа нестварно , па ќе мора да ги убедувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако веќе толку сакате да се жалите , тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба , не на онаа со која сте во врска , зашто ќе и бидете напорни. Кариера Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансии , но извесно е дека решението е на повидок. Но , за тоа треба работа. Здравје и совет Одморете и наспијте се . Девица 23.8.-23.9. Љубов Другата страна би можела да се најде во искушение да ви ги довери своите маки и грижи . Бидете отворени и не носете предвремени заклучоци. Кариера Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе остави впечаток дека е мрачно. Направите се што е потребно за да внесете ведрина во работењето. Здравје и совет Бидете она што сте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Уште имате желба и расположение за нови љубовни авантури , а во тоа ви помагаат и пријателите. Оние во врска се одлично. Кариера Верувате дека можете повеќе и подобро . Во право сте , но не треба од себеси да барате неможни работи. И вие сте само човек. Здравје и совет Тргнете се од каква било негативност. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности , а при тоа нема да ја запостават кариерата. Ќе успеете се да споите на најдобар начин. Кариера Еден трошок малку ќе ве вознемири , но набргу ќе воспоставите контакти со кои ќе ја развиете работата и ќе го надоместите трошокот. Здравје и совет Не постои совршенство. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако нешто ве измачувало , денеска ќе се соочите со тоа на зрел начин. Можеби нема да пеете , но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот. Кариера Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место, зашто не само што имаат убава работа , туку и односите со колегите се подобруваат. Здравје и совет Ќе го надминете преодниот стрес. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно денеска ќе се однесувате весело , како ништо да не ве мачи. Можно е излегување у луда забава без емотивни полнења. Кариера Ќе имате голема желба и потртеба за да ги презентирате своите способности , но се уште нема да добиете можност за тоа. Почекајте. Здравје и совет Продолжете да го истражувате здравиот начин на живот. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ја водите саканата личност од една до друга недвижност на продажба , за да и покажете како ќе живеете еден ден заедно. Кариера Не е исклучено да ве пофалат или вашето знаење и стручност во една област да исплива , што ќе биде значајно за работата. Здравје и совет Здрави сте и подготвени за нови предизвици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: 3% не е доволно зголемување - пензионерите немаат за да го преживеат месецотЗголемувањето на пензиите од околу 3% не е доволно зголемување за пензионерите да го преживеат месецот и да имаат достоинствен живот, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по средбата со пензионери во скопската општина Карпош.Филипче посочи дека во услови на огромен раст на цените и сите трошоци за живот, пензионерите се соочуваат со сериозен удар врз нивниот стандард, а власта не носи никакви мерки за да им помогне. „Пензионерите никако не може да го почувствуваат зголемувањето, имајќи предвид дека зголемување од под 3%, не е доволно да се преживее месецот на толкав голем раст на сите цени, на толкав голем раст на горивата. На ваков удар на стандардот кој што се случува изминатите месеци, на пензионерите навистина има потребна поголема поддршка“, рече Филипче. Тој посочи дека загриженоста кај пензионерите не се однесува само на пензиите, туку и на севкупните состојби во државата и политиките на власта кои директно влијаат врз животниот стандард. „Меѓутоа и како наша најстара категорија на граѓани, тие се загрижени и за многу други работи, загрижени се за севкупните случувања во земјата, загрижени се за тоа што е загрозен европски пат, загрижени се за тоа што земјава е презадолжена, загрижени се за сите други лоши политики во однос на стандардот, економијата, финансiите, свесни се дека и нивните деца, навистина, лошо и тешко живеат, загрижени се затоа што огромен број од нив бараат излез и спас надвор од државата“, рече Филипче. Скопје, 29.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураКонцерт за незаборав: „Вечното ехо на Бадев“ ги оживува безвременските македонски мелодиМузичко патување исполнето со емоции, традиција и длабока почит кон македонскиот музички идентитет ја очекува публиката на претстојниот концерт со наслов „Вечното ехо на Бадев“.Овој посебен музички настап е посветен на ликот и делото на еден од најголемите бардови на македонската народна песна-Никола Бадев. Неговите песни, кои децении го пренесуваат духот на македонскиот народ, оваа вечер ќе заживеат преку современи и автентични интерпретации, потсетувајќи не зашто неговиот глас останува вечно врежан во нашата културна меморија. На сцената ќе настапат хорот и солистите на ансамбл „Танец“ и врвни домашни музички и вокални изведувач, придружувани од оркестарот на ансамбл „Танец“, ќе ги изведат најпознатите бисери од неговиот богат опус. Датум: 16.10.2026 година Локација: Македонски народен театар Време: 19:30 часот Влезници: kupikarta.comКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕдинствената земја-членка на ЕУ со нуклеарно оружје изведе симулација на нуклеарен нападФранцуските воздухопловни и вселенски сили изведоа симулација на нуклеарен напад како дел од воената вежба „Покер“.Операцијата започна од воздухопловните бази Сен-Дизје и Таверни, кои играат клучна улога во француските нуклеарни сили. Сен-Дизје ја поддржува воздушната компонента на нуклеарното одвраќање, додека во Таверни се сместени командните и оперативните центри на стратешките сили. Во вежбата учествуваа борбени авиони „Рафал“. „Користиме вистинска опрема и следиме реални процедури во многу сложени услови, со околу 50 летала во воздух. Единственото ограничување е тоа што не летаме со вистински нуклеарни боеви глави под крилјата“, изјавија припадници на француската војска. Наместо вистински нуклеарни ракети „ASMP-A“, авионите „Рафал“ носеа инертни макети што одговараа на тежината и димензиите на вистинското оружје. Овие макети можат безбедно да се отфрлат доколку е потребно. Ракетата има максимален дострел од приближно 500 километри и носи нуклеарна боева глава „TNA“ со јачина од 300 килотони. Сценарио и цели на вежбата Во симулацијата учествуваа два тима: тимот „Црвени“ го претставуваше непријателот, додека тимот „Сини“ дејствуваше против нив. „Целта е да се осигураме дека ќе останеме способни да извршиме таква мисија во иднина, дури и додека технологијата се развива со сè поголема брзина“, објаснија претставници на француската војска. Екипажите имаа задача да ја пробијат непријателската одбрана и да ги испорачаат ракетите на прецизни локации во одреден временски рок. За време на ноќниот лет, кој траеше меѓу шест и осум часа, секој екипаж на „Рафал“ неколку пати се полнеше со гориво од еден од 15-те авиони-цистерни. Притоа, пилотот на борбениот авион мора да маневрира при многу големи брзини и на мали височини. „Целта е одвраќање“ „Целта на нашата мисија е да се спречи војна, а со тоа и употреба на нуклеарно оружје. ’Покер’ е демонстрација на сила, осмислена токму за да се осигура дека тоа нема да се случи“, објасни командантот Жан-Батист, кој ја стекна потребната квалификација преку учеството во вежбата. Тој додаде дека секој пилот мора да учествува во најмалку една таква операција секоја година. Франција располага со три воздухопловни бази со нуклеарна намена: Сен-Дизје, Истр и Авор. Исто така, планира наскоро повторно да ја активира базата Ликсеј за идните авиони „Рафал Ф5“. Наредбите до базите пристигнуваат од далечина – поточно, од бункер во базата Таверни, која се наоѓа на околу 200 километри од Сен-Дизје. Во тој бункер е сместен команден центар каде што постојано се стационирани околу четириесет припадници на воениот персонал. Франција моментално е единствената држава со нуклеарно оружје во Европската Унија, а во неколку наврати се разговараше за можноста нејзината нуклеарна заштита да се прошири на целиот блок. Франција воспостави систем на „проширена“ нуклеарна одвраќачка моќ, кон кој веќе се приклучија голем број држави. Извор: Индекс.хрТагови: ЕУ нуклеарен напад Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook